и ми го дишеш морскиот воздух во вратот со мирисот на солта, и камењата испечени од сонцето ми ги враќаш коските, загубената надеж и сјајот во очите со носталгијата на завршеното лето ги менуваш линиите на моето лице, му го враќаш шармот на мојот поглед и кога доаѓаат утрата, заминуваш и велиш “ни за швалер не те бидува”
СМИРУВАЊЕ Разгласувајќи ги гнездата на усните влубените се стемнуваат. Од восхит кога ќе станат, постелата по нив ќе тргне, бакнежите ќе ja разрешат млитавоста на завесите, а крајниците не се запираат пред напливот на срамот, туку само желбата знае да ги врзе, со неа понесени, гласејќи го смрачувањето. Наслуша, свирежот се вденува во мракот, возовите доцнат, од покривот ветрокази вечат.
– Знаеш ли штотуку што чув за еден твој пријател? – Само момент – го сопрел Сократ. – Пред да ми кажеш макар и еден збор, ајде тоа да го просееме низ три сита. – Она што сакам да ти го кажам да го просееме низ три сита? – запрепастено запрашал познаникот. – Токму така, – рекол Сократ. – Првото сито е сито на вистината! Да ли си сосема сигурен дека тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина? – Не – одговорил човекот. – Всушност, штотуку го имам чуено и … – Во ред – рекол Сократ. – Значи, не знаеш сигурно дали тоа е вистина или не е. Сега да го просееме низ второто сито. Ситото на добрината! Дали сакаш да ми кажеш нешто добро за мојот пријател? – Не, токму спротивносто… – Значи така, – продолжил Сократ, – сакаш да ми кажеш нешто лошо за него, но не знаеш дали тоа е вистина. Имаме уште едно сито: Ситото на употребливоста! Да ли ќе ми биде од полза, душевна или материјална, тоа што сакаш да ми го кажеш за мојот пријател? – Всушност, не… – Значи, – заклучил Сократ, – ти сакаш да ми кажеш нешто, за што не знаеш дали е встинито, а не е добро ниту корисно, па зошто воопшто тоа би ми го кажувал?
И живи! Сасвим живи! Не грицкај као миш дане. Широко жваћи ваздух. Престижи ветар и птице. Јер свака вечност је кратка.
Ја сакав Знаеше дека не е единствена, а ме сакаше. Знаев дека не е единствена, ама ја сакав. Ја сакав оти не личеше на ниту една друга. Косата не и беше ниту руса, ни костенлива, ни црна. Не знам каква боја и беше косата, ама не личеше на ниту една од нив. Затоа ја сакав малку повеќе од другите. Се смееше различно од сите. Очите некако и се закосуваа. На образите неколку бори и се отсликуваа. А насмевката, иста ко мојата и беше. Заразна. Длабока. Искрена. А зад неа еден тон тага криеше. Ја сакав оти на усни ми се насмевнуваше кога ја бакнував, оти се туткаше во мене, оти во моите прегратки се криеше од светот, оти смеејќи се ми велеше “Те мразам.”, а потоа додаваше “Понекогаш.”, оти беше детинеста ко девојче, оти беше мое девојче. Затоа ја сакав. Ме сакаше наивно, детски, чисто. Знаеше дека не е единствена. А јас знаев дека само таа ми е доволна. Дека само таа е моето девојче. Затоа ја сакав. Ја засакав ко ниту една друга. Лина Димоска
СОГОЛУВАЊЕ Пред тебе се соблеков како пред ниту една претходно. Си ја одрав кожата. Си ги откорнав ткивата. Коска по коска се дробев само за да можеш да ме видиш. Да можеш да ми ја видиш душата. Да можеш да видиш сè што не е физички. Се плашев. Се плашев, признавам! И сега сигурно се прашуваш кој маж денес се плаши од соблекување? Јас. Еве, јас се плашев! Не се плашев да ја соблечам облеката. Се плашев целосно да се соголам. Да бидам скроз гол. Кога се соблеков пред тебе како пред ниту една друга, разбрав. Разбрав зошто го правам тоа. Се соблеков оти и ти пред мене се соголи како никогаш претходно. Целосно. И така, скроз соголени, разговараме, водиме љубов, водиме битки. Се бориме против сето она што нè тера пак да се облечеме. P.S. Убава си ко ќе си гола.