Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Велиш ја преболе а ?
    Кого залажуваш ?
    Себе или другите ?
    Таква жена тешко дека некој ден ќе заборавиш.
    Не, таа не е од оние 'femme fatale', ни малку не личи на таква. Не е најубава ниту најдобра.
    Ама посебна е.
    Зошто ?
    Затоа што на дланка ти го стави сето она што ја правеше посебна.
    Нејзината душа.
    Нејзината искрена и чиста љубов.
    Доволно е.
    Затоа излези од тој свет на заблуди.
    Помири се со фактот дека го изгуби цветот кој ја красеше твојата градина. Без тој цвет не вредиш ништо.
    Таа не посакуваше ти да се смениш, а се смени.
    Но прекасно.
    Се смени, а нема кој да го воочи тоа.
    Жално нели ?
     
    На justin4ever и Silver.E им се допаѓа ова.
  2. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Проклет човек не наоѓа детелини cо четири лиcтови.
    Доцнам. Некој пред мене cобрал cе'.
    Па, дури и тебе.
    Cреќник!
     
    На ParadisoGirl, Elennaa, Ruby.rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    “Љубовта секогаш е трпелива и мила. Никогаш не е љубоморна. Љубовта никогаш не е фалбаџиска или вообразена. Никогаш не е непристојна или себична. Не прифаќа навреди и не е злопамтило. Секогаш е спремна да се извини, да верува, да се надева и да го поднесе сето она што го преживува.”

    Никола Спаркс
     
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Darko Lesoski

    „Ти сега знаеш.“

    Ти сега знаеш дека јас се одлучив без љубов да живеам.
    Ти сега знаеш дека јас можев да имам љубов колку сакам,
    Ти сега знаеш дека јас не сакав ниедна друга освен твојата
    Ти сега знаеш
    Ти сега знаеш дека и една ластовичка може да ја прави пролетта како јас тебе и ти мене душо и севдо моја.
    Ти сега знаеш дека јас ќе бидам последната ластовичка низ есење залутана
    Ти сега знаеш дека јас последната ластовичка ќе бидам од пролетта на душата твоја
    Залепена со ноџето на плукната мастика.
    Одма брзо прегазена од кола од твоите Стравови возена
    Ти сега знаеш дека јас се одлучив без љубов да живеам
    Ти сега знаеш дека јас ќе бидам скоро или малце мртов или многу среќен и богат
    како почеток на некоја нова бајка
    како почеток на некоја нова бајка за мене со „ си беше еднаш“.
    Ти сега знаеш дека ти мене ми беше единствена кралица
    На нашето кралство од шеесетина квадрата
    На моето срце некогаш Венеција, а пустина сега
    Ти сега знаеш дека јас може пак како крал да завршам
    Со златна круна
    Со златна круна исечена од канта за сирење во некоја ментална установа.
    Ти сега знаеш дека јас ни таму нема да престанам да се корнам и да си ја пцујам судбината што тебе те немам
    Ти сега знаеш дека јас со прст со кажипрстот по вирчињата пред портата најнежните стихови било кога кажани ќе ти ги пишувам
    По водата
    По матната вода која младоста ни ја зеде во бестрага пустината
    Како по грбните пршлени, по обравчињата, по веѓите, по капаците од очињата што ти поминував
    Нежни
    Онолку нежно како по стомаче од гугутка што се проаѓа .
    Ти сега знаеш
    Ти сега знаеш дека на светов сите камења царски пред тебе мене селски ќе ми бидат.
    Ти сега знаеш дека пред очите твои тие само ќе мижуркаат светулке моја.
    Ти сега знаеш.
    И очите ги затвораш откога ова ќе го дочиташ.
    Тие очи.
    Тие убави очи во кои јас љубовта моја ја погребав последниот пат.
    Ти сега знаеш и грутката во грлото да ја проголташ пробуваш.
    Ама неможеш.
    Оти ти сега знаеш се.
    Се што не ми веруваше дека е така некогаш.
    Ти сега знаеш... дека трага нема да остане од мене .
    Од нас.
    Ти сега знаеш.
    Ама
    Што дека?
    Што дека ?
    Што дека?
    Кога ме немаш.


