1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Костеновата

    Костеновата Нов член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите! Нова сум и како за прва објава еве еден текст. :$

    Не се сеќавам на денот кога за прв пат земав книга во рака, не се сеќавам ниту на името на својата прва прочитана книга, нејзиниот мирис, како ни на моментот кога бев вовлечена во тој магичен Свет...
    Дојдов до заклучок дека од книгата може да многу да научиме. Книгата стана составен дел од мојот живот, се всели во мојата соба и во секоја моја мисла. Личностите во книгите се со различни особини, и со секоја наредна книга доживувам нешто ново, нешто непознат. Сите тие личности со своите особини ме научија да го разликувам доброто од злото и да ги ценам лугето и нивните дела. Запознав нови области, обичаи и народи и им се восхитував. За мене не постои добра и лоша книга, сите ми е подеднакво драга и во секоја пронаоѓам нешто ново, интересно и корисно.
    Љубовта кон книгите и читањето одсекогаш била присутна во мојот живот. Секоја книга е свет за себе, не учи, ни прави друштво во осамените денови, не радува и смее, не расплакува и ни ги отвара вратите од својот свет. Треба да бидеме благодарни што тие ни овозможуваат да научиме многу за сегашноста и иднината. Секогаш биле тука за мене и со мене , моите верни пријателки - книгите.Не се сеќавам на денот кога за прв пат земав книга во рака, не се сеќавам ниту на името на својата прва прочитана книга, нејзиниот мирис, како ни на моментот кога бев вовлечена во тој магичен Свет...
    Дојдов до заклучок дека од книгата може да многу да научиме. Книгата стана составен дел од мојот живот, се всели во мојата соба и во секоја моја мисла. Личностите во книгите се со различни особини, и со секоја наредна книга доживувам нешто ново, нешто непознат. Сите тие личности со своите особини ме научија да го разликувам доброто од злото и да ги ценам лугето и нивните дела. Запознав нови области, обичаи и народи и им се восхитував. За мене не постои добра и лоша книга, сите ми е подеднакво драга и во секоја пронаоѓам нешто ново, интересно и корисно.
    Љубовта кон книгите и читањето одсекогаш била присутна во мојот живот. Секоја книга е свет за себе, не учи, ни прави друштво во осамените денови, не радува и смее, не расплакува и ни ги отвара вратите од својот свет. Треба да бидеме благодарни што тие ни овозможуваат да научиме многу за сегашноста и иднината. Секогаш биле тука за мене и со мене , моите верни пријателки - книгите.
     
    На chitachka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Убавите жени – Блаже Конески

    Убавите жени во мојот народ
    тие брзо прецутувале
    како цут од кајсија
    како мајски јоргован.
    О неправда!
    Тие им припаѓале на неизбрани мажи,
    нивните коси дење сплетени во прцлиња
    ноќе распуштени по градите и колковите.
    Нивниот постап на препелица
    набрзо го сопинала унечка,
    нивната младост поминувала
    како мирис на липа што го одвева ветрот.
    Набрзо тие седнувале на порта
    со наведната глава и издадени коленици,
    со нечујна издишка.
    Убавите жени, несреќните жени
    тие брзо прецутувале
    како цут од кајсија
    како мајски јоргован.
     
    На g8lQQk, CameliaMiller, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Љубов- Блаже Конески

    Не иди зашто жалосна би била,
    и колку да те копнеам- се ледам.
    Што младоста темен неврат скрила
    ме влече назад со измамна сила,
    но зар со подбив тоа да го гледам!
    Сум сакал, сега цибрина ме свила,
    не иди, љубов, жалосна би била.
     
    На prominent, Hey Boo, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    I saw my life branching out before me like the green fig tree in the story. From the tip of every branch, like a fat purple fig, a wonderful future beckoned and winked. One fig was a husband and a happy home and children, and another fig was a famous poet and another fig was a brilliant professor, and another fig was Ee Gee, the amazing editor, and another fig was Europe and Africa and South America, and another fig was Constantin and Socrates and Attila and a pack of other lovers with queer names and offbeat professions, and another fig was an Olympic lady crew champion, and beyond and above these figs were many more figs I couldn't quite make out. I saw myself sitting in the crotch of this fig tree, starving to death, just because I couldn't make up my mind which of the figs I would choose. I wanted each and every one of them, but choosing one meant losing all the rest, and, as I sat there, unable to decide, the figs began to wrinkle and go black, and, one by one, they plopped to the ground at my feet.
    -Sylvia Plath
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  5. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.495
    Допаѓања:
    41.643
    Пол:
    Женски
    „На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш“.
    Петре М. Андреевски
     
    На Tanjamm и g8lQQk им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Preach, sir.

