Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    "Ти го освои срцето мое...
    го плени срцето мое со еден поглед на очите свои..
    и само со една од веришките на вратот свој...
    Во ладовината на вечерта кога ќе одминат сенките,
    ќе одам на смирновата гора и темјановиот рид
    Цела си убава мила моја нема ни дамка на тебе..."
     
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Дојде време...

    Дојде време...дојде човек...
    Се е нешто што е било поминато,
    ама сепак е ново и полно со возбуда...
    Дојде време...
    За повторно љубовта да го добие
    своето место...
    Да добие нов изглед...
    Ех љубовта...
    Не може човек да бира
    во кого ќе се вљуби,
    кого ќе засака...
    Нема правила...
    Има само чувства,
    кои неповикано доаѓаат,
    кои повторно се појавуваат
    иако биле потиснати таму некаде...
    А сепак се живи...
    И се почнува да се движи,
    се заживува и се разигрува...
    Мисли милион низ глава минуваат,
    за она што било и што ќе биде...
    Животот е виножито од прекрасни бои,
    само кога си до оној кој прави
    црното и белото да добијат и нијанси...
     
    На Плоко Поетот и Devojka20 им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    C - Пабло Неруда :l:
    "....А ние, и ти, и јас, топаз можеби сме!
    И тогаш сложно ќе ѕвонат сите ѕвона.

    И не ќе има ништо освен ведро небо,
    јаболка од ветрот однесени,
    сочната книга во сеницата лисна,

    а таму каде што каранфилите дишат
    ќе направеме руба што ќе ја издржи
    вечноста на еден победнички бакнеж."
     
    На Плоко Поетот и Devojka20 им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ” Замисли ја најтемната ноќ, најцрниот по боја мрамор и најцрната мрава. Во таква ноќ без ѕвезди, на таков мрамор, Бог не само што ја гледа мравата, туку го слуша и топотењето на нозете нејзини”
     
    На Devojka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    - Како и другите месни жители, и Хротруд не знаеше да чита и да пишува. Сепак знаеше дека книгата претставува вистинско богатство и дека вреди повеќе златници отколку што заработува целото село за една година.

    - Таа би се заколнала на се’ што би барале од неа, би го направила тоа дури и сега, ако варварите повторно се појават во Франкиската Империја, би се молела на какви било чудни и страшни богови кои ги проповедаат тие. Тоа не би променило ништо. Кој би можел да види што се случува во нечие срце? Мудрата жена ги чува своите тајни.

    - “И јас би се плашела”, рече искрено Јована. “Но јас би сакала да го направам тоа. Би сакала да знам се’ што може да ми каже Бунарот.” Гудрун се насмевна гледајќи го сериозното мало лице: “Можеби нема да ти се допадне она што би го дознала. Мојот народ има изрека: Срцето на мудриот човек ретко е радосно.”

    - “Ubi sum ego vos non potestis venire. – Таму каде што сум јас, ти не можеш да дојдеш.”

    - “Добро”, рече Ескулап насмевнувајќи се. Внимателно ги отвори дрвените корици и почна да ги прелистува чувствителните страници на пергаментот. Текстот е Еклезијаст. “За се’ постои време, време за секоја работа под небото. Време за раѓање и време за умирање; време за садење и време за берење на она што е посадено...”

    - “Навистина”, продолжи Ескулап, “не е ли недостиг на вера тоа што го води човекот да се плаши од испитувањето на разумот? Ако е одредиштето сомнително, тогаш патеката мора да биде исполнета со страв. Цврстата вера не мора да се плаши, зашто, ако Бог постои, разумот не може поинаку, освен нас да не’ води до него. Cogito, ergo Deus est, вели свети Августин, Јас мислам, значи, Бог постои”.

    - “На што личи царството божјо? И со што можам да го споредам?” Таа продолжи без колебање се до крајот. “А потоа тој рече: Тоа е како синаповото семе што човекот го зел и го посеал во својата градина и синапот растел и израснал во големо дрво и суштествата што летаат се гнезделе на неговите гранчиња.

