Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    ..смртта не е кога ќе умреш, смртта е кога сакаш некое срце и остануваш без него..тоа боли многу повеќе од моментот кога те снемува, бидејќи во тебе се умира а остануваш жив...
     
    На Turtle, Umbrella22 и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    „Кога уназад вака ќе помислам на неа, све најлошо ја научив. Се` плашеше од брзи коли, а сега обожава брза вожња. Сега обожава се` шо ќе и го дигне адреналинот у глаа, ваљда зашто ја натерав да се прости од ајкулите у стомак. Не се тие за тебе, мала, не летај, и викав. Ја научив да иде на рок свирки и да слуша стари екс ју хитчиња од времето кога се родила. И купував чоколадо. Ја љубев, па ја лажев. Ја смеев, па ја разочарував. Ја научив дека не треба да им веруе на стари мангупи, туку само да се забавља. Ја научив како да користи и ја научив дека никој не смее да сака повеќе од себе. Слепо ме сакаше, а јас и покажав дека баш така не треба. Таква љубов е само за децата, и викав, ако некогаш ги имаш. Парите ништо не и значеа, а од мене научи дека ако денес немаш пари, си никој и ништо. И ги скратив крилцата и ја научив дека очекувањата треба да и се рамна даска. Јебига... И за ништо не ми беше криво бе. Нити затоа што никогаш повеќе не ме побара, ни затоа што никогаш пак не ми рече „Те сакам будало една“, ни затоа што нема повеќе кој да ми хистериша за ситници, а јас да изигравам возрасниот, па да ја чувам, да ја учам, и секогаш да и вртам глава и да и викам „Не те сакам, мала си“. Туку... ете, ми фали она искреното во неа. Она детското во неа, коа нешто немаше да и чини, па ќе направеше од оние фацине нејзини и ќе ме гушнеше со сила. Сакајќи да каже нешто ќе се откажеше. Ќе ги замоташе рацете уште повеќе околу мене. Ќе ја потпреше главата. Ќе воздивнеше. Ќе се помиреше. И ваков или онаков, ќе ме сакаше. “

    - Јаневска Марија, 2013
    http://www.youtube.com/watch?v=BPt2XVTRhMA
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maravillosa

    maravillosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    И на двајцата ни беше потребен заборав,
    засолниште на патот,
    пред да продолжиме да го носиме нашиот багаж на ништожност.
    Ние сме две битија во бегство
    кои се потпираат на својата осаменост.
     
    На Turtle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Кој не ја видел – тој не се родил,
    кој ја видел а не ја вкусил – тој умрел,
    кој ја вкусил – тој не кртулил...
    -Венко.А
     
    На Turtle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Dust if you must, but wouldn't it be better
    To paint a picture, or write a letter,
    Bake a cake, or plant a seed;
    Ponder the difference between want and need?

    Dust if you must, but there's not much time,
    With rivers to swim, and mountains to climb;
    Music to hear, and books to read;
    Friends to cherish, and life to lead.

    Dust if you must, but the world's out there
    With the sun in your eyes, and the wind in your hair;
    A flutter of snow, a shower of rain,
    This day will not come around again.

    Dust if you must, but bear in mind,
    Old age will come and it's not kind.
    And when you go (and go you must)
    You, yourself, will make more dust.

    Remember, a house becomes a home when you can write
    "I love you" on the furniture.....
     
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ако имаш пријател, дај му го она што ти е најскапо, ако ти е вистински, тој не би ти го зел.
    Жан Жак Русо
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.625
    Пол:
    Женски
    :bow:
    What they don’t understand about birthdays and what they never tell you is that when you’re eleven, you’re also ten, and nine, and eight, and seven, and six, and five, and four, and three, and two, and one. And when you wake up on your eleventh birthday you expect to feel eleven, but you don’t. You open your eyes and everything’s just like yesterday, only it’s today. And you don’t feel eleven at all. You feel like you’re still ten. And you are — underneath the year that makes you eleven.