    ......
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    "Marry someone who lets you have a bite of their brownie, even when you said you weren’t hungry. Marry someone who laughs at the same things you do. Marry someone who kisses your nose on a cold day. Marry someone who you can watch Disney movies with. Marry someone who is proud of you whether you earn £5 a week or £5,000 a week. Marry someone who you can tell everything to. Marry someone who isn’t afraid or embarrassed to hold your hand in public. Marry someone who lets you take over when decorating a cake. Marry someone who you can spend the day in Ikea with without feeling stressed. Marry someone who wraps you up inside their coat in the winter. Marry someone who accepts your fears and phobias. Marry someone who gives you butterflies every time you hear their key in the door. Marry someone who you don’t always have to shave your legs for. Marry someone who accepts you all day every day, even when you don’t look or feel your best. Marry someone who puts three sugars in your tea, despite telling them “just the two”. Marry someone who doesn’t judge you when you eat your body weight in cookies. Marry someone who doesn’t make you want to check your phone, because you know they will reply. Marry someone who waits with you to get on the train. Marry someone who understands that you need to be alone sometimes. Marry someone who gets on well with your parents and isn’t uptight about family events. Marry someone who calms you down when you get mad about stupid stuff, and never tells you it’s “only stupid stuff”. Marry someone who makes you want to be a better person. Marry someone who makes you laugh. Marry someone who you love. Marry your soulmate, your lover, your best friend."
     
    На Domino, Someonespecial, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Мораме да бидеме подготвени да се ослободиме од животот што сме го планирале за да го имаме
    животот што не’ очекува.
    Џ. Кембл
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
  8. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Денес е твојот роденден. Ова е новиот датум на твоето раѓање. Твојот прв живот, токму како во театарска претстава, беше само проба. Овојпат, завесата се крева. Овојпат, светот те набљудува и чека да ти аплаудира. Овојпат нема да направиш грешка. Запали ги свеќичките. Подели ја тортата. Сипај вино. Ти повторно си роден. Како пеперутка од својот кожурец, ќе се вивнеш во висините... ќе полеташ толку високо, колку што сакаш. Ниту осите, ниту вилинските коњчиња, ниту инсектите од човечки вид, нема да ја загрозат твојата мисија и твоето трагање по вистинските богатства на животот.
    Почувствувај ја мојата рака врз твојата глава.
    Слушај ја мојата мудрост.
    Дозволи повторно со тебе да ја поделам тајната која на самото раѓање ја слушна и ја заборави.
    Ти си моето најголемо чудо.
    Ти си најголемото чудо на светот.
    Тоа беа првите зборови што ги слушна некогаш. А тогаш заплака. Сите плачат. Тогаш не ми веруваше... и ништо во годините што поминуваа не се измени, што би го победило твоето неверување. Бидејќи, како ти би можел да бидеш чудо, кога и од најобичните работи правеше промашувања? Како да бидеш чудо, кога и за најмала одговорност немаше доверба во себе? Како да бидеш чудо, кога си окован со долгови и буден лежиш на маки, бидејќи не знаеш како утре да заработиш за леб?
    Доста беше. За истуреното млеко не се плаче.
     
  9. eminil

    eminil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    130
    “Од секогаш знаев дека еден ден ќе им се вратам на овие улици, за да ја раскажам приказната за човекот што ги загуби душата и името меѓу сенките на таа Барселона нурната во развиорениот сон на едно време на пепел и тишина. Тоа се страници напишини со жар, под закрилата на градот на проколнатите, зборови врежани во сеќавањето на тој што се вратил од мртвите со едно ветување забиено во срцето и со цената на едно проклетство. Завесата се дига, публиката стивнува и, пред да се спушти од театарските потпори сенката што престојува над неговата судбина, хор од бели духови излегува на сцената со комедија на усните и со благословената невиност на оној што, верувајќи дека третиот чин е и последен, почнува да ни ја раскажува приказната за Божик, не знаејќи дека, кога ќе ја сврти последната страница, мастилото на неговиот здив полека и неумоливо ќе го одвлече во срцето на темницата. ” - ЗАФОН <3
     
  10. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283

    Само уште тој да ја измислел сијалицата.
    Украден патент, тоа е потта во случајов (како и во останатите негови "иновации").
    Америчка работа, шта чеш.

