Проза, поезија – извадоци

Discussion in 'Литература и уметност' started by MissPagane, Feb 13, 2010.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    1,674
    Likes Received:
    7,654
    - Портретот на уметникот во младоста - Џејмс Џојс :bow:
     
    La.Reina.Del.Sur likes this.
  2. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Joined:
    Apr 18, 2011
    Messages:
    195
    Likes Received:
    522
    „Јас не сум тело во кое се засолнила душа, јас сум душа која има свој видлив дел наречен „тело“. Во текот на овие дни, спротивно на она што го мислев, оваа душа постојано беше присутна.
    Таа ништо не ми велеше, не ме критикуваше, не покажуваше сожалување спрема мене: едноставно, ме набљудуваше.“ ...
    11 минути - Пауло Коелјо
     
    honorthyself likes this.
  3. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2012
    Messages:
    185
    Likes Received:
    127
    Малце сум офф топик ама ја има ли некој песната "Неверна жена" од Лорка, на македонски?? И ако тој некој ја објави или ми ја прати во лп би било прекрасно :)
     
  4. monalisa

    monalisa Истакнат член

    Joined:
    May 27, 2010
    Messages:
    38
    Likes Received:
    12
    Оној што не го сака животот, не го ни заслужува.
    Леонарно Да Винчи
     
    Gordana10 likes this.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Joined:
    May 1, 2011
    Messages:
    1,508
    Likes Received:
    3,880
    Онаа другата

    Додека ги читам црните хроники,
    меѓу смислено или случајно убиените,
    меѓу исчезнатите или самоубиените
    го барам твоето име.

    Додека на ТВ известуваат
    за тешки сообраќајни несреќи
    за пожари, поплави и слични катастрофи
    си замислувам дека си меѓу несреќниците.

    Кога и да ѕвони телефонот во невреме,
    кога ќе го видам поштарот со телеграма в раце,
    Кога и да слушнам: - „тажна вест...“
    си помислувам, ќе го изговорат твоето име.

    Во некролозите ми се присторува твојот лик.
    На надгробните споменици многумина ти се слични.
    На секоја посмртна постела лежиш ти.
    Во огледалото го гледам твоето лице.

    По толку смрти, по толку умирања
    невозможно е да си жива.
    Иако смртта не е погодок на лотарија
    зошто добитник не си ти?!?

    Мојот мал црн фустан чека да го облечам,
    некогаш служеше за свечени излегувања
    сега демне вакви пригоди.

    Ќе ставам и црн превез ако треба,
    и ќе застанам кај најблиските ужалени.
    Најдрага при животот - најдрага покојница.

    Само да бидам известена.
    Да дознаам на време.
    Да не отпатувам некаде
    Да бидам на самото место.

    Кога ќе паѓа последната грутка земја
    животот да го земам во своите раце
    и да го оставам отстрана како дете

    Јас туристката во служба на вечноста,
    која живее под туѓо име,
    ја чуствувам земјата на клепките.

    Радмила Лазиќ
     
  6. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Joined:
    Jun 26, 2012
    Messages:
    109
    Likes Received:
    23
    Нешто не ти кажав

    Колку висок оган те изгоре однатре,
    само ѕидовите празни да ти останат,
    кај ти покапа месото, светлината,
    твојата стрмна кожа, оптегната и проѕирна,
    како вода што не може ништо да ја набрчка:
    кај ќе ce скине, таму ќе ce состави.
    A и облеката на тебе што зборуваше
    cè што можеше твоето тело да помисли;
    твоето тело, замавната сабја и секира,
    сонце што можеше отсекаде да угрее
    и до кај сака зимата да ја одложи,
    прв ден Велигден, и прво Величество,
    луња што спиеше во мојата постела...
    И, ако не знаев, ако не го запознаев,
    можеше cè да ми остане непознато.

    Кога боледуваше ти го криевме огледалото,
    да не ce видиш таму, да не те видат оттаму,
    но во огледалото ти ја сретнавме душата:
    ти го зеде лицето и назад не ти го врати
    (дали лицето беше твое
    или од оној што дојде по тебе?)
    и, за да не ce мачиш, ти ја држевме раката
    и те слеговме долу, те состанавме со земјата,
    кај што првпат слезе и на нозе ce исправи
    и, неми ние сите, нема вода те напивме,
    a молчевме, зашто плачот го криевме
    да не ти ce потплаши и преполови душата,
    да не ти остане ни горе, ни долу.

