Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Чудно е како работи срцето. Човекот може со години да живее навикнат на загубата, помирен со неа, а потоа, во еден момент на невнимателно размислување , болката ќе исплива на површина, остра и свежа, како скорашна рана. Папата Јована ;(
     
    На tanjusskat и Gordana10 им се допаѓа ова.
  2. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Животот ни го одредуваат мажите. Туѓите синови или оние кои ние ги раѓаме, сеедно. Мажите !

    Женско родословие
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    „Една од десетте Божји заповеди би требало да гласи: „ Не лажи. Бакнувај!“ Да ја бакнував секогаш кога ја лажев, таа ќе беше најсаканата жена на светот.“ - Игор Џамбазов
     
    На biggirlsdontcry, Trendafilka, Anna-Banana и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Extacy

    Extacy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    32
    „Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката... и мое портре ако побараш... капка крв од моето тело и душа- ја имаш веќе...
    Моето идно име- ме врзува засекогаш со тебе... прости ми или преколнувај- сеедно. А јас се љубам, се проштевам и се заборавам. Едно жалам : Што не ја чув смислата преку звукот на твоите зборови... или барем нивната трага со мастило...“

    „Колку ли лудо ве сакам во болката! Па ако поминете утре со наведната глава немо покрај мене, божествена жено, знајте само: посилно одшто змијата кога сипе отров и со Болка, подлабока од мојот гроб-ве поздравува срцето што страда по вас...“


    „Откинувам од срцето атом на Болката и ти го подарувам тебе за да го претвориш во Сладост...
    Ах, визии, сон! Ме следиш и овде, сенко на мојот ум, низ оваа ноќ, додека плаче крвта во вениве мои по оние лудо расфрлани денови, со крик од Болката и Пламенитата Љубов- по две очи и две усни...”
     
    На angel95 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Хмм...да..се е во рацете на човекот,и сето тоа му бега пред носот,само поради страшливоста..тоа е веќе аксиома...
    Интересно,од што се плашат најмногу луѓето?
    Од новиот чекор,од својот нов збор тие се плашат најмногу..
    Ах,впрочем,премногу дрдорам.
    Јас нема да сторам ништо,затоа што премногу дрдорам.
    Впрочем,можеби е и така:дрдорам затоа што ништо не работам.
    Јас во последниов месец се научив да дрдорам,лежејќи по цели денови во аголот и размислувајќи..за ланскиот снег.
     
    На DeRose му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не грижете се за ништо. Ништо не троши толку енергија како грижата. Колку подолго го носите проблемот, толку потежок станува.
     
    На tanjusskat и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Секогаш кога

    Ќе помислам на тебе

    Ме исполнуваат чувства ,

    Нови, а сепак познати и посакувани...

    Го гледам мојот лик во огледалото...

    Дали тоа сум јас...

    Очите...моите очи...

    Кажуваат се...

    Зениците ми се раширени

    Како да сакам што повеќе твојот лик

    Да го впијам во себе...

    Имаат некаков чуден сјај

    Светат како ѕвездички две

    Кои се трудат да го осветлат патот твој до мене...

    Образите ми се румени и ми горат

    Желно го очекуваат нежниот допир

    На твоите дланки...

    Усните ми треперат

    Во исчекување на бакнежот

    Од твоите меки усни...

    Косата ми е распуштена

    Желна за твоите прсти

    кои во еден миг би ми ја мрселе

    а другот миг би ми ја галеле...

    Се имам променето

    Да, ти си заслужен за мојата промена

    Ти благодарам што постоиш...

    Желно те очекувам...

    Еден ден ќе бидеш мој...
     
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Биди сталожен-биди смирен со мене...
    Се додека сонцето не те отфрли,ни јас нема да те отфрлам.
    Се додека водите не одбијат да сјаат за тебе
    а лисјата да шумолат за тебе,моите зборови
    нема да одбијат да сјаат и шумолат
    за тебе.

    Скитам цела ноќ со своја визија....
    Наведнувајќи се со отворени очи над
    затврорени очи
    на оние што спијат,
    Непостојан и збунет,загубен во себе,
    незгоден ,противречен,
    Застанувајќи ,гледајќи,наведнувајќи се и
    запирајќи.


