1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
  2. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Someonespecial и Ginger^ им се допаѓа ова.
  3. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На xxAngelxx и Ginger^ им се допаѓа ова.
  4. kajl

    kajl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2015
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    ми треба поезија од било кој автор како дел од церемонија,по повод празникот Бајрам.
    тема може да биде еднаквоста меѓу луѓето или било што само да не оди предалеку од поводот.
    Благодарам :)
     
  5. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „Ти си ми два саат наутро.“ Дарко Лешоски

    Ти еднаш ми призна дека не ми ги читаш песните.
    Дека ти е долго и досадно и нејасно.
    И јас ти се изнасмеав и ти реков кој кур ќе ти се песните кога го имаш поетот!
    Ти ко да се поднаљути и ми рече не се љути стварно – ко да не знаеше дека не ти ги читам стално!
    Ти се изнаесмеав и ти реков кој кур ќе ти се песните кога го имаш поетот – онака надмено
    Не ти кажав дека ти си изворот.
    И јас вечерва приметив.
    Дека и после месеци јас те мислам исто.
    Онака како што пишувам дека те мислам:
    И долго,
    И брзо
    И конфузно.
    Лежам. Мислам на Пабло Неруда и она : „...и те чекам како напуштена куќа се дури не ме видиш пак и почнеш да живееш во мене, а дотогаш мене ме болат прозорите.“
    Не може јас да сум куќа си велам.
    Не сум ни голем, ни цврст, нит скап, нит студен толку.
    Мал сум.
    Ефтин сум.
    Потопол сум.
    Мал ефтин дрвен часовник во напуштена куќа сум.
    Часовник кој застанал во два часот наутро.
    Кога не спијат оние заради оној со кој треба да спијат заедно.
    И ти пишав.
    Ти пишав ноќва само: Tи си ми два сабајле.
    Ете така ми дојде.
    А ти ми врати : „Исто.“
    Ти ми врати само „Исто“.
    Ко првпат да ме разбра
    иако стопати сум ти кажал што си ми ти мене во животот.
    Ко да ти е доволно да си ми толку.
    Само толку- ти во мисливе во два сабајле стално.
    Легната твојот лик осветлен од екранот на телефонот.
    Ѓоа од очиве мои.
    Ѓоа од срцево.
    Ете ти си ми мене два саат наутро.
    Само толку.
    Само толку.
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  6. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    Сетилни органи

    Осаменост, празнина, немир..

    Солзи, тага, болка..

    Чуство на загуба,
    без ништо изгубено.

    Нешто како да било таму,

    А сега го нема, недостига..

    Можеби има нешто одамна залутано

    од нашите срца, од нашите души.

    Како никогаш да не било дел од нас,

    Но сепак ни фали.

    Но, што би било тоа?

    Несебичноста на срцето,

    Топлината на душата,

    звукот на искрените пријателски насмевки,

    вкусот на љубовта,

    миризбата на безгрижност и среќа,

    погледите без предрасуди,

    неодобрувања, осудувања...

    Чуството на човечност.

    Изгледа сите сме ги изгубиле

    сетилните органи.
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    "I’m the kind of person who likes to be by himself. To put a finer point on it, I’m the type of person who doesn’t find it painful to be alone. I find spending an hour or two every day running alone, not speaking to anyone, as well as four or five hours alone at my desk, to be neither difficult nor boring. I’ve had this tendency ever since I was young, when, given a choice, I much preferred reading books on my own or concentrating on listening to music over being with someone else. I could always think of things to do by myself." - Haruki Murakami
     
    На Outlook, Ivy89, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „Има на два пати да ја има дури се смее да и ја ебам љубомората фпичка да и ја ебам! “-Дарко Лешоски

