1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Хилен Милер: „Чудно е тоа што ви станува сѐ попријатно во сопствената кожа, дури и тогаш кога времето ви дава сѐ помалку причини за тоа. Кога сте млади и убави, истовремено сте и параноични и тажни. Мислам дека најголемата предност на стареењето е тоа што се ослободувате од некои работи.“
     
    На __cataleya___, blonde_supergirl, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  2. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    LJUBAVI

    Ljubavi, od zrna do zrna, od planete do planete,
    mreža vjetra sa svojim sjenovitim mjestima,
    rat sa svojim cokulama krvavim,
    ili dan i noć klasa.

    Kuda prođosmo, otoci, mostovi ili zastave,
    violine prolazne jeseni izbodene,
    radost je ponavljala usne kaleža,
    bol nas je zaustavljala svojom lekcijom plača.

    U svim republikama razvijao je vjetar
    svoju neporočnu zastavu, svoju ledenu kosu
    i zatim se vratio cvijet svome cvjetanju.

    Ali jesen u nama nikada nije ovapnjela.
    U našoj domovini stalnoj nicala je i rasla
    ljubav sa svim zakonima rose- P. Neruda -
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    29.306
    Пол:
    Женски
    sex takes the consent of two
    if one person is lying there not doing anything
    cause they are not ready
    or not in the mood
    or simply don’t want to
    yet the other is having sex
    with their body it’s not love
    it is rape

    Rupi Kaur. Milk and Honey
     
    На *Amethyst* и Someonespecial им се допаѓа ова.
  4. Novecento

    Novecento Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    2.433
    Пол:
    Машки
    Неколку цитати од Источно од рајот на Џон Штајнбек.

    “But the Hebrew word, the word timshel—‘Thou mayest’— that gives a choice. It might be the most important word in the world. That says the way is open. That throws it right back on a man. For if ‘Thou mayest’—it is also true that ‘Thou mayest not.”

    “When a child first catches adults out -- when it first walks into his grave little head that adults do not always have divine intelligence, that their judgments are not always wise, their thinking true, their sentences just -- his world falls into panic desolation. The gods are fallen and all safety gone. And there is one sure thing about the fall of gods: they do not fall a little; they crash and shatter or sink deeply into green muck. It is a tedious job to build them up again; they never quite shine. And the child's world is never quite whole again. It is an aching kind of growing.”

    “And this I believe: that the free, exploring mind of the individual human is the most valuable thing in the world. And this I would fight for: the freedom of the mind to take any direction it wishes, undirected. And this I must fight against: any idea, religion, or government which limits or destroys the individual. This is what I am and what I am about.”
     
    На blonde_supergirl и Someonespecial им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Безнадежна песна (La canción desesperada)

    Се подава споменот твој од ноќва во која постојам.
    Реката ја свеа во морето својата тажачка вечна.
    Јас напуштен сум сега како бреговите в зори.
    За одење е време, о напуштен сум јас!
    Врнат во моето срце студени латици цветни.
    О јамо на урнатините, сурова пештеро на бродоломците.
    Во тебе се натрупуваа војните и летовите.
    Од тебе полетуваа крилјата на птиците-певици.
    (препев од шпански јазик: Матеја Матевски)

    Пабло Неруда, поет на сите времиња и генерации. Заради него ја засакав поезијата. Голем човек.
     
    На *Amethyst* и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
    Nepovratna pesma-Mika Antić

    Nikad nemoj da se vraćaš
    kad već jednom u svet kreneš
    Nemoj da mi nešto petljaš
    Nemoj da mi hoćeš-nećeš.
    I ja bezim bez povratka.
    Nikad neću unatrag.
    Sta ti znači staro sunce,
    stare staze,
    stari prag?
    Tu je ono za čim može da se pati
    Tu je ono čemu možes srce dati.
    Al' ako se ikad vratiš
    moraš znati
    tu ćeš stati
    I ostati.
    Očima se u svet trči
    Glavom rije mlako veče
    Od reke se dete uči
    ka morima da poteče.
    Od zvezda se dete uči
    da zapara nebo sjajem.
    I od druma da se muči
    i vijuga za beskrajem.
    Opasno je kao zmija
    opasno je kao metak
    da u tebi večno klija
    i ćarlija tvoj početak.

