1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Бисера

    Бисеро моме, Бисеро
    Шчо носиш бисер на грло?
    Твоето грло хубаво
    И од дробнаго бисера
    Хилјада п'ти побело.

    Бисеро моме, Бисеро,
    Зашчо со бисер покриваш
    Твоето грло хубаво?
    Ја нејќу бисер да баца
    Тук сака твоето грло.-

    Бисеро моме, Бисеро,
    За кого низиш бисер'т?
    За кого готвиш дарои?
    Ја дарој бисер не сака
    Тук сака мома Бисера.

    -Константин Миладинов-


    Петро ле, пиле шарено

    -Петро ле, пиле шарено,
    Петро ле пиле галено,
    А што си толку убава,
    А што си толку убава?

    Дал си од бога паднала,
    Дал си од бога паднала?
    Или у бавча никнала,
    Или у бавча никнала?

    -Дејгиди лудо, бре младо,
    Нит' сум од бога паднала,
    Ниту од бавча никнала
    Ниту од бавча никнала.

    И мене ме мајка родила,
    И мене ме мајка родила,
    И мене како тебе,
    И мене како тебе.

    Кога ме мајка родила,
    Кога ме мајка родила,
    Со пресно млеко доила,
    Со рујно вино поила.

    Затој сам бела, црвена,
    Затој сам бела, црвена,
    Затој с'м т'нка, висока,
    Затој с'м тенка, висока.
     
    Последна измена: 10 мај 2016
    На shekerna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    „Чоек без љубов, љубов моја е како јас без тебе“ - Ана Бунтеска

    Чоек без љубов е како река без вода
    со суво корито кое одумрено зјае
    и како облак без капка дожд за земја да навади
    и коритото речно со живот да го наполни
    како небо без ѕвезди нанижани
    за патот ноќум да го покажи
    за да не се изгуби
    чоек без љубов е како лушпа без плод
    кој в земја гние и се распаѓа
    без на убост да замириса
    како жена без пород
    која со очи насолзени туѓите деца кришум ги гледа
    и утробата до бол си ја стиска
    како тетерав старец без бастун кинисан
    кој не знае кога нозете ќе му откажат
    за да се струполи среде пат
    како млада невеста без момчето останата
    која никогаш повеќе друг со очи не ќе види
    и која невестинскиот фустан за погреб го чува
    чоек без љубов е како дете без мајка останато
    без раката нејзина врз главчето да ја осети
    без нежноста од збор мајчински
    како маж кој жена си изгубил
    и во секоја друга нејзе ја бара
    за ноќите со сликата нејна да ги минува
    како пиле без крошна во која ќе преспие
    со крила уморни од бесцелно летање
    и песна која повеќе никој не ја слуша
    ех
    чоек без љубов е пустина
    или пустош ако повеќе така милувате
    без сегашност и иднина
    останат со минато
    кое го преживува одново и одново
    со јалови спомени и горчливи солзи
    без смеа
    без радост
    без душата од убост да му заигра
    ко без сенка останат
    како од него да се одлепила и кај друг да заминала
    како школка без бисер останата
    ко полжав без куќарка
    ко пеперутка без крила
    ко ѕуница без жолтата во себе
    и не го бива
    ниту за себе го бива
    ниту за другите арен е
    болежлив и тажен
    молчелив и сам
    ко хартија без зборој
    ко платно без бои
    ко песна без ноти
    чоек без љубов
    чоек без љубов, љубов моја
    е како јас без тебе
    а ти без песна моја
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    IMG_20160604_134641.jpg
     
    На CameliaMiller, Outlook и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    13220809_1119703674719773_3498158110854976176_n.jpg
     
    На bella96, CameliaMiller и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Не е наша задача да се приближуваме едни на други,
    како што не се состануваат ниту сонцето и месечината,
    ни морето и копното.

    Ние двајцата сме, пријателу драг, сонце и месечина,
    ние сме море и копно.

    Нашата цел не е да се слееме еден со друг
    туку да го сознаеме едниот од другиот
    и еден во друг да научиме да го гледаме и да го почитуваме она
    што тој другиот е: Нашата спротивност и дополнување.