    Ќе си залепам на очниве капаци огледала
    Ќе си залепам на очниве капаци тенки огледала aко продолжи вака.
    Ќе одам на крајот на светот ако треба Господе и ќе најдам таков стаклар.
    Ќе замолам.
    Ќе си залепам на очниве капаци тенки огледала aко продолжи вака.
    Да не ми верува и да се мачи
    Да не ми верува и да се плаши.
    Да ја јаде со ликот мој змија дека јас не ја сакам.
    Змиите се плашат од огледала знаеш нели Господе?
    Знам дека знаеш - јас по мене знам!
    Ќе си залепам на очниве капаци Господе тенки огледала
    кога ми вели: Tе засакав Дарче јас многу те засакав - ми е страв!
    Да се види Господе.
    Да се види колку е убава.
    Долго затворени очиве јас пак пред неа да ги држам.
    Долго отворени спроти неа се дури не заборави дека стравот мој нејзин бил некогаш.
    Стравот кој сега е наш!
    Чуму ми се очиве без неа... ако таа не може да види како јас ја гледам.
    Чуму ми се нека ми истечат ако продолжи вака - ќе пробам ќе си залепам на очниве капаци огледала!
    Не е тоа љубомора нејзиното страв е за мене знам.
    Не е нервоза моето страв е за нејзе знам.
    Потреба е.
    Потреба е Господе ти не разбираш.
    Потреба е да си ги откопчаш градите како кошула и да речеш пикни ја главата?
    Гледаш ли некоја друга? Гледаш ли освен тебе таму друга некоја?
    Потреба е да му подадеш рака на оној кого најмногу го сакаш.
    Мир немаш.
    Мир немаш.
    Тенки огледала.
    Многу тенки огледала на очниве капаци.
    долго затворени пред неа очиве да ги држам!
    Кога се смее на два пати да ја има.
    Од срце кога неконтролирано ќе се насмее како пијано жениште на свадба
    - на два пати да ја има!
    И на очиве.
    И внатре во душава моја.
    Да грми Господе!
    Да грми љубовта моја низ вените нејзини молњи струја
    На два пати да ја има Господи!
    Има на два пати да ја има дури се смее да и ја ебам љубомората фпичка да и ја ебам!
    Ќе си залепам на очниве капаци тенки огледала па сега како ќе е така...
    Чуму ми се очиве без нејзе Господи... чуму ми се очиве без неа!
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  9. A.n.g.e.l.a.V

    A.n.g.e.l.a.V Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.402
    Пол:
    Женски
    6aabb1f0f6338816e6c0465589d25b73 - Copy.jpg
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    „Бегам како протерана од еден пекол во друг
    o зошто боговите ме натераа да го изливам нивниот гнев?
    Газам врз пепелта од нивните коски
    чувствувајќи го секој прободен меч,
    о зошто ја видов светлината на овој ден?
    Не побарав коси од растопено злато,
    нити смарагдни очи и тело како ленено платно
    Се родив од нечија страст во сон,
    да бидам кралица и слугинка,
    да носам тага во сечиј дом.
    Ги слушам во ноќта врисоците на сираците и вдовиците,
    го проколнуваат моето име за овој сторен грев..
    Ја молам смртта да ме понесе на дланки,
    не доведов ли доволно страдање на овој свет?
    Ова бегство во рајот по цена на дожд од стрели,
    и прегратките на саканиот за мирисот на челик и крв
    огнените ветрови доведоа гневни едра
    да ја вратат украдената чест на оној кој ме зароби прв.
    И низ вековите тие ќе го шепотат моето име,
    таа која распосла гробови зад петите,
    таа која остави крвави солзи во очите,
    таа која направи браќа да си зариваат ножеви во грбовите.
    Јас Божицата протерана од рајот,
    јас грешницата недостојна за пеколот,
    јас која се родив и умрев во рацете на љубениот.
    Сонцето веќе не сјае над моето небо,
    замолкнаа и гласовите на мечовите,
    ова тело кое ми е бесмртен дар
    веќе не е пехарот со вино во рацете на краловите.
    Молчам пред татковите порти,
    срамот е потежок и од сандак злато.
    Додека светлината не се претвори во мрак,
    и времето не се излее како песок низ прстите
    ќе бидам проколнувана, ќе бидам посакувана..
    Еј богови понесете ме на градите,
    еј кралови одведете ме на дланките,
    ќе ја вратам гордоста која ви ја украдов вас
    ќе живеам за денот кога вашиот гнев ќе згасне
    да ја освојам повторно љубовта на Спарта јас.“

    Колекција Митска поезија - „Таа поради чие лице испловија илјада бродови“
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    What Has Happened To Lulu?
    What has happened to Lulu, mother?
    What has happened to Lu?
    There's nothing in her bed but an old rag-doll
    And by its side a shoe.

    Why is her window wide, mother,
    The curtain flapping free,
    And only a circle on the dusty shelf
    Where her money-box used to be?

    Why do you turn your head, mother,
    And why do tear drops fall?
    And why do you crumple that note on the fire
    And say it is nothing at all?