    - Јована беше совладана од големината на идејата што одеднаш ја согледа: додаток на логика кон божественото откровение, можност за земска правда во која претпоставките на верата би се раководеле од рационални истражувања и поткрепа и верата поддржана од силата на разумот.

    Папата Јована - Дона Вулфолк Крос
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Милувам прашинка да си,
    тих повеј да ми те донесе...

    Прашинка љубов, прашинка ништотна,
    прашинка невидна,
    но сепак љубов, сепак љубов.

    Дај да те имам во дланкиве
    Нетежина, Несетило.
    Дај да поверувам дека си во мене,
    стуткана некаде во мене.

    Милувам прашинка да си,
    Тих повеј да ми те донесе...

    Како што на пролет цветниците зачнуваат
    дај да те заплодам,
    за да се родиш во мене
    љубов богатница, љубов имовита,
    љубов плод љубов надрочен.

    Милувам прашинка да си,
    тих повеј да ми те донесе...

    Но, јас те имам немаштино
    најтрајна недостиг,
    најблиска недофат,
    најголем недорек,
    па место грижата за тебе
    поначесто сум доволен од себеси.

    ГЛАС

    Пак ме сонуваше, нели?
    Не реков: не. Не пуштив гласен крик.
    Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
    секој ден, секој час, секој миг.

    Сон биди, сон што ме мами,
    сон в денот, ден в сонот, сон будно бладање.
    За да се разберам колкав сум самик,
    да го зачекорам честакот Човешко Страдање.

    Пак ме сонуваше, нели?

    Да реков: да, ќе пуштев гласен крик.
    Сон си ми, сон си ми, бдеења цели,
    сон вечен, вечна недостиг.

    Т'га за југ

    Орелски крилја как да си метнех,
    И в наши ст’рни да си прелетнех!
    На наши места ја да си идам,
    Да видам Стамбол, Кукуш да видам,
    Да видам дали с’нце и тамо
    Мрачно угревјат како и вамо.

    Ако как овде с’нце ме стретит,
    Ако пак мрачно с’нцето светит
    На п’т далечни ја ќе се стегнам
    И в други ст’рни ќе си побегнам,
    К’де с’нцето светло угревјат,
    К’де небото ѕвезди посевјат.

    Овде је мрачно и мрак м’ обвива
    И темна м’гла земја покрива:
    Мразој и снегој и пепелници,
    Силни ветришча и вијулици;
    Околу м’гли и мразој земни,
    А в гр’ди студој и мисли темни.

    Не, ја не можам овде да седам,
    Не, ја не можам мразој да гледам!
    Дајте ми крилја ја да си метнам,
    И в наши ст’рни да си прелетнам:
    На наши места ја да си идам,
    Да видам Охрид, Струга да видам.

    Тамо зората греит душата
    И с’нце светло зајдвит в гората:
    Тамо дарбите природна сила
    Со с’та роскош ги растурила:
    Бистро езеро гледаш белеит
    Или од ветар сино – темнеит;
    Поле погледниш или планина,
    Сегде божева је хубавина.

    Тамо по срце в кавал да свирам,
    С’нце да зајдвит, ја да умирам.
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Пријателе мој,никогаш не ги лажи оние што те сакаат.Правиш погрешна работа.Викни некогаш налути се понекогаш ветувај засекогаш. - Игор Џамбазов
     
    На Devojka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Им помагав на слепите луѓе да преминат улица и потоа со префинет гест ја симнував шапката во знак на почит. А кој ќе го види тоа? Тие се слепи.

    Околните набљудувачи се разбира. Ја ловев почитта од луѓето, нивната восхит и наклонетост. Бев заљубен во мојат лажен имиџ на доброчинител...

