1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    - Но, ние сеуште бевме деца и од се` најмногу сакавме да гледаме таму каде што ни беше забрането. Меѓутоа, човек на се` навикнува. Проклет да бидам, човек се` издржува.

    - Проклет да бидам, каков убав сон беше Големата вода, - секогаш верував во измислици.


    Големата вода, Ж. Чинго
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    11.514
    Пол:
    Женски
    Надежта, која шепотела од кутијата на Пандора дури откако сите зла и таги избегале, е последното од сите нешта. Без неа останува само времето. А времето не турка в грб, надвор, се додека не не напика во заборавот. Од раѓањето ни е судено да се разделиме. Времето е едноставно мера на нашето одвојување. САМИ СМЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО СВОИТЕ ГОДИНИ

    -извадок од Правилото на четворката-
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.765
    Пол:
    Женски
    Жими Македонија имаш убаво лице. На прв поглед ги засакав твоите зелени очи. Знаеш како Американците одбираат животен партнер?-ако ги засакаат очите, тоа е најдобар знак дека бракот ќе опстои. Само бојата на очите останува иста за цел живот. Значи, ако се вљубиш во очите, цел живот ќе бидеш вљубен, зашто само тие во човечкиот живот остануваат исти, се друго се менува.

    Јован Дамјановски-Сенките на сонот.
     
    На glow, thelittle17, purple.butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    26.096
    Ако една недела не пишувам, се разболувам.
    Неможам да одам, ме фаќа вртоглавица, лежам во креветот, повраќам...
    Морам да чукам на машината.
    Кога би ми ги отсекле рацете, би чукал со нозете.
    - Буковски

    Овие зборови кои ги пишувам,
    ме спречуваат целосно да полудам
    - Буковски
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Кога сте вљубени, толку многу за да го запознаете вистинското лудило, тогаш засекогаш се менувате.
    Враќањето е невозможно

    од Мојата Преубава Шпионка - Колин Фалконер
     
    На stejsi2005, thatsmysecret, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  6. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Ова е слободна земја и секој има право на свое мислење,нормално ако го чува за себе.
    Сашо Тасевски-Шмизла
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.765
    Пол:
    Женски
    "Подлецот го опљачкал Хефе. Портирот и неговата девојка го испљачкале подлецот. Тогаш се појавил Елвис, го убил подлецот, но не го пронаоѓа Окото. Затоа оди кај портирот за да го пронајде Окото. Тогаш него го убива Бурбон Кид."
    "Кој може, и не мора да биде Данте"

    Книга без наслов од Непознат Автор :tmi:
    И она него на мајка му :rofl: Понекогаш се чудам какви глупости читам.
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Човек се жени за влакно исто онака како што полага матура или возачки: секогаш истиот калап во кој сакаш да се излиеш за да бидеш нормален, нормален, НОРМАЛЕН, по секоја цена. Кога повеќе не си над сите, сакаш барем да бидеш како сите, од страв да не бидеш под сите. А тоа ти е најдобар начин да ја упропастиш вистинската љубов.
    ...
    Нашата генерација е преповршна за брак. Се жениш како што одиш во Межик. Потоа, зап-зап, менуваш канали. Колку би сакале вие човек да остане цел живот со една личност во општество на сеопшт запинг?
    Во доба кога ѕвездите, политичарите, уметноста, сексот, религијата меѓусебно се позаменливи од било кога? Зошто чувството на љубовта би било исклучок од општата шизофренија?
    ...
    Бракот, тоа е кавијар за секој оброк: индигестирај на се она што обожавате, толку што на крајот ви се згадува. “Ајде, па ќе земете уште малку, зарем не? Што? Не можете повеќе? А до пред малку ви беше одлично, што ви е сега? Детиште едно безобразно, бегај!”


