Средина на работна недела. Возам по новата улица, по старо наречена “Првомајска” и размислувам за тебе. На мојот музички систем во ова мало, компактно количе оди “Да направам да ја почувствуваш мојата љубов”. Го осеќам топлиот воздух доле на нозете и трпки ми поминуваат по целото тело. Секогаш! Не знам дали е заради музиката или заради топлината од парното што ми надоаѓа во ова студено време. Премногу студено за секого. Празни погледи насекаде. Се обидувам да се сконцентрирам и ја враќам назад песната. По не знам веќе кој пат денеска. Се осеќам многу исполнето, но истовремено и многу тажно. Далечината сепак си го прави своето и ги замислува луѓето. Времето не им поминува, но што да им кажам јас на нив кога мојата година отиде како авион, претерано брзо. Сеуште ми стои во глава по малку изгубениот поглед на мојот сакан чичко. Тажен е и нема потреба да ми признае. Очите го издаваат. Се сепнувам. Возам, размислувам многу и сум допуштила песните брзо да поминат. Повторно ја враќам Адел и сега се внесувам вистински во нејзиниот текст… “Знам дека се уште се немаш одлучено, но јас никогаш не би ти погрешила… нема нешто што не би направила, за да направам да ја почувствуваш мојата љубов… ти не си видел ништо како мене досега. Јас би можела да те направам среќен и да ти ги исполнам соништата, не постои нешто што не би направила, би одела до краевите на земјата за тебе, за да направам да ја почувствуваш мојата љубов.” Црвено е. Овие зборови од песната највеќе ме погаѓаат. Ах, за малку ќе заборавев… “Нема сомнеж во мојата глава, каде припаѓаш…”. Прекрасно. Стојам на семафорот и си мислам дека можеби и не постои друга песна на светов која подобро би ги опишала моите чувства за тебе. Јас навистина би можела да те направам многу среќен и сакан, но ти никогаш не го виде во мене она што другите го видоа. Некогаш, знам, љубовта не е доволна. Јас сум многу сакана, но по малку несреќна. Понекогаш малку повеќе. Можеби затоа не настојувам. Ти го отворив срцето, ти дадов до знаење дека секогаш ќе има место таму за тебе. Приметив дека по малку те гушам и престанав. Не можам да дозволам да станеш рамнодушен на мене. Ќе те оставам малку да размислиш и сам да ме побараш. Ако го сториш тоа… Се паркирам. Не ни приметив кога сум стигнала. Песната сеуште пее во позадина. По не знам веќе кој пат денеска. Не сакам да излезам од колава. Кога ќе го извадам клучот од бравата, оваа исполнителна магија ќе престане… Погледнувам позади себе и ми се гледа како многу време да поминало.А всушност само година дена... Ви се случило ли некогаш да доживеете многу среќа и да си помислите: "Ех конечно и мене да ми се насмевне среќата". И да,имате чуство на среќа и спокој.Мене да,цели 8 месеци.Мирно си легнував и мирно си станував.Животот ми беше блиску до совршенството.Бев среќна.Срцето ми скокаше кога ќе погледнев во неговите очи.Очи со боја на небо.А денес се недостижни како небото.Денес и тој е недофатлив.Далечен.Неговата душа веќе не е до мојата.Неговите очи не гледаат во моите.Ниту срцето не е мое.А јас?! Јас сум само едно просто суштество кое не излегува од овие четири ѕида.Не живеам убаво.Е сега дали сте имале чуство на немири?Кога неможете око да затворите?Или доколку затворите само неговиот лик стои пред вас?Чусвто на страв,кога нема кој да ве заштити?Кого немате на кого да се потпрете кога сте слаби? Ееее да го имам тоа чуство.Преку ноќ се смени се,преку ноќ ве третираат како ништо,како една личност плус на светов...Жално.Ги имам сите чуства,сите симптоми на болка.И пред година дена и сега ,денес,вчера..Сама.Осаменост.Се чудам и на ракописов.Или пенкалово е ужасно лошо или мене ми завршила уметноста.И таа умира..Отиде.И љубовта ми умира.Чуствувам..... -Ова е лично мое