    Ти и јас се разликуваме.Доаѓаме од различни светови,а сепак ти беше таа што ме научи вредноста на љубовта.Ти ми покажа што значи да се грижиш за некого и сега сум подоаб човек поради тоа.


    - Страници за нашата љубов - Николас Спаркс
     
  9. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Сакам…
    Сакам еден човек… Му припаѓам…
    Ми припаѓа ли тој мене?
    Имам…
    Имам џебови полни со соништа за тој човек…
    Ги чувам… ги негувам… од ден на ден ги множам…
    Верни му се…
    Во темнината на соништата мои тој блеска… затоа и го сакам…
    Сакам…
    Сакам еден човек… Го чувствувам…
    Ме чувствува ли тој мене?
    Имам…
    Имам срце полно со спомени со тој човек…
    Ги виткам со сребрена хартија и ги врзувам со темно сина панделка па ги сместувам под перница…
    Во целата горчина насобрана од животот кој ми поминал… тие ми се најслатките… медените…
    Сакам…
    Сакам еден човек… Го вдишувам со секој здив…
    Ме вдишува ли и тој мене?
    Имам…
    Имам утроба полна со пеперутки зависни од тој човек…
    И кога мислам на него заедно со спомените и соништата полудуваат во мене…
    Ме скокоткаат… ме болат…. ме печат… ме разболуваат… ме сакаат… ме исполнуваат… ме сочинуваат…
    Без него јас нема да бидам Јас….
    Му благодарам…
     
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Нејзината тага спие на нејзиното срце..

    Ја бараше толку долго, можеби поминаа години, векови.

    Ја бараше толку долго што ја заборави и причината.

    Ја бараше во себе, во него, во неа, во нив.

    Ја бараше преку ден, ја бараше навечер.

    ја бараше кога вдишуваше, ја бараше кога издишуваше.

    ...Ја бараше дури и кога не и беше потребна.

    Една вечер уморна ...се откажа.

    Сабајлето кога се разбуди таа сонлива лежеше до неа,

    си играше со светлината на масичката одспротива

    и висеше на клепките,

    и ги полнеше градите,

    се протегаше се до пупрурното изгрејсонце.
    Да таа беше тука ... како и секогаш.

    Таа повеќе не ја почувствува онаа топлина што и беше пружена, сите успеа да ги предомисли да им каже дека е среќна а длабоко во себе чувствуваше нешто што никогаш не го почувствувала.
    Нејзината тага можеше да ја види само тој, тој на кој му се подари себеси, а сега се прашува каде е тоа дали таа светлина згасна , топлината ја нема..дали тоа некогаш нивно најголемо богатство го нема кој го украде богатството судбината ?.. сидбината тие сами си ја кројат.

    Сега нејзината тага спие на нејзиното срце, се храни од нејзините солзи, чекори по нејзините усни и го милува лицето. Секогаш е најдобра пријателка кога сите ги нема таа доаѓа сепак има некој до неа таа се грижи за неа. Дали таа е премногу ...малечка и не е спремна на сето тоа? Го прави она што не смее живее за себе чувствата ги искажува на секој можеби тоа и е најголема грешка и понекогаш пати од тоа, како што велат добрите секогаш страдаат. Времето тече таа не се менува уште повеќе сака да биде тоа што е сега, живее во еден свој свет свои чувства и свои мисли. Дали некој може да биде толку сличен на неа дали некој може да прости толку нешта како неа, има ли некој како неа што може да биде нечија сенка и секаде да го прати онај што најмногу го сака..

    Нејзиното лице е секогаш насмеано, доста луѓе ја повредија но закрепна не затоа што заборавли туку затоа што знае да простува.

    Навидум добра и повлечена, но многу горда таа знае што значи да изгубиш љубов поради гордост на сите им покажа дека може сама несака од никој помош така е позадоволна од себе кога знае дека сама го направила тоа што го сака.

