1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    “I've been making a list of the things they don't teach you at school. They don't teach you how to love somebody. They don't teach you how to be famous. They don't teach you how to be rich or how to be poor. They don't teach you how to walk away from someone you don't love any longer. They don't teach you how to know what's going on in someone else's mind. They don't teach you what to say to someone who's dying. They don't teach you anything worth knowing.”
    Neil Gaiman, The Sandman, Vol. 9: The Kindly Ones
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Меланхолија.Тоа е првиот збор што ми паѓа на ум кога ќе дојде есента,затоа што знам дека летото завршило.
    Во природата пејсажот е волшебен.Дрвјата кои претходно изгледаа толку слични,сега си ги возобновуваат личните карактеристики и ја бојат шумата во илјадници различни нијанси.Еден дел од циклусот на животот доаѓа до својот крај.Се ќе замине на починка со определен рок и повторно ќе се врати во живот напролет,во форма на цвеќиња.
    Нема подобар период од есента за да почне човек да ги заборава сите нешта што го измачуваат оставајќи ги да паѓаат небаре есенски лисја.Нема подобар период од овој за да се почне повторно да се танцува,докрај да се искористи секое зрнце сонце за да се стоплат телото и душата на неговите зраци,пред тоа да заспие и да стане само бледа светлина на небото.

    ПРЕЉУБА
    Пауло Коелјо
     
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Не сум читач на книги, сум се изјаснила повеќе пати, ама има некои дела кои ми оставиле огромен впечаток уште одамна. Еве едно од нив. :inlove:

    Canticum Canticorum

    Ja ne znam što si, sjena ili žena,
    Ja ne znam što si, radost ili tuga,
    Ja ne znam što si, oblak ili duga,
    Ja ne znam što si, žena ili sjena.

    U tvome oku, oku svetih muza,
    Sve strepi bezdan dubok kao grijeh,
    Sve drhti voćka crvena ko smijeh,
    U tvome oku blista vječna suza.

    Na raspućima - ko Ezekijela
    Prokletstvo žene što se nudi - stojiš,
    U zagrljaju tuđemu se znojiš,
    Ko psalam crna, kao ljiljan bijela.

    O, što si, reci! Đavo ili dijete?
    Što? Zagonetka ili odgonetka?
    Početak ti si mojega svršetka -
    Ko pčele misli oko tebe lete.

    Za zlatom samo tvoje srce teži,
    Ti - vražja kćeri skrletnog Sarona,
    Ljepota tvoja vrijedi miliona,
    A starac k tebi ko k Suzani bježi.

    Svježinu imaš, grki miris mora,
    Pod njedrom sfinge tajiš gnijezdo zmije,
    Ko herub tvoja putenost se smije,
    Kad srž mi ločeš vampirski ko mora.

    Kad gledam te nezasitnosti strasti,
    Taj goli smijeh što kao handžar draži,
    Taj hram što laž je digla podloj laži,
    Taj sram što dublje ne zna više pasti.

    Za štapom, bičem posižem ko jadnik,
    U žudnji da ti blato svile svučem,
    Pa da te mučim, pregazim, istučem,
    Ko kukavicu svoju pijan radnik.

    No snaga klone kad me kao pseto
    U bestidnosti svoga traga vodaš,
    I kad po srcu, srcu mome hodaš,
    I još se smiješ, gledajući sve to!

    Prokletstvo ti si mojih blagoslova,
    Ti blagoslov si mojih svih prokletstva,
    Ti posveta i cilj si svakog sredstva
    I ludi smiso moga ludog slova.

    Već dadoh tebi zdravlje i imetak,
    Ja sve ti dadoh: savjest koja stenje,
    Sa kesom dadoh dušu i poštenje,
    Pa kad te grlim, crn mi sviće petak.

    Ti ništa više ne možeš uzeti,
    razorila si mene poput rata,
    Ukaljala si me u stidu zlata,
    A sad mi, Kirko, ne daš ni umrijeti.

    Anatem’ na te, prokleta mi bila!
    Kad vidjeh nebo, vidio sam pak’o,
    Zbog tebe, žensko, prvi put sam plak’o,
    prokletstvo na te, tako si mi mila.