    I woke to voices late last night,
    I heard an engine roar.
    Why do you tell me the things I heard
    Were a dream and nothing more?

    I heard somebody cry, mother,
    In anger or in pain,
    But now I ask you why, mother,
    You say it was a gust of rain.

    Why do you wander about as though
    You don't know what to do?
    What has happened to Lulu, mother?
    What has happened to Lu?
    Charles Causley

    ;(
     
    На Ivy89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Десанка Максимовиќ генерално ја сакам како поет, не знам дали смеам на оргинален јазик да пишувам (мислам дека сите сепак разбираат српски, а и не сум сигурна дали има превод :) ). Уживајте:

    Strepnja

    Ne, nemoj mi prići! Hoću izdaleka
    da volim i želim oka tvoja dva.
    Jer sreća je lepa samo dok se čeka,
    dok od sebe samo nagoveštaj da.

    Ne, nemoj mi prići! Ima više draži
    ova slatka strepnja, čekanje i stra'.
    Sve je mnogo lepše donde dok se traži,
    o čemu se samo tek po slutnji zna.

    Ne, nemoj mi prići! Našto to, i čemu?
    Izdaleka samo sve k'o zvezda sja;
    izdaleka samo divimo se svemu.

    Ne, nek' mi ne priđu oka tvoja dva.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    "There’s so much more to life than finding someone who will want you, or being sad over someone who doesn’t. There’s a lot of wonderful time to be spent discovering yourself without hoping someone will fall in love with you along the way, and it doesn't need to be painful or empty. You need to fill yourself up with love. Not anyone else. Become a whole being on your own. Go on adventures, fall asleep in the woods with friends, wander around the city at night, sit in a coffee shop on your own, write on bathroom stalls, leave notes in library books, dress up for yourself, give to others, smile a lot. Do all things with love, but don't romanticize life like you can’t survive without it. Live for yourself and be happy on your own. It isn’t any less beautiful, I promise." — Emery Allen

    :bow:
     
    На Marossa и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  14. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    "Брат му на Господ ќе ме спаси мене." - Дарко Лешоски :inlove:

    Многу мака ти ми даде.
    Многу.
    Душата ми ја изеде.
    А јас ти се смеев.
    Ѓоа имам уште.
    Ѓоа не боли.
    Ѓоа сум ладен.
    А ти...
    Ти : "Ни Господ не ти помага!"
    Ни Господ не може да те спаси тебе - ми рече.
    Тогаш: " Брат му " - ти реков.
    Ѓоа се знам со него.
    Ѓоа има некој и над Него посилен.
    Само да те имам.
    Само да дишеш ти покрај мене.
    Да знам дека си жива.
    И дека сум ти исто.
    Баш исто.
    Она што си ми ти.
    Она...
    Она бе...
    Она... Како вака како некако како да си ми онакво во мене
    без кое ништо на светов не ми вреди ако те немам тебе.
    Некогаш сакам да те лупнам нежно по грб.
    Да ти се насмеам и да ти викнам: Кај си бе пичко ипол еј!
    Како поветарец.
    Како се ќе виде во ред
    Како не те давам за ништо јас тебе
    Како мачорот Силвестер што го лупа бабата по цртаните,
    да излета од тебе душичето мое како жолто пиле кое сто пати си го проголтала ама не ти дава, брат му на Господ не ти дава да го изедеш.
    Како да ти следува.
    Како да си е твое.
    А е.
    Е.
    Јас не сум свој без тебе.
    Се молам пред кукла со раширени раце и стокмени нозе закачена на ѕидот од моето срце во распетие.
    Кукла од наше неродено дете. Брат му на Господ ќе ме спаси мене ако сакаш да знаеш!
    И уште ова: Мислиш јас сакам да те сакам?!
    Мислиш мене убаво ми е?!
    Не сакам.
    Кој ме прашува мене...
    Не сакам... Ама те сакам.
    Тоа е...
    Помири се!
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Блажени се рацете на свирачот
    што држејќи ја, ја милуваат,
    па со гудалото ја раздразнуваат
    да лее звуци што опијануваат

    Таа извајана нежност што болува
    таа кралица силно што војува
    таа душа што тажи
    таа раскошност што снажи.

    Со минење еднаш низ жиците
    мислите запираат,
    од очи солзи радосни навираат,
    умот се кочи
    во убавината бара почин.
    И тогаш срцето се разгорува,
    само тоа зборува

    И кога не се, заедно се
    секојпат виолинистот и таа нешто зборуваат
    заедно плачат и се љубат
    со страст и пламен другаруваат,
    а сите таа нежност ја чувствуваат.

