1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    Драг Данте... кој ти е пекол бе а? - Дарко Лешоски
    Кој ти е курац?
    Што знаеш ти што е пекол што ти знаеш што е пекол и како мене ми клецаат пред нејзе колената?
    Ко да ќе си оди.
    Ко да е последен пат - секогаш кога ќе ја видам.
    Ко да ни брани некој.
    А ја сакам.
    А ме сака!
    Што знаеш ти за пекол? Што знаеш ти за пекол и кој ти е курац?!
     
  2. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски

    „Ти сега знаеш.“ - Дарко Лешоски


    Ти сега знаеш дека јас се одлучив без љубов да живеам.
    Ти сега знаеш дека јас можев да имам љубов колку сакам,
    Ти сега знаеш дека јас не сакав ниедна друга освен твојата
    Ти сега знаеш
    Ти сега знаеш дека и една ластовичка може да ја прави пролетта како јас тебе и ти мене душо и севдо моја.
    Ти сега знаеш дека јас ќе бидам последната ластовичка низ есење залутана
    Ти сега знаеш дека јас последната ластовичка ќе бидам од пролетта на душата твоја
    Залепена со ноџето на плукната мастика.
    Одма брзо прегазена од кола од твоите Стравови возена
    Ти сега знаеш дека јас се одлучив без љубов да живеам
    Ти сега знаеш дека јас ќе бидам скоро или малце мртов или многу среќен и богат
    како почеток на некоја нова бајка
    како почеток на некоја нова бајка за мене со „ си беше еднаш“.
    Ти сега знаеш дека ти мене ми беше единствена кралица
    На нашето кралство од шеесетина квадрата
    На моето срце некогаш Венеција, а пустина сега
    Ти сега знаеш дека јас може пак како крал да завршам
    Со златна круна
    Со златна круна исечена од канта за сирење во некоја ментална установа.
    Ти сега знаеш дека јас ни таму нема да престанам да се корнам и да си ја пцујам судбината што тебе те немам
    Ти сега знаеш дека јас со прст со кажипрстот по вирчињата пред портата најнежните стихови било кога кажани ќе ти ги пишувам
    По водата
    По матната вода која младоста ни ја зеде во бестрага пустината
    Како по грбните пршлени, по обравчињата, по веѓите, по капаците од очињата што ти поминував
    Нежни
    Онолку нежно како по стомаче од гугутка што се проаѓа .
    Ти сега знаеш
    Ти сега знаеш дека на светов сите камења царски пред тебе мене селски ќе ми бидат.
    Ти сега знаеш дека пред очите твои тие само ќе мижуркаат светулке моја.
    Ти сега знаеш.
    И очите ги затвораш откога ова ќе го дочиташ.
    Тие очи.
    Тие убави очи во кои јас љубовта моја ја погребав последниот пат.
    Ти сега знаеш и грутката во грлото да ја проголташ пробуваш.
    Ама неможеш.
    Оти ти сега знаеш се.
    Се што не ми веруваше дека е така некогаш.
    Ти сега знаеш... дека трага нема да остане од мене .
    Од нас.
    Ти сега знаеш.
    Ама
    Што дека?
    Што дека ?
    Што дека?
    Кога ме немаш.
     
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Делнично будење на градот

    Наутро, катаутро, вријавец, по улиците,
    се запоточува река од луѓе,

    отспани, недоспани, зловолни, шеговити,
    гладни, појадени, намирисани, небричени,
    добродушни, немиени, потстрижани, болни,
    куци, мамурни, брзоплети, тажни,
    кашличави, песнопојци, доодени,
    Па, исчезнуваат како во тло песокливо
    бргу-бргу некаде помеѓу 6-те и 8-те часот.

    Почнува делникот еднолично и ненаметливо
    како најпозната но сепак пријатна мелодија!

