1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Бидејќи Јас сум првa и последна
    Јас сум почитувана и презрена
    Јас сум проститутка и светица
    Јас сум жена и девица
    Јас сум мајка и ќерка
    Јас сум рацете на мојата мајка
    Јас сум пуста и моите деца се многу
    Јас сум мажена и немажена
    Јас сум жена која го раѓа и таа што никогаш не родила
    Јас сум утеха за болката на раѓање
    Јас сум жена и маж
    А маж ми е човекот кој ме создаде
    Јас сум мајка на татко ми
    Јас сум сестрата на маж ми
    И тој е мојот одбиен син
    Секогаш пчитувајтеме
    Бидејќи Јас сум бестрамна и најубава.


    `Единаесет минути` - Пауло Коељо
     
    На glorijaMKD и donna.17 им се допаѓа ова.
  2. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Хистерија - Александра Димитрова (http://www.bonbonce.blogspot.com)

    во облик на безброј сатани ме лазат
    безмилосно ме боцкаат по грбот
    во срцето без пауза ме клукаат


    Јас врескам Молам Се вртам
    Гледам во таванот
    Барам спас од прозорецот


    Од секаде ѕиркаат твоите зеници


    Ко ножеви


    Бегам низ собата
    Панично


    Твоитеѓаволски зеници фрлаат мрежи
    Кикотејќи се ме префрлаат во твојот свет без реалност
    Ме врзуваат
    Ми стваат некакви мали рипчиња во креветот


    Чуствувам страѓни касања
    Пецкања
    Слушам загушувачко смеење

    Ехо

    Ме јавнуваат цела ноќ ми скокаат
    Скокоткаат
    По умот

    Се обидувам да ги симнам
    Тие ме прободуваат
    Ѕвезди ми подаруваат Велат екстази


    Пред зора ме оставаат
    гласно врескајќи
    Заканувајки се...






    Понеделник


    Сега пронаоѓам знаци
    Во искинатите чорапи
    Во кафето кое претекува
    Моите здодевни цртежи трчаат низ собата
    Сè е наопаку ова утро
    Баксуз
    Маглив миг без светла
    трчам
    монодраматизирам
    теоретизирам и стојам на линијата со солзи
    очигледно барајќи начини
    да те оправдам тебе пред себе-авторитетот
    да му објаснам
    на кафето распослано низ шпоретот
    дека ти не си егоистичен хедонист
    зборувам и со искинатите чорапи
    ги игнорирам знаците за баксуз живот
    и уверувајки се дека глобусот ќе стане коцка
    сега наоѓам смисла
    во моите црртежи
    во твоите постапки
    сега се лажам дека нема совршенства
     
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Времето е непријател на љубовта
    Крадец кој ги скратува
    Сите наши златни часови.
    Јас затоа никогаш не разбрав
    Зошто љубовниците ја сметаат својата среќа
    Во денови ноќи и години,
    Кога нашата љубов може да се мери само
    Во нашите радости, воздишки и солзи.


    Крвна врска, Шелдон
     
    На TheCandy880, Bright, Ma4u64ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Две работи во животот: Никогаш не вели никогаш... и никогаш не вели засекогаш...
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Една од најубавите љубовни поеми од македонската книжевност :)


    „КОГА ЈА ЉУБЕВ ДЕНИЦИЈА“
    Петре М. Андреевски

    Кога ја љубев Дениција,
    како да калемев светлина на мракот,
    како да топев снегови фатени во движење,
    како да станував единствен сведок
    за бакнежот меѓу металот и громот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да му пронајдував брзина и на каменот,
    како да ја одделував душата од телото,
    како да го палев барутот
    на тилот од смилот и трендафилот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
    како да ги откривав сите рудници на злато,
    како да добивав телефонска врска со сонот
    од сите успани работници.

    Оти ја љубев Дениција,
    како што ги отворав пролетните аптеки,
    сместени во гласот од славејот,
    како што славејот ги спријателуваше
    небото и земјата,
    како што таа ми ја одземаше тежината,
    додека трчав кон неа,
    како што не можев да видам ништо освен неа,
    како што таа живееше додека јас умирав,
    како што и јас не знаев како би умрел,
    ако таа не се родеше.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да учествував во создавањето
    на првата Македонска Држава.



