Ако остарам некогаш. Ако ја имам среќата да остарам и да имам внук или правнук од мое чедо ќе му шепнам дека само очите ми беа од тебе мамо! Дваесет и седум! И многу љубов. Во нив премногу љубов. И многу страв. Дваесет и седум. Сиот страв собран во нив од светот. Дека само очите ми беа од тебе ќе му кажам мамо. Оти ти само тоа си! Дваесет и седум! Сета сирова љубов и сиот суров страв во очите твои – собрани од светот! Дваесет и седум! Онаа сирова љубов со која мајките креваат автомобил со голи раце ако заглави под него бебето Оној страв од кој антилопите споулавуваат и му ја гризат аортата на вратот на лавот ако му се случи нешто на антилопот Само очите ми се од тебе мамо. Дваесет и седум. И во нив сета љубов и сиот страв собрани од светот. И стално ќе можам да ти ги нацртам очите со обичен јаглен, со молив, со прст во калта, во правта, на плажата во песокот- кога и да е на што и да било. Дваесет и седум! Ќе ти ги нацртам најлесно колку и да бидам стар или сенилен или да не ме држи умот! Дваесет и седум! Во еден круг само двојче. Седмиче мало во десниот. Како дваесет и седум коски да ти крши некој истовремено. Како дваесет и седум коски да ти крши некој истовремено – болката што жената ја истрпува кога се р’ва со Господа на ридот од Рајот низ бездната да фрли и низ себе да донесе на светов нов живот… Само очите ми се од тебе мамо! И во нив сета љубов Во нив сиот страв собран од светов! И кога љубиме и кога се плашиме до смрт – само очите наши да светат исто. Кога бев средно еден монах или поп везе немам онде карши Житолукс еден ден ме праша кај е Државна безбедност? Го извадив вокменот од уши и му реков : Само право, малце подолу! Ми се насмеа и рече фала ти многу момче, а послем тоа одма додаде што убави очи ти дал Господ! – погласно. Не се од Господ од мајка ми се му реков! Од мајка ми ми се очите му реков. Кога подзастарев многу девојки ми рекоа дека убави очи имам мамо. Ти ми рече да бидам со онаа што нема да се плаши од мојот страв и од мојата сирова љубов. Кога умрев во ковчегот солза од окото ми протече под чаршафот низ левото око и сестра ми се исплаши и скокна утрото. Тоа ти плачеше. Тоа ти плачеше не јас! Мажи не плачат ти така велеше и јас стално те слушав – тоа ти плачеше! Тоа ти плачеше низ очите мои таму од небото мамо. Оние очи за кои Бог ми рече дојди поблиску! Дојди да ти ги видам очите малку поблиску! Оние очи за кои не се сеќаваше дека ги создал баш така Господ! И се смееше. И се смееше слатко и те опцу! Кога умрев тебе прво те опцу Бог! И јас тогаш дознав дека си била ангел ти мамо. Ангел кој скришум се протнал во телото твое на ридот од Рајот. Ангел кој ме чувал ѓоа мајка своја синот.Дваесет и седум! Дваесет и седум! Дваесет и седум!И јас тебе многу! И јас тебе мамо…
Имам право да те чекам Имам право да те чекам во самраци што ги пијат последните капки на дните, во мугри што со крв ја земаат силата на ноќите! Имам право да те чекам, по чаша вино испиена на стрмоглав покрив, во двоумењето дали да се расеам низ воздухот или да му дадам уште неколку издишувања... Имам право да те чекам, во безумните призраци на овој грешен град одново и одново да се препознавам и да воскликнувам безнадежно: „Извинете, Вие не сте моето недостигање!“ Имам право да те чекам, во мирисот на шолја утринско кафе со снажен преграб кој собира сонца, иако светлината ми вели дека повеќе немаш своја сенка на светов! Имам право да те чекам, и чекајќи те да им ги растурам гнездата на птиците - нека нема дом сè што може да одлета како душата! Имам право да те чекам, и чекајќи те, телото да ми стане тврдо стебло, кожата - дебела кора, крвотокот - жили од лист, и чекајќи те, да копнеам еден ден од мене некој да изделка виолина и музика да ми биде сета скрб и плач! Имам право да те чекам, и нема сили, ни богови, ни армии што можат да те земат од моето чекање... а еве веќе со денови ме мачи само едно: со рацеве врзани во оваа проклета кошула, ќе можам ли да те гушнам ако баш ноќва ми се вратиш?
Оф мислев сум пишала. Јосип Коцев, one and only. Збирка, јас Квентин Скриблер. Од 2016 е ова, ама уште ми е меѓу омилените.
