Повеќето луѓе попрво би биле сигурни дека се несреќни, отколку да ризикуваат да станат среќни. - За среќен живот, деновите треба да бидат испланирани во детали, а ноќите препуштени на случајностите.
Под мермерно небо - Џон Шорз "Чашата чај во мојата рака се оладува. Ветрецот се засилува во далечината и ја брчка мирната површина на водата. Иако сум цврста жена со остар јазик, склона сум и кон поројни чувства. А ветрињата, особено оние што доаѓаат откај Таџ Махал, ми ги полнат очите со солзи. Зашто ветрињата ме потсетуваат на бакнежи." "Се прашував зошто возрасните не и се радуваат на играта во реката како што прават децата. Зошто не можеме да ги прифатиме толку едноставно задовлствата? Да, добро е и возвишено човек да размислува за проблемите, исто како што е добро и возвишено и стекнувањето на мудрост, но зар нашите телесни чувства, нашата радост мора патем да овенат?"
-Првата личност која ви е на ум кога ќе станете после долго спиење е причината за вашата среќа или болка. -Колку ќе се цениме самите себеси...толку повеќе ќе не ценат тие околу нас...Зашто каков сјај ќе оставиш при твојата појава...По таква светлина и ќе запомнат! -Утре е најголема лага. Никогаш нема да дојде. Се будиш, и повторно е денес.
Една јануарска ноќ Те запознав во една јануарска ноќ, ти џентлмен,јас дама, од сите искуства не му верував на твојот кавалерски став и однос.. Занесот во твојот поглед,предизвик за мене,твоето однесување,мамка за моето срце.. Не те почувствувв на начин на кој пчелата го чувствува медот и во една зимска ноќ со ледено срце заминав од тебе.. Ти си прекрасен маж кој жената во мене не го препозна, да те посакав ќе беше мојот остварен маж,но неможе Сонцето да ја сака Месечината, денот да ја љуби ноќта,па ни јас да те љубам тебе..во мене тлеел оган за неколку машки ликови, но не и за тебе.. Ретко те помислувам, би сакала да те љубам,со тебе постојат милион блажества а моето срце не посака ниедно да вкуси.
„ Еден дел од нашето време ни го крадат, добар дел ни го измамуваат, а делот што останува неприметно се губи “ - Сенека „ Во моралноста нема ништо божествено, таа е сосем човечка особина “ - Ајнштајн „ Секогаш имаме доволно време ако го користиме правилно “ - Гете „ Срцето има причини кои разумот не ги познава “ - Гете „ Страдањето создава болка само затоа што се плашиш од него. Те прогонува затоа што бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш. Мораш само да сакаш. Значи, сакај го своето страдање. Немој да му се противиш, ниту да бегаш од него. Страдањето не е страдање ако ти не го направиш да биде такво.“ - Хесе „ Кога нашето пријателство би зависело од времето и просторот, тогаш, совладувајќи ги времето и просторот - би го уништиле нашето пријателство! Ако го совладаме просторот, ни останува само ТУКА. Ако го совладаме времето, ни останува само СЕГА. Зарем не мислиш дека на тој пат помеѓу ТУКА и СЕГА, сепак ќе се сретнуваме повремено?“ - Ричард Беч
Нема да знаете да го цените животот се додека не ве собори неколку пати. Нема да ја цените љубовта се додека срцето не ви биде скршено, нема да ја цените среќата се додека не почувствувате тага. Треба да искачувате планини за да уживате во глетката ан врвот.
Дениција доаѓаше од секаде како дух што го пропуштаат и мртвите стражари на сите момчиња да им ce јавува во сонот. Таа беше како оној Врач кој, гледајќи во цвеќињата, држеше говор за потеклото на медот. Таа го имаше вкусот на храната што гласно ја џвакаа моите предци. Кога бев со неа јас дишев во сите светови оти во неа ce среќаваа сите страни на светот. Дениција значеше и најголема денгуба и најголема тајна за државната безбедност. Дениција значеше и детски додаток и распределба на доходот по ефект. Нејзините зборови ги повторував како реткост во друга реткост пронајдена. Таа беше растојание од една болка до друга и жесток пијалак што ce разнесува по куќите. Таа знаеше една буква со која почнуваа сите зборови и можеше да викне и да ги смени годишните времиња. Заради неа пријателите по цел ден не сакаа да ме видат. Размислувајќи за неа можеше да ce загине и во најкусиот ден и во најтоплото попладне. Таа беше оган со оган што ce гасне. Нејзината воздишка ги соединуваше и најоддалечените населби, оти од кај неа започнуваа сите самраци што правеа излет со лилјакот, a завршуваа во трат. Таа знаеше и во кој овошен плод завршиле дождовите. Дениција беше датум на доброволни дарители на нешто. И заради неа јас почнав одново да верувам во бога. Преку дневните весници сакав да ce откажам од сите роднини што не веруваа дека нејзиниот бакнеж може да лекува и разболува. Од неа јас дознав и што мисли змијата за небото и кога има воздухот мака. Оти како што дишеше таа, така растеше и дневната температура.