    Прво писмо

    (Од циклусот Пет љубовни писма)

    Ништо не е повидливо
    и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
    ни детските шепоти што ги откривав
    во сеидбите на дождовите,
    ни закажаната бура во пајажините
    од крајпатните меанчиња,
    ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
    ни она што добива форма само во мојот слух,
    ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
    го навиваше својот ноќен часовник,
    ни родилните маки на фрленото семе,
    ни разгорениот пожар на главата од петелот
    додека бега од сенката што слегува од небото,
    ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
    меѓу твоите два припека,
    ни змијата што го возбудува врвот од житата,
    ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
    ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
    во низата од пиперките,
    ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
    ни притаената светлина во купениот кибрит;
    ништо не е повидливо од твојата трага
    пред мене и зад мене, со мене и во мене.
     
    На Tanjamm, Ella.313, Chica.Loca и 4 други им се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Последниот валцер

    Тешко жичано интро,
    еден фустан врзан со меланхоличен декор,
    колебливи чекори во неудобни чевли.
    Јас не сум навикнат да танцувам наназад:
    ти води , јас ќе те следам...
    Не се совпаѓам со твојот сигурен танц.
    Дозволи јас да кажам:
    не крши го шармот, одречи ја магијата,
    не пиј ја напивката.
    Изгреби ги назад деновите.
    Ние сме надвор од времето.

    Раман Мундаир (Индија)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    41.690
    Пол:
    Женски
    Да не ја доживеев оваа љубов,никогаш немаше да дознаам што е љубов си велев.Но,да не ја доживеев оваа љубов,немаше да страдам по ништо,немаше да имам спомени кои толку ме повредуваат.Да не ја доживеев оваа љубов и да не те доживеев тебе,ќе бев слободна или,пак,не би била толку слободна?Можеби би било поедноствно да се живее без да знаеш ништо за љубовта.Но, сега знам нешто.Знам дека доаѓа и си оди.Знам дека има крај.Дека умее да те разочара.Да те излаже.Да те повреди.Да избледи.Љубовта е најпрвин кристално чиста вода која подоцна се заматува.Љубовта е течност,составена од телесно расположение.Нежност.Љубовта се враќа тогаш кога мислиме дека исчезнала.Љубовта не може да се уништи.Знам дека љубовта неможе да се разбере.И дека неможе да се објасни со зборови.

    ...Кога влегов во мојот воз,ти веќе замина,не свртувајки се ,како што правеше и понатаму,затоа што , исто како и јас, и ти ги мразеше разделбите.А јас се насмевнав на силуетата на твоето тело заради кое,додека те гледав од далечината, одзади, срцето ми се растрепери.Додека чекореше по патеката патеката преполна со луѓе си помислив:тоа е маж.Може да биде било кој маж, некој кој го познавам или некој кој никогаш нема, непознат човек во толпата на станицата, некој кој го забележав можеби затоа што ми се допаѓа како се движи,затоа што изгледа дека е многу осамен или затоа што има нешто во тоа што оди подгрбавен,начинот на кој трепка со очите или начинот на кој пали цигара-нешто што ме погоди.Странец, број меѓу илјадници броеви,можност што можеш да ја пропуштиш додека трепнеш.А тоа си ти.Токму ти.А јас те познавам.Знам колку е нежна твојата кожа и дека на градите имаш светлокафени влакненца,дека на грбот имаш стара лузна и сакам како зборуваш,како ги составуваш речениците,твојот глас,а го знам и ова:да се сретневме затоа што било неизбежно да се сретнеме,нашата кожа,и покрај стравот од првата средба,веднаш би почуствувала дека се токму онака како што треба да биде.

    Извадоци од „Ако некогаш си ме сакал„-Симона Винчи

    Љубов на прв поглед-Вислава Шимборска

    И двајцата се сигурни
    дека ги зближи чувството кое не го очекуваа.
    Убава е таквата сигурност,
    но,несигурноста е уште побава.

    Мислат дека, ако не се познаваат,
    меѓу нив ништо не се случило порано.
    А што ќе кажат за тоа улиците,скалите, ходниците,
    низ кои одамна минуваа?

    Би сакала да ги прашам, ако не се сеќаваат-
    за случајните средби,можеби зад затворени врати,
    некогаш, лице во лице,
    за едно „извинете“ во метежот?
    За едно збунета „грешка“-изговорена на слушалката?
    Но знам што ќе одговорат,
    Не, не се сеќаваат.