    Секој кон своето:

    Пожарникари, милиционери, гинеколози,
    свештеници, семкаџии, келнери,
    улични метачи, народни пратеници, студенти,
    инкасанти, столари, продавачи, ѕидари,
    софисти, спортисти, адвентисти,
    мизантропи, крадци, писатели,
    медиокритети, нарциси, хипокрити,
    филистри, дрдорковци, шмеќари,
    доброволни дарители на крв и латентни убијци,
    есеисти, голмани, композитори,
    неротки, сифилисти, филателисти,
    конјуктуристи, кондуктери, проститутки,
    судии, дреари, прекупачии, еквилибристи, директори,
    вратари, телефонисти,
    секој ден тие па тие,
    секој ден тие па ти
    едни та исти,
    едни та исти!

    Гане Тодоровски
     
    На Heloise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lavina :)

    Lavina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски


    Ох, дали е возможно секој пат штом го слушам ова толку да ми се потресува душава?
    Секој нерв ми ја доживува приказната активирајќи ми ги виугите за трепетот на битието!
    Волшебно...
    Тој глас....
    Моето срце... забрзано!
    Немир...
    Трепет....
    Љубов...
    Совршенство !
     
    На fatamorgana123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    The feelings that hurt most, the emotions that sting most, are those that are absurd - The longing for impossible things, precisely because they are impossible; nostalgia for what never was; the desire for what could have been; regret over not being someone else; dissatisfaction with the world’s existence. All these half-tones of the soul’s consciousness create in us a painful landscape, an eternal sunset of what we are. — Fernando Pessoa
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Turtle

    Turtle Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    45
    Можеби тоа го сфатив веднаш, во истиот момент, таму некогаш, едно доцно попладне или можеби само се преправам дека не сфаќам и го поттикнувам тоа навестување скриено во мојата свест, затоа што во тој миг навистина не сакав да се соочам со него. Премногу е кревко навестувањето и бесмислено за да можам да го изнесам пред другите луѓе. Фактите кажуваат се'...Кога само би можела да ги послушам, но зошто не можам?...
     
  7. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    „Некои луѓе премногу често си дозволуваат да ја стават љубовта во секоја реченица. Понекогаш и без врска. Ќе ја спомнат љубовта во некој контекст, кој воопшто не е соодветен и мислат дека со тоа завршиле работа. Грешка, луѓе мои. Љубовта не е збор за во прости реченици. Љубовта е простопроширена.“
     
    На ivanchos му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „Само ради нејзе да ти кажам!“ - Дарко Лешоски