    Just sayin'.. :wasntme:
     
  11. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски

    Мислам дека ова цитат од библијата, Николас Спаркс само го ставил во книгата "Чекори за сеќавање"
    но тој не го напишал.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
  13. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    “Life will break you. You have to love. You have to feel. It is the reason you are here on earth. You are here to risk your heart. You are here to be swallowed up. And when it happens that you are broken, or betrayed, or left, or hurt, or death brushes near, let yourself sit by an apple tree and listen to the apples falling all around you in heaps, wasting their sweetness. Tell yourself you tasted as many as you could.” ― Louise Erdrich

    :coffee:
     
  14. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Најдобрите работи се бесплатни, сите останати се прескапи- Коко Шанел
     
  15. Researcher

    Researcher Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски
    Лао Це кажал
    "Немора да погледнеш низ прозорецот за да го видиш небесното Тао (небесниот пат на животот)
    Немора да го прошеташ цал свет за да го запознаеш светот. „
    Тоа го поврзав со изреката на Ајнштајн,
    "Имагинацијата е посилна од знаењето.„

    Ако го замислиш светот позитивен, ќе го измениш . Ако го прошеташ светот и видиш каков е, и ти можеби ќе станеш каков што е светот денес.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мојата душа
    "Како кошула ја исправ душата во леген.
    Ја триев, ја виткав, ја цедев…
    Црната вода им ја фрлив на мршојадците,
    нека се напијат горчина,
    нека сркаат гревови,
    стари одрекувања,
    неискажани мисли,
    неисполнети ветувања…

    Ене ја душата,
    ја оставив да се исуши на ветрот.
    Страв ми е.
    Се плашам да ја вратам во телово,
    така бела,
    проѕирно невина,
    исчистена…
    Оти ѓаволот настрвено
    ги чека таквите души,
    да ги распара со својата
    лигава муцка.

    Ја оставам душата
    да се лула на ветрот.
    Вие оправдано
    наречете ме
    бездушник."

    ;( ;( ;(

    (Мислам дека ја нема во претходниве страници)
     
    На Elennaa и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Тој да го чуваш лепотице

