1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Извадок од “Хамлет“ – Вилијам Шекспир.


    Еве, благослов нека те следи,
    а овие неколку поуки во паметењето свое врежи ги:
    Мислите чувај си ги во себе,
    Не спроведувај во дело недоквакана мисла,
    Биди близок во однесувањето ама никако прост.
    Пријателите што ги имаш, проверени во доблеста,
    Приковај ги за срце со челичните алки,
    Но не расти си струпја во дланката,
    Братимејќи се со ново – печени, недоносени другарчиња.
    Варди се од кавги, но ако дојде до нив,
    Со држењето влеј на противникот страв.
    Сослушај го секого, ама отварај се на малцина;
    Чуј ги мислењата на сите ама судот нека биде твој.
    Скапо носи се, колку што џебот ти дозволува,
    Ама не изигрувај монден; богато, не китнесто.
    Зашто често облеката го оддава човекот
    А во Франција од највисокот друштво
    Имаат најистенчен вкус за ова.
    Не биди должник, ниту заемодавач,
    Зашто често и заемот но го губиш и пријателот,
    А заемот го тапи острилото на штедливоста.
    Ама над се, остани верен на самиот себе,
    По што ќе следи, како ноќта што доаѓа по денот,
    Да не бидеш неискрен кон други луѓе.
    Збогум, благословов мој се во тебе нека созрее.
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    I.
    Се противам на монотонијата, ја
    подржувам разновидноста
    се противам на ограничувањето , ја
    подржувам дивата страст,
    се противам на еднообразноста,
    ја подржувам хиерархијата,
    се противам на спанаќот, го подржувам
    полжавот со неговата куќичка.

    Салвадор Дали

    II.
    Здравиот сексуален живот е нешто многу
    корисно за женскиот глас.

    Леонтина Прајси

    III.
    Еден од нашите денови

    Се рабудив, станав, се исчешлав, слегов
    Долу, испив нешто, го барав костумот, си ја
    зедов шапката, се качив горе и запалив цигара.
    Се слушаше раскажувањето на некои луѓе
    И потонав во сон.

    Битлси (Бендот Осамени срца)


    IV.
    Дајте ми високи потпетици, со нив ќе го освојам светот.

    Мерлин Монро
     
    На SunnyGirl2, martinuska и pink4ever им се допаѓа ова.
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    "знаеш…
    за да ме повредиш
    треба најпрво нешто да ми значиш,
    за да ме убиеш со зборови
    треба да ми значи тоа што ти се крие во мислите,
    за да ми ги видиш солзите
    најпрво треба да сакам да ти ги подарам насмевките,
    знаеш?
    дали навистина мислиш дека си моќна
    така лесно да го растргнеш
    моето небо?"
     
    На SunnyGirl2, kajl, LaraSolare и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Koa

    Koa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    "Ако се чувствуваш дека можеш да го допреш небото верувај дека навистина го можеш тоа. Бидејќи не е важно колку недопирливо им изгледа на другите луѓе кога ти го гледаш толку блиску до тебе." Бескраен ум ~ Ана Костовска ~
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    „Се мачите себеси и велите дека ме мразите, а верувам дека тоа не е вистина. Зар не сте возбудени? Ние двајцата во оваа топла соба, јас ве сакам, а вие ме мачите! Нели е таа ваша реакција како резлутат на внатрешен судар, кој од една страна бара да ме заборавите, а од друга страна да не ги заборавите нашите часови на љубов, така бесконечно убави и полни со вистински, искрени чуства?„
    Извадок од романот „Ранетиот Орел“ од Мир Јам
     
  6. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    "Кога на човека тагата му седнува во скутот и кога се уверува дека го промашил животот, посакува да заврши со своите маки. Потоа, се разбира, ја прифаќа судбината како сопатник и не умира туку со искра надеж оди во непознатото."

    "Да ги разбереш човечките карактери ќе ти требаат два животи. Како се формира човек со силна омраза, врела желба за катастрофа, што ја глода туѓата среќа, свесно што го разурнува делото на градителите? Апсурден облик на смртта, прерано дојдена зима, мрачна иднина."

    "Природата уште еднаш докажа дека не постои глупа и проста душа, туку само слепило на разумот кое во човека го разбудува ѕверот. Затоа светот не пропаѓа ами бескрајно пати."

