Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Eве еден цитат кој многу ме погодува...бидејќи е толку реален. Повелете, пронајдете се во едноставните но многу богати реченици. :)

    ,,На своето тело и во својата душа искусив дека гревот ми беше најпотребен. Дека ми беа неопходни страста, стремежот кон земните богатства, ми беше нужна и суетата. А требаше да западнам во срамен очај за да научам да не се противам, да научам да го сакам светот и да не го споредувам со замислениот свет од своите желби, со совршеното што сум го замислил, туку да го оставам таков каков што е. Да го сакам и со радост да му припаѓам'' Сидрата- Херман Хесе
     
    На LaraSolare, Miss.Ricci, biggirlsdontcry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Помолила Бога Маца, помолила Бога,
    есен да ми дојде мамо, роса да зароси,
    роса да зароси мамо, ветер да подувне,
    ветер да подувне мамо, гранки да искрши,
    гранки да искрши мамо, Вардар да препиши,
    гранки да искрши мамо, Вардар да препиши...

    Во Вардарот има мамо шарено сандаче,
    во сандаче мила мамо рака од јунака,
    на раката мила мамо бурма позлатена,
    на бурмата пишуваше име Димитрија,
    име Димитрија мамо, јунак Македонски,
    име Димитрија мамо, јунак Македонски...
     
  3. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    На неа мислам постојано.
    На неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам.
    Значи мојата сакана и јас.
    Ние не сме створени еден за друг.
    Ние сме створени еден за друг.
    Само не уништија.
    Вистината и лагата.
    Неа ја уништи вистината мене лагата.
    Пријателе мој,никогаш немој да ги лажеш оние што те сакаат.Правиш погрешна работа.Викни некогаш налути се понекогаш и ветувај засекогаш.
    Што ми згрешила мене мојата сакана?-Ништо
    Што сум и згрешил јас?-Се.
    Заслужува ли морално хендикепирана личност како мене да дели живот со неа?
    Таа имаше желби.Јас и ги уништив.
    Таа можеше многу-Не и дадоа поради мене.
    -Пушти ме лесно ќе ме заборавиш,гледаш дека несреќата оди по мене.Како верна сенка.Ти си уште млада имаш време за се.Побарај си ја среќата,го заслужуваш тоа.
    -Патетично до јајца, нели пријателе мој.
    Ама точно.Како два и два.
     
    На anichka94 и Libera им се допаѓа ова.
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Во еден замрзнат понеделник минатата зима
    Снегот и ноќта започнаа мисија.
    Доаѓам дома капнат како амал,
    Слободен и среќен после емисија
    И чекав вицето полека да ме лапне,
    Не се ни сомневав дека некој ќе ми бапне...
    И ете ти го соседот, седнува на двоседот.
    Ми вика „Слушаш ли?“, му викам „Што?“

    „Една труба нон-стоп труби!“
    „Кој ти труби?“. Му викам:
    „Да не си пријателе ти малку шуби-дуби?“.
    А, тој пак: „Една труба нон-стоп труби!“
    „Тебе во главата ти труби, нејќам памет да ти солам,
    Само немој да ми правиш вакви филмови те молам“.

    „Сакаш ли“ - ме праша, „до градот да тркнеме,
    по кафе да сркнеме и да се увериш“.
    Му викам „Ајде!“, а тој зајде од радост
    и жими младост, навистина!...
    Само што завртевме од Парк накај Матично
    Трубата трубеше мошне симптоматично.
    Накај Центар стана драматично и крајно проблематично.

    Една труба нон-стоп труби
    Ни во сонот не се губи - тоа тотално ме уби!
    Една труба нон-стоп труби
    Ни во сонот не се губи - тоа тотално ме уби,
    Таа труба нон-стоп труби!

    На враќање купивме утрешен печат,
    Читам, а не верувам во ништо што ќе речат.
    Ама, еве и на ТВ нема во вестите
    Трубата е над нас и дур да се свестите
    Оваа труба мозоците ги пробива
    И само тој што свири на неа - САМО ТОЈ ДОБИВА!

    Една труба нон-стоп труби
    Ни во сонот не се губи - тоа тотално ме уби!
    Една труба нон-стоп труби
    Ни во сонот не се губи - тоа тотално ме уби,
    Таа труба нон-стоп труби!
     
