1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Останало проклетството: на секоја жена да и треба некој на кого ќе може постојано да мисли и да го чека-"Последните селани" - Петре М. Андреевски
     
    На Tanjamm, SunnyGirl2, stejsi2005 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    "Таа имаше желби.Јас и ги уништив.Таа можеше многу ,не и дадоа заради мене.Ќе дојде ли денот коа ке бидам принуден да и кажам реплика од некој лош љубовен филм? " Пушти ме мене, лесно ке ме заборавиш. Гледаш дека несреќата оди по мене како верна сенка.Ти си уште млада, имаш време .Побарај си ја среќата, ти го засужуваш тоа"
    Патетично ...ама точно , како два и два.Што и да се случи ке ја носам на душата нејзината добра душа. На неа мислам постојано, на неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам.Тоа ми е опсесија , тоа ми е уживање...."


    „ зошто се смееш?

    се сетив…

    што?…..белегот?
    ...
    те боли?зборовите повеќе…

    прости…луда моја…дојди…“

    „ Не сакам премногу празни зборови ни безброј објаснувања, доволен е твојот поглед и точно знам што размислуваш.не сакам ни убедувања ни кој кого ќе надзборува,доволен е само допир и знам точно што замислуваш .знам како ти трепери срцето и како во твоите очи живеам.па што уште да зборуваш кога сум таа што ја посакуваш. “
     
    На LoVeR, Ketrin.Moon и LaraSolare им се допаѓа ова.
  3. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Никој не е толку виновен што Бог не би му простил. Но за тоа човек треба да стане како дете чија душа е готова и чиста да прими се.

    “ Странецот “- Алберт Ками
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Извадок од книгата која моментално ја читам "Емоционална писменост:интелигенција со срце" а цитатов ме опишува баш мене КЕНДИ каква сум била во последно време..

    "Ги игнорирав своите сопствени емоции верувајќи дека да се занимавам со нив е во исто време срамно,страшно и знак на слабост.Исто така,ги презирав и ги игнорирав емоциите на другите.За цело тоа време моите емоции,особено мојата неспознаена потреба за љубов,го диктираа и го искривуваа поголемиот дел од моето однесување.Кога сега ќе свртам назад,со жалење морам да кажам дека многу од работите што ги правев додека копнеев по љубов,предизвикаа емоционална болка за луѓето во мојот живот.Ми имаат кажувано дека луѓето ги торелерираат моите повредувачки постапки бидејќи осетливоста што ми недостасувала сум ја надоместувала со својот наивен,нарцисоиден шарм..."
     
    На LaraSolare и 1209 им се допаѓа ова.
  5. drugar

    drugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    17
    Изреки,поговорки,мудри мисли,секојдневни поуки и слично :)

    ....... таму каде што љубиме никогаш не е мрак.

    Гијом Мисо (последната реченица во неговиот бестселер ''Затоа што те љубам'')
     
    На shekerna, LaraSolare, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    - Треба да му се даде време на времето.


    - , ... но тоа е затоа што Оскар не знае дека сите бајки се лага, но сите лаги не се бајка. ‘‘



    - Во последните денови од животот на Марина и` ветив дека, ако не успее таа, јас ќе ја довршам приказнава. Празната книга што и` ја подарив ме придружуваше сите овие години. Нејзините зборови станаа мои. Не знам дали ќе бидам способен да о одржам ветувањето. Понекогаш се сомневам во своето сеќавање и се прашувам дали ќе бидам способен да се сетам само на она што не се случило никогаш. Марина, ти ги однесе со себе сите одговори.

