Проза, поезија – извадоци

Discussion in 'Литература и уметност' started by MissPagane, Feb 13, 2010.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,900
    „Верувам во розовата боја. Верувам дека со смеењето се согоруваат најмногу калории. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека треба да се остане силна, кога изгледа како сè да оди наопаку. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е уште еден нов ден и верувам во чуда“.

    „Има многу повеќе во сексуалната привлечност од мерките на телото. Не ми треба спална соба за да ја докажам својата женственост. Можам да покажам исто толку сексапил и берејќи јаболка од дрво или стоејќи на дождот.“

    „Како што стареете, ќе откриете дека имате две раце – едната за да си помагате себеси, другата за да им помагате на другите.“

    „Еднаш слушнав дефиниција: Среќата е здравје и кратко памтење! Посакувам јас да го измислев тоа, затоа што е многу вистинито.“

    „За привлечни усни, зборувајте само добри зборови. За убави очи, барајте го доброто во луѓето. За слаба фигура, споделувајте ја храната со гладните. За убава коса, дозволувајте му на дете да поминува со прстите низ неа еднаш дневно.“

    Одри Хепберн
     
    kikav likes this.
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    2,711
    Likes Received:
    2,034
    Најголемиот страв кој го носи далечината е тоа што не знаеш дали ќе им недостигаш или ќе те заборават.

    ~ Николас Спаркс ~
     
    Chica.Loca, WarriorAngel and kala21 like this.
  3. kala21

    kala21 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2013
    Messages:
    1,896
    Likes Received:
    15,406
    Gender:
    Female
    Вистинската љубов завршува...или со разделба или со брак...
     
    Whitecloud95 and kikav like this.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    2,711
    Likes Received:
    2,034
    Грицкајтего сочни секој ден како да ви е последен .!!!!! Кирил Поп Христов -КИЛИ :D :D
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,900
    „Модата избледува, стилот останува вечен.“

    „Елеганцијата не подразбира облекување на нов фустан.“

    „Каде треба да се нанесува парфемот? – праша една млада жена. Секаде каде што сака да биде бакната – одговорив јас.“

    „Некои мислат дека луксузот е спротивност на сиромаштијата. Не е. Луксузот е спротивност на вулгарноста.“

    „Жената има онолку години, колку што заслужува.“

    „Доколку еден маж зборува лошо за жените, вообичаено значи дека бил „изгорен“ од една жена.“

    „Сè додека знаете дека мажите се како деца, знаете сè.“

    „За некој да биде незаменлив, мора да биде секогаш поразличен.“

    „Природата ви го дава лицето кое го имате во 20-тите години од животот. Животот го оформува лицето кое го имате во 30-тите. Но, во 50-тите, го имате лицето кое го заслужувате.“

    „Модата не е нешто што постои само во фустаните. Модата е во небото, на улицата, има врска со идеите, начинот на кој живееме, со она што ни се случува.“

    „Постојат луѓе кои имаат пари и луѓе кои се богати.“

    „Во моментот кога ќе стапнете на нечија јахта му припаѓате на некој маж, не на себеси, и умирате од досада.“

    „Луксузот мора да биде удобен. Во спротивно, не е луксуз.“

    Коко Шанел
     
  6. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    212
    Likes Received:
    534
    „Ако е овој најдобриот од сите можни светови, какви ли се тогаш другите?“

    „Кандид“ - Волтер
     
    WarriorAngel likes this.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    2,711
    Likes Received:
    2,034
    Постојат милион градови од кои можеш да си одиш, но само еден во кој можеш да се враќаш. Đ.B
     
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2013
    Messages:
    1,896
    Likes Received:
    15,406
    Gender:
    Female
    Ти дозволувам да ме повредиш со вистината ,но никогаш немој да ме тешиш со лаги !!!!!
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    2,711
    Likes Received:
    2,034
    Љубова е бунтовничка сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, не уништува. Кога се обидуваме да ја скриеме, не заробува. Кога се обидуваме да ја разберeме, не остава загубени и збунети.
    ~П.Коељо~
     
  10. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Joined:
    Feb 11, 2012
    Messages:
    161
    Likes Received:
    189
    Запамети дека секогаш можеш да учиш од луѓето што ги среќаваш. Секој човек што ќе ти влезе во животот од лекар до ѓубреџиј, може да те научи нешто ако му дозволиш.
    Загубената ќерка- Дајен Чембрлен
     