    Животот и нудеше малку а земаше многу. Сега таа ужива во онај дел во кој таа го води животот, знае да живее среќно кога срцето и плаче..
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Мојот куфер е спремен.
    Ако ме прашувате јас сум за внимателност,за превентива.Со мажите не се знае...Жената мора секој момент да биде спремна на се.За секој случај.Затоа јас постојано во ходникот го чувам куферот со моите работи.Она што ми е најпотребно,тоа го држам во него.И мојот маж тоа го знае.Ако нешто се случи,ако ме предаде или изневери го земам куферот и си одам.Од време на време ги променам работите во куферот,ги исперам па пак во куфер! Тој куфер ми стои како оној песок за гасење пожар...Ако нема пожар,молам!Нема да го употребиме песокот,и да го видите мојот сопруг малку се плаши од тој куфер.Можеби некогаш и би пробал нешто ама тој куфер и го испраќа и го дочекува.Не може да не мисли на него.Тоа разбирливо го нервира и икс пати ме молел да го тргнам,да не го нервирам повеќе,ама јас не сакам.Ако те фатам,ако ти најдам карти во џебот јас истиот момент заминувам и никогаш повеќе нема да се вратам.Спрема тоа ,можеме да се сакаме,и се да биде нормално,ама куферот ќе стои таму каде што го ставив.

    Душан Радовиќ-Женски разговори

    :D :D :D :D
     
    На Neytiri, Squirrel и kikav им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    БЕЛАТА ЉУБОВ НА ДЕВОЈКАТА

    Уште оваа есен ќе чекам.
    Зимата ги завејува патовите,
    пролетта ќе ги донесе сватовите.
    Мајко, зошто го слушам срцево?
    Ако го сретнам крај патот
    ќе сплетам венци од цветови
    да му го закитам вратот.
    Мајко, зошто го слушам срцево?
    Во пролет јужните ветрови носат
    Зелени клопчиња, смилен и смеа.
    Ако го сретнам крај изворот
    ќе го напијам вода од дланки.
    Мајко, зошто го слушам срцево?
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    - Estella
    [​IMG]
     
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Повлечена во топлите ѕидови од нејзината соба, никако не можеше да заспие. Беше доцна. Всушност, рано. Утринските зраци длабоко наѕираа во нејзината соба, црцорот на птиците јасно се слушаше, а таа патуваше некаде далеку со мислите.
    Што чуствуваше? Бес, омраза, очај… ѝ беше криво. Гледаше како се оди во бездна и бараше начин како да се соочи со проблемите. Проблеми… Беше свесна дека за кратко време, сеќавајќи се на овие моменти засрамено ќе ја наведнува главата, чудејќи се сама себе си како можела да си дозволи толку мали нешта да допрат толку длабоко до неа оставајќи сурова рана. Но, всушност силна беше. Нејзиниот копнеж го делеше само со една личност. Личноста која секое утро ја гледаше во огледалото. Таква беше. Пред светот силна и непоразлива, секогаш на свое место и никогаш повредена, но на крајот од денот кога завесите ќе беа спуштени се пушташе друг филм. Филм во кој таа доминираше, не бегајќи од своите стравови, желби и очекувања. Не дозволуваше луѓето да ја видат нејзината слабост, а желбите ги делеше само со еден сопатник. Оној кој од секогаш бил, на еден или друг начин тука, покрај неа.
    Останатиот свет доаѓаше и си одеше. “Луѓето секогаш заминуваат!” беше изрека на П. Сојер која сè почесто и се вртеше низ главата во последните денови. И покрај тоа што беше и повеќе од свесна за последиците кои ги трпи секое врзување, таа не дозволуваше нејзината надеж да згасне. На секој нов сопатник му пружаше можност да се претстави. Сè започнуваше без никакви обврски и без најмала доза на сериозност, но еднаш кога ќе дојдеше до степен на разоткривање, довербата си наоѓаше свое уточиште. Всушност, не веруваше многу. Сакаше другите да ѝ се доверуваат и, живеејќи во илузија дека сите како неа бараат некој кој вистински ќе ги разбере и кој ќе знае како да му се спротивстави на проблемот, тоа го сметаше за свој успех.
    И најчесто така беше, ќе се запознаеше со некој, ќе зборуваа на секакви теми и по одредено време или ќе дојдеше до озбилноста која животот ја носи или пак едноставно ќе одбереа посебни патишта. Но, се појави и личност која не постапи точно по овие нејзини, на некој начин втемелени, принципи. Сакаше да ја проучува оваа личност. Поминаа неколку месеци во секојдневни разговори со него, разговарајќи на секакви теми, но секогаш сакаше нешто повеќе. Едноставно чуствуваше како нешто да недостасува. Гледаше многу сличности во неговиот карактер, чуствуваше дека тој би можел да ја разбере, но едноставно никогаш не добиваше можност да го осознае тоа. Тој не ѝ дозволуваше. Дали се плашеше од довербата или таа навистина не успеа воопшто да го запознае, беше она што ја мачеше во последните денови. Во еден момент се одеше како што треба, а веќе во следниот го гледаше како заминува. Полека, тивко како прав се губеше, а убавите спомени остануваа само дел од блиското минато. Сега веќе ја презираше интернет комуникацијата. Веруваше дека доколку еден од нивните педесетина разговори би се одвивале во живо, ситуацијата не би била иста. Барем сакаше да верува дека тоа е вистина. Копнееше по денот кога ќе го сретне, а да не мора да заврти глава правејќи се дека не го гледа, а всушност плашејќи се да не биде одбиена.
    Пладнето наближуваше, а нејзините одамна заминаа на работа. Занемувајќи од помислата колку бргу помина ова непреспиена ноќ посегна по чаша алкохол посакувајќи да има една цигара. Иронично. Нејзини беа зборовите дека пушењето не ѝ е некој предизвик во животот, но сега едноставно сакаше со тој дим да ја вкуси горчината на животот. За последен пат, си вети себе си. Од овој момент почнува да гради нова личност. Карактер кој никому, освен на неа не ќе му се допаѓа, а желбата за одмазда и остварување на истата несомнено ќе бидат нејзини сопатници…
     