    “Љубовта трае три години” – Фредерик Бегбеде
    [​IMG]
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сонет 19

    О, лифно време, ѕверските смекни ги шепи,
    и земјата натерај ја котот сопствен да го голтне;
    искорни го острилото од тигарот што се чепи
    а фениксот вечен в оган нека спотне.
    Радост посевај и тага ти во летот
    и прави што ти е по волја, време брзоного,
    со сласта минлива насекаде низ светот;
    но еден злостор ти забранувам строго:
    о, не брзај саканиот в старост да го турнеш,
    не бразди му го челото со древниот твој молив,
    остави го него ко неимоверен урнек,
    пример убавински за поколенијата нови.
    Но и покрај злото, о време, што од тебе дува
    во песнава саканиот вечно млад ќе го чувам.

    - Шекспир (преведено од Драги Михајловски)
     
  10. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    26 Август 1995година
    Драга Габриел,
    Сакам само да ти кажам дека утре се враќам во Франција.
    Сакам само да ти кажам дека, во текот на мојот престој во Калифорнија, ништо не ми значеше повеќе од моментите поминати со тебе во кафетеријата на кампот, во разговорите за книгите, филмот, и за се’ и сешто.
    Само да ти кажам дека, повеќепати, посакував да бидам личност од приказните затоа што херојот на некој роман или филм би бил помалку невешт објаснувајќи и’ на хероината дека навистина му се допаѓа, дека сака да разговара со неа и дека чувствува нешто посебно додека ја гледа. Некаква мешавина на нежност, болка или сила. некое збунувачко заедништво, некоја возбудлива предност. Нешто ретко што никогаш порано не го почувствувал. Нешто чеи што постоење тој не го ни насетувал.
    Само да ти кажам дека едно попладне, тогаш кога дождот не’ изненади и кога се засолнивме под тремот на библиотеката, го почувствував, а верувам и ти, моментот на збунетост и привлечност што за миг не’ разбранува. Знам само дека тој ден за малку не се бакнавме. Не се решив на тој чекор затоа што порано ми раскажуваше за дечкото кој е на одмор во Европа, кому не можеше да му бидеш неверна, а и затоа што не сакав во твоите очи да бидам тип „како сите други“, кои бесрамно ти се додворуваат, а честопати и без почитување.
    Па сепак знам : ако се бакневме, ќе си отидев со полно срце, не ќе ми беше важно дали е дожд или убаво време, бидејќи ти ми беше важна. Знам дека тој бакнеж долго ќе ме следеше насекаде, како блескав спомен кон кој ќе се вртев во моментите на самотија. Најпосле, некои велат дека најубавите љубовни приказни се оние кои немале време да заживеат. Можеби затоа што неостварените бакнежи се уште посилни.
    Само да ти кажам дека, додека те гледам, мислам на 2-те сцени на еден филм. Кај тебе првите 23 сцени се светли и блескави, но од дваесет и четвртата почнува вистинската тага, што е во спротивност со светлината што ја носиш во себе. Како во сублимална слика, тоа е пукнатината под сјајот, тоа е слабата точка што те дефинира поверодостојно од она што го покажуваат твоите квалитети и успеси. Не еднаш, се прашував што те прави толку тажна, повеќепати се надевав дека ќе ми раскажеш за тоа, но ти тоа никогаш не го направи.
    Само да ти кажам да внимаваш на себе, д ане се заразиш со мелахонија. Само да ти кажам да не дозволиш да победи дваесет и четвртата сцена. Да не дозволиш демонот премногу често да го презема првенството над ангелот.
    Само да ти кажам дека и за мене си прекрасна и сончана. Но тебе тоа ти го кажуваат педесет пати на ден, што мене ме прави тип како сите други...
    Само да ти кажам дека никогаш нема да те заборавам.