    Една змија постојано ce буди, ce поткрева
    во каменот што го допирам над тебе
    (како да ја менува, преслекува кошулата
    и така си ја повторува младоста)
    ме фаќа ко пијавица, ме полазува, ко морница,
    ce излева во мене, посекаде ме студенка
    и студот со твоето минато го дополнува.

    Зар смртта е покривање на ладно со студено?

    Кога умираше
    огнот го изнесувавме и го криевме
    (го чувавме ко бадник што ce чува)
    куќата ни бегаше, вратите ce отвораа,
    собите излегуваа од собите,
    кокошките седеа, зимата не стануваше,
    платното во разбоите не ce полнеше
    (ко погледот, сликата и солзата твоја)
    млекото ни ce губеше в планина,
    a во нас рикаше, ce одѕиваше
    и првнеа јаболката, дуњите и зарзаватот
    и некој рече: „времето ќе ce растури
    штом реката бучи и на рамно“.
    И тебе, полека, cè те забораваше.

    Осамен човеку мој,
    прими ја и мојата осаменост како своја,
    разблажи ме барем во нешто некаде,
    оти сум сенката твоја што остана,
    што не знае ни кај оди, ни од кај иде,
    како и секавицата што не знае
    кај и’ е коренот, a каде врвот,
    крајот на нејзиното смирување.
    Кажав, о боже, колку изнакажав,
    но нешто не ти кажав,
    a не знам што не ти кажав.
    Петре М. Андреевски.
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Joined:
    Oct 4, 2011
    Messages:
    3,898
    Likes Received:
    4,903
    Gender:
    Female
    Небиднина - Aцо Шопов



    Патував долго, патував цела вечност
    од мене до твојата небиднина.
    Низ пожари патував, низ урнатини,
    низ пепелишта.

    По жега, по суша, по невиделина.
    Се хранев со лебот на твојата убавина,
    пиев од грлото на твојата песна.

    Не гледај ги овие црни суводолици
    што го параат моето лице-
    ми ги подари лицето на земјата.
    Не гледај ги овие нерамнини врз плеќите-
    ми ги донесе умората на ридјето.

    Погледај во овие раце-
    два огна,
    две реки
    темно чекање.
    Погледај во овие дланки-
    две полиња,
    две суши
    глуво лелекање.

    Патував долго, патував цела вечност
    од тебе до мојата небиднина
     
  8. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Joined:
    Apr 18, 2011
    Messages:
    195
    Likes Received:
    522
    „КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА“ - Петре М. Андреевски


    Кога ја љубев Дениција,
    како да калемев светлина на мракот,
    како да топев снегови фатени во движење,
    како да станував единствен сведок
    за бакнежот меѓу металот и громот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да му пронајдував брзина и на каменот,
    како да ја одделував душата од телото,
    како да го палев барутот
    на тилот од смилот и трендафилот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
    како да ги откривав сите руднуци на злато,
    како да добивав телефонска врска со сонот
    од сите успани работници.

    Оти ја љубев Дениција,
    како што ги отварав пролетните аптеки,
    сместени во гласот од славејот,
    како што славејот ги спријателуваше
    небото и земјата,
    како што таа ми ја одземаше тежината,
    додека трчав кон неа,
    како што не можев да видам ништо освен неа,
    како што таа живееше додеја јас умирав,
    како што и јас не знаев како би умрел,
    ако таа не се родеше.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да учествував во создавањето
    на првата Македонска Држава.
     
    Ketrin.Moon and kristii like this.
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2011
    Messages:
    758
    Likes Received:
    3,660
    Do not stand at my grave and weep

    Do not stand at my grave and weep
    I am not there. I do not sleep.
    I am a thousand winds that blow.
    I am the diamond glints on snow.
    I am the sunlight on ripened grain.
    I am the gentle autumn rain.
    When you awaken in the morning's hush
    I am the swift uplifting rush
    Of quiet birds in circled flight.
    I am the soft stars that shine at night.
    Do not stand at my grave and cry;
    I am not there. I did not die.

    Mary Elizabeth Frye
     
    lady.N likes this.
  10. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Joined:
    Jul 2, 2012
    Messages:
    185
    Likes Received:
    127
    Легендата вели дека се што ќе падне во водите на оваа река, лисја, бубалки, пердуви од птици, се се претвора во камења со кои е послано нејзиното корито. Ах, што се не би дала само да можам да го искорнам срцето од моиве гради и да го фрлам во речната струја... И повеќе нема да има болка, нема да има тага, сеќавања.