    I opet dođoh da me kao pseto
    Na paučini strasne čipke vodaš,
    Da gaziš moje, svoje srce prodaš,
    I zabavljaš se, gledajući sve to.

    Ja ne znam što si, žena il hijena,
    Ja ne znam što si, oblak ili duga,
    Ja ne znam što si, radost ili tuga,
    Ja ne znam što si, sjena il sirena.


    Antun Gustav Matoš
     
    На Someonespecial, Outlook, Abrakadabra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски

    "Ѓаволот памти кој колку сакал." Дарко Лешоски


    Кога почнав да се гледам со тебе толку ми беше страв.
    Дека ќе те изгубам.
    Дека ќе те разочарам.
    Дека ќе те немам.
    Кога бев мал ми беше страв од попска музика.
    Така ја викавме.
    Деца ко деца.
    Се повеќе ми тежеше ти.
    Ми тежеше ти и љубовта твоја.
    И дека не сум за тебе доволно чист и добар.
    Сонував свеќи и огледала и ти како ми ја даваш душата во магла.
    Ко во турска бања.
    Мокра ти беше косата.
    Најчистото нешто кое во животот сум го имал.
    Ми тежеше стравот.
    Дека може да заврши.
    Дека може да те немам.
    Врапчиња како ги засолнувам во дланкиве мои испукани сонував. Сино врапче кое во дланката го стегам од студот во сонот да го засолнам.
    И го угушував. Го угушував со стравот мој да не низ некој процеп од дланкиве му дува.
    Знаев што е тоа.
    Знаев проклет да сум со насолзени очи секое утро после тој сон се будев јас.
    Дека ти беше врапчето знаев.
    И дека стравот мој тебе ќе те угуши се плашев јас.
    Сега знаеш и зашто таков белег над срцето, на левата града дур сум жив ќе носам јас.
    И ми се скрши во мене нешто.
    На ѓаволот душата јас му ја продадов само тебе да те зачувам.
    Да ми каже како да се отплашам.
    Почнав од тебе да се одалечувам.
    Уште ме мачи несоница оттогаш.
    Правев се што ми беше најмногу страв.
    Сам се хипнотизирав.
    Сам си се оперирав.
    Сам лоботомија си сторив наживо ја.
    До три години се вратив.
    До три се вратив кога имав повеќе не успеав.
    Се затворав сам во темница со гласна православна музика ушните тапанчиња да ми ги испука.
    Сегде околу мене ставав огледала.
    За да се мразам уште повеќе.
    Си го дував егото како балон за да го пукнам со игла после наеднаш.
    Не можев да ти зборувам - онемував кога те гледав.
    Сакав да те разочарам
    Сакав да те разочарам за да знам дека ти ќе бидеш од стравот мој посилна и дека нема да биде така
    И дека нема да биде така.
    Решив преку мене и тебе да те искушам
    Чат пат ти знаеше ако ја заборавев влезната врата отклучена да ме начекаш во мојата темна спална со слушалки и гласна црковна музика на подот легнат и мислеше дека така се одморам.
    Така еднаш те излажав.
    Стравот.
    Стравот.
    Дека ќе те изгубам.
    Дека ќе те разочарам.
    Дека ќе те немам.
    Почна на душава моја како дупче од жар од цигара на бела маица.
    А јас ја ширев со прст дупката.
    Си ја черечев со темнина и кажи прст раната.
    Стравот раснеше во мене како црнилото над небо, се ширеше секој ден негде у пизду материна како вселената.
    Кај истекува? Кај оди од човека радоста кога венее? Во што ја претвора тој страв? Та и мачките имаат милост. Оставаат по некое ковче колку за спомен од рибата која ја изеле.
    А ја си ја искинав душата ја како маица.
    И сега ми студи.
    Ми студи мене без душа