    Би ги зачудило сознанието
    дека веќе долго време
    случајноста си поигрува со нив.

    Уште поподготвена
    заради нив да се претвори во судбина,
    да ги зближи и да ги оддалечи,
    да им го пресече патот,
    да ја стивне смеата
    секако на страна.
    Постојат знаци,сигнали
    што не замеруваат дека се немаат решение.

    Можеби пред три години
    или минатиот вторник
    еден лист летна
    од рамо на рамо?
    Нешто што било изгубено и заборавено.
    Кој знае,можеби тоа е топката
    од детството?

    Тоа се кваки и ѕвончиња
    на кои предвреме
    допирот одговори со допир.
    Куфери во гардеробата еден до друг.
    Истиот сон една ноќ,
    избришан веднаш по будењето.

    Впрочем, секој почеток
    е само продолжение,
    а книгата на случувања
    секогаш е отворена на половина.
     
    На HisFaithfulFanA, Gordana10 и Angelche им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    41.690
    Пол:
    Женски
    „Ако некогаш имате ќерка, што е благослов кој не му го посакувам на никого, бидејки е правило во животот дека порано или подоцна ќе ти го „скршат“ срцето, конечно како што реков, ако имате ќерка, ќе почнете да забележувате дека ги делите мажите на два типа: за оние кои се сомневате дека спијат со неа и за оние за кои не се сомневате“ :up:
    „Некој еднаш рекол дека во моментот кога размислуваш дали некого сакаш или не,веќе засекогаш си престанал да го сакаш“
    И двата цитати се од Сенка на ветрот-Карлоз Руиз Зафон.
     
    На Ketrin.Moon, LaraSolare, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ''...Ти ме призираш од небото и од земјата,
    а мене никако не ми успева да ти кажам
    дека и мојата смрт започнува по твојата
    и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира
    мислејќи само на тебе Дениција...''

    Петре М. Андреевски
     
    На Tanjamm, Ella.313, kristii и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Déјà vu - Богомил Ѓузел

    Читам книга и
    го вртам назад филмот в глава
    Нешто познато?
    Правам движење
    што ме потсеќа на нешто

    Сум заборавил
    или ми го уништиле?
    Кој? Самиот или другите?
    Противничката култура?
    Природна непогода?

    Едно знам: јас сум бил, јас сум
    Никој и ништо не ми го оспорува тоа
    Но што повеќе знам, тоа помалку верувам
    А веќе слушам како ми велат:

    Помалку знај, па веруј!
    Веруј во невиденото
    во невидливото –
    па макар и да е
    веќе видено
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Четирите спогодби на Дон Мигуел Де Руис - мудроста на Толтеците

    Беспрекорно користете го својот збор
    Зборувајте почпитубајќи го својот интегритет, зборувајте го само она што го мислите, избегнувајте зборовите да ги користите за да зборувате за себе или за да ги озборувате другите, користете ја моќта на зборовите во насока на вистината и љубовта

    Ништо немојте да сфаќате лично
    Ништо од она што го прават другите не е заради Вас. Она што другите го говорат и го прават представува проекција на нивната сопствена реалност, нивниот личен „сон“. Кога сте имуни на мислењето и постапките на другите, не можете да станете жртва на непотребно страдање.


    Немојте да создавате предпоставки
    Имајте храброст да поставите прашања и да кажете што навистина сакате. Комуницирајте о другите што појасно, за да ги избегнете недоразбирањата, болката и драмите. Само со помош на оваа спогодба ќе можете во потполност да го измените својот живот.


    Секогаш правете се што можете
    Сето она што можете да направите ќе се менува од момент во момент; повеќе можете да направите кога сте здрави одколку кога сте болни. Во било која ситуација, едноставни направете се што можете и нема да имате потреба да се осудувате себеси, да се малтретирате и да се каете.
     
    На glow и julie77 им се допаѓа ова.
  12. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Се извинувам што не е на македонски :$

    Šta navodi jednu osobu da samu sebe prezre? Verovatno kukavičluk. Večiti strah da neprestano grešite, da nećete postupiti onako kako to dragi od vas očekuju-Paulo Koeljo.