  11. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Joined:
    May 25, 2012
    Messages:
    113
    Likes Received:
    162
    ...Оти ја љубев Дениција,
    како што ги отворав пролетните аптеки,
    сместени во гласот од славејот,
    како што славејот ги спријателуваше
    небото и земјата,
    како што таа ми ја одземаше тежината,
    додека трчав кон неа,
    како што не можев да видам ништо освен неа,
    како што таа живееше додека јас умирав,
    како што и јас не знеав како би умрел,
    ако таа не се родеше...

    Дениција – Петре М. Андреевски
     
    Ella.313 and WarriorAngel like this.
  12. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Joined:
    Jan 22, 2012
    Messages:
    338
    Likes Received:
    118
    ...Секогаш сети се дека...
    Без оглед колку далеку да стигнеш, секогаш ќе се појават луѓе кои ќе инсистираат дека сè што се обидуваш да правиш е невозможно.

    Фантазијата е онаа која те ограничува. Пушти ја да полета.

    Понекогаш треба да верувате на своите инстинкти.

    Никогаш не дозволувај успехот да ти го замати умот, ниту неуспехот да ти се меша во среќата.

    Ако сакаш да имаш најдобри денови во животот, мораш да се избориш со најлошите денови во животот.

    Прави го она што го сакаш, а не она што мислиш дека би требал да го правиш.

    Простувањето на самиот себе е многу поважно од простувањето на другите.

    Биди добар кон себе.

    Направи една личност да се насмее и ќе го промениш светот.

    Понекогаш добрите работи се распаѓаат, за да се појават уште подобри работи.

    Не можеш да го промениш она со кое одбиваш да се соочиш.

    Прифати дека нешто никогаш нема да биде твое и научи да го цениш она што е само твое.

    Не е поентата во тоа да добиеш прилика, туку да ја искористиш истата. :x
     
  13. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Joined:
    Jun 11, 2012
    Messages:
    375
    Likes Received:
    251
    Gender:
    Female
    Ми треба од Весна Ацевска- По вода? Неможам да ја најдам на интернет.. Да не ја има некој случајно?
    Да одам во библиотека, да кажам дека ми треба, ќе можат да ми ја дадат или?
     
  14. beyonce22

    beyonce22 Истакнат член

    Joined:
    Feb 11, 2013
    Messages:
    62
    Likes Received:
    38
    На сите ни ја раскажале приказната за Адам и Ева.Живееле во толку совршено место, каде ништо не фалело.Ама заради непокорувањето на еден закон, не изрбркале од рајот.Иако верувам дека било полошо, не не избркале, туку не оставиле во рајот, но слепи.Ни ја одзеле способноста да го видиме рајот во кој живееме.Да можеше човек да ги отвори очите и да види што не опкружува, секојдневните чуда, убавината, магијата на љубовта,другарството...Да можевме да ја видиме секој ден убавината на разденувањето, зајдисонцата, моќта на природата, да можевме да сме свесни дека животот секогаш отвара нов пат, би велеле секој ден "Алелуја".Алелуја што можеме да бидеме сведоци од ова чудо, овој рај.Алелуја што имаме способност да чувствуваме.За тоа што сме единствени битија способни за смеа и плач.Го поминуваме животот обидувајќи се да се вратиме во рајот, кога всушност живееме во него.Само треба да ги отвориме очите,да го видиме.Алелуја, блажен да е Бог, животот, енергијата, или во што и да веруваш.Алелуја за љубовта, за радоста и за болката.Алелуја за другарите, браќата, татковците, мајките, децата...Алелуја за тој рај во кој живееме и за тој што вреди да се жртвуваш.
     
  15. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Joined:
    May 29, 2013
    Messages:
    509
    Likes Received:
    2,229
    -Никогаш немој да веруваш никому, особено не на луѓе на кои им се восхитуваш - СЕНКА НА ВЕТРОТКАРЛОС РУИС САФОН
     
    eminil likes this.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,422
    Gender:
    Female
    Тишина - Ацо Шопов

    Ако носиш нешто неизречено,
    нешто што те притиска и пече,
    закопај го во длабока тишина ,
    тишината сама ќе го рече.

