1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    1. Господар си им на оние зборови што уште не излегле од твојата уста, а роб на оние кои ја напуштиле.
    2. Лагата е доблест ако спасува живот.
    3. Свеста лаже ама потсвеста не.
    4. Кој не љубел, тој не живеел; и кој не умрел, и тој не живеел.
    5. Убавината на тајната е во одлагањето на нејзиното решение.
    Венко Андоновски
     
    На Tanjamm, poenta, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Томас Ман: Набљудувањата и доживувањата на немиот осаменик воедно се нејасни и попродорни отколку кај дружељубив човек Неговите мисли се потешки, почудни и секогаш осенчени со тага.
    Повеќе отколку што треба, го интересираат слики и забележувања од кои инаку лесно би се ослободил со еден поглед, насмевка, промена на мислење.
    Тие се продлабочуваат во молчење, стануваат значајни, се претвораат во настан, авантура, сеќавање.

    Извадок од книгата Смрт во Венеција
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Love Sonnet XI
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ах, каква измама, дилери на бајки: вие браќа Грим, сите романтичари склони кон меланхонија, депресија, алкохол и разни други видови поинакви светови, и ти Ернест Теодор Амадеус Хофмане, и ти господине Лудвиг Тик, и ти Луис Кероле: па сказните изобилуваат со насилство како во најнасилните хорор-филмови со Шварценегер, Жан Клод ван Дам или Сталоне, а сите се прават дека тоа не го гледаат, оти постоела и ,,дидактичка димензија”! Јованче и Марика во самоодбрана ја фрлија и ја изгореа лошата баба во распламтена печка (вештица, пар екселанс), откако претходно и го изедоа покривот од куќата направен од чоколадо; со тоа кремирање направија злостор рамен на Аушвиц. Додуша и таа се закани дека ќе ги изеде, супа од нив ќе направи!Ловецот од Црвенкапа го направи првиот царски рез во историјата на човештвото без анестезија, без разлика што тоа беше волчји стомак, исто како што неговиот колега од ,,Снежана и седумте џуџиња” изврши прва отворена операција на срце и негово отстранување, без разлика што пациентот, во една верзија беше-свиња, а во друга, посурова-срна. (Патем речено, зошто секогаш велиме ,,срничка” за срна, а никогаш ,,свињичка” за свиња? Зарем тоа е праведно- да се исмејува свињата само затоа што е свиња, а да се воспева срната затоа што не по своја заслуга се родила срна? Борбата против расизмот е гола флоскула додека вака се однесуваме кон свињата и срната). Алиса на Керол го доживеа првиот предматурален оргазам со оној вртоглав пад во бездната на другиот, поубав свет, уште на возраст кога секое дружење со такви ликови остава шанса авторот да биде обвинет за педофилија. Но, нека, сето тоа не е вистина! Тоа се слатки сказни, непостоечки светови!

    Сето тоа насилство врз јунаците го правеа за виши цели, како да може со ,,виши цели” да се оправдаат сурови постапки. Па и инквизицијата измачуваше и гореше жени на клада во име на ,,виши цели”, оти нема повисока цел од Бога и поразување на ѓаволот.

    И конечно: уште едно насилство за лицемерно постигнување на ,,виша цел”: пергаментот. Цената на сета убава литература е крвта на нероденото јагне, извадено предвреме со царски рез и веднаш заклано. Оти само така, како што дозна во ужас Падре Бенџамин, пергаментот се сметал за квалитетен. Зад сите тие воздишки на средновековните дулчинеи, нивните херојски писатели, зад сите дела на светската книжевност од Аристотел, Софокле, преку Данте и Сервантес, до Шекспир, Бодлер, Достоевски или Ками, лежи невино пролеаната крв на агнецот. Познато е: нема гозба без пролеана крв. Целиот свет е насилство. Што дека Гутенберг ја замени крвта на агнецот со олово, а кожата со хартија? Хартијата му е далечен внук на пергаментот. Единственото алиби тука е што дрвјата, за среќа немаат крв. Но имаат и тие утроба. Кога се сече дрво, се пролева невидлива, безбојна крв: кај плачот на виновата лоза тоа е највидливо. А невидливото пострашно обвинува од видливото: оној кој убива а не ја видел својата жртва е понесреќен од оној кој убил и видел што убива.