  15. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    "Малата силуета потона во големиот сноп светлина што се спушташе од стаклената купола на врвот. Светлината паѓаше во проѕирен водопад преку свијоците на големиот лавиринт од ходници, тунели, скали, лакови и сводови, кои како да излегуваа од подот како стебла на бескарјни дрва што се отвараат кон небото во невозможна геометрија. Фермин запре на почетокот на мовчето што навлегуваше во основата на структурата и вчудоневидено ја гледаше глетката. Тивко му пријдов и ја ставив раката на неговото рамо.
    - Фермин, добре дојдовте во Гробиштата на заборавените книги."

    Заточеник на небото - К.Р.Зафон
     
    На krEM4Eto и DeRose им се допаѓа ова.
  16. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Кога почнав да се сакам себеси – Чарли Чаплин

    Кога почнав да се сакам себеси,
    сфатив дека секогаш и во секоја прилика
    сум на вистинското место, во вистинското време,
    и дека сè што се случува е така како што треба да биде.
    Оттогаш можам да бидам спокоен.
    Денеска знам: тоа се нарекува ВЕРБА.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    сфатив колку може да биде навредливо за некој
    кога се обидувам да му ги наметнам моите желби,
    иако знам дека моментот не е вистински и дека таа личност не е подготвена за тоа,
    па дури и тогаш кога таа личност сум јас.
    Денеска знам: тоа се нарекува ПОЧИТ.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    можев да препознаам дека емотивната болка и страдањето
    се предупредување да не живеам против сопствената вистина.
    Денеска знам: тоа се нарекува АВТЕНТИЧНОСТ.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    престанав да копнеам за друг живот
    и можев да видам дека сè околу мене беше повик за растење.
    Денеска знам: тоа се нарекува ЗРЕЛОСТ.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    престанав да се лишувам од моето слободно време,
    престанав да планирам грандиозни проекти за иднината.
    Денеска го правам само она што ми причинува задоволство и радост,
    она што го сакам и заради кое моето срце се смее.
    Го правам на мој начин, со мое темпо.
    Денеска знам: тоа се нарекува ИСКРЕНОСТ.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    побегнав од сè што не е здраво за мене,
    од јадења, луѓе, работи, ситуации…,
    од сè што ме влечеше надолу и ме оттргнуваше од самиот себе.
    На почетокот тоа го нарекував „здрав егоизам“,
    но денеска знам: тоа е ЉУБОВ КОН САМИОТ СЕБЕ.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    престанав да сакам секогаш да сум во право,
    а на тој начин помалку грешев.
    Денеска знам: тоа се нарекува СКРОМНОСТ.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    одбив да живеам во минатото
    и да се грижам за мојата иднина.
    Живеам овде и сега.
    Денеска знам: тоа се нарекува СВЕСТ.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    видов дека моите мисли
    можат да ме направат мизерен и болен.
    Но, кога моите мисли побараа сила од срцето,
    мојот ум доби важен партнер.
    Денеска знам: тоа се нарекува МУДРОСТ НА СРЦЕТО.