    Очи - Ацо Шопов

    Три дена на раце те носевме збрана,
    со тага и болка на погледот срцен,
    и секоја капка на твојата рана
    ко крвава жар ни капеше в срце.

    Во тишината – Цане Андреевски

    Понекогаш е толку тихо
    во полето на нашето чувствување,
    и како ветки есенски, оголени
    стрчиме без тревожното бранување.
    Умората ги дипли своите пласје
    врз крилјата на нашите лудувања,
    тишината со здивот свој ги гаси,
    ги ништи и најмалите жеднувања.
    И боли таа тишина несакана
    со тоа спокојство натежнато и камено,
    па тогаш пчела сум – во мракот изгубена,
    скаменета во својата осаменост.
     
    WarriorAngel likes this.
  17. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Joined:
    Jun 1, 2013
    Messages:
    450
    Likes Received:
    577
    Kurt Cobain- ''Life sucks, people are not true'' :)
     
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    2,728
    Likes Received:
    7,645
    "Во потполн хаос, тој жали што ја сретна љубовта затоа што незнае како повеќе да продолжи да живее. Секој ден тој се убедува дека утре ќе биде подобро, дека времето лечи се, но утредента се повеќе тоне."
    "Понекогаш е полесно да се изгуби одошто да се плати цената за победата, зарем не ?"

    "Споменот на нејзината насмевка и нејзините насмеани очи беше болен и благ, соодветен на осаменоста што го опкружуваше уште од детството. Самотијата, по која трагаше како заштита, но која на крајот ќе го уништи"

    "Непријателот, тоа е стравот. Секогаш."

    "Се плашеше од самата себе и од немирот, неочекуван и збунувачки, што наеднаш го почувствува."

    "Во лифтот чувствува брутален немир, празнина што наеднаш се отвора. Недостиг што незнае да го опише. Длабока тага што зема облик на грутка во неговиот стомак. Во неговиот стомак, грутката станува се потешка. Тој мисли дека тоа е бесот што врие во него. Сеуште незнае дека тоа е љубовта."

    "Бидејќи вашата сродна душа, во исто време може да биде и ваша проклета душа."

    "Болката не е проблем. Од болката страдаш, но тоа не те уништува. Проблем е самотијата која се раѓа од болката. Таа е онаа која тивко те убива, која те одвојува од останатиот свет. И која го буди она најлошото што го имаш во себе."

    "Да љубиш значи да се надеваш дека ќе добиеш се, ризикувајќи да изгубиш се, а исто така понекогаш да го прифатиш ризикот да бидеш помалку љубен отколку што љубиш."

    "Тоа е затоа што се плашиме кога сме вљубени. Затоа што животот е компликуван и затоа што тој често се забавува испраќајќи ни ја вистинската личност во погрешно време."

    "Се плашев дека не сум дорасната, дека нема да умеам да љубам, дека еден ден ќе се разбудам и повеќе нема да го сакам .."

    "Понекогаш се обидуваш самиот да се казниш заради нешто, а ни самиот незнаеш заради што."

    - Што би правел јас без тебе, Гијом Мисо.
     
  19. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    212
    Likes Received:
    534
    „Мојот татко е мој татко, Имран. Не е твој.“
    Тој не рече ништо.
    „Ме слушна ли?“ прашав јас.
    Имран се сврте настрана за да ме гледа. „Тој е и мој татко...“ тивко рече.
    „Не. Можеби ти рекол како татко. Но не ти е вистински татко. Тој е мој татко.“
    „Тој рече така.“
    „Што рекол?“
    „Дека е и мој татко.“
    „Не го рекол тоа. Можеби рекол дека те сака како да ти е татко...“
    Замолкнав.
    „И тоа е добро за тебе. Но не рекол дека е твој татко. Тој не би го рекол тоа, зашто тоа не е вистина. А тој не е лажго.“
    Очите на Имран беа светнати од загриженост. „Дели го со мене“, шепна тој.

    “Американски дервиш“ - Ајад Актар
     
  20. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Joined:
    Apr 5, 2013
    Messages:
    353
    Likes Received:
    590
    Gender:
    Female
    “На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град. И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано само една Рака. Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето. Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла.“ - Пауло Коељо