    Извадоци од романот Дува од Божин Павловски
     
  7. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    И, што мислите, што е имитирањето ангели? Па секако, задушување на човечките потреби;со тоа што ќе ги прекинете сите ваши природни човечки врски;со тоа што ќе ги потиснувате сите ваши желби и лојалности, освен копнежот да бидите едно битие со Господ. Меѓу рајското мноштво ангели и покрај се, нема ниту сопрузи, ниту сопруги. Нема мајки и татковци, нема обожување на предците, нема крвни врски, нема крвна одмазда, ниту страст, нема завист, ниту тела - и, најмногу од се, нема секс.


    Да посакуваш друга личност е можеби најризичниот напор од сите. Кога ќе почнеш да посакуваш некого - навистина да го сакаш - тоа е како да си зел хируршка игла и си ја зашил твојата среќа за кожата на таа личност, така што секакво разделување ќе предизвика расекувачка повреда. Се што знаеш е дека мораш да го добиеш предметот на твојата желба по која било цена, а потоа и дека никогаш нема да ве разделат. Се за што можеш да размислуваш е твојот сакан. Загубен во таква прастара потреба, се губиш себеси. Стануваш документиран слуга на своите сопствени копнежи.


    Реалноста излегува во истиот миг кога ќе влезе занесеноста, и набрзо можеме да се најдеме себеси како ги правиме сите видови налудничави нешта за кои сме сметале дека никогаш не би ги направиле ако сме биле разумни.


    Имам многу ентузијазам во животот отколку што имам вистинска енергија. На мое возбудување, постојано преземам повеќе отколку што можам да поднесам физички или емоционално, што предизвикува да се скршам на вистински предвидливи начини, во драматична исцрпеност. Ти ќе бидеш тој кој ке биде оптоварен со работата да ме собира секогаш кога премногу ќе се деконцентрирам и ќе се распаднам. Ова ќе биде неверојатно здодевно. Се извинувам однапред.


    __ Извадоци од „Засекогаш твоја“ на Елизабет Гилберт
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Рацете ни се превиткуваат, очите ни се впиваат: така започнува историјата на нашите срца.
    Мартовска ноќ е, месечината свети, ветерот донесува сладок мирис од хена, мојата свиралка лежи на земјата запоставена, а твојот цветен венец е недовршен.
    Љубовта оваа меѓу мене и тебе е проста како песна.
    Твојот превез со боја на шафран ми ги опива очите.
    Венецот јасминов што го исплете за мене ми го исполнува срцето со треперење како благодарам.
    Тоа е игра на наддавање и одрекување, откривање и повторно скривање, малку осмев и сосема малку срамежливост и понекогаш помалку слатка бесцелна расправа.
    Љубовта оваа меѓу мене и тебе е проста како песна.
    Никакви тајни надвор од денешницата, никакви бори околу неможното, никакви сенки за љубезноста, никакви допири во длабините на темнината.
    Љубовта оваа меѓу тебе и мене е проста како песна.
    Не скитаме ние вон зборовите во вечно молчење, не ги креваме рацете свои во празнина кон нештата надвор од надежта.
    Задоволни сме од она што го даваме и она што го добиваме.
    Не ја исцедивме и последната капка на радост, за од неа да правиме вино за нашите страдања.
    Љубовта оваа меѓу тебе и мене проста е како песна.

    Од Градинарот - Рабиндранат Тагоре
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Krisi88

    Krisi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    30
    Јави ми се

    Јави ми се... не за друго туку за да го закопаш она што остана од нас,за да ја избришеш и оваа солза од моето тело ставено пред свршен чин,за да ја пронајдеш последната нишка љубов која виси од мојот накострешен поглед,за да го фатиш последниот здив од моите празни,црни,голи,тажни гради....
    Јави се...за да ја слушнеш мојата болка,за да ја сфатиш мојата среќа и да ја зграпчиш пред да го слушнеш проклетото тит-тит-тит....
    јави се...за да знам дека ти требам,како што ми требаат и оние 2 чаши утринска вода,како што ми требаат и оние 2 чаши коњак пред 12,како што ми требаат оние 2 добри пред 6...
    Јави се...за да ми кажеш дека вредам или не вредам,за да ме освестиш дека постојам,а не сум твоја креација,твоја љубов и тотем за вечноста...
    јави се...макар и по грешка...
    Јави се...иако грешам...
    Јави се...и слушни го ова ало,пред да станам недостапна затоа што немав пари за да ставам кредит,а има ли кредит преку кој се подига љубовта?
    Има ли среќа чијашто камата сеуште ја отплаќам?
    Има ли крај?