    Like some days you might say something stupid, and that’s the part of you that’s still ten. Or maybe some days you might need to sit on your mama’s lap because you’re scared, and that’s the part of you that’s five. And maybe one day when you’re all grown up maybe you will need to cry like if you’re three, and that’s okay. That’s what I tell Mama when she’s sad and needs to cry. Maybe she’s feeling three.

    Because the way you grow old is kind of like an onion or like the rings inside a tree trunk or like my little wooden dolls that fit one inside the other, each year inside the next one. That’s how being eleven years old is.
    ― Sandra Cisneros
     
  8. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш, драга моја, како е да чекаш писмо кое никогаш нема да стаса, да чекаш воз кој никогаш нема да помине, да чекаш некого кој никогаш нема да дојде? Не знаеш! Не знаеш за болката која ја предизвикува тоа чекање, не знаеш за секундите кои се претвораат во минути, недели, месеци, години. Ти не знаеш што е тоа вистинска љубов затоа што никогаш не ја даде, а во меѓувреме ја ситнеше мојата љубов која беше насочена само кон тебе. Дали знаеш, срце мое, како е кога место сонце на небото се појават темни облаци, дали знаеш колку е тмурно тој ден кога нема да го здогледам твоето лице? Не знаеш. Ти не знаеш како е кога чекаш цела ноќ телефонски повик од личност која никој пат не би ти се јавила. Не знаеш како болат поминатите минути. Не знаеш, затоа што никогаш во животот не си пружила љубов, ја прифаќаше мојта љубов, ја прегрќаше со сите сили и потоа ја одбутнуваше од тебе, неакде длабоко во ноќта да не и се најде траг. Го гореше моето срце со жежок пламен и истовремено го ладеше со ладни стрели, беше мој сон и кошмар истовремено, беше моја имагинација и стварност, беше моето да, затоа што секој пат кога се работеше за тебе мојот одговор беше да и во добро и во лошо. Сеуште си мојата најголема желба, причина за мојата насмевка и за мојата болка, сеуште си моите очи и мојата душа. И знам ќе дојде ден, ден кога повторно ќе можам да продолжам без тебе, кога нема да те сакам, тоа ќе биде денот кога срцево во градиве ќе престане да чука, кога нема повеќе да ги отворам очите, кога ќе влезам во црната земја!

    „Зеленоокото момче и неговите мемоари„
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    " Ако мислиш дека си многу мал за да имаш влијание, пробај да заспиеш со комарец покрај креветот. "
    Анита Родик (1942-2007)
     
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.858
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    “People think a soul mate is your perfect fit, and that's what everyone wants. But a true soul mate is a mirror, the person who shows you everything that is holding you back, the person who brings you to your own attention so you can change your life.

    A true soul mate is probably the most important person you'll ever meet, because they tear down your walls and smack you awake. But to live with a soul mate forever? Nah. Too painful. Soul mates, they come into your life just to reveal another layer of yourself to you, and then leave.

    A soul mates purpose is to shake you up, tear apart your ego a little bit, show you your obstacles and addictions, break your heart open so new light can get in, make you so desperate and out of control that you have to transform your life, then introduce you to your spiritual master...”

    ― Elizabeth Gilbert, Eat, Pray, Love
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Mad Girl's Love Song


    "I shut my eyes and all the world drops dead;
    I lift my lids and all is born again.
    (I think I made you up inside my head.)

    The stars go waltzing out in blue and red,
    And arbitrary blackness gallops in:
    I shut my eyes and all the world drops dead.

    I dreamed that you bewitched me into bed
    And sung me moon-struck, kissed me quite insane.
    (I think I made you up inside my head.)

    God topples from the sky, hell's fires fade:
    Exit seraphim and Satan's men:
    I shut my eyes and all the world drops dead.

    I fancied you'd return the way you said,
    But I grow old and I forget your name.
    (I think I made you up inside my head.)

    I should have loved a thunderbird instead;
    At least when spring comes they roar back again.
    I shut my eyes and all the world drops dead.
    (I think I made you up inside my head.)"