    IMG_20200714_135735.png
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.765
    Допаѓања:
    33.575
    Пол:
    Женски
    Каква и да си дојди -Рабиндранат Тагоре

    Каква и да си, дојди; не се колебај при облекувањето.
    Косата нека ти биде расплетена, и патецот заплеткан, и елекот раскопчан, што е тоа важно.
    Каква и да си, дојди; не се колебај при облекувањето.
    Со итри чекори дојди по тревата.
    Ако исчезне руменилото од твоите нозе, зашто има паднато роса, ако прстените околу твоите нозе се рашират, ако бисерот испаѓа од твојата гривна, што е тоа важно.
    Со итри чекори дојди по тревата.
    Глеј, се трупаат облаци на небото.
    Јата жерави долетуваат од далечни брегови, а напати ветерот дува преку пустината.
    Преплашен добиток бега кон шталите в село.
    Глеј, се трупаат облаци на небото.
    В залуд го палиш светилникот на столот заради своето дотерување – трепери и се гаси на ветрот.
    Кој гледа дека на твоите капаци нема црнило? Твоите очи се потемни од тмурните облаци.
    В залуд го палиш светилникот на столот заради своето дотерување – трепери и се гаси на ветрот.
    Каква и да си – дојди; не се колебај при облекувањето.
    Ако венецот за твојата коса уште не е исплетен, што е тоа важно; ако синџирот околу твојот лакт не е закопчан, нека го.
    Небото е покриено со облаци – доцна е.
    Каква и да си – дојди; не се колебај при облекувањето.

    Сеуште ја паметам од средно .Се уште ми одзева во ушите како професорката по македонски ни ја рецитираше.Се заљубив во песната и уште ми е мила:inlove:
     
    На prominent, st-el, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    И трамвајот се движи по шините,
    и јас се движам во трамвајот
    стоејќи во место,
    мојата рака ја бара вистинската рачка,
    за да продолжам да се движам.

    И сето тоа е толку брзо,
    поминуваш низ улици, продавници,
    се разминуваш со луѓе,
    сонце, месечина, сонце, месечина...стоп!

    Време е да се слезе,
    чекорам
    а трамвајот е веќе далеку
    од мене
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bluden

    bluden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Има денови кога знам
    дека секоја смисла завршува и почнува со тебе
    и ништо друго на светот не е важно.

    Добро е што те имам
    иако те немам
    добро е што мислам на тебе
    не ми е потребна обостраност.

    Добро е што мојата љубов е невидлива
    таа е како воздух, неа ја дишам
    ти, ти само го заврте тркалото
    ти го назначи правецот
    ти ми ја донесе есента
    Јас имам време
    Ти се менуваш
    но јас те имам тебе
    Твојот здив е секогаш на моето рамо

    И ништо друго на светот не е важно
    И ништо друго....
     
    На Vojdana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Oмилен ми е , број 1 во светот за мене. На интернет, на јутјуб имаш многу негови песни ги читаат на српски јазик. Во библиотеките има еден избор поезија, но тоа е само дел од она што го творел.
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    Нека секој поединец го најде својот внатрешен мир. Кога ќе го најдеш, ќе сфатиш дека можеш без многу работи. Тоа, едноставно, значи дека веќе не ти се потребни многу работи од работите кои му припаѓаат на светот што те опкружува. Да се нема потреба од нешто - тоа е голема слобода. Тоа, пред се', те ослободува од стравот дека нешто нема да поседуваш, од стравот дека ќе го загубиш она што го имаш, од стравот дека без извесно нешто нема да бидеш среќен.
    Второ, немањето потреба те ослободува од лутината, а лутината е одраз на стравот. Кога немаш од што да се плашиш, немаш ни поради што да бидеш лут.

    Од Разговори со Бога, книга 2, Нил Донал Волш
     
    Последна измена: 20 септември 2020
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Čežnja

    Sanjam da ćeš doći:
    jer mirišu noći, a drveće lista,
    i novo se cveće svakog jutra rodi;
    jer osmesi ljupki igraju po vodi,
    i proletnjim nebom što od sreće blista;

    Jer pupe topole, i kao da hoće
    k nebu, pune tople, nabujale žudi;
    jer u duši bilja ljubav već se budi,
    i mirisnim snegom osulo se voće;

    Jer zbog tebe čežnje u vazduhu plove;
    svu prirodu Gospod za tvoj doček kiti.
    Cveće, vode, magle, jablanovi viti,
    sve okolo mene čeka te i zove.