    Само ради нејзе во последно побудалувам од беса
    Само ради нејзе
    Само ради нејзе од лутина ми иде
    Оти не знам како да и кажам
    Ми иде Ми иде да и се развикам на телефон! Д
    а и звонам на некоја рандом...
    Штојазнам првата во именик некоја Весна Да ја прашам „Ало! кој е тамо?!“
    А штом ми одговори да и спуштам слушалка
    И да се смеам сам со себе колку да се опуштам од бесот со она „да ти го треснам!“
    Само со нејзе
    Само дваесчетри седум во празна соба со нејзе би се сложил на неделата
    да ми го извадат од собата телото во црна најлонска кеса.
    Море само за еден ден
    За еден ден и една ноќ со нејзе
    И би признал пред Македонија!
    Пред Македонија цела да е
    На тренутак истине би признал дека во средно го имам избришано од завеса..
    Само ради нејзе гледам ко коњ со узди –само право!
    Само ради нејзе би се запишал и би го завршил Електро !
    Само ради нејзе пишувам вакви глупости и тресам ко да сум од ручек налокан со вино
    Само ради нејзе би се тепал и во девет ипол со од гранап билмезон ако ми побара - да и донесам пиво! Само ради нејзе
    Само да ми каже „лѝиле фала ти мило!“
    Само од нејзе нема да ми е гад и дирекнто во фаца да ми жригне од кога ќе го акне цело литар и пол пиво
    Ради нејзе бев и сум љубоморен и на фиктивни ликови
    Од филмови на дивиди, од госип грл, од сексо и градо тешко мене на ликови од серии,
    што вика Миланка на ликови од големото плтано , јеботе љубоморен на лик од кино !
    Ради нејзе две недели ме реметеа
    Ама пушти бркови ко Борат кога дознав оти и се свиѓа Турчинот од оној да тиѝбам Величествениот
    Само ради нејзе и по мама И по мама ќе викам : “Што и фали мори краво ?! “
    Ради нејзе ќе се испокарам со цела родбина
    Ќе се испокарам ако треба до трето колено
    Ќе се расправам до ножеви
    Кај ќе се најдам таму ќе се дерам
    Ќе ржам низ заби „Што и фали бе?!“ Што и фали мори?
    Ќе се расправам жестоко ко во српски филм и во индиски драми
    Ради нејзе ами ради кого
    Оти од кога прва пат ја видов
    Од кога и се погледнавме очи в очи со деколтето
    Ја знам дека и животов без нејзе мене не ми бил жив уствари
    А оти со нејзе ради нејзе тој со смисла ќе ми се стори
    Само да ме љуби само ... само да не ме боли!
    Само да не ме забораи другарка и после кога ќе ме види
    Да не ме забораи и да ми каже оти прашала за мене
    „А бе тој дегенот другарти шо праи...?“
    После тоа злобно поднасмеана да ми рече : „ И така деген - другарка ми те поздрави!“
     
  9. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
    ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
    Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
    ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
    само да ме сакаш.

    Умилкување- Петре М Андреевски


    Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
    Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
    сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
    ќе ти дадам се што е солено и молено
    само да ме сакаш.

    Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
    ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
    Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
    ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
    само да ме сакаш.

    Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
    Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
    и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
    и ќе те фалам и кудам под сите небеса
    само да ме сакаш.

    Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
    на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
    не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
    со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
    само да ме сакаш.
     
    На Lavina :) му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AutumnRain

    AutumnRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Тајната што сме ја чуле под заклетва никому да не ја кажеме, ја чуваме не поради цврстината на нашиот карактер, туку поради мрачното задоволство што го наоѓаме во одложувањето на предавството.

    Конзервирани импресии - Горан Стефановски
     
    На Angie24 и Heloise им се допаѓа ова.
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Сакаш ли вечна среќа - Не спиј!
    Пресврти ја ноќта во ден!
    Зошто оној кој спие е слеп,
    а при успаните среќа не доаѓа.
    Но, еве ви еден совет за сите што сте тука:
    зградата што е построена во прав-
    во прав и ќе се урне.
    Ако ви се случи тоа -
    не обвинувајте го ни Бога ни човека:
    самите сте виновни.
    Избегајте поскоро од затворот на своето ,,јac"
    одделете се макар на чекор од себеси
    и ќе видите - во ружите
    освен трње
    има и ружи.


    Томе Арсовски - Парадоксот на Диоген
     
    На eliesaab и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Здраво…Здраво, се познаваме, ли? Тензија во воздухот, се чувствува на километри, а да не зборувам за притисокот кој вриеше помеѓу нас.
    Тој на десет сантиметри од моето лице, очите му станаа црвени, забите почнаа да му чкрипат.
    Егото му врза шамар и го прекори со зборовите: „Те предупредив". Но, љубовта го теши: „Добро стори, што ако никогаш не пробаше да ја вратиш?" Не го оставив да изусти ни збор,не смеев.. Каде беше тој кога јас сакав да го вратам?
    Каде беше тој кога јас го сакав?
    Уште ова сакав да му го кажам, но замолкнав и ги испуштив зборовите да паднат во купот на неискажани зборови кои никогаш не собрав храброст да ги изустам..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    "Be happy. Even if the only thing that makes you happy is your morning tea. Live for that morning tea intake. Make it marvelous. Get excited about it. Buy mugs, buy a tea maker, buy a massive stock of teas so you can have an endless variety. Maybe learn how to make it, open up a tea business. Let that small happiness, whatever it is, become your passion. It’s what will keep you alive."