    Затоа сега седам во оваа дупка во Амстердам и се пијанчам со вас, останатите бедници. Јас сум судија-грешник :$
     
    На Ruby.rose, kikav и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Не сакам да сум дел од нешто, зашто јас сум целина.
    Не сакам да припаѓам некому, зашто не сум предмет.
    Не сакам да се покорувам на туѓите мисли, имам свои.
    Нема да прифатам дека не можам, јас можам се.
    Нема да ги следам другите, зашто јас ќе бидам свој водач.
    Не чекам да ми дојде посакуваното, јас одам по него.
    Не дозволувам грешките да ме уништат, јас ги уништувам нив!!!
     
    На Devojka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Љубов на наш начин


    Таа вечер водеа љубов. Не, тие немаа секс. Тоа беше љубов. Секој момент од тие неколку часа кога застануваше да ја погледне, да ја бакне. Низ маглата од флашата вино и неколкуте реда чоколадо, допирите, моментите кога и запираше здивот, кога чувствуваше силни, а сепак нежни бодежи во стомакот, кои толку смешно ги нарекуваше ајкули. Виното и го беше растеретил татнежот во срцето, наивното срамежливо гласче од внатре, она несигурното од кое и се растреперуваше гласот и и` се тресеа рацете. Оној момент во кој се срамеше од своето совршено тело, неговата блискост го претвораше во минато. Уживаше во неговиот допир, обожаваше да биде испреплетена во неговите воздишки и да се осети така топло, како што само тој знаеше да ја погледне, во правиот момент. Никаде не се брзаше. За него со неа, времето застануваше. Таа го правеше смирен. Наеднаш целиот свет, целиот живот каде беше во постојана трчаница, брканица, таа го смируваше до оној степен, да забораваше на сите проблеми. Во таа граница од години меѓу нив, тој го наоѓаше баш она мало делче кое го исполнуваше. Ја обожаваше нејзината немарливост, нејзината природна насмевка и нејзиното голо тело и лице без грам шминка на него.

    Таа вечер за прв пат таа почувствува нешто толку чисто, толку природно. Сета онаа пластичност во која беше израсната ја снема. Неговото искуство знаеше како да ја љуби, знаеше и како да и покаже колку му значи, без притоа да ја исплаши со преголемата интимност. Телото и трепереше те од среќа, те од задоволство, но неговото присуство само ја смируваше.

    И кога сказалките на часовникот ја прекрија тројката, се слушаа веќе само преморените воздишки и допирите кога неговата рака се излизга од нејзината. Нејзината дланка остана празна и мокра, а се слушаа само неговите чекори до кујната, до тоалетот, повторно до кујната, па до шанкот… Се чувствуваше мирисот на препиено вино и на прегорен тутун, мирисот на неговата класична машка колонска вода и мирисот на чоколадо од малина. Некаде прескокнувајќи ги штиклите од петнаесетина сантиметри топла, поспана и боса бесшумно заостануваше зад него. Чекореше се` додека во темнината тој не сфати дека нејзините чекори го следат. Се заврте и и` го престретна погледот.

    Очите и беа наполнети со солзи. Ги подаде рацете и го прегрна. Ја праша зошто не му кажала дека сака да го гушне. Не можеше да проговори ни еден збор. Остана така скаменета, со детски израз на лицето, како да беше премногу уплашена дека она што го почувствува ќе исчезне ако каже или направи било што. Како можеше да му објасни дека тој вечерва стана нејзиниот свет.

    Иако тие не се создадени еден за друг.

    Иако тие се создадени еден за друг.

    И она болното за момент го растераа. И она обичното го створија посебно. И годините ги направија небитни и општеството немо. Градот наеднаш замолче, наеднаш стана празен. Никој не беше тука да ги осудува. Таа вечер беа само они двајцата.

