1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Седма молитва на моето тело

    Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна
    и сите твои слатки измами ги знам.
    Дали оваа игра денеска толку ми стежна
    па пред тебе до болка и јас се разголувам.
    Ти знаеш - на ова место нема никаква трага,
    ни хисник овде ни ѕвер некаков мине.
    Биди милозлива, биди дарежлива и блага
    со ова тело од чекање што гине.
    Ова тело личи на жедна суводолица
    поцрнета од сонце, испукана од жега.
    Ова тело е истрајно и гладно како јаловица.
    Биди му родилка, зачни го повторно сега.

    Ацо Шопов
     
    На crazyinlove19, Ketchup и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „Што работа имаш мори?!
    Ти за цел живот си завршила работа со тоа што ми се свиѓаш!“ - Дарко Лешоски


    Пред некој ден сестра ми ме праша што гледам во тебе
    и зашто ниедна друга освен тебе не успеала да ми го земе срцето в раце како што треба.
    Зошто само тебе се ти попуштам, простувам и пак ти се враќам
    зошто се друго имам испогането освен тебе
    зошто баш ти, иако не си ни ти цвеќе за мирисање ко мене, - баш така ѓубрето мало ми кажа
    зошто само тебе срцето мое не те изгребало како мало улично смрдливо маче кое пробуваш да го погалиш покрај некој контејнер на улица - оти освен да ги отфрлам од себе и да се понашам ко кретен со сите кои стварно ме сакаат ја друго не сум знаел ми рече - отсекогаш било така.
    Зошто срцето мое не те изгребало само и само тебе
    зошто срцето мое коњ со вибратор на глава еднорог што се замишља тебе не те клоцнал
    и како
    како само во твоите раце стои мирно и ти дозволува да го чешкаш под грклан онаму каде никој не сум оставил ниедна пред тебе да ме допре
    А јас само се насмеав дури мешав во шпагетите
    И кажав само подај ми ја солта оттаму ако сакаш,
    и кажав како се мајка ти и татко ти сте слушнати денеска?
    И пробав да ја замајам дури ја слушав како се смее сестра ми потпрена на шанкот и повторува: кажи сега, кажи сега ...
    и кога видов дека не можам да ја сменам темата и кажав дека после толку време ти ја приметив онаа насмевка која само ти ја имаш
    станав свесен
    ете и мене пред некое време и после толку време ко да ми текна зошто те сакам
    И кажав за онаа насмевка која само ти ја имаш
    Онаа насмевка oткога ќе ме изнервираш и ќе ми се стемни што ми го осветлува ликов ко Дубровник во јули полна месечина
    окото што ми го полни живо мило сребро ко полна месечина што се огледува на делфинова кожа
    Онаа твоја насмевка откога ќе ме изнервираш што ми ја пушташ
    Онаа насмевка откога ќе ми свикаш : „Остави ме сега имам работа знаеш колку работа имам!“
    , а мене ќе ми излета: „Што работа имаш мори? Ти за цел живот си завршила работа со тоа што ми се свиѓаш! Што работа имаш ај кажи што работа имаш?“
    Онаа твоја насмевка која и преку телефон можам да ти ја видам.
    Koга ќе ми омекнеш в раце.
    Кога ќе ти омекнам в раце.
    Кога за миг ќе се насмееш и ќе изустиш тивко: Т`кааа? – ете таа насмевка
    Заради таа насмевка.
    Зошто знаеш дека е така.
    Дека те сакам.
    И дека ми се свиѓаш.
    А ни Така не го доизговараш, вака кога ќе помислам.
    Т`каа? велиш.
    Т`кааааа?
    Заради онаа твоја насмевка која те прави од се на светот поубава
    Онаа твоја насмевка која те прави од се на светот поубава и ме тера на миг да заборавам колку си луда.
    Онаа твоја насмевка за која разумот ми вели „како ќе ја истрпиме оваа цел живот, гледаш дека е болесна брате, скроз болесна!“, а срцето „уште!“
    „Уште сакам!“
    Смеј се!
    Уште!
    Уште!
    Уште сакам!“
    Ете затоа нема да има лоша крв меѓу мене и неа, како меѓу мене и тебе што не смее и никогаш нема да има.
    Подај ми ја солта и реков на сестра ми и бегај сега не ме гушкај.
    Бегај сега не ме гушкај - дај солта и реков на сестра ми откога ме праша зошто те сакам и кажав.
    Дури варев шпагети.
    Што знам јас тоа само знам.
    Едни шпагети да сварам и да ги повредувам оние што ме сакаат.
    Извини за сите мои повредувања ама па стварно ти ти ...
    ти за цел живот си завршила работа со тоа што ми се свиѓаш!
    Т`кааа?!
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sandra01