    А ти штом ме виде дека сум гол
    Не ме гушна.
    Не ме гушна.
    Ти мене не ме гушна.
    Нит сакам јас нешто човечко нит се надевам оттогаш.
    Нит од смрт се плашам.
    Ами ја само на ѓаволот се надевам.
    На ѓаволот се надевам јас.
    На ѓаволот на кој душата му ја продадов за да престанам да се плашам дека ќе те изгубам.
    Му погледнав во зеницата.
    Кога ќе ти стане раната доволно длабока да можеш да нурнеш во неа ти нема да се плашиш дали животот ќе те удави навистина.
    Ти беше најубавото нешто кое ми се случило мене, а јас повеќе од ништо на светов не се плашам, штом тебе те немам.
    Некогаш пишувам.
    Тоа ми го даде ѓаволот мене место бистро езеро, место душа за возврат. Еден црн коњ во мене да лута.
    Некогаш пак слушам таква музика.
    Кога ќе ти стане раната доволно длабока да можеш да нурнеш во неа ти нема да се плашиш дали животот ќе те удави навистина.
    Доле беше темно исто како во гробот.
    Долу на дното кај мене во душата тогаш.
    Сега јас на ѓаволот тоа езеро му го поклонав.
    Сега на ѓаволот само јас се надевам.
    Ѓаволот знае.
    Ѓаволот памти кој колку некого сакал.
    Вашиот Господ проштева и сите ги сака.
    Сите ги сака - јас не можев и не сакав со никого да те делам.
    Јас умирав при самата помисла
    Јас умирав стопати дневно при самата помисла дека некогаш може да те немам!
    И ете те немам.
    Ама ѓаволот и памти и знае и тој да сака.
    Ама само оние кои тој ќе ги избере.
    Како ти мене што ме избра.
    Како јас што те избрав некогаш.
    Ѓаволот знае да наградува како никој од вас луѓето никогаш нема.
    И не сакам ништо човечко.
    После тебе не сакам ништо човечко јас.
    Не плаши се!
    Нурни и ти кај тебе во раната!
    Нурни!
    Таму ќе те чекам.
    Ќе те чекам да ти раскажам една приказна која никогаш не ти ја кажав
    "Вие ни воз немате ни една обична пруга немат освен вода таму кај вас од што се сте катиљи и ни Господ вас Вевчани не ве сака!" -ти знеше да кажеш некогаш во лутина, а јас стално ти премолчував.
    А јас не ти кажав
    А јас ете не ти кажав
    Никогаш не ти кажав дека
    имало порано железничка пруга и до Струга и до Охрид.
    Сега кај што нема.
    Низ полињата живеел некој многу убав див коњ
    Низ полињата кај што тој трчал таа поминувала.
    Само деца можеле да го јаваат.
    Возрасните ги клоцал.
    Спиел на планина.
    И велат се плашел само од локомотивата.
    Споулавувал кога ќе ја слушнел.
    Бегал и врискал.
    Еден ден дури децата си играле списнала локомотивата во далечината.
    И ете го коњот почнал да трча во кас по пругата.
    Како забрзувала таа така тој забрзувал
    така пукале штица по штица
    талпа по талпа под нозете негови низ пругата.
    Не пиштел.
    Некои велат плачел.
    Некои велат се смеел други велат немало врска мумлал ко да потпева
    Старци се сега тие деца не знаеш на кој да му веруваш и како ги држи паметта.
    Се затрчал коњот и се треснал во неа.
    Го превртил пола воз велат.
    Од ѓаволот бил тој коњ велат.
    Само оние со чиста душа смееле освен него да го јаваат.
    Му распрскало на сите страни и телото и главата.
    Само потковица велат една од тој чудесен коњ останала.
    На влезот на срцето мое,
    ко украс на портата дрвена закачена.
    Страв се викал коњот.
    Страв.
    Ѓаволот памти кој колку сакал.
     