    "I find many adults are put off when young children pose scientific questions. Why is the Moon round? the children ask. Why is grass green? What is a dream? How deep can you dig a hole? When is the world’s birthday? Why do we have toes? Too many teachers and parents answer with irritation or ridicule, or quickly move on to something else: ‘What did you expect the Moon to be, square?’ Children soon recognize that somehow this kind of question annoys the grown-ups. A few more experiences like it, and another child has been lost to science. Why adults should pretend to omniscience before 6-year-olds, I can’t for the life of me understand. What’s wrong with admitting that we don’t know something? Is our self-esteem so fragile?" — Carl Sagan

    "Be alone. Eat alone, take yourself on dates, sleep alone. In the midst of this you will learn about yourself. You will grow, you will figure out what inspires you, you will curate your own dreams, your own beliefs, your own stunning clarity, and when you do meet the person who makes your cells dance, you will be sure of it, because you are sure of yourself." — Bianca Sparacino

    "Pickup line: hey girl do you want to make a fragile human connection in the vast and unfeeling infinity of a chaotic universe." :inlove:


    ...Од berlin-artparasites и The Artidote, едноставно ги обожавам странициве. :bow:
     
    На eliesaab и 1209 им се допаѓа ова.
  14. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Не го сакав.
    Едвај ми се допаѓаше.
    Но, тој беше како врелината на летото
    и се бакнуваше како да сум му последен оброк.
    А јас, пак, бев во потрага по тело во кое би се „удавила“.

    Тогаш имав срце обвиено во мед,
    како цвеќенце заглавено помеѓу страниците на дебела и тешка книга.
    Тој, пак, имаше силни раце и дланки со дебела кожа,
    како онаа на работник.

    Зборуваше како пријател,
    но допираше како животно.
    Моето тело го сакааше тоа
    на начин на кој се уште не можам да го разберам.

    Тој ме праша во кои бои се бакнувам,
    и поетот во мене веднаш излезе од оковите во кои мируваше заробен и целосно ме обзеде.
    Се отвори како рана,
    како сите оние меки и розеви делови од мене,
    за кои не ни знаев дека постојат.

    Тој беше мојот воз кон дестинацијата „Крај“.
    Мојата бескурпулозна загуба на невиноста.
    За него не се каам,
    но понекогаш посакувам да го имав тоа чувство.

    Ashe Vernon

    Се препознав...
     
    На Angie24, Umbrella22 и kjukli им се допаѓа ова.
  15. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    "Srekna si? A? A? A?" -Darko Lesoski

    Te gledam vo mislive sekoj den.
    Te sakam do tresenje so racete.
    Do tamu e dojdena rabotata na tebe koga pomisluvam.
    Do tamu e de...
    Mi trebas.
    Mi trebas ama molcam i umiram.
    Te sakam kako zilet po kicma da mi proagja -tolku bolno te sakam.
    Mater da mi jebesh...
    I cinam ti ne si mi ljubof. Ami rana.
    Rana koja chvrchi i stenka vo migot koga te pomisluvam.
    Ponedelnikot.
    Vtornikot.
    Sredata.
    Denes.
    Vcera.
    Nokva.
    I samo zaradi tebe sakam da umram.
    Za da prekines.
    Za da te snema i da te izmie so krilata angelot na zaboravot od mojot obraz i dusha...
    Ochite tvoi...nasmevkata!
    Za mene da me snema,a ti vecna da si vo ova sto go pisuvam.
    Se lozat lugjeto na toa de...
    seljachista-da te nema ta da te priznaat i s@kaat...
    I da ti e ubavo.
    A jas od vtoriot oblak nad Monte Karlo da ti se mocam ko zlaten dozd vo pijackata.
    Da ti se mocham...
    Srekna si? A? A? A? se smees li sega?
    vo nasmevkata vo nasmevkata tvoja dushata moja cuti
    kako japonska cresa vo februar....
    me bolish... me bolish kolku si ubava gnaso edna...
     