    Sylvia Plath
     
    На Antares и Domino им се допаѓа ова.
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Кога некој заминува се што е создадено се враќа

    Во прегратката зад аголот ќе препознаеш
    дека некој некаде оди. Секогаш е така.
    Живеам меѓу две вистини
    како неонка што се колеба во
    празен ходник. Моето срце собира
    сè повеќе луѓе, зашто нив веќе ги нема.
    Така е секогаш. Четвртина од будноста
    ја трошиме во трепкање. Нештата
    ги забораваме уште пред да ги изгубиме -
    тетратката по краснопис, на пример.
    Ништо не е ново. Седиштето во
    автобусот е секогаш топло.
    Последните зборови се пренесуваат
    како накосени кофи во вообичаен летен пожар.
    Утре пак ќе се повтори истото -
    лицето пред да исчезне од фотографијата
    првин ќе ги изгуби брчките. Кога некој заминува
    сè што е создадено се враќа.

    Никола Маџиров
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Небиднина

    1.
    Патував долго, патував цела вечност
    од мене до твојата небиднина.
    Низ пожари патував, низ урнатини,
    низ пепелишта.

    По жега, по суша, по невиделина.
    Се хранев со лебот на твојата убавина,
    пиев од грлото на твојата песна.

    Не гледај ги овие црни суводолици
    што го параат моето лице —
    ми ги подари лицето на земјата.
    Не гладај ги овие нерамнини врз плеќите
    ми ги донесе умората на ридјето.

    Погледај во овие раце —
    два огна,
    две реки
    темно чекање.
    Погледај во овие дланки —
    две полиња,
    две суши
    глуво лелекање.

    Патував долго, патував цела вечност
    од тебе до мојата небиднина.

    2.
    ...И сега сам,
    пред овој рид од болка и човештина,
    на патишта што не ги знам
    завивам од глад и пцости.
    Ти дојде како црна вода на болештина
    со која се болува довек
    од сите проклетства и злости.

    3.
    ...Кој тоа невидлив во мене седи
    и пали таен оган,
    кој и го руши на крвта ѕидот,
    кој ми го краде слухот,
    кој одзема видот,
    кој пласт врз пласје неуморен реди,
    кој тоа невидлив во мене седи.

    4.
    ...Кој ги избриша со рака лесна
    сите далечини,
    сите близини,
    кој ни ја досуди таа небиднина
    да бидам стебло, да бидеш песна.

    Ацо Шопов
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.267
    Пол:
    Женски
    For Jane

    225 days under grass
    and you know more than I.
    they have long taken your blood,
    you are a dry stick in a basket.
    is this how it works?
    in this room
    the hours of love
    still make shadows.

    when you left
    you took almost
    everything.
    I kneel in the nights
    before tigers
    that will not let me be.

    what you were
    will not happen again.
    the tigers have found me
    and I do not care.


    - Charles Bukowski
     
    На Domino му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Andemona

    Andemona Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    2.496
    Пол:
    Женски
    Што е фраеру? Зарем си разочаран? А што очекуваше, миличок? Да плаче и да те моли? Хаа, па таа не е повеќе онаа наивна девојка каква што ја знаеш. Нејзината гордост не изгоре до крај, остана едно мало жарче скриено во нејзината душа. Да, таа беше како ранлива срна, слаба и наивна. Но тоа е само минато, сето тоа го избриша сегашноста. Велиш ти го заврте грбот? А, зарем не требаше? После се мислеше дека ќе трча по тебе исто како оној пат кога те молеше да бидеш со неа? И ќе се сопнува повторно на секоја твоја измама и лага? Знаеш ли колку солзи има пролеано за тебе? Сега се сети дека заслужува да ја сакаш? Се сеќаваш ли на оној мрачен ден кога ти беше во прегратка со друга? Нејзината душа се кинеше, крвави капки течеа од најзиното ранливо, скршено и невино срце. Тонеше во тага, но успеа да се издигне на површината.Таа девојка широко ги отвори очите, и се увери какво бесчувствително суштество си ти. Засрами се. Си играше со нејзините чувства, бесрамнику. Наместо да и пружиш љубов, секој ден и создаваше се поголема болка.Ти не знаеше да ја цениш нејзината љубов, а таа овој пат одлучи да замине засекогаш. Во својот куфер ги спакува сите ваши сеќавања, иако повеќето беа болни отколку среќни. Овој пат сакаше да отиде далеку. Некаде каде што ќе биде среќна и ќе заборави на се. Беше тешко, но со текот на времето успеа. А сега само гледај ја и пати. Види колку е среќна без тебе. Повеќе ја нема таа празнина во нејзиното срце. Помоќна е и поубава од било кога. Вечерва е таму далеку, без тебе многу посреќна. И не се кае за сите ваши моменти. Само жали за времето поминато залудно. А, можеби некогаш ќе се сети на тебе, само тогаш кога некој ќе го спомне зборот ИДИОТ!
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    " Надежта е сама по себе вид среќа, а можеби и најголемата среќа што ја нуди овој живот... "
    Семјуел Џонсон (1709-1784)
     