    На Sara123 и rosebush им се допаѓа ова.
  5. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    " Тоа е најстарата приказна во светот. Еден ден имаш седумнаесет години и правиш планови за некој иден ден и потоа тивко и без да забележиш тој иден ден е вчера, а ова е твојот живот. Толку многу време поминуваме чекајќи, барајќи, посакувајќи. Сонувајќи. Ако имаш пријател кој не би го видел повторно, што би му кажал? Ако можеш да направиш само едно нешто за некој кој го сакаш, што би било? Кажи го, направи го, не чекај. Ништо не е вечно. Замисли желба и смести ја во твоето срце. Било што кое го посакуваш, се` што сакаш. Ја имаш? Добро. Сега верувај дека може да се оствари. Никогаш не знаеш кога чудо може да се случи. Наредното сеќавање, наредната насмевка, наредната желба се остварува. Но, ако веруваш дека се наоѓа токму зад аголот. Ги отвораш срцето и умот за можноста, за сигурноста. Може да ја добиеш работата која ја посакуваш. Светот е полн со магија, само треба да веруваш. Затоа замисли желба. Замисли? Добро. Сега верувај во неа. Со цело свое срце. "
     
    На Esperanza, kikav, biggirlsdontcry и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    ” Почнав да го прифаќам тоа чувство кога не знаеш каде одиш. И се научив да го сакам. Бидејќи само кога се наоѓаме во взодушен простор без слетување на повидок, сме принудени да ги рашириме крилјата и да го започнеме нашиот лет. И како што летаме, сеуште е можно да не знаеме каде одиме. Но, чудото е во ширењето на крилјата. Можеби не знаеш каде одиш, но се` додека ги шириш крилјата, ветерот ќе те носи. "
     
    На tanjatimova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Дали се сеќаваш како со една рака пишував
    А со другата те галев и милував
    Кога ти реков дека прегратката и бакнежот
    Не ја кажуваат ниту половина од мојата љубов
    Кога срцата ни грмеа над градот што блудно пиштеше
    А ние врз него качени еден на друг си се дававме самите
    Ти, се предаде ли тогаш? Како да се предаваш првпат? Не знам...
    А ме сакаше ли многу? Пак не знам...
    А ќе дознаам ли некогаш? Никогаш...
    Сега срцето ми грми и го загушува светот знаеш ли..
    Јас ти кажав дека си ми единствен
    А јас тебе ти бев ли?
     
    На Ketrin.Moon и maci95 им се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    „Пупката на розата расте во темнина. Не знае ништо за сонцето, па сепак од мракот што ја опкружува додека најпосле не ги урне сите препреки, се стреми да излезе надвор ширејќи ги своите венечни ливчиња на светлината.“

    „Земи пламен од пламенот мој и не плаши се дека ќе го смалиш, оти пламенот, кога се дели се умножува како љубовта; оган е љубовта, колку повеќе даваш, толку повеќе го имаш.“
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Најубавите цитати од Пауло Коељо

    "Човекот има два големи проблема: Едниот е да знае кога да почне, а вториот кога да запре"

    "Кога ќе посакаш нешто, целата вселена ќе скрои заговор за да ти се исполни таа желба..."

    "Постојам само јас, а се околу мене е моја претстава"

    "Обиди се да живееш. Спомените претставуваат задоволство на остарените."

    "Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот."

    “Универзумот секогаш ни помага да се бориме за нашите сништа, без оглед колку глупави ни се чинат. Бидејќи тоа се наши сништа, и само ние знаеме колку скапо не чинело што сме ги сонувале."

    "Луѓето секогаш имаат услови да го направат она за што сонуваат."

    "Во животот сè си има своја цена."

    "Се љуби затоа што се љуби. Не постои причина поради која се љуби."

    "Најмрачниот миг настапува спроти самото изгрејсонце."

    "Кога пред нос имаме големи богатства,никогаш не ги забележуваме. Затоа што луѓето не веруваат во богатства."

    "Tоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува"

    “Тајната на среќата се состои во тоа да ги набљудуваш сите чуда на овој свет, ама никогаш да не ги заборавиш двете капки масло во лажичката.“

    “Не е зло она што влегува во човековата уста, туку зло е она што излегува од неа.“

    “Во определен миг на нашето постоење,ја губиме контролата над сопствениот живот и и се припуштаме на судбината. Ете тоа е најголемата лага на светот.”

    “На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано само една Рака. Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето. Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла.“
     
  10. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Ме фатије леле ле, ме фатије мила мамо,
    Турски аскер, мила мамо турски аскрер
    Вечерајте мила мамо леле ле, вечерајте мила мамо,
    Не чекајте, мила мамо не чекајте
    Ме фатије леле ле, ме фатије мила мамо,
    Турски аксер, мила мамо Турски аскер
    Ми секоје леле ле, ми секоје мила мамо
    Руси коси, мила мамо руси коси.
    Ми врзаје леле ле, ми врзаје мила мамо
    Бели раци, мила мамо бели раци.