    sandra01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2016
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    12289465_768978863228651_2742781640575013560_n.jpg
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    „Ако не си ти“ - Петре М. Андреевски

    Доближи се слико на светот од едниот
    до другиот крај
    и по бојата на твојот фустан ќе погодам
    како ќе изгледа времето.
    Инаку во чија глава би ме темнело
    и во чија соба би ме разденувало,
    ако не си ти.
    Зборот мој го внесува поголемиот простор
    во помалиот
    и јас постојам само онаму кај што и ти постоиш.
    Оти никогаш досега не сум поминал
    онаму кај што ти не си била. Затоа не знам
    кого би го мразел и кого би го сакал, ако не си ти.
    Навечер ја вадам мојата куќа од твојата куќа
    и светлото на инсектот од незнајните гласови
    што ги 'рѓосуваат машините во пчелите.
    И пак не знам каква ракија би пиел
    и кој со мојот сон би спиел,
    ако не си ти.
    Што не може да каже земјата му го порачува
    на растението,
    додека јас со туѓо лице те пронаоѓам,
    а со твоето те губам. И додека насекаде
    се распрашувам
    на кој крај од светот
    би се разминувале денот и ноќта,
    ако не си ти.
    Доближи се како цветот што има корен на небото
    и по бојата на твојата уста ќе погодам
    во кој овошен плод ќе заврши летото.
    Инаку кој дури зборува ќе го отвора кафезот
    за да ја пушти птицата што го збогатува воздухот,
    ако не си ти.
     
    На shekerna, Ginger^, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    The Misty Flip

    I marvel at the way your lips move, as mine do.
    And in their waves, I am moved in ways
    I couldn’t yet accrue to anything I could do, nor feel, nor lose;

    Never having known such gushing with such ease,
    a comfort; yet somehow, new.

    For when your hand finds mine, my love,
    my mind goes into rhymes of fantasy, and raptures
    of some kind take over, and how!

    So wild and wilder, the fact that it’s here,
    and all my whiles are lighter with you...

    I fear almost, the crash I could feel in time,
    for this is already unreal,
    A space I see so clearly, somehow,
    A place still sublime, still surreal.

    Now should I even broach the light in your eyes?
    It’s blazing, I’m captivated, blinded, sometimes.

    And if I touch upon the beats you add to my heart...
    Perhaps I should quickly go back to the start.

    And so I marvel at the way that your lips move with mine,
    only to feel those beats doubled in time.

    And I am back to the feeling I felt quickly; deep.
    I can’t escape from this moment for a moment.

    The same climb has seemed so steep before;
    revisiting strangers made me weak, and worn.
    Now, it’s beauty upon pleasure in store,
    or so (magical) it seems;

    And things may break, else split at the seams.
    But these somersaults in the pit of my being tell me the same thing: The stars I’m seeing are reflected in your eyes.

    My light, see, can’t be, save in your smile.
    If only the right words would come to mind!

