1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Извадок од книгата “Оскар“-Живко Новески

    Десетте кучешки желби

    1.Секоја разделба со тебе, за мене значи страдање, затоа размисли пред да ме земеш, и не ме земај како играчка, додека сум мал, за подоцна да ме отфрлиш.
    2.Сакај ме таков каков што сум, бидејќи јас немав можност да избирам пријател и господар, а и јас те сакам таков каков што си.
    3.Биди стрплив со мене, остави ми време да разберам што бараш и што очекуваш од мене, имај доверба во мене зашто мојот живот зависи од тебе.
    4.Никогаш не се лути на мене и немој за казна и без причина да ме тепаш и затвораш, затоа што ти имаш свои пријатели, работа и разонода, а јас те имам само тебе.
    5.Зборувај понекогаш со мене, зашто јас иако не ги разбирам сите зборови, го препознавам твојот глас и знам кога ми се обраќаш мене.
    6.Доброто или лошо однесување со мене, никогаш нема да ти го заборавам, затоа размисли пред да ме искараш, преиспитај се, можеби и ти грешиш или јас неможам да разберам што бараш од мене.
    7.Размисли пред да ме удриш, бидејќи јас имам јака челуст и остри заби, кои не сакам да ги употребам на тебе, а подготвен сум да се жртвувам за тебе до последен здив.
    8.Староста е иста за сите живи суштества, затоа грижи се за мене кога ќе остарам, кога ќе бидам болен и таа добрина никогаш нема да ти ја заборавам.
    9.Испрати ме на моето последно патување како пријател, зашто тоа е долг за верноста и убавите години поминати заедно.
    10.Секој ден, нека ти биде радост.
     
    На Bella •••, silvy, Angelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    ... капка роса таму труло сѐ кај што е ...
    String forces - Каде бегаш

    Најубав стих :inlove:
     
    На Beatriche19, glow и Angelche им се допаѓа ова.
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    - Ако нешто ти се случи еднаш...незначи дека ќе ти се случи уште еднаш, ама, ако се случи вторпат....да бидиш сигурен дека ќе се случи и третпат!
    Извадок од ,,Алхемичарот,,
     
    На Umbrella22, Sara123, eminil и 8 други им се допаѓа ова.
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Имав крила и знаев каде можам да стигнам
    рекоа – одбери, твоите или нивните? одбрав...сама ги скршив....нивните рани ќе ме болеа повеќе.

    Дедото го подучил внукот дека во секој човек има два волка кои се во постојана борба. Едниот е олицетворение на злото: себичност, љубомора, зло, завидливост, алчност...Другиот е олицетворение на доброто: љубов, разбирање, чесност, добрина, хуманост,трудољубивост... Внукот го прашал: „ А кој е победникот? “ „ ТОЈ ШТО ЌЕ ГО ХРАНИШ “, одговорил дедото.

    Кога прв пат воздивнав за љубовта, тоа беше последната воздишка за разумот и мудроста. Ако, не жалам! Љубовта ми беше господар.
    Тешко ми беше кога сакав некого кој повеќе не ме сакаше. Многу потешко кога ме сакаше некој кого повеќе не го сакав.
    Најнакрај, почнуваш да споредуваш. Наскоро потоа - престануваш да љубиш.
    Сонцето пак свети...
    Водата си го пронаоѓа најлесниот пат до морето.... :inlove:
     
  5. LittleMissSunshine

    LittleMissSunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    22
    Мртви Лисја-Жак Превер

    О колку би сакал да си споменуваш ти
    на тие среќни дни на нашата љубов
    Тогаш животот беше многу поубав
    и сонцето светеше со подруг сјај
    Мртвите лисја по земјата се пластат
    А јас уште не сум те заборавил знај
    и уште во мене не згаснала страста
    Мртвите лисја по земјата се пластат
    и нашите спомени тагите и радости
    северецот студен далеку ги носи вчас
    во ноќта на заборавот што срца ни сви
    А гледаш дека не сум ја заборавил јас
    песната што ми ја пееше во тие дни