    Ti za koren
    nisi stvoren
    Ceo svet ti je otvoren.
    Ako ti se nekud žuri,
    stisni srce i zažmuri.
    Al' kad pođeš - nemoj stati
    Mahni rukom.
    I odjuri.
    Ko zna kud ćeš.
    Ko zna zašto.
    Ko zna šta te tamo čeka.
    Ove su želje uvek belje
    kad namignu iz daleka.
    Opasno je kao munja
    opasno je kao metak
    da u tebi večno kunja
    i muči se tvoj početak.
    Ti si uvek krilat bio
    samo si zaboravio.
    Zato leti.
    Sanjaj.
    Trči.
    Stvaraj zoru kad je veče.
    Nek' od tebe život uči
    da se peni i da teče.
    Budi takvo neko čudo
    što ne ume ništa malo,
    pa kad kreneš - kreni ludo,
    ustreptalo,
    radoznalo.

    Ko zna šta te tamo čeka
    u maglama iz daleka.
    Al' ako se i pozlatiš,
    il' sve teško,
    gorko platiš,
    uvek idi samo napred.
    Nemoj nikad da se vratiš.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Научив...
    Дека неможеш да натераш некој да те сака. Се’ што можеш да направиш е да бидеш некој кој може да биде сакан, останатото зависи од другите.

    Научив...
    Дека ако на мене ми е грижа за некого, не мора да значи дека и нему му е грижа за мене.

    Научив...
    Дека се потреби години за да се стекне доверба, а само секунди за да се уништи.

    Научив...
    Дека не се смета ШТО имаш во животот, туку КОГО имаш во животот.

    Научив...
    Дека ми е потребно многу време за да бидам личност каква што сакам да сум.

    Научив...
    Дека сме одговорни за делата што ги правиме, без разлика како се чувствуваме заради нив.

    Научив...
    Дека или ти го контролираш своето однесување или тоа тебе те контролира.

    Научив...
    Дека имам право да бидам лут, ама дека немам право да бидам и суров.

    Научив...
    Дека ако некој не ме сака онака како што јас би сакал, не значи дека не ме сака воопшто.

    Научив...
    Дека зрелоста не зависи од бројот на родендените, туку од искуството и од тоа што си научил.

    Научив...
    Дека не е потребна прошка само од другите, мораш да научиш како некогаш да си простиш сам на себе.

    Научив...
    Дека светот нема да застане без обзир на мојата болка и страдање.

    Научив...
    Дека немора да значи дека две личности не се сакаат, ако се караат, или пак дека се сакаат ако не се караат.

    Научив...
    Дека не мораме да ги менуваме пријателите ако сфатиме дека тие се менуваат.

    Научив...
    Дека не треба секогаш да настојуваш да откриеш некоја тајна, бидејќи тоа би можело да го промени твојот живот засекогаш.

    Научив...
    Дека двајца луѓе можат да гледаат во исто нешто, а да го видат потполно различно.
     