    Articulation fails me in my fantastic wiles of when you and I
    were in throes of a kind, and you were inside me and suddenly
    all that binds reason, and this world, unfolded, and a flame somewhere was emboldened into lighting up fireworks, where your lips stained me like wine, and then, something simply exploded.

    The way your lips move with mine?
    Just one marvel over which i’ve pined.

    The others you've showed me, I have never known.
    The way you have moved me, only fantasies have shown,
    and maybe your eyes, they tell me a story,
    and perhaps your voice, it clears up my blurry.

    Your light couldn’t have more brightly shone...
    This spark, it seems, won’t put out in a hurry.

    Aastha Bhardwaj
     
    На Ginger^, Lella, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.332
    Пол:
    Женски
    ЗАБОРАВИ
    Заборави за момент на се.
    Заборави на времето,
    заборави ги правилата.
    Ќе ја почувствуваш
    светлината на мракот,
    мудроста на незнаењето,
    бистрината на маглата.
    Тогаш,
    и болките се безболни.
    Се распрснуваат низ просторот
    ослободени од рамките во душата.
    Избриши ја
    линијата на хоризонтот,
    и освои го бескрајот.
    Сруши ги границите на патот
    кон безграничната среќа.
    Едноставно - заборави се!
     
    На Jean-Baptiste, kolumnistot, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    “I can believe things that are true and things that aren't true and I can believe things where nobody knows if they're true or not.

    I can believe in Santa Claus and the Easter Bunny and the Beatles and Marilyn Monroe and Elvis and Mister Ed. Listen - I believe that people are perfectable, that knowledge is infinite, that the world is run by secret banking cartels and is visited by aliens on a regular basis, nice ones that look like wrinkled lemurs and bad ones who mutilate cattle and want our water and our women.

    I believe that the future sucks and I believe that the future rocks and I believe that one day White Buffalo Woman is going to come back and kick everyone's ass. I believe that all men are just overgrown boys with deep problems communicating and that the decline in good sex in America is coincident with the decline in drive-in movie theaters from state to state.

    I believe that all politicians are unprincipled crooks and I still believe that they are better than the alternative. I believe that California is going to sink into the sea when the big one comes, while Florida is going to dissolve into madness and alligators and toxic waste.

    I believe that antibacterial soap is destroying our resistance to dirt and disease so that one day we'll all be wiped out by the common cold like martians in War of the Worlds.

    I believe that the greatest poets of the last century were Edith Sitwell and Don Marquis, that jade is dried dragon sperm, and that thousands of years ago in a former life I was a one-armed Siberian shaman.

    I believe that mankind's destiny lies in the stars. I believe that candy really did taste better when I was a kid, that it's aerodynamically impossible for a bumble bee to fly, that light is a wave and a particle, that there's a cat in a box somewhere who's alive and dead at the same time (although if they don't ever open the box to feed it it'll eventually just be two different kinds of dead), and that there are stars in the universe billions of years older than the universe itself.

    I believe in a personal god who cares about me and worries and oversees everything I do. I believe in an impersonal god who set the universe in motion and went off to hang with her girlfriends and doesn't even know that I'm alive. I believe in an empty and godless universe of causal chaos, background noise, and sheer blind luck.

    I believe that anyone who says sex is overrated just hasn't done it properly. I believe that anyone who claims to know what's going on will lie about the little things too.

    I believe in absolute honesty and sensible social lies. I believe in a woman's right to choose, a baby's right to live, that while all human life is sacred there's nothing wrong with the death penalty if you can trust the legal system implicitly, and that no one but a moron would ever trust the legal system.