    Мартен

    Еден “мал“ извадок од „Што би правел јас без тебе“ на Гијом Мисо. Книга која би ви ја препорачала. :D :inlove:
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    (не) разумност

    Посакав илјада пати да те прегрнам,
    посакав и илјада пати да те бакнам,
    но...
    невозможное...
    Пред нас се испречи ѕид,
    ѕид од тишина,
    тишина измешана со страв.
    А страста висеше таму некаде...
    и се криеше зад ѕидот.
    Страшливка...страшливка е страста..
    И тогаш...
    Тивкиот чувар во мене ми дошепна:
    -,,ти ја чувам душата- но не можам срцето,,
    -,,ти ја чувам свеста-но не можам потсвеста,,
    -,,ти го чувам разумот-ама не и мислата.....
    Му реков:,,,не ми требаш повеќе,,
    ,,Јас самата на себе сум си чувар,,
    ,,Јас сум човек,јас сум жена,,
    ,,И се додека имам кристално срце,
    ќе има некој кој ќе ми го скрши,,!
    ... се завртев и си заминав.....
     
    На martinuska, donna.17, thatsmysecret и 3 други им се допаѓа ова.
  12. silvy

    silvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    22
    BARBARA

    Sjećaš li se Barbara, padala je kiša neprestana
    nad Brestom toga dana, a ti si išla nasmijana
    pokisla, ozarena, ocarana, pod krupnim kapima kise
    sjeti se Barbara, sretoh te u ulici Sijama
    smijala si se, i ja sam se smijao
    sjecas li se Barbara
    Nisam te poznavao, nisi ni ti mene
    sjećaš li se, sjećaš li se toga dana
    i ne zaboravi ga.
    Jedan čovjek ispod neke kapije, zaklonjen
    viknuo je tvoje ime, Barbara
    a ti si potrčala njemu po kiši
    pokisla, ozarena, očarana
    i bacila si mu se u zagrljaj
    Sjećaš li se Barbara,
    ne ljuti se što ti kažem ti
    jer ti kažem svakom koga volim
    pa čak iako ga ne poznajem.
    Sjećaš li se Barbara i ne zaboravi nikad
    tu kišu tako blijedu i tako srećnu
    tu kišu nad morem, nad arsenalom
    nad brodom iz Cezana
    Oh, Barbara
    velika je svinjarija taj Rat i šta je sa sobom
    sada
    pod kišom od gvozdja, vatre, čelika, krvi
    A onaj koji te je stezao u zagrljaju, zaljubljeno
    da li je umro, nestao il je jos živ
    Oh, Barbara
    još uvijek kiša pada nad Brestom kao što je padala
    nekada
    Ali nije to isto, jer sve je porušeno
    To su samo posmrtne kapi kiše, užasne i očajne
    A nije ni onaj potop kiše, gvozdja, čelika, krvi
    vec prosto kiša iz oblaka koji nestaju kao psi
    kao psi koje donosi vodena struja iz Bresta
    da istrunu negdje daleko, vrlo daleko od Bresta, od koga nije ostalo nista . :*: :*: :*: :*: :*: Жак Превер Големо Извинување што е на латиница .Ја ископирав ...Навистина вреди да се најде во оваа категорија. Верувам нема некој што не го прочитал, и што не се восхитува на стиховите што ги напишал овој писател...Нешто што едноставно не остава без здив додека го читаме. :*:
     
    На Tanjamm и anima им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.056
    Допаѓања:
    66.765
    Пол:
    Женски
    -Немој да ги прифаќаш нивните стравови и нивното празноверие. Верувај во мојата трпеливост како што јас верувам во тебе. Мислиш дека мојот Бог се уште не е твој. Сигурна си дека не си го видела нити почувствувала. Сепак, кој знае дали тревките на неплодноста не биле Негово дело и порака кон тебе, Сараи, ќерко на моќник од Ур, за да престанеш да им се поклонуваш на твоите богови? Кој знае дали не ти го покажал Тој патот по кој ти тргна за да се сретнеме и да станеме маж и жена? Во Харан, Тој ми рече: "Напушти го татковиот дом". Не ми рече: "Напушти ја твојата жена Сараи која не може да го претвори твоето семе во дете". Тој секогаш ми го кажува она што го сака и она што не го сака. Тој уште ми вели: "Ти си благословен и ги благословувам оние кои те благословуваат". А кој ме благословува повеќе од мојата жена Сараи, од ден во ден, од ноќ во ноќ? Тој ми вети народ и ќе ми го даде. Како што ми вети земја. Затоа, Сараи, љубов моја, престани да се повредуваш со ножот на срамот, зашто не си грешна, а твојата болка е и моја болка.
    Аврам ја повлече туниката на Сараи и таа падна на подот.
    Потоа ја бакна во рамото и рече:
    -Дојди и спиј крај мене ноќва и секоја следна ноќ, се додека Бог не ни ја покаже земјата во која ќе се населиме.