    Крај реката Педра седнав и плачев. Заради зимското студенило ги чуствував солзите на своето лице, а тие се мешаа со ледените води што течеа пред мене. Некаде далеку оваа река ќе се здружи со друга река, потоа со уште една, се додека во недоглед на моите очи и на моето срце, сите овие води не се слеат со морето.

    Моите солзи нека потечат многу далеку, за мојата ЉУБОВ никогаш да не дознае дека еден ден јас сум плачела заради неа. Моите солзи нека потечат многу далеку и тогаш, јас ќе ја заборавам реката, манастирот, црквата во Пиринеите, маглата, патот што заедно го изминавме.

    Ќе ги заборавам патиштата, планините и полињата од моите сништа, овие сништа што беа мои и што повеќе не ги препознавам.

    Се сеќавам на волшебниот миг, на оној миг кога едно „ да“ или едно „ не “ можеа да го изменат сиот наш живот. Ми се чини како да било многу одамна, иако само пред една недела јас повторно ја најдов својата ЉУБОВ и ја загубив.

    Крај реката Педра ја напишав оваа приказна. Рацете ми беа премрзнати, свитканите нозе ми се вкочанија и често морав да го прекинувам пишувањето.

    - Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените – велеше тој.

    Можеби поради ЉУБОВТА предвреме старееме и повторно се подмладуваме, кога младоста веќе ќе замине. Но, како да не се присетам на тие мигови? Токму поради тоа и пишувам, да ја претворам тагата во носталгија, осаменоста во спомени. „ За да можам, откако ќе ја завршам оваа приказна, да ја фрлам во реката Педра! “ – така рече жената која ме пречека. И тогаш, како што рече една светица, водите би можеле да го згаснат она што огнот го напишал.

    Во секоја љубов има само љубов...



    „ Крај реката Педра седев и плачев“ ~ Пауло Коелјо~
     
    ivimis likes this.
  11. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    83
    Likes Received:
    32
    :inlove: Одамна немам пишувано овде. Време е. :D



    Ацо Караманов - Тајна

    Пак ли сакаш да ти го кажам
    тоа што ти го кажав во сината ноќ,
    дека си за мене и смев и солза,
    дека си за мене и слабост и моќ?
    Ах, остави ја веќе таа исповед
    нека спие мирно во твоето срце
    и мојата душа нека биде твоја,
    а мое да биде твоето лице.


    Умилкување Петре М. Андреевски


    Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
    ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
    Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
    ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
    само да ме сакаш.

    Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
    Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
    сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
    ќе ти дадам се што е солено и молено
    само да ме сакаш.

    Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
    ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
    Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
    ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
    само да ме сакаш.

    Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
    Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
    и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
    и ќе те фалам и кудам под сите небеса
    само да ме сакаш.

    Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
    на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
    не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
    со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
    само да ме сакаш.
     
    TheCandy880 likes this.
  12. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Joined:
    Feb 12, 2010
    Messages:
    83
    Likes Received:
    32
    Сон на студена плоча Славко Јаневски

    Како лекар на око болно
    капки кога цеди капка по капка
    сон капе во полноќ.

    Земјо волчозаба
    гладнице
    ревни, изревни се
    израсни в пена.
    Трево, отреви се
    надвјасај ме до рамења.
    Живеам-
    крв сум и месо
    коса и пламење
    и око неспокојно.
    Живеам- јас жена, жена, жена
    жива над мртов песок.

    Жена сум Мартинова.

    Мартине, омартини ме
    осемени ме (ќе никнам јаболкница)
    и скини ме.
    На две дланки одамнешни
    (едната камен за удар
    другата леб до рамо за љубов)
    на две дланки две јаболки нишни.

    Ох...и каменот и лебот
    две коски се бели
    а беа
    и земја и небо.

    Мартине, стани и стани месо
    омартини
    нокти во двете јаболки зарини
    зрееле, ќе презреат.

    Или ќе станам Шара: коски и трева
    или ќе се оросам
    до грло сладок товар ќе заносам.
    Зошто вака месото на рог јарци ми го бодат
    волци го кинат
    ветар во него со бич змии гони
    и самиот змиест,
    па крвта му е горка
    не се оплодува
    и не се пие.

    Мартине, твоето племе
    уште како глутница скита
    и на свадби крв од ками лее;
    доброто на зло го гони
    и злото пак на зло го враќа-
    на покопи пие и пее.
    Мартине, стани и биди со нив
    жив меѓу живи браќа.

    На врба грозје родило
    коза за волчи пород готви пелени
    рибје чедо проодило
    набрекнал камен од млеко
    да ги подои тревите зелени.