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    "But I don't want to go among mad people," Alice remarked.
    "Oh, you can't help that," said the Cat: "We're all mad here."

    Alice's Adventures in Wonderland, Lewis Carroll
     
    На QueenElena и Paradox им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ако можеш да ја сочуваш главата, кога сите ја губат,а те обвинуваат тебе.
    Ако можеш да веруваш во себе кога сите се сомневаат во тебе.
    Ако можеш да чекаш,а да не се умориш од чекањето.
    Или да слушаш лаги,а во нив да не учествуваш.
    Или да те мразат,а да не дадеш повод за омраза и пак да не изгледаш премногу убаво,ниту да зборуваш премногу мудро.
    Ако можеш да мислиш,а мислите да не ти станат цел.
    Ако си во состојба да се соочиш со Триумфот и Пропаста,а кон нив да се однесуваш подеднакво.
    Ако можеш да ја поднесеш вистината која си ја изрекол,а лошите ја изопачиле за да ги измамат луѓето.
    Ако си во состојба да ги собереш сите твои победи и да ги ризикуваш во еден круг.
    Ако си во состојба да ги присилиш срцето,нервите и мускулите да ти служат долго,откако повеќе ги нема и да продолжат така кога во тебе се исчезнало,освен Волјата ,која едноставно им наредува
    Продолжете...
     
    На Turtle и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Кој не ја видел - тој не се родил
    кој ја видел а не ја вкусил - тој умрел
    кој ја вкусил - тој не куртулил,
    оти ќе живее.
    Јас, а можеби и Ти

    Венко Андоновски
     
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Јас сум таа која му го зеде срцето! Јас сум таа која е подобра од секоја негова бивша и идна! Јас сум таа која го направи него најсреќниот човек на светот и таа после која никоја нема да сака така! Јас сум неговата болна тема. Кога вреска, всушност вели дека му недостигам! Кога те бакнува, замислува дека тоа се моите усни. Кога го прашаш како е, тој всушност сака да ти каже: Не сум добро! Не можам без неа! Но, не ти одговара, молчи.

    Кога ги гледа твоите очи со премногу шминка, се сеќава на моите, кои од љубов блескаа! Кога ги троши парите на тебе, знај дека мене ми даде нешто многу поскапо- срцето. Ме гледаш со омраза и се насмевнуваш. Но, на тоа дека е со тебе или на тоа дека не престанува да мисли на мене?!

    Ти, ти која беше?! Затоа што ако значеше нешто за него, со сигурност ќе ти го знаев барем името. Ако воопшто беше некоја-прва ќе разберев!

    Ти си следната на списокот со кој тој си го исполнува времето! И ти и останатите, кои мислите дека ме изместивте- грешите! Јас го обележав со спомените до крајот на животот! Љубовта која ниту една нема да успее да ја избрише! Јас сум таа, чие име го знаат сите- и бивши и идни! Јас сум таа од која сите тајно се плашат! Јас сум жената на неговиот живот! Вие кои бевте?!

    http://vostip.mk/index.php/%D1%98%D0%B0%D1%81-%D1%81%D1%83%D0%BC-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B8-%D0%BA%D0%BE/