    Кога почнав да се сакам себеси,
    сфатив дека нема потреба да се плашиме од дискусии, конфликти и проблеми,
    бидејќи дури и ѕвездите понекогаш се судираат,
    но потоа создаваат нов свет.
    Денеска знам: тоа се нарекува ЖИВОТ.
     
  17. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    Писмото на Чарли Чаплин до неговата ќерка Жералдин

    Moja девојко,

    Сега е ноќ, една Божиќна ноќ. Сите невооружени воини во мојата мала тврдина заспаа. Не се будни ниту брат ти, ниту сестра ти. Дури и мајка ти веќе спие. Додека стигнав до оваа полуосветлена соба, за малку ќе ги разбудев заспаните птички.

    Толку сум далеку од тебе! Но, нека ослепам, ако твојата слика не е секогаш пред моите очи. Твојата фотографија е овде на масата, блиску до моето срце. Но, каде си ти? Таму во бајката наречена Париз, танцуваш на величенствената театарска сцена на Шанзелизе. Го знам тоа многу добро, но ми се чини дека во тишината на ноќта слушам чекори, ги гледам твоите очи што сјаат како ѕвезди во зимското небо. Слушнав дека твојата улога во овој празничен спектакал е Персиската убавица, заробена од Тартар Кан. Биди убава и танцувај! Биди ѕвезда и блескај! Но, ако ентузијазмот и благодарноста од публиката те опива, ако аромата на цвеќињата те зашеметува, седни во некој агол и прочитај го моето писмо, слушај го гласот на твоето срце.

    Јас сум твојот татко, Жералдин!

    Јас сум Чарли, Чарли Чаплин!

    Дали знаеш колку многу ноќи седев до твојот кревет додека беше бебе, раскажувајќи ти приказни за „Заспаната убавица“, „Будниот змеј“…? А кога сонот ќе ми натежнеше на очите, му се смеев и му велев: „Оди си! Јас спијам со мечтите на мојата ќерка!“ Ги видов твоите соништа, Жералдин, ја видов твојата иднина, твојата сегашност. Видов девојка која игра на сцената, самовила која танцува во небото. Слушнав како зборува толпата: „Ја гледате ли оваа девојка? Таа е ќерка на една стара будала. Се сеќавате? Неговото име е Чарли.“ Да, јас сум Чарли! И да, јас сум стара будала!

    Денеска е твојот ред. Танцувај! Јас танцував во големи, искинати панталони, а ти танцуваш во свилено фустанче на принцеза. Танците и звукот на аплаузот понекогаш ќе те вивнат до небото. Летај! Полетај таму! Но, врати се на Земјата! Треба да видиш како живеат обичните луѓе, како живеат уличните танчери, кои танцуваат тресејќи се од студ и од глад. Јас бев како нив, Жералдин! Во текот на ноќите, оние магични ноќи кога паѓаше во сон од моите приказни, јас бев буден. Гледав во твоето лице, го слушав отчукувањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, дали ова маченце, некогаш ќе те познава?“ Ти не ме познаваш, Жералдин. Сум ти раскажал многу приказни во тие ноќи, но мојата приказна – никогаш. Таа е исто така, многу интересна. Зборува за гладен кловн, кој пее и танцува во сиромашните квартови на Лондон, а потоа собира милостиња… Тоа е мојата приказна! Јас сум го вкусил гладот, знам што значи да бидеш без покрив над главата. И повеќе од тоа, сум ја искусил понижувачката болка на кловнот-скитник, кој во неговите гради имаше бурен океан од гордост, болно повредена од оние кои му фрлаа парички. Но, сè уште сум жив, па ајде да го оставиме тоа.

    Подобро да зборуваме за тебе!