    Слаба утеха е тука кинескиот филозоф кој вели: од гледна точка на дрвото, сечењето дрво е злостор; од гледна точка на хартијата, сечењето на дрвото е- создавање.

    ,,Вештица"- В.Андоновски
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.641
    Пол:
    Женски
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    цбгфнгфн.PNG

    :inlove:
     
    На LittleChili, Tanjamm и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ние не случајно се избираме еден со друг. Ние се среќаваме само со тие што живеат во нашата потсвест.
    Првиот знак на глупоста е целосната отсутност на срам.
    Соништата се царскиот пат до несвесното.
    Човекот никогаш не се откажува од ништо. Просто заменува едно задоволство со друго.
    Колку побеспрекорно изгледа човекот однадвор, толку повеќе демони има во него.

    Мудри мисли од Зигмунд Фројд
     
    На Insane_sympathy и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Sva je moja duša ispunjena tobom,
    Kao tamna gora studenom tišinom;
    Kao morsko bezdno neprovidnom tminom;
    Kao večni pokret nevidljivim dobom.

    Na tvom tamnom moru lepote i kobi,
    Celo moje biće to je trepet sene:
    O ljubljena ženo silnija od mene, -
    Ti strujiš kroz moje vene u sve dobi.

    Kao mračna tajna ležiš u dnu mene,
    I moj glas je eho tvog ćutanja. Ja te
    Ni ne vidim gde si, a sve duge sate
    Od tebe su moje oči zasenjene.

    „Moja ljubav”- Jovan Dučić




    Milo stvorenje koje si sad sena
    Mili pepeo samo uspomena
    A ta je sena i ta uspomena
    Moj jedini život i jedina žena.

    Ti malo rušče – ceo svet bi dao
    Kad bih te još samo jednom ugledao
    Kako ideš kući u naručju s cvećem
    (A ja te s prozora gledam – i ne trepćem).

    „Nikad više” - Matija Bećković
     
  10. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Од The road less travelled од M. Scott Peck. Се надевам смее на англиски. Преведено губи од смислата.

    Evil people hate the light because it reveals themselves to themselves. They hate goodness because it reveals their badness; they hate love because it reveals their laziness. They will destroy the light, the goodness, the love in order to avoid the pain of such self-awareness. My second conclusion, then, is that evil is laziness carried to its ultimate, extraordinary extreme. As I have defined it, love is the antithesis of laziness.
    Ordinary laziness is a passive failure to love. Some ordinarily lazy people may not lift a finger to extend themselves unless they are compelled to do so. Their being is a manifestation of nonlove; still, they are not evil. Truly evil people, on the other hand, actively rather than passively avoid extending themselves. They will take any action in their power to protect their own laziness, to preserve the integrity of their sick self. Rather than nurturing others, they will actually destroy others in this cause. If necessary, they will even kill to escape the pain of their own spiritual growth. As the integrity of their sick self is threatened by the spiritual health of those around them, they will seek by all manner of means to crush and demolish the spiritual health that may exist near them. I define evil, then, as the exercise of political power-that is, the imposition of one's will upon others by overt or covert coercion-in order to avoid extending one's self for the purpose of nurturing spiritual growth. Ordinary laziness is nonlove; evil is antilove.
     
