-Лудилото е неспособност да ги искажеш своите мисли. Како кога ќе се најдеш во некоја странска земја - се’ гледаш, сфаќаш се’ што се случува околу тебе, а не умееш да се изразиш и да побараш помош, затоа што не го разбираш јазикот што се зборува таму. -Секој од нас тоа го има доживеано. -Секој од нас е луд на свој начин. -Што го тера човека да се замрази самиот себеси? -Веројатно малодушноста. Или вечниот страв дека грешиш, дека не го правиш она што го очекуваат другите од тебе. „Вероника реши да умре“ - Пауло Коелјо
Ја става таа маската на себе и се што можете да видите е огромна насмевка, интересни разговори и девојка која се забавува како овој ден да е последниот во нејзиниот живот. Но што под неа? Што се крие зад нејзината маска, што кажува срцето, а душата премолчува? Лажна насмевка Понекогаш едноставно е полесно лажно да се насмевнете наместо да бидете осудени пред десетици не толку блиски луѓе да ја преточите во зборови мизеријата на сето свое битие и да ги разголите сите свои лица. Однатре празна, разочарана и потиштена, а однадвор ведра, силна, непобедлива. Пазете кому му завидувате бидејќи зад светлата и театарот можеби се крие најтажната приказна и најповредената душа. Онаму каде што се разминуваат денот и ноќта и каде сонцето и месечината си ги сменуваат улогите секогаш е тишина. Така беше и на местото каде вие се разделивте за последен пат. Тишината беше единствениот сведок на спомените од времето кога бевте заедно и на стравот дека неговиот лик секогаш ќе ве прати во далечината. „Секогаш ќе се сеќавам на тебе“ затоа што ти ... Беше дел од мојата младост и невиност. Беше несовршен, но јас сепак те љубев. Твојата насмевка беше мој лек. „Можеби секогаш ќе бидам твоја“ затоа што... Со тебе заспивам и со тебе се будам во мислите. Те чувам во секој дел од секундата . Твојот лик го гледам во секој друг маж. „Збогум“ затоа што...ти така одлучи. Зошто сите овие зборови не бев силна да ти ги кажам во моментот кога ти потрча во спротивна насока од онаа каде што се наоѓаше нашата некогашна љубов? Дали нешто ќе променеа, сеуште се прашувам?
Ќе успеам!. Зборови што ги изговараат комарџиите и големите војсководачи, но кобни зборови коишто повеќе луѓе упсопастилеотколку што спасиле.-Чичко Горио Напнатоста меѓу свете спротивности не прави она што сме. - Пламен сјај
" Една личност со верба е еднаква на силата на 99 кои имаат само интереси. " Џон Стјуарт Мил (1806-1873)
[СДК] Сакам да кажам... Да си постоел неколку години наназад, можеби е и многу потешко од постоењето кое го уживаш денес. Да си дете, а да сетуваш болка исто како да си старица на која одамна и поминало времето. Животот е толку непредвидлив што дури и кога ќе бидеш фрлен во длабока бездна, не чуствуваш никаква промена, се чуствуваш исто како и претходно… А, дали? Секако дека не… Твоето тело е тело на тег, една по една се редат плочките со килограми, а ти само збунето прашуваш, зошто токму кај тебе идат… Зошто? Ете го клучното прашање кое толку често нè кутнува на колена, осудувајќи нè преплашено да молиме за нашата судбина. За нашето утре од кое не знаеме дали ќе открадеме дури и тронка воздух… (Извадок)
„Патем којзнае дали живееме онака како што мислиме? Кој ќе ти каже, со сигурност дека сме живи? Можеби сè е некое самозажалување! Зашто ако не го видиш некого подолго време, излегува дека никогаш не си го видел. А штом се забораваат луѓето, како можеш да докажеш дека некогаш се познавале. Мора само да ви се причинува дека некогаш сте живееле заедно. А тоа „некогаш“ никако да го најдете. Како и да не постоело. А штом не постоело кој ќе ви посведочи дека и вие сте постоеле? Но, ете, останало да веруваме, дека некој некого намерно го видел. И дека намерно се израдувал што успеал да го види.“ („Тунел“ - Петре М. Андреевски, 2003)
„Та што е човек со заветни желби И мисли само на јадење и сон? Не друго туку животно е он А оној што не создаде со свест за се што било и за се што иде, тој таа дарба ни ја даде нам Не да ни гние разумот без корист...“ (Хамлет-Вилијам Шекспир)
Времето го прави со телото тоа што глупавоста го прави со душата - Марина-К.Р.Зафон Нема извонредна убавина без извесна наобичност во нејзините сразмери.-Лорд Бекон-Ѓаволот на перверзноста А науката вели : најпрви сакај се себеси, зашто се во светов е засновано врз личниот интерес.-Злостор и Казна-Ф.М.Достоевски