    Херман Хесе
     
    На shekerna, 1209 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  6. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Sred pustos i sred mrak
    se nizat dni bez svetol lac,
    bez bozestvo, bez muzin ogon,
    bez ljubov, zivot i bez plac.
    Se budi dusata sto ljubi
    i eve ti se javi pak
    ko prizrak sto se gubi molkum
    na cista ubost genij drag.
    I srceto vo trepet bie
    se rodi povtor svetol lac
    i bozestvo i muzi vie
    i ljubov, zivot, sladok plac.
    Go pomnam migot cuden tolku
    v koj likot tvoj go sretnav blag
    ko prizrak sto se gubi molkum
    na cista ubost, genij drag.
    I koga sueten vo maka
    bez nadez, tazen jas sum bil,
    go slusav dolgo glasot sakan,
    go soniv likot tolku mil.
    NO, mina vreme. Bura jaka
    i mective gi smete roj.
    Ne go pomnam glasot sakan,
    ni likot rajski ubav tvoj.
     
    На anakonda88 и Rayna им се допаѓа ова.
  7. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Izgubeni Dushi

    Me gonat bledite senki
    zalepeni za stopalata,
    Gi gubam niz vertikalnosta
    vospevajki ja urbanosta.
    Ziveam vo monotonosta
    kako prazna chasha na masata,
    Svetejki vo nokite
    krshejki se vo utrata.
    Talkam po vreliot asfalt
    barajki ja vo izmaglinata,
    Dodeka nasekade me pritiskaat
    chovechki trupovi
    bezlichni spoevi
    zagubeni potragi
    niski pobudi.
    Nekade vo beskrajnosta na pogledot
    zatvoren vo ogranichenosta na prostorot,
    Go baram mojot izlez
    od prazninata na teloto,
    Da ja unishtam ili pronajdam
    niz nea da ja osoznaam,
    Vo ritamot na srcata
    da ja potopam izgubenosta,
    izgubenosta na dushata.
     
    На Outlook и Rayna им се допаѓа ова.
  8. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Zboruvajki so tagata


    Ah, tago, ne treba da te gledam
    kako pes - ulicar
    sto doaga zad kuki
    po korka leb, po suva koska.
    Treba da ti veruvam.

    Treba da te namamam
    doma i da ti namestam
    tvoe kjose,
    kilimce da si legnes,
    cinivce so voda.

    Mislis oti ne znam
    deka mi zivees pod streata.
    Kopnees da imas svoe mesto
    pred da dojde zimata. Ti treba ime,
    sindzir i plocka. Ti treba
    pravo da laes po natrapnicite,
    da ja smetas
    mojata kuka za svoja,
    jas da ti bidam gazda,
    a ti mene
    mojot pes.


    Denis Levertov
     
    На zhap4e, blueeparadise и Outlook им се допаѓа ова.
  9. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Utro rano e ,
    Od zemjata crna, maglina se izdiga vo visina
    i izviva-ko bolkata moja
    nema luge , pred grobot tvoj sam stojam .
    Te prasuvam , ti zboram , no ni zbor da reces,
    Dijalog so tvojot lik vodam ?a monolog e :
    Kazi bar zbor dva- kazi bar ladno e ,
    Kazi bar zbor ,dva- kazi mracno e ,
    Kazi bar , zemjata stega ..
    Prasaj bar me sakas li uste?
    Prasaj bar ti falam li uste ?
    I ocite solzi nemaat veke
    Presusija od taga-ni boja nemat veke
    A srceto zalta , go razjade seto
    Kosata pepelosa, ni sjaj nema veke
    Dusata crvjosa, se svi , potemne - jaglenisa
    Zagubata uste boli , ne pomina,
    Ljubovta za tebe ne zgasna,
    Bolot za tebe , ne stivna
    Ne pomogna ni detelinata sto mi ja dari so cetiri lisja
    Da mi nosi sreka , da imam ljubov vecna .
    A mi donese taga, i zaguba bedna
    Kobni crnila vo nok edna letna,
    Te zagubiv ?me napusti ?so dusa v nebo letna
    Na angelite se prikluci , zgasna zvezda edna
    Go molev Boga da ne mi te zema ,
    Pred tebe heroj bev ?a v soba placev ko zena
    Ti velev ke pomine , bolot ke stivne
    Se smeev pred tebe da te razveselam -i tesko ke zdivnev
    i vsrceto krvarev znam den na razdelba me ceka..
    Crni ptici na starite drvja sletani,
    Sal grakaat svoja pesna peat
    Aman, ... Sal graci od gavran ...
    znam los predznak ke e !
    Se uste me boli , a dve godini eve
    Tebe te nema, zemjata te pokri
    A te pokriv so rozi , te iskapav so solzi,
    I na sekoja roza pecat od moj baknez staviv
    Da mi te cuva i stiti od raspadot zabot na vreme
    Vo bel fustan , nevesta te prativ
    Ti staviv sheboj, venec, vo kosa
    I liljan vo raka , brezletna od lovor
    Te ovencav mila, so crvena roza
    I verenicki prsten na raka ti staviv
    Da znae Gospod , deka verenica zema,
    I mislam vcera bese , koga gazese niz treva
    So bosite noze vo utrina rana
    I ko vcera da bese pred tebe glumev hrabar ,
    a vo sobata placev i go molev Boga
    Da ne mi te zema
    ...Na gavol dusa prodavav-Ni toj ne sakase da ja kupi..
    Uzivase vo bolkata moja
    I so prsti riev niz crnata zemja, tragovi da ostavam ,
    tragovi od bolka od bezzemska ljubov
    a sal crno pod noktite ostana , duvna veter i tragovite gi snema
    Ja krevam glavata na suvoto drvo , sal crnite ptici naredeni stojat
    Grakaat pesna - marshot na smrtta?,
    Ne mozam ziv v grob da legnam
    Ke cekam i mene smrtta da me zeme ,
    ako ne smrtta togas zimski studoj.
     