  16. Mo Ni

    Mo Ni Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ве молам помогнете мии :( ми треба есеј со наслов Како ја гледаме љубовта од наша перспектива
     
  17. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „До тебе поблиску, од тебе подалеку...“- Дарко Лешоски

    Во рајот е секогаш утро.
    И не пеат птици.
    И не свират ангели и нема Господ.
    Во рајот е како што е утрово сега надвор - какво ќе е такво, небитно.
    Во мојот рај има секогаш двајца.
    Не е „те сакам“
    Не е „ те љубам“ најубавиот збор на светот.
    Звук е.
    Тивок и спокоен звук од купатилото.
    Моча со отворена врата онаа што ја сакаш.
    Сонливо се насмева дури поминуваш оттаму да ставиш кафе за обајцата на шпоретот
    И нема ништо меѓу вас.
    Нема ништо недоречено.
    Тоа е за мене Рајот.

    Ти последниот пат рече дека нема ништо веќе меѓу нас.
    Дека нема повеќе нема ништо.
    И тоа е точно.
    Нема ништо ни помеѓу нас.
    Ни па за мене на светот.
    Во пеколот е секогаш утро.
    И не пеат птици и не свират ангели и нема Господ.
    Во пеколот е како што е утрово сега надвор –какво што ќе е такво, небитно.
    Во мојот пекол секогаш има двајца.
    Јас и споменот.
    Ти кај мене во сеќавањето.
    И нема ништо меѓу нас.
    Нема ништо недоречено.
    Тоа е за мене пеколот.

    Онаму од каде нема назад ме вика мене долго ѓаволот.
    Ликот твој го носи ѓоа ќе ме прелаже кутриот.
    Насмеано тебе ти е окото.
    Насолзено е моето.
    Зарем е можно ти среќна да си без мене?
    Зарем е можно јас после тебе да сакам некого?
    Така познавам дека ти не си тоа.
    Така познавам дека треба да останам жив барем уште денес,
    барем уште малку.
    Без себеси.
    Без никого.
    Без ништо.
    Негде нигде.
    До тебе поблиску.
    Од тебе подалеку.
     
    На Д.Чобанова му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На kolumnistot му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Залез

    Румено. Румено. Румено.Како занесена песна
    во синото море
    на горите
    тоне
    залезот.Од тревите до кавалот
    од стадото до облакот
    сè е бујно
    запалено.
    Од градите до песната
    од чекорот до чешмата
    сè е чудно
    разгалено.

    Стадо в кавал заљубено
    ѕвоно в песна изгубено
    око в божур залудено

    Румено. Румено. Румено.

    Mатеја Матевски
     
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.849
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    AT LAST
    Elizabeth Akers Allen

    At last, when all the summer shine
    That warmed life’s early hours is past,
    Your loving fingers seek for mine
    And hold them close—at last—at last!
    Not oft the robin comes to build
    Its nest upon the leafless bough
    By autumn robbed, by winter chilled,—
    But you, dear heart, you love me now.

    Though there are shadows on my brow
    And furrows on my cheek, in truth,—
    The marks where Time’s remorseless plough
    Broke up the blooming sward of Youth,—
    Though fled is every girlish grace
    Might win or hold a lover’s vow,
    Despite my sad and faded face,
    And darkened heart, you love me now!

    I count no more my wasted tears;
    They left no echo of their fall;
    I mourn no more my lonesome years;
    This blessed hour atones for all.
    I fear not all that Time or Fate
    May bring to burden heart or brow,—
    Strong in the love that came so late,
    Our souls shall keep it always now!