1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Што е на крајот на средата ? - Четврток.
    А на крајот на четвртокот ? - Петок.
    На крајот на сите краеви е еден нов почеток. Краевите ќе се потрошат, а почетоците секогаш траат. Почетокот - ете тоа е на крајот ! - Дучко Радович
     
    На INNERBEAUTY, cresa-jagoda, kankus и 2 други им се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.700
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе само во сон можеш да ги гушнеш и тоа од време на време, ако се смилуваат и ти дојдат во сон. Е ради нив врне во душата- Игор Џамбазов.
     
    На prominent, Зегзи, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    2.557
    Пол:
    Женски
    Зборот нема милост – на секоја кривина те чека да те изненади. Секој збор има и свој лик и свој ум. Можеби тие се токму твоите, но ти не си ги препознаваш. И секој погрешно употребен збор, може да те злоупотреби. И тоа ќе ти ја уништи и чесната мисла што си сакал да ја соопштиш - Петре М. Андреевски
     
    На prominent, Tanjamm, tigarce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Меша Селимовиќ: "Како живеам? Добро. Задоволен сум што го проживеав веков, а никому не наштетив.
    Онаа штета што мене ми е нанесена одамна ја заборавив, бидејќи загубата полесно се поднесува отколку каењето".
     
    На prominent, Tanjamm, Зегзи и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bella •••

    Bella ••• Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2020
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Разделба - Блаже Конески

    Нам ни е дадено за ден да сакаме,
    и пак на разделба тажни да бидеме,
    И пак си велиме: не заборавај ме! - а може никогаш да не се видиме.

    Пат ќе ни препречат мостој соборени,
    пат ќе ни препречат градој изгорени,
    пат ќе ни препречи куршумот в чело.
    И пак сме можеле тажни да бидеме,
    и пак си велиме : не заборавај ме!
    - а може никогаш да не се видиме.
     
    На Tanjamm и Зегзи им се допаѓа ова.
  6. tigarce

    tigarce Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    453
    Анте Поповски - Ќе ме најдеш

    Би можел јас и сосема да се осамам, да бидам еден кој заборавил да чита, да гледа, да слуша, да изумам и да ме изуми се, да се престорам камена плоча, но ти и под плочата ќе ме најдеш зашто заклучена си во моето исчезнување.
    _____________________________________

    Ацо Караманов - Тајна

    Пак ли сакаш да ти го кажам тоа
    што ти го го кажав вчера во сината ноќ дека си за мене и смев и солза
    дека си за мене и слабост и моќ.

    Ах, остави ја веќе таа исповед
    нека спие мирно во твоето срце
    и мојата душа нека биде твоја
    а мое да биде твоето лице.
     
    На prominent, Tanjamm, LittleChili и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Зегзи

    Зегзи Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Дојди:
    Јас не ќе кажев но ќе ти покажев,
    Дека има топло море под таа планина,
    Врело сонце зад таа маглина,
    Бури и огнови зад таа тишина,
    И бескраен копнеж и сивина
    Зад портите на сивава тврдина.
    Николина Јаќоска






     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariaamarija

    mariaamarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Глас на Гане Тодоровски од која збирка е?
     
  9. Hey Boo

    Hey Boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    30
    имаш навика
    да зависиш
    од луѓе кои
    ти надоместуваат за она
    што мислиш дека ти недостига

    кои те измамиле
    да им веруваш
    дека некој друг
    може да те исполни
    кога најмногу што може е да те дополни


    млеко и мед-рупи каур
     
    На Tanjamm и Bella ••• им се допаѓа ова.
  10. tigarce

    tigarce Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    453
    Се сретнавме на излезот од еден живот.
    Небото се затвораше ливче по ливче пред ноќта.
    Јас не знаев што да ти речам за поздрав:
    „здраво“, „збогум“, или двете одеднаш.
    Јосип Коцев
    ________________________________

    Васил Иљоски - Бегалка

    Срце е тоа, осеќа… Ако гo
    стегнеш повеќе, ќе препукне.
     
    На prominent, Зегзи, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    509
    Допаѓања:
    2.227
    Во тишина- Ацо Шопов

    Ако носиш нешто неизречно,
    нешто што те притиска и пече,
    закопај го во длабока тишина,
    тишината сама ќе го рече.
     
    На Just.do.it и tigarce им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.835
    Пол:
    Женски
  13. maia.

    maia. Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    КАВГА СО СВЕТЛИНАТА

    биди силна, светлино моја,
    и собери ми ги сите делови
    на куп со складни димензии.
    за во ковчег. или за во куфер.
    не му ја мисли околу тоа, само
    собери ме. прибери ме со тие твои
    дланки од ѕвезди направени, спои ме
    за да ти заличам, ко за пред бакнеж.
    мисли ме, љубов, зашто ако ме заборавиш
    ќе сфатам дека сум одамна мртов. како
    што ми е мртов здивот кога ти тонеш,
    како што се давам во мракови кога сите твои
    до едно избројани и секогаш премногу
    отсуства ме болат. сега, еве, помислив
    на музиката. сакам да ја допрам тишината
    зад твоите клепки. ако ја нема, ќе ја нацртам
    таму, на местото во кое влегувам во тебе.
    не знам кој од нас двајца овде е попаметен
    а кој е полуд. едниот те гали со зборови
    а другиот … е полн тишина. скриен зад клепки.
    твои ли се, мои ли се… навистина не знам.