Yenemedik gururu yenemedik Daha düsemedik biz aska Bilemedik geçmisi silemedik Daha gelemedik biz aska Aska izin ver tanisin yüzünü erisin gözyaslarim düssünn birak Demir yüregim dinlenecek görecek suretini yüreginde Sen benden geçsen de olur Ahh vazgeçsende bu canda durur Ask bekler gururuna yol ver Sevdam yakar yanar bu sehirler Birak ne olur gözyasim yüzümü bulur Sevdan izim olsun Yolunu bulurum karisir deli sulara Assin birak akar yüregim Ah sel olur dokunur yar senin yüregine Sigindigim kiyilarina Ah derman ol yaralarima Ask bekler gururuna yol ver Sevdam yakar yanar bu sehirler Birak ne olur gözyasim yüzümü bulur .... Неможевме да ја победиме гордоста,не победивме Неможевме да се заљубиме поново Незнаевме минатото да го избришиме Неможевме да ја достигниме љубовта Дозволи љубовта да ти го види лицето,пушти ги солзите да течат Моето железно срце ќе слуша,гледа во твоето срце Можеш и да заминеш од мене,и да одиш ќе бидеш во мојата душа Нашата љубов чека,гордоста прави пат Мојата љубов гори,ќе го запали овој град Пушти,те молам солзите да го најдат лицето Љубовта твоја,рана да ми е Ќе го најдам патот низ матните води Пушти,нека протече низ моето лудо срце Нека биде поплава и во твоето срце Крајбрежје од кое барав чистина Биди утеха за моите рани Нашата љубов чека,гордоста прави пат Мојата љубов гори,ќе го запали овој град Пушти,те молам солзите да го најдат лицето (Ако некаде има грешка,се извинувам пробував сама да го преведам)
Зимска ноќ Јас залутана низ виулиците на гревовите После полноќ Нова надеж, нова љубов А звезда да ми го раскежеше претстојното Немаше да те заведам Со танцот на воздишките Ќе бев ладна како мраз Но со првиот непознат бакнеж Ја разруши мермерната скулуптура Која некој ја изградил Како симбол на моето патешествие Навикнав на дождовливи утра Но не се надевав дека следниот ден Дождовни капки ќе ме заспијат Благодарам на потсетницата за страдање За ноќи без сон Те Сакам Од тука, до вечноста на заборавот.
...cекогаш ќе ја сакам, но ќе ја оставам да си оди. Нека мисли дека не ја сакам, дека не ми значи, дека сум ја свртел, дека ми била само забава – подобро ќе биде така. Од инат ќе стане посилна, од инат, знам јас. Нема да дозволи ниеден мангуп да ја повреди, онака како што ми дозволи мене. Нека ме пцуе, нека ме колне, за неа е подобро. Бар знам дека ќе биде среќна. Бар знам дека никогаш нема да видам солзи во нејзините очи.
Никој никогаш нема да дознае колку осаменост, горчина, одречувања се кријат зад таа привидна среќа. „Вероника реши да умре“ - Пауло Коелјо
" Одеднаш... Некој ти го забавува времето и ти подарува компас со четири страни север. Одеднаш... Некој не заспива до тебе, а ти слушаш како дише и го покриваш неговото отсуство со топло ќебе од копнежи. Одеднаш... На некој ќе му текне да ти недостига во дождовите, во мирисот на липите, во уморот на градот... ''
„Има места од кои не можеш никогаш вистински да си заминеш, нешто свое оставаш таму. Има луѓе од кои никогаш не можеш да се разделиш, зашто тие во тебе нешто свое оставаат, нешто што никогаш не можеш да им го вратиш.“ Винка Саздова
„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ Горан Стефановски
Во ситниците и... надвор од доменот на погледот... најдобро се открива карактерот на човекот! Шопенхауер
За загубата на љубовта на една жена, треба да се лутиме само на себе,поради нашата неспособност да ја задржиме таа љубов. ~Николај Доброљубов~
Spoiler Мојата омилена. Ја знам наизуст, па можеби имам ситни естетски грешки некаде. Me напушташ со звуци на фадо во безлична и студена пролет. Ме прободува острото дно на М од твоето ЗБОГУМ. Другите пет се помалку болни зашто не се последни. Ги одминав солзите и пуштив музи да се исплачат врз новите тела што ќе ги опиеш со твоите слатки феромони. Ти ли ме болиш, бессоната ноќ, или празниот кревет? Пролетта без сонце, или можеби душата на дете? - Чкртач.