Луда моја главо! Проклети фантазии! Добро знаете како е и како беше..како ќе биде.Јас бев јас.Тој беше тој.Бевме сурово парче од Господ или од Природата.Проста,и проста реченица.Сложена..зарем секогаш на крајот доаѓаат сложените нешта или така е во случајов мој,твој,сечиј? И повторно..се во круг.Неразбирливи мисли.Неразбирливо јас. Because in the dark there may be fear, but there is also hope.in life you can’t be all caught up in wishing for something that won’t happen, you just got to move on to the next best thing.Be you. Find you. Be happy with that. ,,Можеби немаме свет кој ќе биде виден од сиот свет.Можеби никогаш нема да бидеме свои,но,верувај ми,животот доволно ме научи дека претпоставките твои го исполнуваат мојот досаден живот.Верувај дека и злобата твоја ми е толку мила,што и не би сакал да ја заменам со нешто друго.Можеби и сме човекојадци.Којзнае?!Ќе те потсетам дека таков е животот,трнови добиваат живите,а ружи-мртвите.А,додека сонуваш знај дека постои живот во тебе,дека постои некој свет кој тајно се надева на подобро и срце кое го обожавам.” Сепак,bullshit е тоа судбината.Никогаш не верував и ни ќе верувам.Никој неможе да ги намести работите предвреме,освен самиот ти. Трагедиjа.Реална трагедија.Не бевме ни Ромео и Јулија,ни Изолда и Тристан па,за да умреме од љубов…само двајца тинејџери кои не ја пречекорија својата мана и останаа два разделени света.И две души.И едно сонце со мала месечина… by Double M
Ако можеш да останеш присебен кога сите околу тебе ја губат главата и те обвинуваат за тоа...Ако можеш да си веруваш себеси кога секој се сомнева во тебе, и да не забележиш за тој сомнеж...Ако можеш да чекаш, а да не ти здосади чекањето..Ако си излажан, а да не лажеш...Ако си омразен, а да не мразиш... Сепак,немој да изгледаш премногу добар, ниту да зборуваш премногу мудро..Ако можеш да сонуваш, а соништата да не станат твој господар...Ако можеш да мислиш, а целта да не ти бидат мислите...Ако можеш да се сретнеш со Триумфот и Поразот, и еднакво да се однесуваш кон тие двајца измамници...Ако можеш да поднесеш да ја слушаш вистината што си ја кажал, која изобличена од злобници станала стапица за наивните, или да ги видиш скршени работите на кои им подари живот, и наведнат да ги изградиш повторно со стариот алат.. Ако можеш да ги собериш своите победи, и да ризикуваш да ги загубиш сите со еден удар...Да се вратиш одново на почетокот, и никогаш да не проговориш за својата загуба...Ако можеш да го принудиш срцето, и нервите, и дамарите да ти служат долго откако ќе заминат,и да се одржат кога ќе нема ништо во нив освен желбата која им вели ``Држете се!` Ако можеш да се измешаш со толпата и да ја зачуваш доблеста...Да бидеш покрај кралеви, а да не го загубиш допирот со скромноста...Ако ни непријателите, ни пријателите не можат да те повредат...Ако сите луѓе сметаат на тебе, но не премногу...Ако можеш да исполниш една незаборавна минута со шеесет секунди скапоцена содржина, Твоја е Земјата и се на неа свет е твој, и најважно од се - Ти ќе бидеш човек,Сине мој!
Алкохолот и јас... Вљубени, како Ромео и Јулија. Верни, како Бони и Клајд. Нераздвојни, како Станлио и Олио. Телепатски поврзани, како Саи Баба и Господ. И смешни, како Том и Џери. - Игор Џамбазов
Не може да се разбере ништо за животот се додека човек не ја сфати смртта. - Марина-К.Р.Зафон Лудиот се смета себеси за умен, само умниот препознава еден луд во себе. - Дали ме чекаш ? Човек никогаш не е праведен ако срцето му го гризе љубомора. - Малечката Фадета
Во животот има само две работи за кои треба да се грижиш: дали си болен или си здрав. Ако си здрав тогаш немаш причина за да се грижиш. Но ако си болен имаш две грижи: дали ќе оздравеш или ќе умреш. Ако оздравеш немаш причина за грижа. Ако умреш имаш две работи за кои треба да се грижиш: дали ќе одиш во пеколот или во рајот. Ако одиш во рајот ќе немаш причина за грижа. Но ако одиш во пеколот ќе бидеш презафатен поздравувајќи се со пријателите, па ќе немаш време за грижи!!! Зошто тогаш воопшто за нешто да се грижиш?
" Сакаш ли вечна среќа - не спиј ! Пресврти ја ноќта во ден! Зашто оној што спие е слеп, а при успаните среќата не доаѓа. " Кој на злосторникот му проштава, со тоа самото злосторство го помага. Затоа - бидете праведни. Томе Арсовски - Парадоксот на Диоген
Дечки, ми треба под итно поезија на тема: Паднатите борци засекогаш во нашите срца. Ве молам некој ако има нешто такво пишувано нека ми дај... =)