    Марина, К.Р.Зафон
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.359
    Допаѓања:
    41.878
    Пол:
    Женски
    Марина е книга што никогаш нема да ја заборавам,толку големи импресии ми остави што уште се сеќавам на некои делови од неа,поточно ги знам н памет како овој.Прекрасно дело напишано со толку емоции и љубов.
    И да не сум офф еден извадок

    ОПИЈАНЕТЕ СЕ - Шарл Бодлер
    Треба секогаш да се биде пијан. Се е тука. Тоа е единственото прашање. За да не го чувствувате страшниот товар на Времето што ви ги крши плеќите и ве свиткува кон земјата, треба да се опивате без престан.
    Но со што? Со виното, со поезијата или со добродетелта, според вашата волја. Но опивајте се.
    А ако некогаш, на скалите од некоја палата, врз зелената трева на некој ендек, во тажната осаменост на вашата соба, се разбудите, откако пијанството се намалило или исчезнало, прашајте го ветрот, бранот, ѕвездата, птицата, часовникот, сето она што брза, сето она што јачи, сето она што кружи, сето она што пее, сето она што зборува, прашајте го колку е часот, и ветрот, бранот, ѕвездата, птицата, часовникот ќе ви одговорат: "Време е да се опијаните! За да не бидете робови измачувани од Времето, опивајте се, опивајте се без престан! Со виното, со поезијата или со собродетелта, според ваша волја."
     
  8. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Се чита во еден здив. Марина ги однесе со себе сите одговори за она што никогаш не се случило .. :) Книга која и јас никогаш нема да ја заборавам.




    Цитати од Последниот чај, Винка Саздова:

    Не зборувај ништо, не кажувај ниту збор. Не вели ни збогум, ни довидување. Молчи. Пушти ја тишината да зборува. Таа ќе каже се‘.

    Лесно е да се избере кога има едно убаво меѓу сто грди. Ама, кое е најубавото меѓу стотина убави?

    Кога се дава љубовта се зголемува.

    Да разбираш не значи да знаеш.

    Што е тоа што го гледам, а што не сакам да го видам? Нека ми го покаже темнината. Нека го рече тишината.
    Се загубив.
     
  9. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Иван Минати: Некого мора да сакаш

    Некого мора да сакаш
    макар тоа трева, река, дрво или камен било,
    некому мораш да наслониш рака на рамо
    гладен таков да се наситиш близина
    некому мораш, мораш,
    тоа е како леб, како голтка вода,
    мораш да ги дариш своите бели облаци
    плашливите соништа — птици
    своите плашливи птици немоќ
    и за нив некаде има
    гнездо — мир и достоинство
    некого мора да сакаш
    макар тоа трева, река, камен, дрво било
    дрвјата и тревата знаат што е самотија...
    http://www.kuckamen.com/2010/12/24/%D0% ... %B0%D1%88/
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Извадок од книгата " Парадоксот на Диоген" - Томе Арсовски


    Драшко: Каков е тој куп месо што се вика “ Јас “ ? Кој сум јас? Што си ти?
    Борика: Јас сум жена. Ти - мое око , мој плен, мој Бог.
    Драшко: Мојава рака, мојава дланка, моиве прсти - тоа се грбави кокалести зглобовии јазли од вени, нерви, небо и глад.
    Борика: Јас сум клучот на смртта. Твоја и моја.
    Драшко: Се плашам! Не ми зборувај за неа! Се плашам како децата што се плашат од мракот, зошто не знаат што има таму. Раскажи ми нешто убаво.....
    Борика: Ќе бидам мајка на твоите деца. На трепките од смртта ќе те задржам.... Ќе бидеш река, ќе бидам мост што ќе те држи в преград, и со вкочанет поглед, во недогледната вечност.....
    Драшко: Стородице! Цвету што ме мамиш! Стосмртнице! Пчело што ме облетуваш! Јас сум ....Земја!
    Борика: Не .....Јас сум земја! Ти сонце што ме облева со живот.
     