    Чувај го оној што станува малце отсабајле пред тебе.
    Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш.
    Чувај го оној потем на наткасната од креветот што ќе ти остави
    Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе.
    Чувај го оној што ќе ти викне со весел глас: Станувај вештерке за клецање шопрајме?
    Чувај го оној кого ќе го налутиш што не ти ја пцуе мајка ти ами тебе.
    Чувај го оној што и ако се разделите ќе знаеш деке тој стално на мајка ти пичката ќе и е благодарен што те родила баш тебе!
    Чувај го оној што пробуваш срцето со милост од петни жили која ја вадиш да му го омекнеш!
    За на момемнти кога ќе стане несигурен , троа љубоморен да собереш сила и да му кажеш: Те сакам бе будалче – тебе те сакам баш тебе … само тебе!
    Чувај го оној што ќе ти каже : Губи ми се – јас тебе не !
    Чувај го оној чиј поглед му говори: Јас тебе дупло.
    Оној ист поглед кој може да те соблечи и расплаче – во исто време!
    Чувај го оној што останува во собата кога лом ќе се испокарате!
    Чувај го оној што не напушта ами чека да ја лупнеш ти прва вратата.
    Чувај го оној што прв излегува од колата и ти ја отвора вратата и кога сте лути за да излезеш.
    Чувај го оној што те смее и ти знаеш да го насмееш.
    Чувај го оној од кого никогаш “ми дужиш” или “ти дужам” нема во животот како збор да го чуеш.
    Чувај го оној кој те знае.
    Чувај го оној кога си депре што знае како циркуски слон душата со триста тривијални глупости и смешки да ти ја испрска и од сивата прашина да ти ја измие.
    Чувај го оној кој знае да молчи кога треба.
    Чувај го оној кој знае да молчи како риба и како муле.
    Чувај го оној кој знае да гушка како горила во тие јебени мигови…
    oној кој не остава срцето да ти се предели на две кога некој твој близок од овој свет ќе си замине.
    Чувај го оној што те брука на свадбите од твоите роднини и пријатели оти се радува – ко негови да се.
    Чувај го оној чие рамо ќе знае солзите твои да ги памети и да ги впие.
    Чувај го оној во чие рамо солзите твои се закачени како игли во шивачко перниче.
    Чувај го оној за чие минато малце ќе знаеш.
    Чувај го оној што за ситници или трагедии понекогаш ќе знае и да те подизлаже.
    Чувај го оној што знае да те заштити од се што превидел или правел.
    Чувај го оној што годишници и родендени заборава.
    Чувај го оној што и простува така.
    Чувај го оној што од улица знае да ти викне наздравје ако ти на терасата на глас кивнеш.
    Чувај го оној што не го мрзи и стопати по ред тоа да ти го каже.
    Чувај го оној што слуша весел и плиток турбо фолк и го чита Неруда, Шопенхауер и Тагоре пред спиење.
    Чувај го оној што ќе ти ги кажува девојките од претходната ноќ кога бил излезен со другари дека му се пуштиле.
    Чувај го оној што те сака и заради цицките и заради очите.
    Чувај го оној што и ти го сакаш заради неговиот тврд газ и лудилото кое му шиба ко токиско метро во мислите.
    Чувај го оној кој станува малце пред тебе утрото, а секогаш легнува малце после тебе.
    Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш.
    Чувај го оној потем на наткасната од креветот ќе ти остави
    Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе.
    Чувај го оној што ќе знае да ти ги подигне како ролетни
    со радост со глупости со живот некои утра кога ти се тешки и од очите капаците.
    Чувај го оној наутро на масата дури молчиш како накиснат стаорец
    што ќе ти каже: Види ни оставиле на кваката флаер дека прават слатки и торти за веселби – сакаш да им кажеме „создравје да ви се јадат и да им спуштиме?!“
    Чувај го оној што следната секунда ќе те плесне по газ кога ќе прснеш со кафето и во лице ќе го испрскаш од смеење!
    Чувај го оној што ќе те бакне одма после во чело
    и ќе ти каже отидов на работа -имај убав ден лепото – се слушаме после!
    Чувај го оној што те знае уште пред да се запознаете.
    Чувај го оној со кого времето брзо ти поминува.
    Чувај го оној со кој животот знаеш дека ќе ти пројде како луд викенд.
    Чувај го оној што ќе ти дојде со трубачи и пола пијано маало на породилно…
    ако останете заедно…
    ако останете заедно и ако му дадеш дете.
    Чувај го оној кој те прави луда.
    Чувај го оној кој знаеш дека е луд по тебе.
    Чувај го оној што ќе те натера во предбрачен договор да стои дека мора во рок од една година море да ставите излација и силни звучници во веце – за заедно да се туширате.
    Чувај го оној чии очи прават како хаус бас да чука твоето срце.
    Е тој да го чуваш…
    Тој да го чуваш бе лепотице!
    Дарко Лешоски
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Биди сталожен, биди смирен со мене...
    Се додека сонцето не те отфрли,
    ни јас нема да те отфрлам,
    Се додека водите не одбијат да сјаат за тебе
    а лисјата да шумолат за тебе, Моите зборови
    нема да одбијат да сјаат и да шумолат за тебе.
     
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    Никогаш не троши ја силата да се воздигнеш себеси
    до нешто што не си, само за да му угодиш на другиот.
    Никогаш не ставај си лажни маски за да ја задоволиш суетата.
    Никогаш не се стреми да те ценат поради твоите достигнувања, бидејќи ќе престанат да те ценат тебе
    самиот.
    -Ог Мандино
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.