    Dođi! Snovi moji u gustome roju
    tebi lete. Dođi, bez tebe se pati!
    Dođi! Sve kraj mene osmeh će ti dati
    i u svemu čežnju opazićeš moju.

    - Desanka Maksimović
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Тоа лице на љубовта опасно и нежно - Жак Превер

    Тоа лице на љубовта
    опасно и нежно
    една вечер ми се јави
    по мошне долгиот ден
    Можеби стрелец беше
    со лак и стрела
    ил свирач сам
    со харфа смела
    Веќе не знам
    знам само
    дека ме рани
    можеби со стрела
    или со песна
    знам само
    дека ме рани
    засекогаш ме рани
    и до срцево крв ми тече
    И врела премногу врела
    рана љубовна ме пече
     
    На LittleChili и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Гарванот

    Еднаш, среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
    дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
    дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
    зачув некој како чука на портата однадвор.
    „Некој гостин“ — реков, — „чука на портата однадвор!“
    Тоа сал и ниту збор!

    Ах, си спомнам многу јасно: в декемвриска вечер касна,
    жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
    Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
    спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
    збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
    таа вечна неизгор.

    А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,
    грозен шум во себе скрила. На ужас е чиниш створ!
    Па, срцето дури бие, јас го молам да се свие:
    „Некој гост е што се крие пред портата однадвор —
    доцен гост е што се крие пред портата однадвор“ —
    Тоа сал и ниту збор!

    Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:
    „Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
    врз клепкиве дремка стежна а пак вие в ноќва мрежна
    затропавте толку нежно на портата однадвор“ —
    тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор —
    надвор мрак и ниту збор!

    Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
    сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
    Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
    збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
    збор Ленора, што низ ехо се врати во одговор.
    Тоа сал и ниту збор!

    В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
    зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
    Па си реков: „Дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
    треба сигурен да бидам таен ли е некој створ! —
    Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор!“ —
    Вон сал ветер развигор.

    Панѕурите штом ги турнав, преку мене нешто јурна,
    низ прозорецот се турна Гарван горд со темен взор.
    Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
    но со лик на лорд ил дама ко што дојде однадвор,
    врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
    летна, седна и ни збор!

    И со таа птица света, што пред малку тука слета
    одважна и строга сета сега, почнав чуден разговор:
    „Бувка немаш да се реси, сепак плашливка ти не си,
    грозно, страшно сениште си, Брегот Ноќен ти е двор —
    речи, какво име носиш во Плутоновиот хор?“
    Тој сал гракна: ”Nevermore!“

    Станав плен на почудица, кога таа грда птица
    ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
    Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
    не чул птица да му грака и му праќа огнен взор —
    птица или друга лишка да му праќа огнен взор
    со збор еден: ”Nevermore!“

    Гарванот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
    в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
    Друго појќе ни да каже, ни да пафне пердув влажен,
    дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
    И ти како мојта надеж исчезнат ќе бидеш створ!“
    Тој сал гракна: ”Nevermore!“

    Изненаден, мигум трепнав, од одветот негов сепнат,
    „Сомневање нема“, шепнав, „Се е тоа празен збор.“
    Од несреќен стопан сметен, кого Пропаст зла го сплете
    и го следи уште, ете, до песните преумор,
    тажачките песни, припев на Надежта непрегор
    од вечното ”Nevermore!“

    Но Гарванот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
    па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
    Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
    мисла тажна, бледна: „кој е овој зловест створ?
    Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
    со своето ”Nevermore!“

    В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,
    без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
    В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
    и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
    врз кадифето кај Она нема веќе ко жив створ
    Пак да седне, ”Nevermore!“

    Одненадеж ми се чини, мирис воздухот да прими,
    божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
    „Страдалнику“, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
    па ангели тој ти пратил мир и непент којшто мати.
    Испиј го и тогај мора да ја заборавиш Ленора!“
    Грак се слушна: ”Nevermore!“

    „Пророку“, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
    Сеедно е кој те пратил! Сотона ли друг ли створ!
    Полн со очај, смел и злобен, дојден ваму в крајов кобен,
    в дом кај цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
    Речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?“
    Тој сал гракна ”Nevermore!“