    А мене коските Мартинови ме распнале
    ме заориле нивоорци.
    Слатко пиштам, деницо уште неродена,
    слатко се давам
    и не знам што имам и што немам
    сон или јава...
     
  13. Monroe

    Monroe Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2011
    Messages:
    431
    Likes Received:
    416
    " За првокласен с*кс без рајсфершлус беше битно никогаш добро да не го запознаете тој маж. Имав забележано, на пример, како сите мои занесување се распрснуваа штом навистина ќе се спријателев со мажот, штом ќе почнев да сочуваствувам со неговите проблеми, да слушам како плаче од сопствената жена или од поранешните жени, од својата мајка, своите деца. После тоа ќе почнеше да ми се допаѓа, можеби дури и би го засакала - но без страст. А јас копнеев по страст. Исто така, имав научено дека сигурен начин да се ослободам од опседнатоста беше да пишувам за некој маж, да ги следам неговите воздишки и трепети, да се занимавам со анатомијата на неговата личност и да ја распоредувам според типот на кој припаѓа. После тоа, тој беше инсект на клинец, исечок од весник ставен во проѕирни пластични корици. Би можела да уживам во неговотот друштво, на моменти дури можеби и да му се восхитувам, но тој повеќе ја немаше таа моќ поради него растреперена да се будам ноќе. За него повеќе не сонував. Тој сега имаше лице. "

    Страв од летање - Ерика Јонг
     
    Trendafilka, thelittle17 and Nymeria like this.
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Joined:
    Aug 20, 2010
    Messages:
    3,992
    Likes Received:
    6,306
    Gender:
    Female
    Што останува после љубовта? Телефонски број мемориран во телефонот кој со текот на времето избледува се' додека еден ден не почувствувам потреба да го избришам. Лозинки од разни сметки како комбинација од мојот и неговиот датум на раѓање. Остануваат и некои песни кои ме потсеќаат на него, и некоја мала празнина во срцето каде некаде во позадина свире некоја балада. Остануваат и некои улици по кои сме заедно минувале, кои сеуште го кријат неговиот мирис во камените. Останува и неговиот мирис во носот и денес толку интензивен барајќи го во секој друг маж кој минува покрај мене со неговиот парфем, го осеќам на километри. И некои стари пораки кои ми е жал да ги избришам зошто се сведоци на една голема љубов. Па зар секоја љубов која е прекината на време, не е голема? - би рекла таа. Останува и вперува поглед во случаен минувач. Остануваат нашите улици на кои сме се враќале после љубовта, нашите плажи на кои сме делеле бакнежи. Твојата четкичка за заби во мојот стан. Остануваат и твоите пријатели, кои во времето кога бев со тебе ги нарекував наши пријатели, а денес, кога минуваат покрај мене, сфаќам дека тоа се твоите пријатели, само твои, дека пријателите не се делат. И твојата сестра која денес ми честита роденден. Останува и ланче без привезок бидејќи тогаш реков дека мразам плочки, срца и останати глупости кои висат по ланчиња. Да ги сакав, денес и јас би станала привезок. Останува во усните вкус горк ко пелин. Сега знам дека веќе не си, и никогаш нема да бидеш тука. Едно искуство и уште едно поголемо разочарување. Не останува многу, зарем не?
     
  15. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2010
    Messages:
    308
    Likes Received:
    128
    „Телевизијата, Даниел, пријателе, е самиот антихрист и ви кажувам дека ќе бидат доволни три или четири генерации, па веќе луѓето да не знаат ни сами да прднат и дека човекот ќе се врати во пештера, во средновековно варварство, во состојба на имбецилност, која веќе и гасениците ја имаат надминато таму некаде околу плеистоцентот. Овој свет нема да умре од атомска бомба, како што кажуваат, ќе умре од смеење, од баналности, правејќи шеги од се‘, и тоа лоши шеги“ - Фермин Ромеро де Торес во „Сенка на ветрот“ од Сафон
     
    Ketrin.Moon and Trendafilka like this.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    2,711
    Likes Received:
    2,034
    Песна за љубовта...

    После мислите мрачни

    кои ја обвиваа во празната соба...

    После темнината тешка

    и ноќите долги...

    После воздишките мачни

    кои доаѓаа од ранетата душа..

    После безброј солзи исплакани

    од нејзините прекрасни очи...

    Девојката со убава насмевка

    конечно успеа,

    да ја види светлината

    на крајот на тунелот...

    Светлината,

    толку потребна,

    толку посакувана...

    Успеа да го види сонцето

    кое светеше високо на небото..