  11. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    Некаде и некогаш.
    Поминаа толку години, а јас ете, уште секој ден чекам абер од тебе.
    Ако некогаш го добиеш писмово, сети се, види ги солзиве на хартијава.... годините си врват.
    Овдека се зборува за тебе.Нешто се случува.
    Ако ги читаш овие редови додека љубиш некоја друга жена искини го писмово и прашај ја неа дали верува ...дека некоја си Елени Каринте од Битола го парчила цел живот за еден човек со кого била само еден ден.
    Ако ја љубиш неа, како што јас те љубам тебе, не и кажувај ништо, нека биде среќна ако си и ти.
    Ако пак, уште ја памтиш девојката од Балканот и не љубиш друга, знај те чекам, ќе те чекам секој ден, цел живот....... знам дека ке се вратиш, де...ка не си заборавил.
    Татко ми умре.Има веке цела година.Оној ден кога ме грабна од тебе, ме заклучи дома.
    Не ме пушти цел месец. Не плачев.Знаев дека џабе ке се сите катанци и затвори.Човекот со кој тој сакаше да се земам го видов само еднаш.Ме праша дали некогаш ке можам да го љубам...му реков:не! Си го љубам првото либе.Повеќе не го видов.
    Татко ми никогаш не ми прости.Ни јас нему.Неколку дена пред да умре ме викна кај себе...рече Знам дека згрешив и знам дека нигодаш не бев добар татко . не барам ни да ми простиш, не барај ни ти ! Бог нека ни прости на двајцата.Сакав најдобро , а ти направив најлошо.
    Татко ми не беше лош човек!
    Не сум веќе млада и убава како тогаш.Цел живот во еден ден.
    Вечно те сака и секогаш ке те чека
    Твоја Елени Каринте.

    Писмото од Елени Каринте до Кемал Ататурк.
     
    На LaraSolare, karina8 и Springy им се допаѓа ова.
  12. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Само време има. Моето време стои, ако тебе те нема. Давам цел век, за само еден момент. Не е доцна. Немој никаде да одиш. Немој никаде да стигнеш. Остани со мене. Дај ми рака. Слушни како ми чука срцево. Погледни ме. Кажи нешто смешно. Ајде да се смееме. Како будали. Ако било лошо, ќе биде подобро. Ќе си кажеме нешто. Ајде да имаме тајна. Кажи ми тајна.



    Добро. Ми требаш. Ми требаш како добра вест. Како од сабајле цигара. Како ти од сабајле... Како на куче коска. Како на џанки дилер. Како на гробар смрт. Како на свиња леш. Како на војник оружје. Како на дилер со оружје војна.


    Јас би рекол. Никогаш не знаеш. Ако си глупав, не си паметен, да знаеш дека си глупав. Месечината е патетична. Тажно умира, како човекот. Сонцето е зелено. Меркур е невин. Венера е заљубена. Марс е бесен. Ти си глупав.


    Сакам обични работи. Да се разбудам покрај тебе. Да го убијам лошиот здив со првата цигара покрај тебе. Да ти направам кафе. Да те испратам на работа. Да те чекам за вечера. Да те прашам, како си. Никогаш не сум те прашала, како си. Сакав многу. Сакав само многу обични работи. Да ме носиш од овде.


    ММЕ кој прв почна - Дуковски
     
    На SunnyGirl2, Ketrin.Moon, LaraSolare и 5 други им се допаѓа ова.
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Жак Превер - За тебе љубов моја

    Отидов на пазарот за птици
    и купив птица
    за тебе
    љубов моја.
    Отидов на пазарот за цвеќиња
    и купив цвеќе
    за тебе
    љубов моја.
    Отидов на пазарот за железо
    и купив окови
    за тебе
    љубов моја.
    Отидов на пазарот за робови
    и те берав тебе
    но не те најдов таму
    љубов моја.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Зошто возрасните сакаат бројки? Кога има кажувате за некој нов пријател, тие никогаш не ве прашуваат за она што е суштинско. Тие не ви велат: ”Каков е звукот на неговиот глас? Кои се игрите што ги претпочита?”. Тие ве прашуваат: ”Колку години има? Колку браќа? Колку е тежок? Колку заработува татко му?”. Само на тој начин мислат дека можат да го запознаат.

    Ако им кажете на возрасните: ”Видов една прекрасна куќа со розови тули, со китки здравец на прозорците и гулаби на покривот...” – тие нема да успеат да си ја замислат таквата куќа. Треба да им се каже: ”Видов една куќа која вреди сто илјади франкови”. Тогаш ќе извикаат:”О, колку е убава.”