    После твоето име, Жералдин, доаѓа моето – Чаплин. Со ова име, повеќе од 40 години сум ги засмејувал луѓето насекаде. Но, јас повеќе плачев, отколку што тие се смееја! Жералдин, во светот во којшто живееш, не постојат само танцување и музика! На полноќ, кога ќе излезеш од огромната сала, можеш да ги заборавиш богатите фанови, но не заборавај да го прашаш таксистот, кој ќе те однесе дома, за неговата сопруга. И ако таа е бремена, а немаат пари за пелени за идното новороденче, стави му малку пари во џебот. И кажав на банката да ги покрие овие трошоци. За сите останати, плаќај исклучиво на сметка. Од време на време користи го метрото или автобус, оди пеш и истражувај го градот. Гледај во луѓето! Погледни ги вдовиците и сирачињата! И барем еднаш кажи си на себе: „Јас сум иста како нив!“ Да, ти си една од нив, моја девојко. Згора на сѐ! Уметноста, пред да му даде крилја на човекот, најпрво му ги крши нозете. И ако некогаш се почувствуваш многу поважно од твојата публика, напушти ја сцената. Качи се на првото такси и посети го соседството во Париз. Јас го познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери исти како тебе, дури и многу подобри, пограциозни и со повеќе гордост од тебе. Заслепувачкиот сјај на твојот театар нема да биде таму. Месечината е нивниот рефлектор. Погледни! Гледај внимателно! Зарем не танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, моја девојко! Секогаш ќе постои некој, кој танцува подобро од тебе, кој игра подобро од тебе! И запамети, во семејството на Чарли никој не бил толку груб и дрзок за да се потсмева со таксист или да се поигрува со просјак седнат покрај Сена.

    Јас ќе умрам, но ти ќе живееш…Сакам никогаш да не дознаеш што значи сиромаштијата! Заедно со ова писмо ти испраќам и еден празен чек, за да можеш да трошиш колку ќе посакаш. Но, кога ќе потрошиш два франци, не заборавај да се потсетиш дека третата монета не е твоја. Таа мора да му припаѓа на некој странец, на кого навистина му е потребна. А него лесно можеш да го најдеш. Треба само да посакаш да ги видиш тие кутри и сиромашни туѓинци, и ќе ги најдеш насекаде.

    Ти зборувам за пари, бидејќи имав можност да ја запознаам нивната ѓаволска моќ. Знаеш дека поминав долго време во циркусот и секогаш бев многу загрижен за акробатите (кои се движеа по тенко јаже). Морам да ти кажам дека луѓето полесно и почесто паѓаат кога стојат цврсто на земја, отколку акробатите од нестабилното јаже. Можеби некоја вечер блесокот на најскапиот дијамант ќе те измами. Во истата вечер тој дијамант ќе биде твоето нестабилно јаже, од кое со сигурност ќе паднеш. Можеби убавото лице на некој принц ќе те измами. Во истиот ден ти ќе бидеш неискусен акробат, а неискусните акробати секогаш паѓаат. Не си го продавај срцето за злато и накит, бидејќи најголемиот дијамант е Сонцето. За среќа, тој блеска на лицето на секој човек. И кога ќе дојде времето и ти ќе се вљубиш, сакај со целото свое срце. Ѝ кажав на мајка ти да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта повеќе од мене и затоа е подобро таа да зборува со тебе, за неа.

    Твојата работа е многу комплицирана. Го знам тоа. Твоето тело е покриено само со мало парче свила. Во име на уметноста, на сцената може да се појавиш дури и гол, но оттаму треба да се вратиш не само облечен, туку и почист. Но, никој и ништо на овој свет не заслужува да ги види дури ни ноктите од стапалата на една девојка. Голотијата е болест на нашето време.

    Јас сум стар и моите зборови можеби звучат смешно, но според мене, твоето голо тело би требало да му припаѓа на оној што ќе се вљуби во твојата гола душа. Не плаши се ако твоето убедување на оваа тема е од пред десет години, од времето кое заминува. Не грижи се! Тие десет години нема да те направат постара. Но, како и да е, сакам да бидеш последниот човек, кој ќе стане поданик на островот на голите! Знам дека татковците и децата се во вечна борба! Војувај со моите мисли, моја девојко! Јас не сакам послушни деца.