  10. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
  11. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    14.380
    Пол:
    Женски
    Таква жена да си најдиш пиле! - Ана Бунтеска

    Да си најдиш жена до себе
    Со која сонцето секое утро ќе ти свети
    И на лето и на зима
    Жена која со насмев ќе те буди
    И која сама за себе причина за среќа ќе ти биди
    Да си најдиш жена до себе
    Која од куќата ќе знај дом да ти стори
    И домот топол ќе го држи
    Со блискоста своја кон тебе
    Која ќе те чува ко дете и маж
    Љубовник и пријател
    Која сенката ќе ти ја сака
    И во твојата својата ќе ја стопи
    Да си најдиш жена до себе
    Која здивот ќе ти го љуби оти живот ќе и’ дава
    А ќе се храни со бакнежот твој
    Која од очите ќе ти чита и усните неми ко ќе ти се
    И која од душата ќе извези постела за двајца
    Жена која не ќе се трга од тебе ко ќе ја гушниш
    И која болењето на глата со водење љубов ќе го лечи
    Да си најдиш жена до себе
    Која после љубовна ноќ не ќе трча да те измие од себе
    Туку до тебе ќе лежи замачкана од сокови
    Од твоето семе и пот
    И која на градите ќе ти заспие слушајќи те како дишиш
    Да си најдиш пиле жена која и кога се расправа со тебе
    Во гласот љубовта ќе и’ ја сетиш
    И која и кога ќе вика на крај ќе те праша дал си гладен
    Чија суета ќе биди помала од вашата љубов
    А љубовта секогаш поголема од сите раздори
    Жена до себе да имаш која ќе преди ко мачка
    И милост во очите за тебе ќе има
    И која ќе знај кога да ти преќути
    А кога до последно да вреска
    Која ќе те почитува и ко ќе и’ иди
    Очите од бес да ти ги ископа
    И нема да е покорна
    Не
    И нема кротка да е оти така треба
    Туку оти таа така сака
    Оти тебе ми те сака поќе од инаетот
    Да си најдиш жена до себе пиле
    Со која муабет ќе имаш
    И чие тело по твоето ќе се обликува
    Која ќе се обвиткува околу тебе ко бршлен
    А пак своја ќе е
    Која за тебе светот наопаку ќе го сврти
    Ама ќе знај и да ти кажи “истај се сега оти ќе пишувам”
    Жена да си најдиш која ум во глата ќе има
    И свое мислење за се’
    Ама која ќе знај како да ти ги кажи нештата
    Која ќе те остај маж да бидиш
    Ама тоа да не ја направи помалку жена
    Помалку силна или мудра
    Која ќе ти попушти оти и’ се сака
    И која борба со тебе ќе води
    Оти така и’ се можи
    Пиле мое
    Да си најдиш жена која гордо до тебе ќе чекори
    Еден до друг
    И чекорот ист ќе ви биди
    Ниту пред тебе да трча
    Ниту пак зад тебе да се влечка
    Жена која со крената глава за рака ќе ја држиш
    И која жедно со очи ќе ја пиеш
    Која втора полојна ќе ти биди
    А без неа никогаш цел не ќе си
    Совршена жена
    Таква да си најдиш
    И не да е најубата
    Ниту најпаметната да биди
    Туку совршена за тебе
    Која ќе знај како да те љуби
    Оти љубовта таква гола за ништо не ја бива
    Која ќе знај на каков начин да те сака
    Жена таква да си имаш до себе пиле
    Како онаа онде-оној што го љуби
    Како месечината-сонцето
    И дождот-ветрот
    Како јас-тебе
    Како јас...тебе пиле
     