    Тоа е песна што личи на нас
    На тебе што си ме сакала
    и на мене што сум те сакал
    Ние живеевме заедно така
    ти што си ме сакала
    и јас што сум те сакал
    Но животот ги дели оние кои се сакаат
    кои се љубат нежно и без шум
    и во чии срца гулаби се вселени
    А морето ги брише врз песокот со 'ршум
    стапките на љубовниците разделени
    ........
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Повторно пијам чај. И повторно сум тажна. Ама овојпат ме удри многу јако. Како земјотрес неколку секунден кој убаво ќе те продрма, а ти самошто си заспал. Траумата е вечна.
    Се сеќавам дека не можев да заспијам кога пробував последниот пат. Уморот се обидуваше да ми ги склопи очите, ама тие упорно се отвораа. Шараа наоколу и го бараа. Попусто. Некако и некогаш, сум потонала во сон. Имав кошмари како и секогаш кога спијам без него. Се будев препотена, преплашена, со искривено лице и изгубен поглед, со страв кој не можам веќе да го кријам, со плач во градите кој го допира, но не може да го предомисли. Станав уморна.
    Денес почнав да одбројувам. Денес ја започнав првата фаза од мојот нов Живот. 96 дена. Ух, помина еден само. А беше толку долг. Колку и да се трудам подолго да останам во кревет, мора некогаш да станам. А и да не сакам, кошмарите сами ќе ме бутнат и ќе паднам.. ќе си ја искршам главата. Па ќе ме однесат во болница. Ќе крварам. Може ќе имам и внатрешно крварење. Можеби ќе умрам.
    Никогаш не можам да знам каде ќе ме однесе Месечината. Ниту пак да знам дали некогаш ќе престанат да ми се тресат рацете. Знам само дека сега изгледам убаво. А дека веќе за еден месец ќе бидам уште поубава. Знам дека на рацете ќе си направам суптилни мускулчиња кои нема да излезат од границите на женственото. И на стомакот ќе имам затегната кожа, а на лицето никогаш повеќе пудра. Ќе го мијам само со многу ладна вода. Знам дека ќе отидам на Водно, ама уживањето нема да биде целосно. Знам дека ми недостига еден мирис кој совршено си влегуваше под мојата маица, а дека веќе за еден месец.. само ќе ми недостига повеќе. Знам дека можам да бидам најјаката Жена во светот, ама свесна сум и дека не можам да се помирам со тоа што ми се случи.
    Повторно болка. Овојпат е поинакво чувство. Овојпат не можам да јадам ни грозје. Ми смета оклопот на зрнцата. Го сакам само префинетиот, мекиот дел, а некако тешко се стигнува до него. Го сакам само она што ми прилега единствено. Затоа не сакам друг дух. Затоа ќе си живеам сама. И ќе си плачам кога ми се плаче. И ќе пијам кога ми се пие. И ќе пушам и по 2 кутии цигари дневно. Никој не може тоа да ми го одземе. Затоа што доволно изгубив. Имам барем право на осаменички денови, нели? Ма и денови и ноќи. Ушите ми вкусуваат сочни звуци. Телото ми трепери од топло-ладни бранови. Ќе земам и хемии ако сакам. Ќе одам и во планина ако ми е потребно. Никој не може да ми забрани. Нека критикуваат колку сакаат, не ми се палат нервите така лесно. Потопени се во коскената срж на моите сонови. И пливаат низ крвта која поминува низ едно срце и една Љубов. Сега и засекогаш. А додека достигнам засекогашна точка.. :
    Ќе ме снема од досегашното секојдневие и досадни мои автентични моменти. Ќе се сеќавам на попладневните прошетки низ неговата коса. Ќе ја гледам тишината и ќе ја слушам пригушената светлина што најубаво ја создававме и живеевме. Ќе напишам книга. Ќе напишам и листови за кои некој ќе ми фрли книжна вредност. Ќе бидам чудак кој како и секогаш е слабовидно разбран, но ќе успеам. Ќе се качам еден ден во воз. Ќе прошетам како странец во далечна земја. Ќе грицкам сончоглед. Ќе испијам 4 литри вода. А може и ќе конзумирам дрога. Ќе си дозволам сè што сакам. Затоа што не можам да знам каде ќе ме однесе.. ах тој воз.. Нека излета некако од тие проклети шини. Нека се преврти во некоја прекрасна и восхитувачко дрска провалија. Нека експлодира. Нека стане пепел. Нека ја има на телевизија несреќата. Нека пишуваат во весниците. Џабе им е целиот труд. Не се паметни и не ме слушаат. Мојата Љубов ни тогаш нема да престане.
    Со почит ви објаснувам. Со постојан глад за еден допир и со постојан чекор кон личното пронаоѓање. И сакам и мразам. Нема или. Има само категорија И. Нема ЌЕ. Има сегашност. А сепак има иднина. Надежно идно време, дека можеби еден ден ќе бидеме заедно.
    Пишувам за себе. Живеам за себе. Тотално сум неискрена личност. Ве лажам постојано. Па вие продолжете да ме читате. За еден ден да ве посрамотам пред светот. Затоа што сте неверојатно глупави. Не знаев дека имате 267 Животи. Слободно живејте ги. Ве поздравувам од едно мало место, но во него вирее најбогатото срце. Во тоа срце постои и најголемата тага, но секогаш ќе постои како насмеано бебе затоа што има чиста Љубов.
    А сега, навредувајте ме. И колнете ме. И завидувајте ми.
    Јас сум среќна. Јас работам на себе. Јас имам храброст. Јас имам Љубов. За него. За оној што е запишан во Гинис како најсреќниот човек. Ќе се случи и тоа изгрејСонце кога ќе дознае и ќе ме земе во раце. А до тогаш, можеби ќе бидам жива.
     