    „Пророку“, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
    Те колнам во тој што в светот владее над секој створ!
    Речи и на мојва душа, која јадови ја гушат,
    дали повтор ќе ја гушка Ленора со вљубен взор?
    Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?“
    Грак се слушна ”Nevermore!“

    Нека биде тој збор сега збор разделбен а не шега,
    птицо или враже, бегај во Плутоновиот двор!
    Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
    остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
    Од срцево извади го клунот свој, тој слун на нор!
    Грак се слушна: ”Nevermore!“

    А Гарванот ни да претне, ниту пак за миг да летне
    од бистата на Палада, туку како кобник створ
    над портата бдее, молчи, со поспани демон – очи,
    и врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
    И врз таа сенка – тема, душава, знам, веќе нема
    да се крене. ”Nevermore!“

    Едгар Алан По
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Čekaj me

    Čekaj me, i ja ću sigurno doći
    samo me čekaj dugo.
    Čekaj me i kada žute kiše
    noći ispune tugom.


    Čekaj i kada vrućine zapeku,
    i kada mećava briše,
    čekaj i kada druge niko
    ne bude čekao više.

    Čekaj i kada pisma prestanu
    stizati izdaleka,
    čekaj i kada čekanje dojadi
    svakome koji čeka.

    Čekaj me, i ja ću sigurno doći.
    Ne slušaj kad ti kažu
    kako je vrijeme da zaboraviš i da te nade lažu.


    Nek povjeruju i sin i mati
    da više ne postojim,
    neka se tako umore čekati
    i svi drugovi moji,
    i gorko vino za moju dušu
    nek piju kod ognjišta.


    Čekaj. I nemoj sesti s njima,
    i nemoj piti ništa.
    Čekaj me, i ja ću sigurno doći,
    sve smrti me ubiti neće.


    Nek kaže ko me čekao nije:
    Taj je imao sreće!
    Ko čekati ne zna, taj neće shvatiti
    niti će znati drugi
    da si me spasila ti jedina
    čekanjem svojim dugim.


    Nas dvoje samo znaćemo kako
    preživeh vatru kletu — naprosto, ti si čekati znala
    kao niko na svetu.

    - Konstantin Simonov
     
    На Bella ••• и pdb123 им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.470
    Не е мое ништо од она што го гледам

    Живеам под наем, долго колку здив на пеперутка
    или ламба што догорува.

    По џебовите парталави сеќавања
    кршливи соништа и немир.

    Сам како куче, се бркам со животот
    и секогаш тој за малку ми се
    лизга од рацете,
    секогаш јас сум за еден чекор пократок.


    Низ годините

    Предолго сум тука за да бидам свој.

    Животот врз мене пишува прикаски,
    во косата се' почесто
    си наоѓам бели влакна.

    Улиците се преполни со заминувања,
    деновите имаат мирис на
    диви смокви и лето што догорува.

    Низ годините научив:
    не само ноќите,
    туку и утрата имаат способност
    да здробат.

    Тоа. И дека некои тишини се прегласни.


    Таму внатре никој не живее

    Најчесто е совршено и жал ми е што можам
    да го видам тоа само кога
    сум некаде далеку.

    Знам дека ти најмногу од се'
    би сакала да се вратам сменет
    и тоа да потрае, но мојата
    меланхолија нема копче
    за исклучување.

    Некој ќе мора да ми го поправи срцето,
    таму внатре долго време никој не живее.

    - Тони Попов
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    Многу ја сакам. На англиски јас ја знам, цела.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    П.М.Андреевски: "Зборот нема милост, на секоја кривина те чека да те изненади.
    Секој збор има свој лик и ум. Можеби тие се токму твоите, но ти не си ги препознаваш.
    И секој погрешно употребен збор, може да те злоупотреби. Тоа ќе ти ја уништи и чесната мисла што си сакал да ја соопштиш".
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, tina2018 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Ако носиш нешто неизречено,
    нешто што те притиска и пече,
    закопај го во длабока тишина,
    тишината сама ќе го рече.

    Ацо Шопов
     
    На cresa-jagoda, kankus, mula и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Skorpija99

    Skorpija99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    4.801
    Пол:
    Женски
    "Колку повеќе знаеш, толку повеќе ќе страдаш!"(Петре М.Андреевски)
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda, kankus и 3 други им се допаѓа ова.