    Не требаше, а сепак беше. Нивната љубов беше љубов на нивни начин.


    http://beleskitenalajlagrejs.wordpress. ... %B8%D0%BD/
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    ШАРЛ БОДЛЕР
    Кого го сакаш најмногу,загадочен човеку,
    речи: татка си,твојата мајка,сестра ти или твојот брат?
    -Јас немам ни татко ,ни мајка,јас немам ни сестра, ни брат?
    -Твоите пријатели?
    -Вие се служите со еден збор чиешто значење ми останува непознато до овој ден.
    -Твојата татковина?
    -Јас незнам под која географска шириналежи таа.
    -Убавината?
    -Јас би ја засакал лесно,но божествена и бесмртна.
    -Златото?
    -Го мразам како што вие го мразите бога.
    -О,па што сакаш ти ,необичен туѓинецу?
    -Ги сакам облаците..облаците што минуваат,оние..таму....најчудните облаци!


    МУХАМЕД ШАМСАДИН ХАФИЗ


    Моето несреќно срце ако се скрши од љубов,

    Во илјада парчиња страдни ќе прсне пред тебе грубо.

    Итогаш ќе видиш мила,-секое од нив пак верно

    Ко илјада вљубени срца пак ќе те сака и љуби!



    Откажи се ,синко мој,од онаа жена клета,

    Обѕрни се -кому таа му е мила,му е света?

    Таа враг е на мажот си,не лажи се ти ко Хафиз,

    Кој не знае:го љуби ли, го мрази ли сега светов!...



    Првото писмо на првиот збор Петре М . Андреевски

    Нема збор без своја слика.
    Ако сликата не ти го каже зборот,
    Ако гласно не ти го прочита,
    Како ќе ја видиш сликата
    И како ќе му поверуваш на зборот?

    Зборот без слика не се гледа,
    Сликата без збор не се раскажува.

    Тие секаде одат заедно
    Како една безвремена светлина
    што постојано нè грее,
    Се троши
    Но никогаш да се потроши.


    Венко Марковски
    ,,Не зборуј ,либе,изгор-изгоро,
    тргна ли-тргам јас со тебе.
    Не ќе те ,либе,в борба посрамам:
    в јунашко време сум се родила!

    Врагов ме куршум ,либе, не фаќа
    око ми стрелно смрт не плаши,
    две срца бијат в гради ранети:
    едно за народ,друго за тебе!"
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Погледни во себе..Што си ти..
    Блед лик зад, огледалото..
    Привид на нешто,
    што било, и постоело..
    Миг, кој се заборава,
    но остава траги, болни крвави траги..
    Да, раните ќе поминат,
    но се што боли остава лузни..
     
  13. Miss.Baller

    Miss.Baller Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    56
    И што карактер ќе беше, никој не те сваќаше, или јас така посакував да биде. Не ја разбирам поентата на твоето постоење во мојот живот, една обична компликација и куп мангупски фори. Не те сваќав, беше ли до мене, до тебе, до нас. И сеуште неможам да сватам ниту еден твој збор иако ти беше оној што постојано ќутејќи мудруваше, човек да не знае што да си помисли. Она што мислиш не кажуваш, а она што го кажуваш навистина и не го мислиш. И да ти се плукнам во мојата наивност, моето верување на твоите зборови. И толку несватливо беше тоа што како и да свртев ти беше во право, како ли успеваше, дали со твојата уверливост, или пак мојата лесно верност во тебе, или можеби нашата... Едноставно ние, ако воопшто сме биле. И кога ќе се свртам наназад се што гледам е бледа магла која ги засенува мемораите обидувајќи се да ме одтргне од таа навика. И ќе беше целосно успешна да знаеше начин да ме натера да ги заборавам сите допири, прегратки, бакнежи, сето тоа што го имавме, и она што го немавме.

    :)
     
    На La.Reina.Del.Sur, Squirrel, Snow-Queen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Мажите што би можела да ги сакам веројатно цел живот се мажи со големо знаење, со многу талент и широка душа. Не можев да се замислам себеси како се вљубувам во некој маж што не би знаел десет изреки, пет филозофски мисли и барем три познати музичари.

    “Шангај бејби“ - Веј Хуј
     
    На Devojka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    За да не изговара премногу глупости, Бог на човекот му дал десет прсти и на секој од нив по еден мудар совет.

    Првиот, твојот збор нека биде ДОБАР.

    Вториот, твојот збор нека биде ВИСТИНА.