    На LaraSolare и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Колку си убава - Христо Фотев

    Колку си убава!
    Господи,
    колку си убава!

    Колку се убави рaцете ти.
    И нозете ти колку се убави.
    И очите ти колку се убави.
    И косите ти колку се убави.
    Не се измaчуваj повеќе - љуби ме!

    Не се штеди - љуби ме!
    Љуби ме
    со вистинската сила на рацете си,
    нозете си, очите си - со целото
    совршенство на нивните движења.
    Поверуваj ми засекогаш - и никогаш
    ти нeма да си глупава - љуби ме!
    И да си зла - љуби ме!

    Љуби ме!
    По улиците, потоа по скалите,
    особено по скалите си убава.
    Сo облека и без облека, непремерно
    си убава... Наjубава си во собата.
    Вo темното, кога си сo гребенот.
    И гребенот потонува вo твоите коси.
    Косите ти се пoлни сo електричност -
    допрам ли ги, ќе засветат во темното.

    Навистина си убава - веруваj ми.
    И држи се до крај да си убава.
    Не толку за мене - а за тебе,
    за дрвцињата, прозорците и луѓето.
    Не ја разрушуваj брзо убавината си
    со љубоморни сомнежи - простуваj ми ги
    ненадејните пропаѓања некaде -
    не претерувај, те молам, со цигарите.

    Не ме изгубуваj никогаш - откриваj ме,
    исполнуваj ме со детинско изумление.
    Повторно да се уверувaм во рaцете ти,
    во нозете ти, во очите ти... Љуби ме.
    Колку сакам да те задржам засекогаш.
    Да те љубaм секогаш -
    засекогаш.

    И колку ми е невозможно... Колку си
    ти песочна... И, те молам, не кажуваj ми,
    дека сакаш да ме задржиш засекогаш,
    за да ме љубиш секогаш,
    засекогаш.

    Колку си убава!
    Господи,
    колку си убава!

    Колку се убави рацете ти.
    И нозете ти колку се убави.
    И очите ти колку се убави.
    И косите ти колку се убави.

    Колку си убава!
    Господи,
    Колку си вистинска...
     
    На Ella.313 и mysterious им се допаѓа ова.
  8. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Колку се тешки...

    Колку се тешки овие денови!
    Нема оган да ме загрее
    нема сонце да ми се насмевне,
    само пустош,
    само студенило, без милост!
    Неутешни се
    и ѕвездите сјајни
    откако дознав
    дека и љубовта умира.