    ,,Što ljudi imaju više uslova za sreću, to su nesrećniji."-Paulo koeljo
    . Ljudi obično nisu u stanju da shvate vlastitu sreću- paolo Koeljo

    - Ali šta je stvarnost?
    -To je ono što se podudara sa shvatanjima većine. To ne mora nužno biti ono što je najbolje niti najlogičnije, već ono što odgovara kolektivnim željama i potrebama – Paolo Koeljo
    Tako treba i vi da postupate; budite ludi, ali se ponašajte kao normalne osobe. Imajte smelosti da budete drugačiji - ali naučite to da činite ne skrećući pažnju na sebe. –Paolo Koeljo

    - Šta je to pravo Ja?
    - To je ono što vi jeste, a ne ono što su drugi učinili od vas.-Paolo Koeljo

    Takva je mladost, stalno postavlja sebi nove zahteve, ne pitajući se da li telo to može da izdrži. I telo uvek izdržava. -Paolo Koeljo

    U životu ima stvari koje, bez obzira iz kog ugla ih posmatramo, ostaju stalno iste - i vrede podjednako za sve ljude. Kao, na primer, ljubav. –paolo Koeljo

    Bolesno je kad neko sebe prisiljava da postane isti kao drugi: to izaziva neuroze, psihoze, paranoje. Bolesno je želeti biti isti, jer to podrazumeva nasilje nad prirodom, suprotstavljanje Božjim zakonima - jer Bog, u svim gajevima i šumama sveta, nije stvorio nijedan list koji bi bio jednak nekom drugom. -Paolo Koeljo
    U odredenom trenutku našeg postojanja, gubimo kontrolu nad sopstvenim životom i prepuštamo se sudbini. Eto to je ta največa 1až na svetu. –Paol Koeljo

    - Ljudi veoma rano saznaju razlog svog postojanja - Možda zbog toga oni tako rano i odustaju–Paol Koeljo
     
    На eminil му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    "Вистинското ЈАС е она што си ти, а не она што другите го направиле од тебе"

    "Секој од нас живее во сопствен свет,но ако погледнеш во ѕвезденото небо ќе видиш дека сите далечни светови се поврзани,формирајќи созвездија,сончеви системи,галаксии…"

    "Биди како извор што претекува,а не како корито во кое водата е секогаш една иста"

    "Сознанието на смртта не поттикнува на живот"


    од "Вероника реши да умре" - Паоло Коелјо
     
    На eminil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Животот ме научи да губам...но и да победувам,ме научи да плачам...но и да се смеам,ми покажа како да сакам..но,и да мразам,ме научи да бидам лицемерна,искрена...да повредувам...но и да губам,ме научи да вртам грб,за да трчаат по мене,ме научи дека треба да верувам во ЧУДА,зошто се случуваат секој ден..сфатив и дека животот е круг кој постојано се врти,но и дека е скала по која едни се симнуваат,а други се качуваат...но сите се борат за да стигнат до врвот,сега знам дека треба да се бориме за нештата кои ги сакаме...да дадеме за да земеме...и да мечтаеме зошто соништата се остваруваат,а и сега знам дека луѓето заслужуваат шанси...за да го надополнат изгубеното..заслужуваат да им веруваш и што е најважно научив дека животот е болка,страдање,измачување,но и радост,среќа,мечтаења за една љубов (или неколку) и за едно минато,за сегашноста која ја живееме и за иднината која амбициозно ја планираме.
    Сето ова за еден миг среќа,за една украдена насмевка,за мал момент на задоволство,кој ќе трае онолку колку што ќе веруваме во него,ќе живееме за него и ќе сонуваме...
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Себеоткривање

    Бакнувајќи ги усните кои (о)знач(ува)ат љубов
    Учеше за тоа
    Што всушност таа претставува!

    Изгубена во свет на лаги, предавства и илузии
    Веруваше во сѐ она најдоброто во човекот
    Но, изгледа
    Тоа ја уништуваше!

    Мартина Јанеска

    http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=368:себеоктривање&Itemid=94
    Пре кра сно. :clap:
     
    На maravillosa и teddybear им се допаѓа ова.
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Писмото на Г-дин Поаро до Кетрин Греј:
    (извадок од Мистеријата на синиот воз)
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Можеш да ги затвориш очите за нешто што не сакаш да го видиш, но не можеш да го затвориш срцето за нешто што не сакаш да го чувствуваш!!!
     