    Сара од Марек Халтер.
     
  14. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    сега го пишувам ова слушајќи ја мојата инспирација анатхема

    те гледам,не ме забележуваш
    длабоко во твоите очи постои зрак
    ти не го чувствуваш
    ми вртеш броеви,белешки,сеќавање
    те чувствувам како некогаш до сега
    те гледам како човек кој не постои
    реалност со илузија
    ѕвекочи пискот на дете
    ме стресува,се вртам кон иднината
    па да,ти си човекот кој го чувствувам
    човекот кој ми дарува ѓивот
    шивот во мене
    а тоа е плод на нашето љубење,сакање,штипкање
    тоа е нашето идно дете
    сега те гледам но и ти ме забележуваш
    но,сега сме двајца
    јас и твојот син во мене!

    посветено!!
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    ,,Градот е мал. Тука се прават такви работи. Седиме и разговараме за другите луѓе. Дознаваме што им се случува во животот, кажуваме што мислиме, расправаме за тоа дали другите имаат право или не, и им ги решаваме проблемите ако мораме, меѓу своите четири ѕида. Се разбира, никој не го признава тоа, но сите го правиме. Главно се живее така.,,

    На прв поглед - Никола Спаркс

    Ме потсети на мојот град :D
     
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Me gusta cuando callas por que estás como ausente,
    Y me oyes desde lejos, y mi voz no te toca.
    Parece que los ojos se te hubieran volado
    Y parece que un beso te cerrara la boca.
    (Сакам кога молчиш, зошто си како отсутна,
    и ме слушаш од далеку, и мојот глас не те стигнува.
    Изгледа како очите да ти летаат,
    и изгледа како да со еден бакнеж ќе ти се затвори устата.)

    Como todas las cosas están llenas de mi alma
    Emerges de las cosas, llena del alma mía.
    Mariposa de sueño, te pareces a mi alma,
    Y te pareces a la palabra melancolía.
    (Како сите работи што се исполнети со мојата душа
    Испливуваш од нештата, полна со душата моја.
    Пеперутко од соништата, наликуваш на мојта душа,
    и наликуваш на зборот меланхонија.)

    Me gusta cuando callas y estas como distante.
    Y estás como quejándote, mariposa de arrullo.
    Y me oyes desde lejos, y mi voz no te alcanza,
    Déjame que me calle con el silencio tuyo.
    (Сакам кога молчиш, и си како одалечена.
    И си како да се поплакуваш, пеперутко ти приспивна.
    И ме слушаш од далеку, и мојот глас не те стигнува,
    оставиме да молчам, со твојата тишина.)

    Déjame que te hable también con tu silencio
    claro como una lámpara, simple como un anillo.
    Eres como la noche, callada y constelada.
    Tu silencio es de estrella, tan lejano y sencillo.
    (Оставиме да ти зборувам,едноставно со твојата тишина,
    јасно како светулка, едноставна како прстен.
    Ти си како ноќта, замолчана и вџашена.
    Твојата тишина е ѕвездена, еднакво далечна и искрена.)