    Во моите очи нема солзи додека го пишувам ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна вечер, ќе биде ноќ на чудата. Посакувам да се случи чудо и навистина да разбереш сè што сакам да ти кажам.

    Чарли е веќе постар, Жералдин! Порано или подоцна, наместо бела свила на сцената, ќе треба да се облечеш во црно за да дојдеш на мојот гроб. Сега не сакам да те вознемирувам. Само од време на време, погледни во огледалото. Таму ќе ги видиш моите карактеристики. Дури и кога крвта во моите вени ќе се излади, не сакам да го заборавиш твојот татко, Чарли. Јас не сум ангел, но секогаш се стремев да бидам човек. Обиди се и ти.

    Те бакнувам, Жералдин.

    Твојот, Чарли
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Девојката од големиот град. Да, тоа беше девојката која просто го обожуваше дождот. Можеби, затоа што и се причинуваше дека капките слевајќи се по стаклото, личеа на солзи, кои секојдневно се слеваа по нејзиното младо, бело лице.Зошто?Ах, верувам дека ни самата таа не знаеше…

    И недостасуваше човекот, кој ја научи на многу работи. Како да живее, како да се радува на секој момент, како да се чувствува среќно, исполнето, во секое парче на своето тело… Но, тој не постои.

    Копнееше по некого, кого сеуште го немаше запознаено. Или, сепак го имаше. Некој добар, прекрасен, внимателен, нежен, сочуствителен… О да, момчето со големо срце. Постои? Го познава ли? Зошто се среќава само со погрешни луѓе?

    Често и се вртеа чудни мисли во главата. Кога ќе слушнеше за верба во љубов, помислуваше: “Чекајте, љубов? Што е тоа? Ах, да љубов…“. Нема дефиниција за љубовта. Сите ја толкуваме поинаку, ја доживуваме поинаку. Велат, животот ти е празен, ако барем еднаш, вистински ја немаш почуствувано. Почекајте луѓе драги… Дали невозвратената љубов, љубовта полна со копнеж, забранетата љубов, е всушност благослов? Нe!! Тaa е проклетство.

    Сеуште беше свесна дека е премногу млада, нежна и слаба, за такво нешто. Но сепак, се надеваше на некој, ќе биде постојано тука, покрај неа. Некој кој неизмерно и безусловно ќе ја сака, почитува, милува, и насмевнува.

    Да, беше многу неискусна. Шеташе од мисла на мисла, од едно нешто на друго, од црно на бело… Не знаеше што сака, не знаеше што најдобро умее, не научи да се бори за своите соништа… Сепак, беше девојка од големиот град, нели? И сеуште плачеше, заедно со дождот, сеуште неможеше да се разбере себеси, но сепак ги разбираше другите… Сеуште не можеше да ги сфати сите работи, и да даде одговор на сите прашања.

    Но, љубовта е проклество. Нели?
     
  19. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    5.223
    Пол:
    Женски
    "Poslao sam joj kišu... Nemojte se ljutiti vi koji ste joj blizu pa ste pokisli. Ona stvarno voli kišu. A ja volim kad je sretna..." -Đ. Balašević
     
  20. Esperanza

    Esperanza Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    23
    Kroj

    Ukrašću tvoju senku, obući je na sebe i
    pokazivati svima. Bićeš moj način odevanja
    svega neznog i tajnog. Pa i onda, kad
    dotraješ, iskrzanu, izbledelu, neću te sa sebe
    skidati. Na meni ćeš se raspasti.
    Jer ti si jedini način da pokrijem golotinju
    ove detinje duše. I da se više ne stidim pred
    biljem i pred pticama.
    Na poderanim mestima zajedno ćemo plakati.

    Zašivaću te vetrom. Posle ću, znam, pobrkati
    moju kožu s tvojom. Ne znam da li me
    shvataš: to nije prožimanje.
    To je umivanje tobom.

    Ljubav je čišćenje nekim. Ljubav je nečiji
    miris, sav izatkan po nama.
    Tetoviranje maštom.

    Evo, silazi sumrak, i svet postaje hladniji.
    Ti si moj način toplog. Obući ću te na sebe
    da se, ovako pokipeo, ne prehladim od
    studeni svog straha i samoće.


    Miroslav Antič
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.