  11. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    „Разговор“ - Блаже Конески

    Јас замислувам разговор со тебе,
    Некакво правдање,
    Некакво објаснување.
    Јас смислувам прикладни зборови,
    Вистинити,
    Топли,
    Искрени докрај.
    Можеби јас би ти кажал
    Во тој дијалог
    Дека, и покрај сето,
    Ти си повлекла виножито
    Над мојот живот,
    Дека ти си ме вклопила во некаква
    неповторлива целост,
    Така што се` добило своја смисла,
    Како само по себе да се создало
    чудо.
    Можеби малцина, а можеби и никој
    Не се измислил така себеси
    Како што сме се измислиле ние
    двајцата.
    Па сепак, и покрај тој голем подем
    По гест и збор,
    На крајот заклучувам
    Дека е подобро да не дојде воопшто
    до тој разговор.​
     
    На Tanjamm и blueeparadise им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    “Сите луѓе сонуваат, но не еднакво. Оние кои сонуваат навечер во правливите катчиња на нивните умови, се будат и откриваат дека сè било суетност: но сонувачите во текот на денот се опасни луѓе, бидејќи може да дејствуваат на нивните соништа со отворени очи и да ги реализираат“.

    Томас Едвард Лоренс
     
  13. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
  14. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Ја гледав денес...
    неконтролирано ѝ течеа солзи од очите,
    ѝ ја видов болката на душата...
    безнадежноста, неверувањето...
    Ја гледав...
    таа беше или јас на огледалото?
     
  15. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.029
    Допаѓања:
    2.261
    Пол:
    Женски
    Проштенски поклади


    Денеска секој секому проштава.

    Денот ѝ проштава на ноќта,
    ноќта - на денот
    што ѝ краде од времето.

    Земјата му проштава на небото,
    небото ѝ проштава на земјата
    што се шета низ неговите одаи
    и се грее на неговиот оган.

    Огнот ѝ проштава на водата,
    водата на лошата наречница
    што ѝ нарече, што ѝ прорече:
    да нема ни лице, ни опачина,
    ни своја сенка, ни своја куќа,
    да нема кај да запре, да се почине.

    Денеска секој секому проштава.

    Само јас не можам да им простам
    на зборовите што не го кажале
    и она што не е за кажување...



    Петре М. Андреевски
     
    На Tanjamm и dayla им се допаѓа ова.
  16. Vanjce09

    Vanjce09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Здраво. Од кој беше оваа поема дали знаете. Благодарам
     
  17. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Пустото Вие со срдечното Ти таа незначајно го замени и сите среќни мечти во душата вљубена ги возбуди...
    Пред неа замислено стојам,немам сила погледов од неа да го тргнам и и велам: Колку сте мила! И си мислам: Колку те љубам!
     
  18. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    „Ако не си ти“ - Петре М. Андреевски

    Доближи се слико на светот од едниот до другиот крај
    и по бојата на твојот фустан ќе погодам
    како ќе изгледа времето.
    Инаку во чија глава би ме темнело
    и во чија соба би ме разденувало,
    ако не си ти.

    Зборот мој внесува поголем простор во помалиот
    и јас постојам само онаму кај што и ти постоиш.
    Оти никогаш досега не сум поминал
    онаму кај што ти не си била.
    Затоа не знам кого би го мразел и кого би го сакал,
    ако не си ти.

    Навечер ја вадам мојата куќа од твојата куќа
    и светлото на инсектот од незнајните гласови
    што ги `рѓосуваат машините во пчелите.
    И пак не знам каква ракија би пиел
    и кој со мојот сон би спиел,
    ако не си ти.

    Што не може да каже земјата му го порачува на растението,
    додека јас со туѓо лице те пронаоѓам,
    а со твоето те губам.
    И додека насекаде се распрашувам
    на кој крај од светот
    би се разминувале денот и ноќта,
    ако не си ти.

    Доближи се како цветот што има корен на небото
    и по бојата на твојата уста ќе погодам
    во кој овошен плод ќе заврши летото.
    Инаку кој дури зборува ќе го отвара кафезот
    за да ја пушти птицата што го збогатува воздухот,
    ако не си ти.
     
    На Herrera, Tanjamm, dayla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2016
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.887
    Пол:
    Женски
    Вашата желба да бидете убави не е замислена, таа е практична. Кога изгледате добро, добро и се чувствувате, а тоа значи дека сте потполно подготвени да го освоите светот.

    Не постојат грди жени, постојат само жени кои се рамнодушни кон себе.


    Estee Lauder
     
  20. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Женски