  5. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „Со друг ќе ме гледаш“ - Ана Бунтеска


    Со друг ќе ме гледаш
    ќе те боли мојата насмевка
    и раката негова околу половинава
    ќе те болат очиве што ќе светат
    и телово што накај неговото навалено ќе е
    е тогаш ќе посакаш очи да немаш
    ниту слух за да не чуеш дека сум те преболела
    дека ете, сум те заборавила
    и сеќавањата на тебе ми се како некој стар филм
    кој на младост сум го изгледала
    а ти
    ти со друг ќе ме гледаш
    оти чоек не се држи насила
    ниту насила љубовта му се зема
    без ронка милост да му дадеш
    оти чоек не се крепи со ветувања и лаги
    ниту со грубост како камшик по кожа му се мава
    чоек се чува
    се чува како дете да чуваш
    како капка вода на дланка
    како зеница в око
    се чува како себе што се чуваш
    ни појќе ниту помалку од тоа
    оти се’ друго е ветар и магла
    ќе однеси во заборав
    ќе оддува
    ќе сокрие
    и не ќе го имаш појќе
    чоек се чува, ме слушаш ли?
    оти ако не знаеш како
    и ако не умееш нежен да си
    ќе го пуштиш
    со милост ќе го пуштиш
    со љубов
    и насмев
    со галење и грижа
    ако кадарен не си љубов да дадеш
    не ја земај
    не ја кради, оти твоја не е
    за тебе не била пишана да е
    ете затоа те отсакав
    и затоа на душава по тебе што виеше
    40 дена ќе и’ извадам
    и некогаш, ама само некогаш
    на гробот на нашата љубов суво цвеќе ќе однесам
    а ти
    ти со друг ќе ме гледаш
     
    На Ivy89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    А потоа,одненадеж,без каква и да е причина,ќе застанам под тушот и почнувам да ронам солзи. Таму можам да плачам затоа што нема никој кој би го слушнал моето липање или би ми го поставил прашањето што најмногу го мразам "Дали си добро ?"
    Да,зошто не би била? Има ли нешто што не е во ред со мојот живот? Не,ништо.
    Само ноќите што ме исполнуваат со ужас. Деновите за кои не можам да сум возбудена. Среќните слики од минатото и нештата кои можеле да бидат,ама не биле.
    Копнежот по авантура никогаш задоволен.
    ПРЕЉУБА
    Пауло Коелјо
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „Ѓоа ќебе ми е душава срнче... само твое топло ќебенце.
    Само твое...само твое мајке им га набијеш ти на сите!“ - Дарко Лешоски


    Проклество тоа сум ти јас
    многу повеќе отколку што мислиш мене ми е жал и за мене и за тебе.
    Многу повеќе и од тебе и другарките и од најблиските
    Мене ми е жал што сум ти проклетство јас тебе
    Што можеш да сакаш други,
    да посакуваш други,
    што знаеш да си и среќна дури ти со тие други
    дури пиеш кафе
    дури зборуваш
    дури чекориш
    дури покрај нив се будиш
    дури јадеш
    дури се ебеш...ама кога се ќе пропадне, а пропаѓа во оваа земја тоа се од ден на ден
    ти се појавувам јас знам
    ѓоа не сум одовде или од овој свет
    ѓоа ќе те однесам негде никаде
    и затвораш очи и само јас сум ти,
    ко да ми е истетовиран ликот мој кај тебе под капаците.
    И се впиваш во споменот за мене како во топло ќебе.
    Проклество тоа сум ти јас знам,
    и многу повеќе отколку што мислиш мене ми е жал за тебе.
    Сакам да знаеш!
    Сакам да знаеш дека во тие мигови кога ти се крши душичката
    каде и да сум
    со кого и да сум
    мене ми се намовнуваат влакната по рацеве.
    Ѓоа ќебе ми е душава и создаваш електрицитет дури се триеш та реагираат рацеве,
    Ѓоа ќебе ми е душава срнче... само твое топло ќебенце.
    Само твое.
    Само твое мајке им га набијеш ти на сите!
    Се впиваш.
    Ти иде да плачеш, ама се смееш!
    Љута си!
    И на мене и на себе и на судбините наши кои ни се држат негде за раце да успееме.
    И на Господ
    И на ѓаволот
    И на Свети Јебем
    Ѓоа ќебе ми е душава срнче се впиваш... ми се намовнуваат влакната на рацеве каде и да сум во тој момент.
    само твое топло ќебенце.
    Само твое!
    Само твое!
     
  8. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    ,,I will have poetry in my life. And adventure. And love. Love above all. No... not the artful postures of love, not playful and poetical games of love for the amusement of an evening, but love that...overthrows life.
    Unbiddable, ungovernable - like a riot in the heart, and nothing to be done, come ruin or rapture.
    Love - like there has never been in a play.:l:


    Shakespeare in love.
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    "Someone asked me
    to describe home
    and I started talking about your hair color
    and the sound of your voice
    and the taste of your lips
    and how your skin feels like
    until i realized
    they had expected to hear a place"

    — Daria M.
     