    Чуден е светот на возрасните

    Малиот Принц - Антоан де Сент-Егзипери




    ,,Не затоа што е убав, туку затоа што е повеќе јас одошто сум самата. Од што и да се составени нашите души, неговата и мојата се исти. Кога се друго би исчезнало, а тој би останал, јас сеуште би постоела, а кога се друго би останало, а тој би бил уништен, светот би ми станал сосема туѓ. Не би ми се чинело дека сум дел од него. Мојата љубов спрема него прилега на вечните карпи под површината, извор за малку видлива радост, но неопходна. Јас сум тој, тој ми е секогасш, секогаш во умот, не како задоволство, токму како што и јас не сум секогаш задоволство самата на себеси...‘‘

    Оркански Височини - Емили Бронте
     
    На Bella ••• му/ѝ се допаѓа ова.
  15. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето. А како ќе го направам тоа ?
    Отсега натаму ќе гледам на сите нешта со љубов и повторно ќе се родам.
    Ќе го сакам сонцето зашто тоа ги топли моите коски, сепак ќе го сакам и
    дождот зашто тој ми ја прочистува душата.
    Ќе ја сакам светлината зашто таа ни го покажува патот, сепак ќе ја сакам и
    темнината зашто таа ми ги покажува ѕвездите.
    Ќе и посакам добредојде на среќата зашто таа ми ја проширува душата, сепак
    ќе ја поднесувам и тагата зашто таа ми ја отвара душата.
    Ќе ги прифаќам наградите зашто сум ги заслужил, сепак ќе ги пречекувм со
    добредојде и пречките зашто тие се предизвик за мене.
    Ќе го позадравам овој ден со љубов во срцето. А како ќе зборувам? Ќе ги
    фалам своите непријатели и тие ќе ми станат пријатели, ќе ги охрабрувам
    своите пријатели и тие ќе ми станат браќа. Секогаш ќе барам причина да фалам,
    никогаш нема да барам изговори за озборување. Кога ќе бидам поттикнат да
    фалам, ќе викам од покривот!
    Најголемиот продавач на светот - Ог Мандино
     
  16. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.766
    , ...Можеби ќе поминат месеци, можеби и години, но мене времето веќе ништо не ми значи: часовникот ми запре една априлска ноќ. Те барам и порано или подоцна ќе те најдам. Тогаш ќе поразговараме. Сега, конечно, имам толку многу да ти кажувам..."

    Последна опомена - Дебора Могах

    „Дури и за најобичните ситуации можеме бескрајно да зборуваме, да изнесувааме разни претпостаавки и заклучоци. Како можело да се случи тоа и зошто се случило? Дали можело да се избегне?...“

    Стефано Цеки - „Верност“

    „Сите ние ја знаеме Смртта, рече Старецот. Се плашиме од неа, ама не ја познаваме. Е, тој страв нацртај ми го.“

    Орхан Памук - Се викам Црвенo

    „Што вреди што му кажав дека сум го сакала, што вреди што ми кажа дека ме сакал, кога ние повеќе не бевме истите. Дури зборувавме за нас, ние зборувавме за некој друг. Некој што излегол од кругот на љубовта. Останале само спомените што наликуваат на препарирана пеперутка врамена под стакло. Гледаш дека пеперутката е убава, ама тажна е сликата, зашто таа веќе никогаш нема да лета.‘‘

    Последниот чај - Винка Саздова

    „Сметам дека човек може сета своја љубов да и ја даде само на една единствена личност. Можно е да се сака толку силно што не останува ниту трошка љубов за некој друг.‘‘

    За мојата малечка - Тони Парсонс
     
    На SunnyGirl2 и LaraSolare им се допаѓа ова.
  17. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    ,, ...Ќе сакаш ли да се преслечеш самата наопаку, така што белите дробови, срцето и целото ѓубре ќе ти бидат однадвор, а целиот универзум однатре? Ќе го сториш ли тоа истото со чувствата?‘‘
    Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт


    „-Се забавуваш ли? ‘‘ праша тој палејќи ми ја цигарата. Со дланките ја засолнав запалката за да се заштитам од ветрот и почувствував пеперуги во стомакот кога мојата кожа ја допре неговата. Страст, љубов или почеток на рак на белите дробови? Во тој миг тоа не беше ни важно.‘‘
    Секој што е некој - Лорин Вајсбергер



    Таа велеше : "Веќе не те трпам од поглед. Ќе те гледам без престан." А по една пауза : ' Се плашам кога ми трепка окото. Се плашам за таа една секунда кога мојот поглед се гаси да не се пикне на твое место некоја змија, некој стаорец, некој друг човек ." Тој се обиде да се поткрене малку за да и ги допе усните.Таа замавна со главата : " Не, сакам само да те гледам." А потоа : " Ќе ја ставам ламбата запалена цела ноќ. Секоја ноќ."
    Идентитет - Милан Кундера
     
    На SunnyGirl2, stejsi2005, Pecurka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    МНОГУ КРАТКА СТИХОТВОРБА – ТОД ЧЕНИЈ

    Има едно место
    На кое би сакал да бидам
    Има една мисла
    Што би сакал да ја задржам
    Има еден молк
    Во кој би сакал да проговорам.




    Таа беше најубавата
    девојка на светот,
    а никогаш не и го реков тоа.

    Го бев кажал на сите останати,
    но таа, таа беше преубава,
    за тој преобичен епитет...



    Болка

    Лазам гола низ трњето
    На твојата душа
    Се е празно
    Опседнато од тишината
    Напуштено од смислата
    Се бодам со игла
    Се сечам со нож
    Не чувствувам ништо
    Отрпнав од болка
    Пак ја бојадисав косата
    Овој пат со бојата на ноќта
    Веќе незнам што со себе
    На крај ќе се ишишам ќелава
    Што и да направам
    Нема да ме боли повеќе
    Од туѓите допири по тебе
    Од туѓите усни
    На местото кај што треба да се моите




    Кога ја љубев Дениција - Петре М. Андреевски

    Кога ја љубев Дениција,
    Како да калемев светлина на мракот,
    Како да топев снегови фатени во движење,
    Како да станував единствен сведок,
    За бакнежот меѓу металот и громот.

    Кога ја љубев Дениција,
    Како да му пронајдував брзина и на каменот,
    Како да ја одделував душата од телото,
    Како да го палев барутот
    На тилот од смилот и трендафилот.

    Кога ја љубев Дениција,
    Како да внесував летен воздух во воздухот
    зимен,
    Како да добивав телефонска врска со сонот
    Од сите успани работници.

    Оти ја љубев Дениција,
    Како што ги отварав пролетните аптеки,
    Свестени во гласот од славејот,
    Како што славејот ги спријателуваше
    небото и земјата,
    Како што таа ми ја одземаше тежината,
    Додека трчав кон неа,
    како што не можев да видам ништо освен неа,
    како што таа живееше додека јас умирав,
    како што и јас не знеав како би умрел,
    ако таа не се родеше.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да учествував во создавањето
    на првата Македонска Држава.
     
    На SunnyGirl2 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Наутро беше Ло, едноставно Ло, 148см висока со едниот чорап на нога. Во фустанчињата беше Лола. На училиште беше Лола. На училиште беше Доли. Во формуларите беше Долорес. А во мојата прегратка секогаш беше Лолита.
    Лолита В.Набоков
     
    На maravillosa и irenna им се допаѓа ова.
  20. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    „Многу мажи остануваат рамнодушни спрема жените кои ги освојуваат во момент на слабост, па иако таа слабост одново ги фрла во нивната прегратка после секоја средба тие си заминуваат се порамнодушни и позаситени од жените кои не ги приврзуваат со ништо убаво, чуствително и интелигентно. Сексуалната привлечност на жената бргу се губи доколку не проговори и нејзиното внатрешно битие.“

    Извадок од романот „Ранетиот Орел“ од Мир Јам
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.