    I believe that life is a game, that life is a cruel joke, and that life is what happens when you're alive and that you might as well lie back and enjoy it.”
    Neil Gaiman, American Gods
     
    На Ginger^ и Ketchup им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Пред пар месеци ми текна да ја побарам пак. Не можев да се сетам како беше, а сакав некому да му ја пратам:D немам запишано од каде ми е, кој е авторот..од кај сум ја ископала.. од блог е знам, или некој си форум.... Ама, си ја најдов во мислењата... Како се чувствувате од 10 април 2012г.:D

    За атер на денот..:D:D

    Лепото моја лепотице најлепша
    лепотушко лепа и лепљива...
    љубавна моја љубјена, љупкаста
    љуљушкаста, док ме љубиш...
    и љубичаста!
     
    На crazyinlove19, julie77 и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. Херкул

    Херкул Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    1.295
    Пол:
    Машки
    Јас знам дека постои, мора да постои,
    насмевка што душа грее,
    поглед што тело затреперува,
    глас што душа милува,
    прегратка во која среќен умираш.
     
    На eliesaab, Libera, honey.11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    "Do you ever wonder how much you exist in other people’s lives? I’m always curious if people think of me when a certain song comes on, or when they pass through a certain town. I wonder how many stories I’ve been a part of that I may have forgotten. I wonder if I still I exist in the minds of people that I don’t speak to anymore. I wonder how many times a day I pass through someone’s head."
     
    На honey.11, Someonespecial и blueeparadise им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    :bow:
    [​IMG]
     
    На Ginger^ и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    ПРВО ПИСМО

    (Од циклусот Пет љубовни писма)

    Ништо не е повидливо
    и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
    ни детските шепоти што ги откривав
    во сеидбите на дождовите,
    ни закажаната бура во пајажините
    од крајпатните меанчиња,
    ни воздушните патишта, осветлени од ластовиците
    ни она што добива форма само во мојот слух,
    ни мојот слух додека во него задоцнетиот штурец
    го навиваше својот ноќен часовник,
    ни родилните маки на фрленото семе,
    ни разгорениот пожар на главата од петелот
    додека бега од сенката што слегува од небото,
    ни просторот што ми остана меѓу твоите раце,
    меѓу твоите два припека,
    ни змијата што го возбудува врвот од житата,
    ни снежните намети и налети во афионовите полиња,
    ни пламенот што надојдува, како есенска магла,
    во низата од пиперките,
    ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот,
    ни притаената светлина во купениот кибрит;
    ништо не е повидливо од твојата трага
    пред мене и зад мене, со мене и во мене.
     
    На Jenniffer, crazyinlove19, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    Посветено на @pupi.girl

    Флејтист

    Непријатно ми е да речам -
    ако не ми се јавиш ќе умрам.Непријатно
    ми е да кажам ни што е вистина,
    ни што не е.Ниту да кажам што ги поместува
    планините.
    Не се поместувам од место.Некоја будала
    седнала на работ од покривот
    и свири на флејта-заспивам.
    Те нема да се јавиш.Никој не умира.Освен
    господинот сегашност.
    [​IMG]
     
    На crazyinlove19 и pupi.girl им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Венко Андоновски: "Времето е наш најголем непријател: како што главно качество на водата е да биде мека, а на каменот да биде цврст, така и суетата наша е цврста како камен, а времето Божје меко како вода и се` така еднакво удира. Времето Божје во каменот, додека не го пробие. Така Бог не` учи: мекото е потврдо од тврдото, а слабото е посилно од силното, ако верба се има во него."
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    15.735
    Пол:
    Женски
    Self-absorption in all its forms kills empathy, let alone compassion. When we focus on ourselves, our world contracts as our problems and preoccupations loom large. But when we focus on others, our world expands. Our own problems drift to the periphery of the mind and so seem smaller, and we increase our capacity for connection - or compassionate action.
    Daniel Goleman, Social Intelligence: The New Science of Human Relationships
     
  16. HellAngel

    HellAngel Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2016
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Машки
    The Underworld

    The underworld,
    hidden from the heavens,
    so deep down,
    that no-one hears your screams.

    Traps you from the light,
    turns you into a living corpse.
    Leaves you in depression,
    giving you no reason for life!