    На marama, eliesaab и 1209 им се допаѓа ова.
  10. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Гитара

    Почнува да тажи
    гитарата.
    Се кршат чашките
    на зората.
    Почнува да тажи
    гитарата.
    Залудно ја замолчуваш
    Нема да молчи
    таа.
    Тажи монотона
    водите како што тажат
    ветројте како што тажат
    на снегот.
    Нема да замолчи
    таа.
    Тажи по далечни
    нешта.
    Песок на жешкиот југ
    камелии бели што бара.
    Стрелата без цел ја тажи.
    вечерта без утре.
    И првата птица
    на гранка
    Ох, гитаро!
    Срце рането
    со пет меча.

    Фредерико Гарсија Лорка
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Извадок од книгата „ Пророкот '' на Калил Џибран, а книгава ми една од омилените.


    Пророкот за Радоста и Тагата:

    Вашата радост е вашата тага разоткриена.
    И самиот извор од кој вашата смеа извира, честопати со вашите солзи е исполнет.
    А како поинаку може да биде ?
    Колку подлабоко тагата копа во вашето битие, толку повеќе радост во него може да собере.
    Не е ли стомната што го држи вашто вино истиот сад согорен во фурната на грнчарот ?
    И не е ли флејтата што го ублажува вашиот дух истото дрво што било продупчено со сврдли ?
    Кога сте радосни, погледајте подлабоко во вашето срце и ќе најдете дека тоа ви ја дало тагата што ви дава радост. Кога сте исполнети со тага, погледнете повторно во вашето срце и ќе видите дека вие навистина плачете за она што радост ви било.

    Некои велат „ Радоста е посилна од тагата”, а други велат , „Не, тагата е поголема.’’
    Но, ви велам, тие се неразделни.
    Заедно тие доаѓаат, и кога едната седне само со вас на вашата трпеза, сетете се дека другата е заспана во вашата постела.

    Навистина вие сте затегнати како кантар меѓу вашата тага и вашата радост.
    Само кога сте празни смирени вие сте во рамнотежа.
    Кога чуварот на трезорот ве подигне да го измери своето злато и сребро, мора вашата тага или вашата радост да пораснат или спаднат.


    Нешто околу љубовта од Пророкот:


    Љубете се едно со друго, но не правете синџири од љубовта.
    Подобро нека биде немирно море меѓу бреговите на вашите души.
    Налевајте си чаши едно на друго, но не пијте од истата чаша.

    Дајте си еден на друг од својот леб, но не јадете од ист залак.
    Пејте и играјте заедно и радувате се, ама секој од вас нека собере сили да биде и сам,
    Како што се жиците на флаутата сами иако треперат со истата музика.

    Подадете ги своите срца, но не едно на друго на посед.
    Бидејќи само раката на Животот може да ги опфати вашите срца.
    И стојте заедно, но не преблиску.
    Бидејќи и столбовите на храмот стојат одвоени,
    а дабот и кипрасот не си растат во сенка еден на друг.

    ---------------------------------------------------------------------------------------
    Ееее, ама сум се распишала ! :$
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    "The idea behind a kaleidoscope is that it’s a structure that’s filled with broken bits and pieces, and somehow if you can look through them, you still see something beautiful. And I feel like we are all that way a little bit."

    - Sara Bareilles

    Колку убаво кажано :inlove:
     
    На Someonespecial, 1209 и Waka-waka им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Two eyes
    I gazed at her so much,
    As much as one could be gazed at.
    But still, with two eyes,
    How much can one gaze after all ?
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    "When I force myself to drop my hands, he's staring at me. I really have never been looked at the way he looks at me, with that glint of mischief in his stare, sexy, dark and deep, roiling with the most exquisite promises."
    "Manwhore" Katy Evans
     