  18. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    НЕКАДЕ ДАЛЕКУ

    Нашето е книга непрочитана,
    зборови неискажани, патека неизодена,
    ова е плачот на секоја жена во мене
    затапени сетила што во страв се грчат и тонат,
    се држам за тебе, се губам самата себе,
    зар е љубовата над слободата
    загубена битка на своето “јас“
    компромисни решенија
    бескорисни жртви
    игра што ја играме
    улоги што ги мразиме
    покриени лица на маскарада,
    зар не гледаш дека овој брод тоне,
    живот како подвижна сенка
    кој ползи од ден на ден со ситен чекор.

    Се прашувам,
    каде се годините минати
    радоста на пролетното утро,
    каде е болскотот на жолтите лисја во есен,
    љубовта се лади,
    пријателството се губи,
    свеќата се угасна, останавме во темница.

    Отсјајот на солзите
    се рефлектираат во твоите зеници,
    слепа сум и луда
    можеби и несвесно злобна,
    но се уште го читам ликот твој,
    преку работ на бездната
    фрли ги сомнежите
    тие мисли издајнички и неверни
    удри по гордоста
    лудоста пушти ја
    паметта испушти ја
     
    На meeeery, maravillosa и 1209 им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    41.690
    Пол:
    Женски
    Оу бејби, бејби, бејби!

    Се шетам низ сопствениот мозок. Лавиринти без излез, нормално. Темно некако, без воздух. Вечна ноќ. А јас ноќна Жена сум па знам дека ќе се снајдам. Ама овојпат, тешко некако. Не се плашам од пајаци. Не се плашам од пајажините кои виснале над мене. Не им придавам значење на скелетите. Не ме чуди ни ветерот. Ни маглата во Септември. Душа без тело имам. Иако телото ми се зголемува затоа што постојано јадам. Пушам и многу цигари. И срцето ми чука како во секој момент да ќе се растече и истече. Ќе го повратам во шоља, да отиде во канализација, во неповрат. Не верував во сродни души никогаш. А сега знам дека единствено би била со мојата сродност од Маж кој го запознав. Постои, жив е. И ја пцујам цела вселена поради тоа. Не затоа што е жив, туку затоа што го запознав. Можеби тоа ме прави посебна, м? Ама подобро да сте сами, отколку без таа половина. Не постојат замени. Лажни се сите останати ликови. А физичкото задоволство не може да ја исполни личноста со среќа и спокој. Барем мене не може. Празно ми е. Лавиринти. Долги, ептен збунувачки, па и длабоки празнини. Ништо не ме радува. Само твојата насмевка кога се будиме. Ми значи како некому што му значат некои други нешта. И да спијам под отворено небо, не би се грижела. Само да ја имам таа топлина што ја сакам повеќе од што се сакам себеси. Будење. Сок од ананас. Ептен ладен. Коцки лед не се потребни. Потребни се на нашите тела. Да се лизгаат. Денот е магичен. Со многу храна, готвена секако, и сервирана во некој чуден стил. Со многу обврски. Со многу водење Љубов. Со мачка. И со куче. Си ги познаваме дишењата. А тишината е сосема пријатна. Нема потреба од зборови, кога дури и мрдањето на шарените завесички означува што си значиме. Кога знам дека те имам, кога знам дека сум целосно твоја, треперам од Убавина. Се мирисам самата. Уште мириса на нашето спојување пред малку. Зарем треба да напишам нешто повеќе? Зарем некој чита во денешно време? Ти читаш. И ми ги имаш прочитано емоциите. Не ги давам на друг. Бриши ги само редовно од прашина, нема смисла, луѓе гледаат.

    Го пронајдов овој текст на некоја страна,незнам дали е извадок од книга, ама ми се допадна ептен па сакав да го споделам :)
     
    На Лина Литера, LaraSolare, glow и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ

    Не стојте на мојот гроб,
    не оплакувајте ме долго
    не сум таму, не спијам,
    јас сум илијада ветрови што дуваат,
    јас сум дијамантскиот одблесок на снегот,
    јас сум нежен есенски дожд
    јас сум сончева светлина на зрелиот плод
    и кога ќе се разбудиш
    во утринската тишина
    ќе бидам звукот на илијада птици во заеднички лет.
     
    На Dennings, 1209, K4813 и 3 други им се допаѓа ова.