    The underworld,
    a black pit of dispare,
    taking all hopes, crushing all dreams,
    leaving you with a darkened heart.

    The underworld,the place where life ends.
     
  17. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    Max Ehrmann


    Desiderata

    Go placidly amid the noise and haste,
    and remember what peace there may be in silence.
    As far as possible without surrender
    be on good terms with all persons.
    Speak your truth quietly and clearly;
    and listen to others,
    even the dull and the ignorant;
    they too have their story.
    Avoid loud and aggressive persons,
    they are vexations to the spirit.
    If you compare yourself with others,
    you may become vain and bitter;
    for always there will be greater and lesser persons than yourself.
    Enjoy your achievements as well as your plans.

    Keep interested in your own career, however humble;
    it is a real possession in the changing fortunes of time.
    Exercise caution in your business affairs;
    for the world is full of trickery.
    But let this not blind you to what virtue there is;
    many persons strive for high ideals;
    and everywhere life is full of heroism.

    Be yourself.
    Especially, do not feign affection.
    Neither be cynical about love;
    for in the face of all aridity and disenchantment
    it is as perennial as the grass.

    Take kindly the counsel of the years,
    gracefully surrendering the things of youth.
    Nurture strength of spirit to shield you in sudden misfortune.
    But do not distress yourself with dark imaginings.
    Many fears are born of fatigue and loneliness.
    Beyond a wholesome discipline,
    be gentle with yourself.

    You are a child of the universe,
    no less than the trees and the stars;
    you have a right to be here.
    And whether or not it is clear to you,
    no doubt the universe is unfolding as it should.

    Therefore be at peace with God,
    whatever you conceive Him to be,
    and whatever your labors and aspirations,
    in the noisy confusion of life keep peace with your soul.

    With all its sham, drudgery, and broken dreams,
    it is still a beautiful world.
    Be cheerful.
    Strive to be happy.
     
  18. Jean-Baptiste

    Jean-Baptiste Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Машки
    Петок

    мислам беше петок
    кога реши да заминеш: ден потоа
    беше некој викенд ден -
    сите беа наместено весели
    насекаде светкаа шминки и чаши...

    мислам беше петок: на ТВ -
    хорори и политичари во живо.радио:
    испран џез,блед рок...беше петок:
    се беше против моето останување
    дома,кога реши да заминеш.

    можеби беше и четврток,кој ќе го знае:
    излегувам кога ќе ми дојде,се вракам
    со денови подоцна.па се сеќавам:
    шминки,чаши...и не заборавам дека реши -
    со прецизен рез - да се одмориш од мене.

    денеска не е петок:недела е.се готват супи,
    се печат меса,негде залетува и по некој крем.
    денеска си зготвив чај.од портокали,сонце...
    скршен ми е прстот,прозорецот ширум отворен.
    во недела,само од мојот стан се слуша музика.

    [​IMG]
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    "Go to a coffee shop. Sit by the bar with the glass windows and look out. Look at all the people running to catch a train. All the girls with one too many shopping bags. All the couples too in love to care. Then you’ll see it - a bit of yourself in everyone. And somehow, sitting alone in a coffee shop had never felt so good."
     
    На Ginger^ и Lilianna им се допаѓа ова.
  20. Arwen15

    Arwen15 Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    куќичка за птици-преселници


    моето лево рамо

    е лулашката

    од твојот сон



    во неа го преспиваш

    утринското молчење на старците

    што пијат кафе по терасите



    солитерот ни го затскрива

    сонцето

    или нас нѐ сокрива од него



    стапалата

    отсокриени се гушкаат

    на дното од креветот



    прозорецот ширум отворен

    голтнал партал небо

    распарано од

    среќа избројана до десет



    во аголот

    пајак-бродоломник

    крои планови

    за нов дом



    нашиот е

    куќичка за птици-преселници



    ние сме

    бротче од хартија среде потоп

    кое копнее

    по копно