Želim da posle snova ne ostane trag moj na tvom telu. Da poneseš od mene samo tugu i svilu belu i miris blag… puteva zasutih lišćem svelim sa jablanova… Miloš Crnjanski
Велат проаѓа се Но не знаат, не дека доаѓа претешко Време на плачење Не зборувај не, Ти не знаеш како е Имаш свој дом пак некаде А за мене касно е
Не те љубам, знај, јас тебе мила, Од онаа вистинската блед си само сјај, А со мене само таа била, Чии очи се синеат без крај. Нека таа на тебе не личи, Нека има и најстуден взор, Но со својот чекор необичен, Ми ја донесе душата до прегор. Таквата не сака во сенка да биде, Туку ни ја бара сета душа, Јас никаква болка не сетив од тебе, А твојата лага рамнодушно ја слушам. И со презир сакам да ти кажам Едно нешто што сигурно го знам, Да ги немаше пеколот и рајот, Човекот ќе ги измислеше сам. Есенин
Во најсуштинска смисла секој човек е на некој начин поезија, чиста или валкана, но неговата ќе остане запишана, а нашата заборавена во минатото.
Пак ме сонуваше, нели? Не реков:не! Не пуштив гласен крик. Сон си ми, сон си ми, бдеења цели, секој ден, секој час, секој миг. Сон биди, сон што ме мами, сон в денот, ден в денот, сон будно бладање. За да разберам колкав сум самик, за да за чекорам в честакот Човечко Страдање. Пак ме сонуваше, нели? Да реков:да, ќе пуштев гласен крик. Сон си ми, сон си ми, бдеења цели, сон вечен, вечна недостиг. Глас-Г. Тодоровски
Проштално Понекогаш јас ќе ти идам на сон, ко нечекан и некој далечен гост... Не оставај да стојам на пат, вон, и на порти не ставај го ти лостот. Ќе влезам тивко, кротко јас ќе седнам, ќе впијам поглед да те видам в мрак и кога ќе се наситам од гледање јас ќе те бакнам и ќе се вратам пак. Никола Ј. Вапцаров
Минатата ноќ мислев дека ти ја оттргнав тагата бакнувајќи те за папокот. Мислев дека ти ја оттгрнав, но ти седна во кревет. Целата треперејки, со уморен поглед ми кажа Дека има чвор во твоето тело кој не можам да го одврзам. Никогаш не знам што да одговорам кога ќе го кажеш ова. „Во ред е“, „Легни пак да спиеш“, „те молам, не си оди повторно“. Понекогаш те нема со денови, А јас се воздржувам да се јавам во полиција, Да те пријавам за исчезната, иако Ти си тука до мене, спиеш до мене. Но, твоите очи се како празна куќа во зима, Со запалени светла за да ги брка натрапниците. Иако, во овој случај, јас сум натрапник А ти си толку силно затворена во себе, Што не постои човек кој може да ти се приближи. Минатата ноќ, мислам дека ти дадов причина Да не бидеш тажна, кога ти го држев телото Толку цврсто што двајцата треперевме. Сепак, некои луѓе, и покрај се, се тажни Покрај целата љубов, целото разбирање... Сега знам подобро. Знам што да кажам кога ќе ми ги кажеш сите работи Во темница, треперјќи, со уморен поглед. „Во ред е“. „Остани до мене во кревет“. „Те молам врат ми се“.
Две тишини Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог – господ не може да го спречи. Но, каде си? Ти и не знаејќи околу мене насели две тишини: една мала, во која те сонувам и чекам, и една голема во која исчезнувам. Твојот заборав и моето заминување сега и сам Господ – бог не може да го спречи.
Умилкување Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава, ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам. Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња ќе те љубам и губам и во пости и пред гости само да ме сакаш. Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила. Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам, сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам, ќе ти дадам се што е солено и молено само да ме сакаш. Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш. Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови. Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам и ќе те фалам и кудам под сите небеса само да ме сакаш. Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам само да ме сакаш.
Се` што ќе создадам, отсега ќе чекори кон тебе Секој град во кој ќе паднат мртвите клетки од моето тело, атом по атом ќе ми ја шие плотта во градот каде што си ти. Секое стебло што се простило со своето лисје, жила по жила ќе разлисти облаци на небесното дрво под кое си ти. Секоја самотија што ја поразила ноќта, душа по душа ќе роди народ во дните кога траеш ти. Најнакрај, чекор по чекор ќе дојдам кај тебе, ќе дојдеш кај мене. ( Не ќе се знае кој кај кого пристигнал.) Ќе се сретнеме како здив и меурче од сапуница, двајца ќе сме, а безброј ќе не` има, краткотрајни толку ранливи а толку чудни. Јосип Коцев
Дениција“ (1968 ) „Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“. „Ти ме призираш од небото и од земјата, а мене никако не ми успева да ти кажам дека и мојата смрт започнува по твојата и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира мислејќи само на тебе Дениција...“ „Молњата што минува низ тебе во мене се одразува и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“. „Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“. „Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот“. „Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, сè што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш. „Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам само да ме сакаш“. „По нејзината воздишка го запомнував воздухот за да можам да ја стигнам, незабележан од никого, но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот“. „Ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот, ни притаената светлина во купениот кибрит; ништо не е повидливо од твојата трага пред мене и зад мене, со мене и во мене. Петре М. Андреевски