  15. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски

    "Твоето дали си нормален дали си нормален значи те сакам."- Дарко Лешоски


    Не ми ја оставај љубовта да чека.
    Не ми ја оставај љубовта како чај да се подизлади малце - испиј ја, ништо нема да ти се случи ти ветувам!
    Не ми ја оставај љубовта да те чека не си ти ни Јованка Броз ни Ким Кардашијан ни Силвија Плат ни Никол Кидман - ти сакам да си ми девојка, а тоа има многу повеќе работа, фати се за работа!
    Отпозади планината на судбината моја, душата до тебе ми дошла , не ми ја оставај душата да ми чека имај исаф триста рала чевли искинала, не ми ја оставај љубовта да чека!
    Срцето ми е и чекан и ластовичка.
    Железен кафез ми се ребрата.
    Кључот ми е во подочњациве дури се мислам што да ти пишам и бришам веднаш потоа,
    под нив, под нив ко под чергичка ми е клучот - погледни ме и фати ме за рака.
    Не ми ја оставај љубовта да чека не сум за седење јас на овој свет - на екскурзија сме преку Свети Петар, ангели и луѓе - студенска размена.
    Не ми ја оставај љубовта да те чека.
    Кога ќе ми поминеш несакајќи со прстите низ косава за чао кога ме гушкаш - мене несвено ми се дига, ко на никоја...
    Многу скоро ти може ќе почнеш да ми ја ставаш раката на она место, а мене ќе ми се дига косата наместо тоа ако продолжиш да се однесуваш така.
    Не ми ја оставај љубовта да те чека.
    Не ме оставај да станам монах кој ништо повеќе не чуствува.
    Не ми ја оставај љубовта да те чека како мачка на која и е сеедно дали си дошла или не дома.
    Не ми ја оставај љубовта да те чека како стара курва, која ќе ти шепне: Убаво ли ти е?!
    Која ќе ти се насмевне.
    "Го стави ли?"
    "Влезе ли?"
    А таа ништо не чуствува.
    Ништо повеќе не чувствува.
    Не ми ја оставај љубовта да те чека.
    Жити тебе...Ми е жал!
    Ми е жал.
    Никој не излегол на крај, па ни јас со неа.
    Не ми ја оставај љубовта да те чека.
    Ти рече: Ако треба да сме заедно ако ни е судено да сме заедно ќе сме што има тука нејасно ја не знам, остај малце време, дај ни малку време Дарко и мене и тебе да видиме кај сме и што ни се случува!
    И јас ти се насмеав и си рековме чао и нит ти нит јас те побарав.
    Ти рече: Не знам не знам не знам и се смееше ниедно време во ноќта после месец дена кога ти се јавив пијан и викав: кај кој судија е предметот? Кај кој судија е предметот што треба да одлучи дали ни е судено нас двајцата кажи ми да му кажам на таксистов адреса - сега ќе му ебеме мајката!
    Само кажи!
    Само кажи ми адреса!
    Се смееше и такстистот и ти се смееше!
    И љубовта моја се смееше.
    И велеше во мене:
    Така!
    Само така!
    Само така!
    Само не ме оставај да чекам пошто нема!
    Нема!
    Нема разбираш?!
    Нема!
    Добро дали си нормален? Дали си нормален ти викаше со смеење.
    И јас ти се појавив на врата.
    Зошто мене после еден куп време ми стана јасно дека ти така викаш те сакам.
    Твоето дали си нормален дали си нормален е те сакам.
     
  16. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    ''It's easy to love God. It's easy to love Jesus. It's easy to pray for the heathen African ten thousand miles from the house where you live. It's hard to call a lousy tramp your brother and set him down at your table.''


    Melvin Tolson (1900–1966), U.S. poet and teacher


    ''The majority is never right. Never, I tell you! That's one of these lies in society that no free and intelligent man can help rebelling against. Who are the people that make up the biggest proportion of the population -- the intelligent ones or the fools?''

    HENRIK IBSEN, An Enemy of the People
     
    Последна измена: 30 ноември 2015
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    „Не се согласувам многу со даноците, предлагам држава без даноци, каде што моите родители нема да се убиваат од работа за некои принцови што пушат и си имаат свои апартмани и телефонски броеви во време кога работите не се баш толку едноставни. Како и да е, како што реков, економската ситуација во земјава е категорично заебана…“

    Извадок од книгата Бело-црвен свет од Дорота Масловска
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Crazy ball

    Crazy ball Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Има ли некој состав за Св. Никола?
    -благодарам однапред
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    Kad je najcrnje, onda SIJAJ

    I nije bitno da li ti suze teku ili ti dolaze ideje o bespomoćnosti ili besmisla u tome šta sada radiš ili u osvrtu na ono što si sa nekim gradio. Mrak koji dolazi je samo iluzija. To bi bilo jako dobro što pre da shvatiš. Uradi šta je potrebno kako bi napravio sada i odmah razliku između tog energetskog mulja u kojem se valjaš i lakoće postojanja u svetlosti novog izbora. Izbora da budeš čista ljubav bez obzira na sve.