    Јави се... за да ти кажам од куртоазија ,,чао,, секојпат кога умирам да те видам....секогаш кога знам дека дишеш од другата страна..секогаш....
    ...додека сум жива...



    А ,,додека,, е релативитет...


    А релативните нешта не се вечни ...Не сум ни јас...Затоа...


    Прочитај го насловот....................................бип
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Извадок од книгата "Аеродромци"-Сашо Тасевски ...од втората драмата "Житие по Ице"

    Исус:Како што сите знаете Римјаните ме распнаа.На третиот ден,татко ми испрати еден од неговите ангели и овој ме откачи со тесла од крстот и ме одесе горе.Јуда го набедија дека ме предал за пари.Тоа беше доволно народот да се разгневи и да го линчува.Самиот не се обеси.После,пак по сугестија на Пилат и Кајафа,Петар раскажувал наоколу дека наводно јас сум го поставил за мој заменик и на таа приказна собра околу себе уште единаесет луѓе.И сите се нарекоа апостоли,мои следбеници.И народот им веруваше.Во годините што следеа,за мене беа кажани и напишани уште многу нешта.Полека станав бренд број еден и пример за сите.Проблемот беше во тоа што,во тие приказни никаде не се пронаоѓав себеси онаков каков што навистина бев.Вистина ви велам,знам само едно:Живеејќи со луѓе то и самиот станав човек.Станав... и премногу човек
    А кога си веќе човек,од тоа не можеш да избегаш лесно.Како што не можете ни ту вие.И сега ќе рече некој-не беше така.А кој од вас знае како беше?(тргнува чекор,но се враќа)А да,за малку ќе заборавев!
    Ако случајно ви требам,слободно побарајте ме и ќе ме најдете.Ќе бидам во близина,стадо мое...или можеби ќе бидам некаде во вас,не се знае...Важно ќе дојдам ...Ќе дојдам со вашата вера во мене(си оди) (Мрак)
     
    На machhe му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Вистинскиот маж влетува во твојот живот и тоа го знаеш во моментот.За погрешните ти треба повеќе време за да сфатиш.
    "Втора шанса"-Даниела Стил

    Пријатно е да зависиш (од некого) кога во тебе ја ценат жената,кога те сакаат,кога ти ги исполнуваат сите твои желби.
    "Москва на солзите не им верува"-Валентин Черних
     
    На SunnyGirl2, Lovely, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    People are really romantic about the beginning of things. Fresh start, clean slate, a world of possibilities. No matter what new adventure you’re embarking on, you are still you, you bring you into every new beginning of your life. So how different can it possibly be?
     
    На glow му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    People are really romantic about the beginning of things. Fresh start, clean slate, a world of possibilities. No matter what new adventure you’re embarking on, you are still you, you bring you into every new beginning of your life. So how different can it possibly be?
     
  14. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    ,,Да не страдаш од нешто? Да, од биење на срцето.‘‘ - Прличев
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    прекрасна е песнава , дали на интернет има негови песни??
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.054
    Допаѓања:
    66.756
    Пол:
    Женски
    "Кога си вознемирена, немој да зборуваш од она место во душата во коешто се собрани сите минати рани. Тоа само ќе направи да се чувствуваш полошо. Зборувај водена од љубовта и желбата да ги поправиш нештата."

    Еднаш во животот- Кети Кели.
     
    На мкд98, martinuska, Lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ti koja imaš ruke nevinije od mojih

    Ti koja imaš ruke nevinije od mojih
    i koja si mudra kao bezbrižnost,
    Ti koja umiješ s njegova čela čitati
    bolje od mene njegovu samoću,
    i koja otklanjaš spore sjenke
    kolebanja s njegova lica
    kao što proljetni vjetar otklanja
    sjene oblaka koje plove nad brijegom.