    Од звуците излеани
    битието со возвишението ти се сретнува
    во срцето ружа ти расцветува
    во тебе убава мисла влетува.

    А кога тажиш со неа,
    таа убава ја прави и тагата
    ти пее оти нормална е
    и тежината во душата
    и во очите влагата.
    Таа буди,
    таа зачудува,
    таа жари,
    таа возбудува,
    таа облагородува,
    таа полудува,
    таа олеснува,
    таа возвишува,
    таа занесува,
    таа воскреснува,
    таа...
    Виолината.

    - Филип Димкоски (Божилак на исконот)

    https://www.facebook.com/mitko.ivanov.750/videos/907028532685621/
     
    На Someonespecial и Marossa им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Гитара

    Почнува да тажи
    гитарата.
    Се кршат чашките
    на зората.
    Почнува да тажи
    гитарата.
    Залудно ја замолчуваш
    Нема да молчи
    таа.
    Тажи монотона
    водите како што тажат
    ветројте како што тажат
    на снегот.
    Нема да замолчи
    таа.
    Тажи по далечини
    нешта.
    Песок на жешкиот југ
    камелии бели што бара.
    Стрелата без цел ја тажи.
    вечерта без утре.
    И првата птица
    на гранка
    Ох, гитаро!
    Срце рането
    со пет меча.

    Федерико Гарсија Лорка
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Најтажната песна - Пабло Неруда :inlove:

    Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.

    Да напишам, на пример: „Ноќта е ѕвездена,
    и треперат модрите ѕвезди во далечината“.

    Ноќниот ветер кружи по небото и пее.

    Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
    Ја сакав, а понекогаш и таа мене ме сакаше.

    Во ноќите како што е оваа таа беше во мојата прегратка.
    Колку пати ја бакнував под бесконечното небо.

    Ме сакаше, а понекогаш и јас ја сакав.
    Како да не ги сакам нејзините големи неподвижни очи.

    Вечерва би можел да ги напишам најтажните стихови.
    Да мислам дека ја нема. Да чувствувам дека сум ја загубил.

    Да ја слушам бесконечната ноќ, многу побесконечна без неа.
    А стихот паѓа врз душата како роса врз пасиштето.

    Што е важно дека мојата љубов не можеше да ја сочува.
    Ноќта е ѕвездена, таа не е со мене.

    Тоа е се. Во далечината некој пее. Во далечината.
    Мојата душа е незадоволна што ја загубила.

    Мојот поглед ја бара како да сака да ја доближи.
    Срцето мое ја бара, а таа не е со мене.

    Истата ноќ ги облекува во бело истите стебла.
    А ние од вчера, ние не сме повеќе истите.

    Повеќе не ја сакам, сигурно, но колку ја сакав.
    Мојот глас го бараше ветерот за да и го допре увото.

    На друг. Ќе припадне на друг. Како и пред моите бакнежи.
    Нејзиниот глас, нејзиното јасно тело. Нејзините бесконечни очи.

    Повеќе не ја сакам, сигурно, но можеби сепак ја сакам.
    Љубовта е толку кратка, а заборавот толку долг.

    Зашто во ноќите како што е оваа ја држев во својата прегратка,
    мојата душа е незадоволна што ја загубила.

    Макар што ова е последната болка што таа ми ја причинува,
    и овие стихови последни што за неа ги пишувам.
     
    На meeeery, 1209, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.625
    Ko si da si, nemoj razgledati
    po sobi tragove života.
    Stidim se pred tobom
    i tih knjiga i tih zelenkada,
    i sna iz koga sam se probudila,
    jer slutim da dolaziš iz sveta
    gde se cveće i knjige i ljubav zaboravlja.


    - Desanka Maksimović
     
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    За тебе љубов моја - Жак Превер

    Отидов на пазарот за птици
    и купив птица
    за тебе
    љубов моја.
    Отидов на пазарот за цвеќиња
    и купив цвеќе
    за тебе љубов моја.
    Отидов на пазарот за железо
    и купив окови
    за тебе љубов моја.
    Отидов на пазарот за робови
    и те барав тебе
    но не те најдов таму
    љубов моја.
     
    На 1209 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Marossa и x.Daisy.x им се допаѓа ова.