    ("Среќен е тој што умее да сака" - Херман Хесе)
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    ПОРАЗИ И ИСКУСТВА

    Учителот рече:
    "Кога ќе почувствуваме дека е дојдено времето за промена, потсвесно, како на видеолента, пред нашето внатрешно око почнуваме да ги пуштаме да се вртат сите наши порази до тој момент.
    Колку што сме постари, природно, толку е поголем и бројот на поразите. Но, со тоа расте и нашето искуство-како да се надминат тие порази и како да се најде патот што ќе не води понатаму. Значи, во нашиот духовен видеорекордер треба да ја ставиме и оваа лента со нашите искуства.
    Ако ја гледаме само лентата со поразите, тоа ќе не осакатува. Ако ја гледаме само лентата со искуствата, на крајот ќе веруваме дека сме помудри отколку што навистина сме.
    Потребни ни се двете видеоленти.

    Пауло Коелјо-Скитникот Мактуб
     
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    И ако илјадници вистини не може се до крај да откријата, и ако сето она пто го презираш, мразиш, на што се спротивставуваш, го критикуваш, што сакаш да биде казнето и што непрекинато ти извира од срцето...сепак за е постои еден миг кога она што е нежно, невино, несовладливо го пленува срцето.


    Знаев само дека тој е мојата загубена и повторно најдена среќа, пламенот и жарот на мојот живот , мојот напор да се изразам, неискажливо пијанство од радост и болка. Дека тој е таа неостварлива, најубава ружа што алхемичарите ја воскреснале во древните персиски градини.


    Секоја приказна мора да ја плати цената на својот крај.


    Венчавка со Буда - Веј Хуј
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    175
    Зар и со приближување на смртта не научи ништо?Немој сето време да си мислиш дека предизвикуваш незгоди и дека им пречиш на другите.Ако некому не му одговара твоето друштво,самиот ќе си каже,а ако нема смелост да го направи тоа,тогаш тоа е негов проблем!

    ‎"Сите нешта под сонцето ги има испишано една иста Рака.Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност....."
     
    На Torte19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    Си била една слепа девојка. Мразела се околу себе освен нејзиното момче. Еден ден момчето ја прашало девојката дали би се омажила за него? Таа одговорила: "Кога би можела да го видам светот, би се омажила за тебе!" По некое време се појавил донор на очи за девојката. Операцијата поминала успешно. Кога ги отворила очите, девојката прво што погледнала било нејзиното момче со спуштени очни капаци. Сватила дека е слеп. На одново поставеното прашање - дали ќе се омажи за него, девојката одговорила со "не" затоа што била со помислата дека цел живот треба да се грижи за него. Момчето навредено си заминало а другиот ден на девојката и стигнало писмо од него во кое што пишувало: "Драга, уживај во твоите очи, кои пред да бидат твои, беа мои. Со нив по цел ден радосно ја гледав твојата убавина!"

    Еве уште едно што најдов,малку е морбидно :o :o
    Дечко и дал наредба на својата девојка да живее еден ден без него , без никаква комуникација и и рекол ако направи така , ќе ја сака засекогаш . Девојката се согласила . Не му пракала пораки , ниту го барала цел ден , без да знае дека тој има само 24 h живот зошто има рак . Утредента отишла кај него . Почнала да плаче кога го видела како лежи на кревет со порака : УСПЕА . . . ЌЕ МОЖЕШ ЛИ СЕКОЈ ДЕН ВАКА ?
     
    На Whitecloud95 и ivana20190 им се допаѓа ова.
  13. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Го поздравувам овој ден со љубов во срцето.Зашто ова е најголемата тајна на успехот во сите потфати. Мускулот може да го скрши оклопот и дури да го уништи животот, но само невидливата моќ на љубовта може да ги отвори срцата на луѓето. Додека не го совладам ова умеење, ќе останам само беден торбар на пазарот. Ќе направам од својата љубов најјако оружје и никој кого ќе посетам не може да се одбрани од нејзинита сила. (Најголемиот трговец на светот - Ог Мандино)
     
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Мојот омилен цитат:

    Прошката е мирис што синоличката ја остава на чевелот што ја згазнал.-Марк Твен
     
    На glow и 1209 им се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Сакам да бидам едноставна, чесна, природна, искрена, со чист ум и чисто срце, неизвештачена, подготвена да речам не знам ако е навистина така. Да се срекавам со другите на рамноправна основа, да се соочувам со сите пречки и тешкотии незаплашна и незбунета.
    Сакам да живеам без омраза, каприци, љубомора, завист и страв. Копнеам да зрачам живот.
    Кога и да излезете надвор, тоа нека биде со исправена брада, кренато чело и топли зборови. Пијте ја топлината на сонцето, со насмевка поздравете ги пријателите и внесете дел од душата во секој стисок на раката.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    - 'Филмот' има и продолжение, Марта - рече мајката. Можеби втор дел...
    - ... во режија на животот, мамо?!