    Ako tvoj zagrljaj hrabri srce
    i tvoja bedra zaustavljaju bol,
    ako je tvoje ime počinak
    njegovim mislima, i tvoje grlo
    hladovina njegovu ležaju,
    i noć tvojega glasa voćnjak
    još nedodirnut olujama,

    Onda ostani pokraj njega
    i budi pobožnija od sviju
    koje su ga ljubile prije tebe.
    Boj se jeka što se približuju
    nedužnim posteljama ljubavi.
    I blaga budi njegovu snu,
    pod nevidljivom planinom
    na rubu mora koje huči.
    ....

    Извадок од „Ти која имаш руке невиније од мојих“ од В. Парун
    (извинете за јазикот, ама најубава ми е во оригинал :) )
     
  18. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    If for an instant God were to forget that I am rag doll and gifted me with a piece of life,
    possibly I wouldn't say all that I think,
    but rather I would think of all that I say.
    I would value things,
    not for their worth but for what they mean.
    I would sleep little, dream more,
    understanding that for each minute we close our eyes we lose sixty seconds of light.

    I would walk when others hold back.
    I would wake when others sleep.
    I would listen when others talk,
    and how I would enjoy a good chocolate ice cream!
    If God were to give me a piece of life,
    I would dress simply,
    throw myself face first into the sun,
    baring not only my body but also my soul.
    My God, if I had a heart, I would write my hate on ice,
    and wait for the sun to show.
    Over the stars I would paint with a Van Gogh dream a Benedetti poem,
    and a Serrat song would be the serenade I'd offer to the moon.
    With my tears I would water roses,
    to feel the pain of their thorns,
    and the red kiss of their petals.

    My God, if I had a piece of life...
    I wouldn't let a single day pass without telling the people I love that I love them.
    I would convince each woman and each man that they are my favorites,
    and I would live in love with love.
    I would show men how very wrong they are to think that they cease to be in love when they grow old,
    not knowing that they grow old when they cease to love!
    To a child I shall give wings,
    but I shall let him learn to fly on his own.
    I would teach the old that death does not come with old age,
    but with forgetting.
    So much have I learned from you, oh men...

    I have learned that everyone wants to live on the peak of the mountain,
    without knowing that real happiness is in how it is scaled.
    I have learned that when a newborn child squeezes for the first time with his tiny fist his father's finger,
    he has him trapped forever.
    I have learned that a man has the right to look down on another only when he has to help the other get to his feet.
    From you I have learned so many things,
    but in truth they won't be of much use,
    for when I keep them within this suitcase,
    unhappily shall I be dying.

    A Farewell Letter-GABRIEL GARCIA MARQUEZ
    Намерно го постирав на англиски за да може правилно да го доловите. Македонскиот превод не звучи така убаво...
     
  19. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Каде иташ Гилгамешу?
    Животот што го бараш - не ќе го најдеш.
    Кога боговите луѓето ги создадоа
    за нив смртта ја одредија,
    а животот за себе го задржаа.
    Затоа јади и пиј, Гилгамешу,
    телото полни си го,
    денот и ноќта во веселба нека ти минат,
    секој ден игра и веселба да ти е,
    и празник радостен.
    Чиста облека облечи,
    измиј се, главата намирисај ја,
    телото во свежа вода искапи го!
    Со радост децата гледај си ги,
    за раце што те држат!
    Во твоите прегратки жената нека се радува!


    Епот За Гилгамеш
     
    На Forgotten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Извадок од "Дневникот на Сузана за Николас"-Џејмс Патерсон

    ...И додека се опоравував,еден мој пријател,лекар, ми раскажа една приказна за пет кугли.Никогаш нема да ја заборавиш таа приказна,Ники .Многу е важна.
    Еве ја приказната.
    Замисли го животот како игра во која жонглираш со пет кугли.Куглите ги претставуваат работата,семејството,здравјето,пријателите и чесноста.Сите кугли ги држиш во раката.Потоа сфаќаш дека работата е гумена кугла.Ако ја испуштиш,ќе ти отскоке н назад.Останатите четири кугли-семејството,здравјето,пријателите и честа-направени се од стакло.Ако испуштиш некоја од нив,неповратно ќе се оштети,изгребе или дури и скрши.Тогаш кога вистински ќе навлезеш во суштината на приказната за петте кугли,ќе создадеш основа за животната рамнотежа.
    Ники,јас најпосле ја сфатив пораката.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.