    Третиот, твојот збор нека биде ПРАВЕДЕН.

    Четвртиот, твојот збор нека биде ВЕЛИКОДУШЕН.

    Петтиот, твојот збор нека биде ХРАБАР.

    Шестиот, твојот збор нека биде НЕЖЕН.

    Седмиот, твојот збор нека биде УТЕШИТЕЛЕН.

    Осмиот, твојот збор нека биде ЧОВЕЧЕН.

    Деветиот, твојот збор нека биде ПОЛН СО ПОЧИТ.

    Десетиот, твојот збор нека биде МУДАР.

    И ПОСЛЕ – ЗАЌУТИ!
     
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Љубовта не е во другите, таа е во нас, ние треба да ја разбудиме.
    Но, за тоа будење потребен ни е некој друг.
    Светот има смисла само ако имаме со кого да ги споделиме нашите чувства.
    Пауло Коелјо ( Единаесет минути )
     
    На stejsi2005, TheCandy880 и Squirrel им се допаѓа ова.
  17. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Mad Girl's Love Song

    I shut my eyes and all the world drops dead;
    I lift my lids and all is born again.
    (I think I made you up inside my head.)

    The stars go waltzing out in blue and red,
    And arbitrary blackness gallops in:
    I shut my eyes and all the world drops dead.

    I dreamed that you bewitched me into bed
    And sung me moon-struck, kissed me quite insane.
    (I think I made you up inside my head.)

    God topples from the sky, hell's fires fade:
    Exit seraphim and Satan's men:
    I shut my eyes and all the world drops dead.

    I fancied you'd return the way you said,
    But I grow old and I forget your name.
    (I think I made you up inside my head.)

    I should have loved a thunderbird instead;
    At least when spring comes they roar back again.
    I shut my eyes and all the world drops dead.
    (I think I made you up inside my head.)

    ― Sylvia Plath
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Прости ми професоре мој, ама јас токму таму, во
    Клубот, научив СÈ за глумата. Но и за алкохолот.
    Таков бев. Такви бевме.
    Таков сум сè уште.
    Сакам сè да пробам.
    Ако не пробам, ќе умрам.
    Тоа грев ли е?


    ПРИРАЧНИК ЗА АНТИ АЛКОХОЛИЧАРИ - ИГОР.Џ :( :( :(
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    17.229
    [СДК] Сакам да кажам...

    На неа мислам постојано. На неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам. Значи мојата Ики и јас. Ние не сме створени еден за друг. Ние сме створени еден за друг. Само не` уништија. Вистината и лагата. Неа ја уништи вистината, мене лагата.

    Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние кои те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш.

    Што ми згреши мене мојата Ики? – Ништо.

    Што сум и згрешил јас? – Се`.

    Заслужува ли морално хендикепирана личност како мене да дели живот со неа? Таа имаше желби – јас ги уништив. Таа можеше многу – Не и` дадоа поради мене. „Пушти ме, лесно ќе ме заборавиш, гледаш дека несреќата оди по мене. Како верна сенка. Ти си уште млада, имаш време за се`. Побарај си ја среќата го заслужуваш тоа.“

    Патетично до јајца, нели пријателе мој? Ама точно. Како два и два.



    - Игор Џамбазов
     
    На Hipica, cinderella5 и alessandraaa им се допаѓа ова.
  20. Devojka20

    Devojka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    "На денот на мојата смрт, кога ќе се носи мојот ковчег, не мисли дека ќе чувствувам болка за овај свет. Не плачи и не зборувај штета, штета. Кога млекото ќе се расипе, поголема е штетата. Кога ќе ме видиш дека ме ставаат в гроб, нема да исчезнам. Зарем месечината и сонцето исчезнуваат кога заоѓаат? Тебе ти се чини смрт, а тоа е раѓање. Гробот ти се чини темнина, а душата станала слободна. Кое зрно не никнува кога ќе се стави в земи. Па зошто се сомневаш во зрното човеково?"
     
    На lady.N и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.