    А ете, од вчера, како да се разнежи, како да се врати повторно кон оние години што толку ветуваа среќа, а сепак - не ја донесоа.


    Не знам, навистина, ништо веќе не знам... Но, знам дека претешки беа овие солзи. И мораа да се растркалаат. Дали и кај мене не е прекршен некаков ред? Што се случува? Збогум Марта! Сега и јас сум сам на светов. А не знам зошто, секогаш се правам дека сум весел и среќен?! Марта ми беше она што најмногу го сакав, нешто што не може да се искаже, туку само се чувствува, толку нејасно, а толку силно. Сега и неа ја немам.


    ... Она што јас не научив. Да се радувам. Не знам што ќе се случи со мене. Не се чувствувам среќна. Никогаш не сум била среќна..


    - Горјан Петревски - Марта.
     
    На martinuska, Springy и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  17. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски

    ПРВА книга која ја купив со сопствени парички,ПРВА книга која ја читам и ден денес кога имам потреба да сватам дека животот е пред нас без разлика на препреките во секојдневието,ПРВА книга која ја прочитав од Горјан Петрески но НЕ и последна прочитана книга од него...го обожавам човекот и неговите пишани зборови :inlove:
     
    На martinuska, katakomba24 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Томе Арсовски - Парадоксот на Диоген

    „Сакаш ли вечна среќа - не спиј!
    Преврти ја ноќта во ден!
    Зошто оној што спие е слеп,
    а при успаните среќата не доаѓа.
    Но еве ви еден совет на сите што сте тука:
    Зградата построена во прав -во прав и ќе се урне.
    Ако ви се случи тоа - не обвинувајте го ни Бога ни човека
    -самите сте виновни.
    Избегајте поскоро од затворот на своето „Јас“
    Одделете се макар на чекор од себесии ќе видите
    -меѓу ружите освен трње
    има и ружи.“
     
    На NelChe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Најтажната песна - Пабло Неруда

    Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.

    Да напишам, на пример: „Ноќта е ѕвездена,
    и треперат модрите ѕвезди во далечината“.

    Ноќниот ветер кружи по небото и пее.

    Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
    Ја сакав, а понекогаш и таа мене ме сакаше.

    Во ноќите како што е оваа таа беше во мојата прегратка.
    Колку пати ја бакнував под бесконечното небо.

    Ме сакаше, а понекогаш и јас ја сакав.
    Како да не ги сакам нејзините големи неподвижни очи.

    Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
    Да мислам дека ја нема. Да чувствувам дека сум ја загубил.

    Да ја слушам бесконечната ноќ, многу побесконечна без неа.
    А стихот паѓа врз душата како роса врз пасиштето.

    Што е важно дека мојата љубов не можеше да ја сочува.
    Ноќта е ѕвездена, таа не е со мене.

    Тоа е се. Во далечината некој пее. Во далечината.
    Мојата душа е незадоволна што ја загубила.

    Мојот поглед ја бара како да сака да ја доближи.
    Срцето мое ја бара, а таа не е со мене.

    Истата ноќ ги облекува во бело истите стебла.
    А ние од вчера, ние не сме повеќе истите.

    Повеќе не ја сакам, сигурно, но колку ја сакав.
    Мојот глас го бараше ветерот за да и го допре увото.

    На друг. Ќе припадне на друг. Како и пред моите бакнежи.
    Нејзиниот глас, нејзиното јасно тело. Нејзините бесконечни очи.

    Повеќе не ја сакам, сигурно, но можеби сепак ја сакам.
    Љубовта е толку кратка, а заборавот толку долг.

    Зашто во ноќите како што е оваа ја држев во својата прегратка,
    мојата душа е незадоволна што ја загубила.

    Макар што ова е последната болка што таа ми ја причинува,
    и овие стихови последни што за неа ги пишувам.
     
    На Tanjamm, david-nadal.86, Noemi и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Koa

    Koa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Ви ја препорачувам англиско-македонската збирка на мисли Бескраен ум од Ана Костовска.