    Ова е дел од народната, ама ми се допаѓа.
    И Синтезис ја препеа.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Тие кои се неверни го познаваат задоволството на љубовта, а оние верните трагедијата во љубовта – Оскар Вајлд :D :D :D
     
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.976
    Допаѓања:
    178.045
    Пол:
    Женски
    Не гради ја својата среќа врз наклонетоста на мажите, зашто тие се несигурни и минливи како и твојата убавина! - Папата Јована
     
    На francais и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    На гробот на Дениција

    Над мене сив облак и сива орлица
    се договараат за нешто,
    а јас мислам дека кај тебе
    ме потскажуваат, Дениција.
    Оти дошто видов кула и пладневна топола
    беа како твојата става, Дениција.
    Дошто сретнав омарнина и жито во движење
    беа како твојата коса, Дениција.
    Дошто открив сончоглед и светла пушкарница
    беа како твоите очи, Дениција.
    Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница
    беа како твојата уста, Дениција.
    А сите мери житен уем, сите крушки кантарки
    беа како твоите дојки, Дениција
    Дошто ме размина мило и отпетлано крило
    беа како твоите клепки, Дениција.
    Дошто скинав сламка и маслинова гранка
    беа како твоите прсти, Дениција.
    Дошто отворив прозорец и непрочитана книга
    беа како твоите предници, Дениција.
    А сите напуштени мамузи и узенгии
    беа како твоите обетки, Дениција.
    Дошто чув за разлутени ридови и мориња
    беа како твоите колкови, Дениција.
    Дошто видов глуварици и плужни ралици
    беа како твоите стапала, Дениција.
    А видов што видов и ништо не видов
    оти везден се искачувам по душата од мртвите,
    везден слегувам по дождот и маглите
    и секаде задоцнувам да те стигнам тебе.
    Потоа ѕемнам кај што мислам дека ќе поминеш
    и сите градски порти ги оставам отворени
    во секое време за да можеш да се вратиш.
    Ти ме приѕираш и од небото и од земјата,
    а мене никако не ми успева да ти кажам
    дека и мојата смрт започна по твојата
    и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира,
    мислејќи само на тебе, Дениција.
     
  14. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    773
    Вистинската љубов никогаш вистински не завршува. Таа трае...се сакате и тогаш кога се мразите. Заедно сте и тогаш кога ве разделуваат милиони километри, се чувате еден до друг и тогаш кога тоа не е потребно. Во најтешките моменти мислите дека сте сами а всушност никогаш не сте, знаете дека сте тука еден за друг. Дури и кога го срвтувате погледот настрана, вие...сеуште гледате еден во друг. Се смеете заедно затоа што не сакаш таа да те гледа тажен,не сакаш тој да те гледа со солзи. Тоа е вистинска љубов.Таа љубов ја познаваат големите луѓе. Таа љубов носи голема болка. Но големите луѓе имаат големи болки, а поднесуаваат болка како никој друг, во тоа е нивната големина, плачат тивко, а се смеат гласно ! :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Вистината е дека секој ќе не повреди. Само треба да ги најдеме оние кои вредат за страдањето.

    Боб Марли
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  16. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Кога сакаш нешто,целата Вселена прави заговор за да ја оствариш својата желба.

    Ако почнеш да го ветуваш она што го немаш,ќе загубиш волја да го стекнеш.

    Најмрачниот миг настапува спроти самото изгрејсонце.

    - Алхемичарот
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Што работи твојата тага додека ти спиеш?
    Будна е и те чека.А кога го загуби трпението,таа те буди.

    ~Иво Андриќ~ :D
     
    На meeeery, stejsi2005 и francais им се допаѓа ова.
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    ...Poor little old human beings - they're jerked into this world without having any idea where they came from or what it is they are supposed to do, or how long they have to do it in. Or where they are gonna wind up after that. But bless their hearts, most of them wake up every morning and keep on trying to make some sense out of it. Why you can't help but love them, can you? I just wonder why more of them aren't as crazy as betsy bugs...

    - Welcome to the world, Baby Girl
     
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    „Минатото е крадец што не може ништо да даде, а може да ја украде убавата иднина.“
     
  20. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    „Најголемата човечка слабост е тоа што секогаш сака да го дознае она што воопшто не сака да го знае.“
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.