Еден ден ке дојдеш да побараш прошка за сите гревови од младоста. Ќе ти ги подадам рацете како на добар, стар пријател. Можеби болката од сето нанесено зло ќе изчезне. Можеби ке бидам среќна и туѓа. Ние имавме премногу збогувања, впрочем ниедно вистинско, ниедно засекогаш. Еве веќе долго време одбивам до мене да допре каква било информација за тебе. Така е подобро. Огнот на старата љубов одамна е само пепел и прашина... Така е подобро и за двајцата. Ние двајца бевме се. Пријатели, партнери, љубовници... Некогаш јавно, многу пати тајно... Сега не сме дури ни познаници. Странци кои ја наведнуваат главата секогаш кога ке се сретнат. Едниот од срам, другиот од тага... После се не останаа дури ни сенките. Останаа само неколку стари фотографии кои се плашам да ги погледнам. Што ке видам? Две насмеани лица, очи што сјаат како никогаш претходно и никогаш после тоа. Ќе видам љубов. Љубов што одамна ја немам ниту видено ниту почуствувано. Сега веќе одамна мртва љубов. Мртви спомени. Затрупани негде длабоко каде што нема да ги видам и да паднам во искушение да го завртам твојот број. Знам дека нема да имам храброст да поразговарам со тебе, сепак тој разговор не би имал некаква цел... Сега веќе не сме оние што некогаш бевме. Оние што можеа да разговараат со часови за секакви ситници и глупости. Ги нема повеќе оние насмеани лица, ниту веселите очи... Тој сјај одамна изчезна. Дојди некогаш кога годините можеби од тебе ќе направат искрен човек, а од мене среќна жена. Тогаш кога повеке нема да постојат трагите од многуте грешки кои ги направивме, некои од љубопитност, некои од одмазда. Кога најпрво ке добиеме прошка од многуте попатни минувачи низ нашиот живот кои ги повредивме борејки се за нашата љубов. Заради тебе повредив премногу луѓе, уништив премногу пријателства. Преминав преку секоја можна граница на моралот. Кажав зборови што не ги мислев на луѓе што не ги заслужија, се борев секогаш до крајот, а ти секогаш се откажуваше при првата препрека. И некако на крајот, ти секогаш беше оној кој ги добиваше аплаузите, иако шоуто беше само мое. Славата беше секогаш твоја. А мој? Мој беше само столбот на срамот. Мои беа солзите и каењето. Непроспиените ноќи и неизживеаните денови. Можев да имам се, можев да ти бидам се, но сепак ти некако одлучи да ти бидам ништо. Еден ден ке дојдеш да побараш прошка за сите гревови од младоста. Ќе ти ги подадам рацете како на добар, стар пријател и ќе побарам да ми простиш што и после време ти сеуште си ми во мислите, што и после толку време јас те сакам како никого пред тебе, и никого после тебе. Прости ми што сеуште толку успешно го лажам светот дека не постоиш, дека воопшто и не те познавам.
„Не знам кој е клучот за успехот, но клучот за неуспехот е во настојувањето да ги задоволите сите“ Доктор Сеус „Не плачи затоа што заврши, смеј се затоа што се случи.“ Хенри Вард Бичер
Најтажната песна (Макeдонски) Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови. Да напишам, на пример: „Ноќта е ѕвездена, и треперат модрите ѕвезди во далечината“. Ноќниот ветер кружи по небото и пее. Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови. Ја сакав, а понекогаш и таа мене ме сакаше. Во ноќите како што е оваа таа беше во мојата прегратка. Колку пати ја бакнував под бесконечното небо. Ме сакаше, а понекогаш и јас ја сакав. Како да не ги сакам нејзините големи неподвижни очи. Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови. Да мислам дека ја нема. Да чувствувам дека сум ја загубил. Да ја слушам бесконечната ноќ, многу побесконечна без неа. А стихот паѓа врз душата како роса врз пасиштето. Што е важно дека мојата љубов не можеше да ја сочува. Ноќта е ѕвездена, таа не е со мене. Тоа е се. Во далечината некој пее. Во далечината. Мојата душа е незадоволна што ја загубила. Мојот поглед ја бара како да сака да ја доближи. Срцето мое ја бара, а таа не е со мене. Истата ноќ ги облекува во бело истите стебла. А ние од вчера, ние не сме повеќе истите. Повеќе не ја сакам, сигурно, но колку ја сакав. Мојот глас го бараше ветерот за да и го допре увото. На друг. Ќе припадне на друг. Како и пред моите бакнежи. Нејзиниот глас, нејзиното јасно тело. Нејзините бесконечни очи. Повеќе не ја сакам, сигурно, но можеби сепак ја сакам. Љубовта е толку кратка, а заборавот толку долг. Зашто во ноќите како што е оваа ја држев во својата прегратка, мојата душа е незадоволна што ја загубила. Макар што ова е последната болка што таа ми ја причинува, и овие стихови последни што за неа ги пишувам.