" Еднаш да се најдеш на право место во право време, целиот живот ќе го помиеш како во лој. " " Стравот е независен од реалната опасност." " Денес се се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино." " Литературата постои на хартија, сликата на платно, а музиката? Каде постои музиката?" " Никој не може да ги засака оние кои се вљубени во него, ниту да ги придобие оние кои го мразат." " Гледате каква е снагата на перото. Тоа што до пред малку постоеше, сега веќе не постои, а само е пречкртано." " Слободата ќе дојде кога ќе го надминеме стравот." " Со подуено грло не се дише, ни се пее. Месото мора да се откорне со нокти, раната да се изгори со жар. А вие се карате. Гајле немате. Ве гледам, а незнам кои сте. Никого веќе не распознавам." " Кога ништо не е во ред, а не се крева малиот прст ситуацијата да се поправи и во тоа дури и се наоѓа задоволство." " Се што не ви е познато е проклето, туѓо и непријателско." Горан Стефановски - Диво Месо
„Ако некој не е како што другите сакаат да биде, другите стануваат бесни. Изгледа како секој да има јасна идеја како другите луѓе треба да ги водат своите животи, но немаат идеја за својот“, Paulo Coelho Алхемичарот.
Ако заминам, ќе остане ли некој да им дава правец на твоите стапки и да измислува тишина кога светот зуи, за да заспиеш? Чинам, ги потрошив сите умирања…. Морам да тргнам. Ги расчистив долговите со земјата, се помирив со пропуштените зајдисонца… Oдам…Итам…Летам… Кон ливада што виси падната меѓу ѕвездите, спружена на боја потемна од црната, затворена со безграничност, во која уморни друиди бараат волшебна напивка за умирање… Таа ме чека со подготвени реплики и живот испланиран за моите идни две милиони срцебиења. Допирите собирани во картонско кутивче, безосетно и го поткреваат здолништето… Таму водам љубов со некоја што има се’ твое, а е посиромашна за се’ што си имала ти…
Никогаш не ја сакав Разочаран од љубовта, љубов во мене повеќе немаше, ниту едно чувство не се раѓаше во мене кон ниедна....А не се ни обидував некого да засакам, не ни дозволував некоја повторно да навлезе во мојот живот единствено нешто што сакав беше забава. Случајно и таа ми се најде на патот, мирна, паметна, згодна едноставно прекрасна многу ја посакуваа но јас можев да ја имам. Зборови не ни беа потребни едноставно се разбиравме со поглед, со нејзините ангелски очи се ми кажуваше ...Знаеше дека не ја сакам , но се надеваше се надеваше дека еден ден ќе ја засакам. А јас ? Јас не се ни обидував , таа ми беше уште една марионетка во животот, уште една играчка која успејав да ја добијам , не ги ценев нејзините чувства...Се губеше во мојот поглед, чуствував дека го наоѓа спокојот во мојата прегратка, многу не бараше но јас освен трошки надеж друго ништо не и нудев. Наместо љубов и подарував болка, повторно ја донесов тагата во нејзиниот живот , ја повредував , ја лажев, ја изневерував. Трпеше се , се топеше пред мене а јас не трепнував ниту со очите, сето тоа го гледав...А таа беше толку прекрасна, тоа не го заслужуваше а јас свесно продолжував. Успеав и неа да ја повредам, но еден ден се сврте и замина , замина пред моите очи ја пуштив тивко да замине ...Да замине со едно крило, да замине со пола срце, не заслужувам сега никогаш да ме погледне , не заслужувам ни да ми каже збор....не заслужувам. Не се обидов ни да ја засакам а беше толку посебна...но сега барем ќе знае како да ги препозае лажливците како мене , барем сега ќе стане посилна личност, сега жалам што толку ја повредив , а таа ? Таа сега сигурно жали што воопшто ме запознала, сега сигурно жали и за изгубеното време, жали што дозволи таков бедник како мене да навлезе во нејзиниот живот кој беше прекрасен и совршен исто како и нејзиниот поглед и насмевка, едноставно прекрасен како неа....