    На poenta, kravce, Yowannty и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    НА ГРОБОТ НА ДЕНИЦИЈА

    Над мене сив облак и сива орлица
    се договараат за нешто,
    а јас мислам дека кај тебе
    ме поткажуваат, Дениција.
    Оти дошто видов кула и пладневна топола
    беа како твојата става, Дениција.
    Дошто сретнав омарнина и жито во движење
    беа како твојата коса, Дениција.
    Дошто сретнав сончоглед и светла пушкарница
    беа како твоите очи, Дениција.
    Дошто сретнав залез, дошто пресеков лубеница
    беа како твојата уста, Дениција.
    А сите мери житем уем, сите круши кантарки
    беа како твоите дојки, Дениција.
    Дошто ме размина мило и отпетлано крило
    беа како твоите клепки, Дениција.
    Дошто скинав сламка и маслинова гранка
    беа како твоите прсти, Дениција.
    Дошто отворив прозорец и непрочитана книга
    беа како твоите предници, Дениција.
    А сите напуштени мамузи и узенгии
    беа како твоите обетки, Дениција.
    Дошто чув за разлутени ридови и мориња
    беа како твоите колкови, Дениција.
    Дошто видов глуварици и плужни ралици
    беа како твоите стапала, Дениција.
    А видов што видов и ништо не видов
    оти везден се искачувам по душата од мртвите,
    везден слегувам по дождот и маглите
    и секаде задоцнувам да те стигнам тебе.
    Потоа ѕемнам кај што мислам дека ќе поминеш
    и сите градтски порти ги оставам отворени
    во секое време да можеш да се вратиш.
    Ти ме приѕираш и од небото и од земјата,
    а мене никако не ми успева да ти кажам
    дека и мојата смрт започна по твојата
    и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира,
    мислејќи само на тебе, Дениција.


    Мојата вечно омилена "Дениција" од
    Петре М. Андреевски.
     
    Последна измена: 2 август 2017
    На blonde_supergirl, Tanjamm, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
  10. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    Александар Дима-Тројцата мускетари:"Никаквецот не се смее како чесниот човек,лицемерот не плаче со исти солзи како искрениот човек.Секое преправање е маска и колку и да е добра таа маска,со малку внимание човек секогаш успева да ја оддели од вистинското лице."
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    Despite everything, I believe that people are really good at heart.
    Ana Frank


    “I am nothing special, of this I am sure. I am a common man with common thoughts and I've led a common life. There are no monuments dedicated to me and my name will soon be forgotten, but I've loved another with all my heart and soul, and to me, this has always been enough..”
    Nicholas Sparks, The Notebook


     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Кјут ^_^
     
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Ова е ремек дело.
     
  14. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Бермудски триаголник среде душа

    Не требаше таму да нагазнеш,не требаше
    Уште беше кревко,не исушено
    Не требаше да трчаш таму,не требаше
    Уште беше свежо,не зацврстено
    Ко штотуку асфалтиран пат
    уште кревка беше душава
    уште за балетски чекор пренежна
    а не пак за џиновско стапало ко од небо паднато
    Не требаше да скокнеш таму,не требаше
    дупка ко скептичка јама направи
    Премногу долга за скок во далечина
    премногу длабока за скок во височина
    Не требаше да ти дозволам,не требаше
    Бермудски триаголник среде душава да ископаш...
    Сега секој друг таму штом ќе стапне-ќе пропадне
    Сега секој после тебе таму нема да постои...

    Сега секој после тебе во душава
    ко во Бермудски триаголник ќе исчезне.
    -Клио Ларио,2014
     
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    5.166
    Пол:
    Женски
    „Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“.

    „На Дениција“ Петре М. Андреевски

    „Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“.

    „Тунел“ Петре М. Андреевски

    Еден од моите омилени автори, оној кој знае со збор да допре во сечие срце, да продре светлина и во најтемната душа.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    „Кога ќе видите некое цвеќе и кога ќе кажете дека е преубаво, дека го сакате и дека убаво мириса, сѐ е во ред. Но, кога ќе видите човечко лице и кога ќе кажете дека е преубаво, одеднаш станувате неморални.“

    Ошо - Патот до срцето

    @Daern
     
    На Nigredo Odor, Daern, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Ако е вистина дека во една искрена човечка солза има повеќе живот отколку што може да се доживее дури и кога човек ќе дочека длабока старост, тогаш сум живеела илјада животи што згаснаа пред моите очи.
    Со цврсто стиснати усни, со ширум отворени, празни очи, со лузни на душата чекав да ги чујам зборовите што ќе ми ја одредат судбината, засекогаш ќе ми го обележат животот, или барем она што остана од него...
    Зашто, лузните имаат моќ да не потсетат дека минатото е реално.