    Me gusta cuando callas porque estás como ausente.
    Distante y dolorosa como si hubieras muerto.
    Una palabra entonces, una sonrisa bastan.
    Y estoy alegre, alegre de que no sea cierto.
    (Сакам кога молчиш, зошто си како отсутна.
    Далечна и жалосна, како да си умрела.
    Еден збор тогаш, една насмевка замолчуваат.
    И сум среќен, среќен од што не ќе сум искрен.)
    de Pablo Neruda
     
    На Torte19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Кого мразеше повеќе, оној кој ја оставаше или оној кој настојуваше да ја освои по секоја цена? - Кундера



    ,,Се чувствував како да плачам ,но ништо не излегуваше од мене.Беше еден вид на мачнина.мачна тага, болка .Мислам дека ме разбираш,мислам дека сите ме разбираат и понекогаш се чувствувале така , но јас се чувствувам така премногу долго...и премногу често.“



    Ноќва ќе боли.Оваа ноќ умре некоја ѕвезда. Се што ќе доаѓа понатаму ќе боли. И секоја нова болка ќе е потсетник за времето кое никогаш нема да се врати..


    Така е тоа. Минува тагата, болката, очајот, исто како пато и радостите минуваат, ја губат длабочината и вредноста и најпосле доаѓа време кога човек повеќе неможе да се сети што било тоа што го болело некогаш



    ...Одиш низ градот и гледаш згодни русокоси девојки како седат со некои млади луѓе,а тебе те обзема чувството дека веќе си стар и дека годините си го направиле своето.
    Припалуваш цигара,седиш на паркингот и ги гледаш истите тие како одминуваат.Автомобил полн со млади луѓе кои се забавуваат и смеат...
    Го стегаш цврсто воланот и продолжуваш да возиш понатаму,додека цигарата ти ги пече усните исто како што тоа некогаш го правеше љубовта... - Буковски, Жени




    Петре М. Андреевски, Дениција:

    Ништо не е повидливо
    и ништо не е поприсутно од твоето отсуство:
    ништо не е повидливо од твојата трага
    пред мене и зад мене, со мене и во мене.




    Te барав, те барам, во ce и сешто,
    Te барав, a барајќи можев само да те сретнам,
    но не и да те најдам, но не и да те најдам.




    Беше тоа еден ден што траеше цела година.
    Една година јас без тебе, јас без себе,
     
    На Tanjamm и Lovely им се допаѓа ова.
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Adult Simba: I know what I have to do. But going back will mean facing my past. I've been running from it for so long.
    [Rafiki hits Simba on the head with his stick]
    Adult Simba: Ow! Jeez, what was that for?
    Rafiki: It doesn't matter. It's in the past.
    [laughs]
    Adult Simba: Yeah, but it still hurts.
    Rafiki: Oh yes, the past can hurt. But the way I see it, you can either run from it, or... learn from it.
     
    На mims-89 и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Постоиш ли?
    Вистински си или само те замислувам?
    Но, не само што те замислувам,
    јас те чувствувам!
    Те чувствувам како бакнеж на пеперутка,
    оној најнежен трепетен допир
    што го прави моето срце живо.
    толку нежно, а толку силно
    те чувствувам,
    толку доволно за да постојам.
    Но, постојам само ако постоиш и ти.
    Во постоењето е мојата смисла,
    во постоењето е твојата душа,
    постоењето е наша мисла.
    Постоиш, затоа што те чувствувам
    и без да те видам, затоа си вистински.
    Зашто правиш да живеам,
    зашто така постојам.
    И јас сум вистинска кога ме чувствуваш,
    дури и кога не знаеш
    и кога не ме гледаш.
     
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Ljubav se radja....

    Kazu da se ljubav radja,
    kad joj se covek najmanje nada,
    odakle sad ti u srcu mome,
    kako si dosao tako iznenada!

    U srcu mome ljubav se rodi,
    od svih drugih puno veca,
    posle kise sunce napokon granu,
    i mene obasja lepota i sreca!

    Kazu posle kise duga ce doci,
    poslije mraka uvek doci ce dan,
    ti si se meni pojavio kao duga,
    kao nestvarno cudesan san!

    Sad mi u ocima samo ljubav sija,
    srcem mi samo sreca vlada,
    kako se ljubav ovako uvek rodi,
    kad joj se covek najmanje nada!!!