    Успеа да го види виножитото

    Кое се прелеваше во своите раскошни бои...

    На лицето повторно и се појави насмевката...

    Во очите и се поврати изгубениот сјај...

    Ликот нејзин доби нова димензија...

    Повторно ја разбуди нејзината душа

    желна да даде и добие прегратка...

    желна да даде и добие бакнеж...

    желна да даде и добие љубов...

    Срцето и душата и се пак подготвени

    за нови чувства, нова љубов...

    Песна се слуша од нејзините усни

    песна на љубовта,

    песна на среќата...
     
  17. Springy

    Springy Истакнат член

    Joined:
    Oct 22, 2010
    Messages:
    337
    Likes Received:
    522
    ,, ...Ќе се најдеме пресликани во
    боите на виножито
    и без запирки
    ќе си ги прераскажуваме
    миговите откорнати
    од едно збогум,
    што долу на земјата
    боли повеќе
    од отворена рана.
    Ќе ми споделиш
    дека грижливо си
    ги собирала сите мои стихови
    и сега е моментот да
    ја замениш тагата во нив
    со божествени ноти
    на една небесна харфа.
    Пушти ја харфата, душо,
    ќе ти речам.
    Размрдај ги прстите
    и засвири по мене.
    Ќе излезат најубавите звуци
    од едно тело што цела вечност
    те посакува.
    Ќе блеснат најмилните погледи
    од едни очи што четири години те гледаа,
    а уште четириесет ќе те сонуваат.
    Дождовите и сонцето оттогаш
    везден ќе се љубат,
    но виножито веќе ќе нема.“
     
    La.Reina.Del.Sur likes this.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Joined:
    Apr 22, 2010
    Messages:
    4,711
    Likes Received:
    59,984
    Zubi su meksi od usana.
    Cuvaj se poljupca
    i budi na oprezu.

    Zubi ujedu za trenutak.
    Poljubac za ceo zivot.

    :)

    Мирослав Мика Антиќ
     
    Neytiri and mamma-mia like this.
  19. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Joined:
    Jan 11, 2010
    Messages:
    2,410
    Likes Received:
    1,121
    Gender:
    Female
    Врнеше кога умрев. Кога поворката тргна накај гробиштата, истураше. Убаво е да врне на погребите. Добро, поубаво е кремирањето, ама кога тоа не е опција, најубаво е да врне. Јас не се чувствував убаво, но сите оние во поворката накиснаа и ако ништо повеќе, од срам, никој не се пожали на тоа, туку сите, со наведнати глави полека чекореа кон местото каде што требаше да ме положат в земја.

    Немаше некролози. Така сакав. Некролозите ништо не кажуваат за оној чие постоење завршило.
    Обичните ливчиња хартија со мала престара сликичка, куп однапред одредени зборови напишани од некој пропаднат писател, неколку бројки кои треба да го одредат степенот на жал, заради младоста; никогаш нема да ја откријат суштината на несреќниот. Никогаш нема да ви кажат какви соништа и надежи имал, какви илузии имал, колку високо летал во сопствените мисли, далеку од судот на другите. Никогаш нема да прочитате на еден некролог што сакал оној кому му е наменет да стори – од утре! Дали сакал да престане со пушење, да ослаби, да го остави алкохолот, да почне нешто да работи....

    Пред да пристигнат до целта, крај поворката протрча еден топло наоблечен човек. Го погледнаа чудно, сите до еден. Како да ги навредили или уште повеќе, мене. Но, тој ми беше непознат. Никогаш не бевме размениле зборови, погледи или што и да е. Ми оддаде онолку почит затворајќи ги очите за миг, колку што би направил за кој и да е друг човек кој заминал. Тие сепак не можеа да го разберат. Сеедно!
    Денес врнеше. Денес осамна ден во кој немаше некролози, а сепак, ден кога веќе нема да имам шанса да кажам – од утре....
     
    LaraSolare, ivimis and Angelinkka like this.
  20. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Joined:
    Jan 11, 2010
    Messages:
    2,410
    Likes Received:
    1,121
    Gender:
    Female
    Пријателе мој - никогаш не му верувај на човек што не стои мирно на сопствената химна. Што не купува цигари. Што не ги гледа сопствените деца. Што лаже од хоби. Што не сака луѓе. Што мрази животни. Што презира успешни. Што искористува немоќни. Што не знае кај е Јамајка. Никогаш не му верувај на човек што си ја моча даската од сопствената ВЦ-шолја. И запомни: Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите уште подобро.
    -Игор Џамбазов