    Љубовта не се извира, исто како и смртта. Се е веќе запишано некаде одамна во небесата. Не можеш да и се противставиш на судбината, ниту да ги прескокнеш денот или ноќта....

    Те нема никаде - Ј.Б.Алимпиќ
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Тркалезни форми – Петре М. Андреевски

    Тркалезни ти се очите
    и местата од кај што ме гледаш,
    управувајќи со моите движења.

    Тркалезна ти е устата
    што ги оданочува зборовите
    и што ја прославува насмевката.

    Тркалезни ти се рамената
    и тркалезен ти е вратот
    што е единствено скеле од каде
    сета татковина е видлива.

    Тркалезни ти се дојките
    што се подвижни камбанарии
    и подигнати пушки од заседа.

    Тркалезни ти се брадавиците
    и медното саќе на нив
    и млечниот рудник, првата почва,
    првата средба со исхраната.

    Тркалезни ти се слабините,
    тркалезно што се шират,
    рамномерно што се враќаат.

    Тркалезна ти е половината
    и ветрот што се врти околу неа,
    како колцето околу оската,
    како преѓата околу вретеното.

    Тркалезен ти е папокот
    што е лузна на раѓањето
    и сеќавање на точката
    откај што тргнал животот.

    Тркалезни ти се колковите
    од кои се одбива светлината
    што е единствено вратниче
    за во мракот и за в помрачина.

    Тркалезни ти се колената
    што ги чекам да ми проговорат
    и тркалезни ти се петиците
    што те одделуваат од земјата.

    Тркалезна ти е прегратката
    кога ме љубиш, кога те љубам
    и тркалезна ти е солзата
    кога од мене се разделуваш.

    Тркалезна ти е трпезата
    на која ручаш и вечераш,
    а и лебот и садовите,
    ко трпезата се тркалезни.

    Тркалезно ти е јаболкото
    што го честиш со устата
    и тркалезно е виножитото
    во лубеницата што ја отвораш.

    Тркалезна е водата
    што ја зафаќаш со грстите
    и водата кога ти прави место,
    помагајќи ти да се искапиш.

    Тркалезно е и семето
    што го засејуваш во нивата
    и тркалезен е надолу патот
    по кој слегува неговиот корен.

    Тркалезно е сонцето и сончогледот
    што изгрева заради тебе,
    заради твоите тркалезни форми
    без кои и јас не знам кај би гледал.
     
    На Avery, kikikikirika и Lella им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ал Пачино: „Колку што е човек постар и помудар толку помалку има желба да се расправа за неважни работи. Тој едноставно има желба да стане, да ви посака сѐ најдобро и да си замине.“
     
  20. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Дваесет и некој е во октомври. Повеќе не водам сметка за датумите. Дали би се рекло - мојот сон од минатиот 14 ноември? Има интервали, но тие се меѓу соништата и од нив не останува ништо во свеста. Светот околу мене се топи, тук - таму оставајќи дамки од време. Светот е рак кој самиот се јаде... Мислам дека кога великата тишина ќе се спушти врз се' и насекаде, музиката конечно ќе триумфира. Кога се' ќе се врати во утробата на времето, одново ќе се воспостави хаосот, а хаосот е партитура врз која е напишана реалноста. Ти, Тања, си мојот хаос. Затоа пеам. Тоа дури не сум ни јас, тоа светот умира отфрлајќи ја кошулката на времето. Јас сум се' уште жив, клоцам во твојата утроба, реалност врз која се пишува.​

    - Хенри Милер, Раковиот напоредник
     
    На blonde_supergirl и Someonespecial им се допаѓа ова.