    Teško ti je? I to je izgovor da uništavaš svoj život i da se bahato ponašaš prema životnim blagoslovima? Nešto nije po tvojoj volji pa ti usta nekontrolisano brbljaju besom stvorene reči, koje bez cenzure prelaze preko tvojih usana? Preko tih istih usana koje znaju da mole, koje znaju da kažu hvala, koje znaju da ljube i da vole?

    Koja je to slepoća uma koja te je zadesila kada se tako lako predaješ? Koje su to sile u okruženju koje te kao okovi vuku u podzemlje tvog postojanja? Kako li racionalizuješ bes koji je generisao destruktivno ponašanje kojim povređuješ i sebe i druge? Šta ti se to dogodilo? Kako sebe ubeđuješ da je opravdano ovo ponašanje ili čak da je jedino moguće uzimajući u obzir sve životne okolnosti?

    Kako si sebe uspeo da ubediš da je agresija rešenje ili još gore da zapravo ni ne postoji rešenje te tako bes postaje stil života, jedini opravdan, jedini vibraciono usklađen sa razočarenjem tvog uma?

    Šta god da ti se desilo, još uvek si živ! Zahvali se najpre za to! Dato ti je da spoznaš sebe, a mrzi te da se pokreneš? Da sebi kažeš DOSTA JE sa sabotirajućim ponašanjem i sa sažaljenjem sebe? Sviđa ti se dobit koju imaš? Sviđa ti se da se i drugi oko tebe osećaju jadno poput tebe samo zato što tvoje frustracije ne želiš da prevaziđeš? I onda svi treba da TEBE razumeju i da se tvojim sklonostima prilagođavaju.

    Dokle više?!? Osvesti se i ojačaj! Skini te odbrambene izraze sa lica, odbaci zaštitu i skloni se od onog što te uvlači u dublji mrak! Šta čekaš? Ko će umesto tebe doći i unaprediti tvoj život? Ko može da ti promeni misli i životne navike? Ko može za tebe da zamisli svetliju budućnost? Ko može umesto tebe da se pokrene i zapravo uradi nešto korisno za druge, umesto što sediš i žališ nad svojom sudbinom?

    Imaš neke dijagnoze iza kojih se kriješ? Mentalna, fizička, emocionalna stanja koja te u tvojim očima pravdaju?

    Još uvek nisi dovoljno dobar za nešto, plašiš se da budeš svetlost da ne bi izneverio porodicu ili prijatelje koji te podsećaju da si bezvredan? Vreme je da stvoriš nova prijateljstva i novu porodicu. Najpre u svojoj glavi. A onda da shvatiš da svakodnevno moraš da IZABEREŠ svetlu stranu života SVAKI put kada ti naiđe mrak.

    Ni jedna ti više tehnika ne treba, ničije mišljenje, ni jedan kurs. Ništa. I onako ne primenjuješ. Ponese te vibracija i padneš za par dana. Zar si toliko slab?

    Zar si poverovao u ideju da ZAISTA nešto ne možeš? Zar si zaboravio da si rezultat Stvaralačke Inteligencije koja svetove stvara? Zašto misliš da si manje savršen od bilo koje uzvišene kreacije u ovom svetu?

    Preseci sve te uzaludne misli i prekini već jednom sa svojim sebičnim ponašanjem.

    Život ti je dat da ga živiš sa ZAHVALNOŠĆU. Diži glavu, razvuci osmeh, ispravi se i uradi nešto sa svojim životom.

    Za početak, prekini da samog sebe saplićeš redovno i život će uraditi ostalo.

    Tako je jednostavno.

    Samo je pitanje šta ćeš da odabereš.

    Namaste.

    [​IMG]
     
    На LiberianGirl_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.738
    Пол:
    Женски
    'You're different with me than anyone'
    'Because of the 'fragile, handle with care' sign you wear'

    'Manwhore #1' Katy Evans
     
    Последна измена: 20 декември 2015