    На Д.Чобанова и Outlook им се допаѓа ова.
  12. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.365
    Пол:
    Женски
    „Потоа ѕемнам кај што мислам дека ќе поминеш

    И сите градски порти ги оставам отворени

    Во секое време за да можеш да се вратиш.

    Ти ме приѕираш и од небото и од земјата,

    А мене никако не ми успева да ти кажам

    Дека и мојата смрт започна по твојата

    И дека блажено е да се живее, а поблажено е да се умира,

    Мислејќи само на тебе, Дениција.“



    Петре М. Андреевски
     
    На 1209, Outlook, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Pesna na zaboraveniot angel

    Bevme bogovi
    se simnavme dolu
    da si igrame luge
    da si igrame smrt
    se zaigravme
    se izgubivme
    stanavme drugo
    tebe te nema
    nesto umre

    A, ostavivme angeli
    nekade gore
    da ima nekoj
    da ne cuva i pazi
    da ne potseti
    da kaze,dosta e
    dosta,igranje
    moze da boli
    lugeto si igraat
    lugeto umiraat

    Te nema i
    nisto ne e isto
    bez tebe
    nisto nema da se vrati
    vrati se
    me boli kolku te nema
    vrati se
    za da te ubijam pak
    vrati se
    zemi me i mene

    Ne veruvam vo bogovi
    ne veruvam vo angeli
    ama gledam duhovi
    i veruvam vo tebe
    vrati se
    me boli kolku te nema
    vrati se
    zada te ubijam pak
    vrati se
    zemi me i mene
    na krila i veter
    odnesi me nazad,
    nekade gore
    da si igrame bogovi
    da si igrame ljubov
    da zaboravime
    deka se izgubivme.
     
    На larrachi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    “the Sea boiled, the Wine turned sour, Dogs grew mad, and all other creatures became languid; causing to man, among other diseases, burning fevers, hysterics, and phrensies.

    The “Dog Days of Summer” :beer:
     
  15. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Eden zrak me ogrea,
    zbunet glas me pretepa,
    Sonce crno izgrea,
    Ocite okorea.
    Dusata zatreperi,
    glasot ne go doslusnav,
    ranata raskrvari.
    Sto li ke ja zaleci ?

    Kazi mi Gospodi,
    kade li sum pogresil ?
    Kazi mi Gospodi,
    dali loso napraviv ?

    Rana raskrvavena,
    Nasekade sekavanja,
    Za bezbroj,mnogu prasanja,
    jas odgovor ne ke najdam.

    Kazni me Gospodi,
    zarem nesto pogresiv ?
    Kazni me Gospodi,
    taka li si odlucil ?
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    "We are scared; therefore, we cannot feel love the way It's meant to be felt."
     
  17. KejtV

    KejtV Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2015
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Да се биде свој во свет кој постојано се обидува да те направи поинаков, тоа е вистинско достигнување. – Ралф Валдо Емерсон
     
    На SunnyGirl2, aleksandrajaneska и Outlook им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    But don’t forget who you really are. And I’m not talking about your so-called real name. All names are made up by someone else, even the one your parents gave you. You know who you really are. When you’re alone at night, looking up at the stars, or maybe lying in your bed in total darkness, you know that nameless person inside you.
    Louis Sachar
     
    На Florenсе, kjukli, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    "Ако некој не те сака онака како што го сакаш ти, тоа не значи дека не те сака онолку колку што навистина може..."
     
  20. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    „ И, избриши ги насолзените очи.
    Не ја допирај искупканата уста.
    Не враќај си спомени, затворајќи ги очите.
    Не се насмевнувај, глатко пред спиење.
    Не заспивај со спомени...“
    (Извадок од „Под исто небо ли ? '', Патот до Лондон )

    https://www.facebook.com/patotdolondon
     
    На stejsi2005 и Outlook им се допаѓа ова.