Цитати од Марк Твен кои ќе ви го променат животот 1.„Сум поминал низ некои тешки работи во животот. Некои од нив всушност се случија.“ Во животот премногу размислуваме за работи кои никогаш нема да се случат. Се грижиме и се плашиме за работи кои не се имаат случено и веројатно никогаш нема да се случат. 2. „За 20 години, ќе бидете поразочарани за работите кои не сте ги направиле одошто од работите кои сте ги направиле. Затоа, фрлете ги јажињата. Отпловете далеку од сигурното пристаниште. Почувствувајте ги различните ветрови додека пловите. Истражувајте. Сонувајте. Откривајте.“ Сите сакаме да се чувствуваме сигурно. Но, најдобрите животни искуства се случуваат кога не мислиме на сигурноста и поаѓаме напред кон она што вистински го сакаме, без разлика дали притоа се чувствуваме сигурни или не. Често се бориме со ова животно правило. Се самоспречуваме да направиме некои работи зашто не сме сигурни како ќе излезат на крајот. Премногу се грижиме за нашата иднина. 3. „Кога луѓето ни покажуваат дека не нè почитуваат, тоа многу нè навредува. Сепак, длабоко во своето срце, ниеден човек не се почитува доволно себеси.“ Замислете ситуација кога нешто лошо ви се случило. Можеби некој ве навредил или направил нешто со што вие не сте се согласувале. Колку често си го враќате филмот во главата откако сè ќе заврши? Со повторувањето на лошите мисли во главата, си покажуваме на самите себе дека не се почитуваме, што пак, прави да се чувствуваме и однесуваме лошо, кон себеси и кон другите.
-------Ме погледнаа денес и ми рекоа: -Прекрасно изгледаш денес, сигурно нешто посебно ти се случило! А јас немам причина за среќа, само ја дигнав главата високо, гордо, и во себе си помислив "Боже, само ти знаеш како ми е!" -----------А ќе помине! На се` се навикнува човек. И на болка, и на тага, и на нечие иритирачко присуство, па дури и на нејзиното отсуство…" -----Почнав да се однесувам како ти што се однесуваш... што е? Па тоа е исто како да се гледаш во огледало, зар се исплаши од самиот себе? Ете, сега гледаш каков си...
heyy ako ima nekoj sto ubavo pisuva tekstovi i ako moze da mi napise na tema ,,patuvanjeto e mojot zivot,, taka nesto povrzano so patuvanje mi treba za pismena rabota
"Оти, во заслепена љубов никогаш не ти се останува без него. Како трн да си носиш в срце. И тогаш и својот живот не си го гледаш без неговиот. Не можеш ни да си замислиш дека го имаш. Како некој друг да живее со твоето тело. Останало проклетството: на секоја жена да и треба некој на кого ќе може постојано да мисли и да го чека...." Петре М. Андреевски
Секој што влегол во нејзината соба заборавил на огнот што го допира водата,... ...заборавил да зборува со мајчиниот јазик, заборавил да ја чита старословенската азбука на јатото што не може да го напушти воздухот. Секој што влегол во нејзината соба заборавил да се врати дома. Петре М.
Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име ќе биде наскоро заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно. -Николас Спаркс
" Понекојпат не ти се спие ноќе, гледаш во темницата со празни очи и си мислиш: "Зошто море, животе, толку ме осакати? Зошто толку ме изнагради?" Нема одговор за мене ни во темницата, ни на јасно сонце... Нема и не ќе исчекам! " Судбината на човекот- Михаил Шолохов
Здраво Ми треба состав на тема "Дарежливост" .. ќе ве замолам ако можете до вечер.. по можност нека бидат два Доколку можете...