    ЕДНО МАЛО ПИСМО

    кога ме прашуваат како сум,
    на сите им велам: добро. и
    се обидувам насмевката
    да не ме издаде. кога ти
    би ме прашала, би ти рекол
    дека ми тежи нешто врз градите
    и дека твоето отсуство и физички
    ме боли. понекогаш меѓу две издишки
    си велам подобро е што не знаеш. a со
    секоја издишка сфаќам како ти е тебе.
    така од сето знаење за другиот страдаме со
    удвоена болкa. кога некој би ме прашал
    дали постоиш, цврсто ќе негирам. за среќа,
    освен што тоа никој не ме прашува, никој и
    не прашува како и дали воопшто го замислувам
    животот без тебе. a на секоја помисла за тоа,
    тежината се зголемува, болката боли. боли. посилно,
    иако бев мислел дека посилно од тоа нема.
    вака
    немо, боли болката најмногу, кога не можам со тебе
    да разменам ни збор. се надевам барем мислите,
    некако, патуваат.


    ЧАСОВНИКОТ Е СПОКОЕН

    ме болат забите.
    непцата ми се натечени.
    заболекарката ми вели:
    „стружеш додека спиеш“.
    а јас не знам кога сум буден.
    ме болат забите. и коренот
    на душата. не знам кога
    спијам, не знам што е стварност
    а што е кошмар. ме боли сѐ,
    а ништо не покажувам: ведар
    едрам по улици, на сите
    им велам добар ден, добра вечер.
    наутро не ме бива: долго лежам
    после будењето и се обидувам
    да се сетам зошто би станал.
    си ги гледам ножните прсти.
    и сликите на ѕидот. чашата вода
    покрај книгите, покрај ламбата,
    покрај часовникот. наутро,
    во спалната само часовникот дише.
    спокоен е, мирно дише. тој знае
    повеќе од мене.

    Игор Исаковски
     
    На Зегзи му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Милан Кундера: „Никогаш нема да можеме со сигурност да утврдиме во која мера нашите односи кон другите луѓе се последица на нашите чувства, љубов, омраза, добрина или злоба, а во која мера се предодредени од соодносот на силата меѓу поединците. Реалната добрина на човекот може да ја покаже својата чистина и слобода само во односот кон некој кој не поседува никаква моќ.
    Човечкото време не се врти во круг, туку брза напред по права линија. Тоа е причината поради која човек не може да биде среќен, затоа што среќата е копнеж за повторување.“
     
    На Зегзи и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    „Очите се важна работа. Слично на барометар. Се можеш да видиш - кој има голема суша во душата, кој без никаква причина може да те шутне со врвот од чизмата в ребра, а кој и самиот од секого се плаши“ - Песјо срце (М. Булгаков)
     
    На prominent, Lizy333 и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    11.907
    Пол:
    Женски
    Скроз...
     
    На Jordanco Smart му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jordanco Smart

    Jordanco Smart Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2018
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Машки
    „Ако почнам јас да мочам надвор од шолјата и истото го прават и Зина и Дарја Петровна, во тоалетот ќе дојде до хаос. Според тоа, хаосот не е во клозетите, туку во главите“ - Песјо срце (М. Булгаков)
     
    На poenta и Lizy333 им се допаѓа ова.
  18. Mongolka

    Mongolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2021
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    574
    Пол:
    Женски
    IMG_20210718_184832_533.jpg
     
    На prominent и st-el им се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Разговор

    Јас замислувам разговор со тебе,
    Некакво правдање,
    Некакво објаснување.
    Јас смислувам прикладни зборови,
    Вистинити,
    Топли,
    Искрени докрај.
    Можеби јас би ти кажал
    Во тој дијалог
    Дека, и покрај сето,
    Ти си повлекла виножито
    Над мојот живот,
    Дека ти си ме вклопила во некаква неповторлива целост,
    Така што се' добило своја смисла,
    Како само по себе да се создало чудо.
    Можеби малцина, а можеби и никој
    Не се измислил така себе си
    Како што сме се измислиле ние двајцата.
    Па сепак, и покрај тој голем подем
    По гест и збор,
    На крајот заклучувам
    Дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор.

    Блаже Конески
    [​IMG]
     
    На CameliaMiller, Tanjamm и blueeparadise им се допаѓа ова.
  20. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    1.459
    Krvava bajka

    Bilo je to u nekoj zemlji seljaka
    na brdovitom Balkanu,
    umrla je mučeničkom smrću
    četa đaka
    u jednom danu.

    Iste su godine
    svi bili rođeni,
    isto su im tekli školski dani,
    na iste svečanosti
    zajedno su vođeni,
    od istih bolesti svi pelcovani,
    i svi umrli u istom danu.

    Bilo je to u nekoj zemlji seljaka
    na brdovitom Balkanu,
    umrla je mučeničkom smrću
    četa đaka
    u jednom danu.

    A pedeset i pet minuti
    pre smrtnog trena
    sedela je u đačkoj klupi
    četa malena

    I iste zadatke teške
    rešavala:koliko može
    putnik ako ide peške...
    i tako redom.

    Misli su im bile pune
    istih brojki,
    i po sveskama u školskoj torbi
    besmislenih ležalo bezbroj
    petica i dvojki.

    Pregršt istih snova
    i istih tajni
    rodoljubivih i ljubavnih
    stiskali su u dnu džepova.

    I činilo se svakom
    da će dugo,
    da će vrlo dugo,
    trčati ispod svoda plava
    dok sve zadatke na svetu
    ne posvršava.

    Bilo je to u nekoj zemlji seljaka
    na brdovitom Balkanu
    umrla je junačkom smrću
    četa đaka
    u istom danu.

    Dečaka redovi celi
    uzeli se za ruke
    i sa školskog poslednjeg časa
    na streljanje pošli mirno
    kao da smrt nije ništa.

    Drugova redovi celi
    istog časa se uzneli
    do večnog boravišta.

    Desanka Maksimović
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.