1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    26.096
    Бевме богови
    Се симнавме долу
    Да си играме луѓе
    Да си играме смрт.
    Се заигравме,
    Се заборавивме,
    Се изгубивме,
    Станавме друго, тебе те нема
    Нешто умре.
    А, оставивме ангели,
    Некаде горе,
    Да има некој да не чува и пази,
    Да не потсети, да каже доста е.
    Доста, играње
    Може да боли.
    Луѓето си играат,
    Луѓето умираат
    Те нема и ништо не е исто без тебе.
    Ништо нема да се врати
    Врати се.
    Ме боли колку те нема
    Врати се,
    за те убијам пак
    Врати се,
    ЗЕМИ МЕ И МЕНЕ.

    Не верувам во богови,
    Не верувам во Ангели
    Ама гледам духови
    И верувам во тебе
    ВРАТИ СЕ
    Ме боли колку те нема
    Врати се, земи ме и мене
    На крилја и ветер,
    Однеси ме назад, Некаде горе.
    Да си играме богови, Да си играме љубов
    Да заборавиме,
    Дека се изгубивме

    D.Dukovski
     
    На lilybeth му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Jer će uvek posle jedne kiše biti nama jedno lepo sunce…

    Kad sunce sija
    mi plačemo kao ludi,
    jer će uvek posle jednog sunca
    biti nama jedna strašna kiša.

    Kad kiša pada
    mi pevamo kao ludi,
    jer će uvek posle jedne kiše
    biti nama jedno lepo sunce.

    Posle dobrog uvek dođe loše,
    jer nikad nam ništa bolje
    nije bilo iza najboljeg.

    Posle lošeg mora doći dobro,
    jer nikad nam ništa gore
    nije bilo iza najgoreg.

    - Mika Antic

    Најубава ми е на српски, затоа и не ја постирав на англиски. :)
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    ...Нека е цел свет против тебе

    и нека те суди за се што правиш,

    нека ти најдат безброј грешки,

    нека си постојано таков за нив…

    не е важно,

    уште помалку е страшно

    се додека имаш такво срце,

    се додека можеш

    да му се насмееш на светот в лице

    навистина, не е ни толку тажно

    се додека против светот

    стојам јас,
    заедно со тебе


    Извинете што неможев да го најдам поетот :( Ама ова ми е преубаво па сакав да го споделам со вас.
     
    На dreamless и Izaabella им се допаѓа ова.
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    ...апостол Павле до Коринтјаните...

    Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски
    Штом Љубов немам ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи
    Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи
    А и така силна вера што и планини да преместувам
    Ако Љубов немам ништо не сум
    И да го раздадам целиот свој имот, да дозволам телото да ми изгори
    Штом Љубов немам ништо не ми користи
    Љубовта е долготрпелива, полна со добрина. Љубовта не завидува.
    Љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое
    Не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува а на вистина се радува
    Се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува
    Љубовта никогаш не престанува, а другото
    Ако се пророштва ќе престанат, ако се јазици ќе замолкнат, ако се знаења ќе исчезнат
    Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме
    А кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното
    Кога бев дете зборував како дете, као дете мислев, како дете размислував
    А кога станав маж, го оставив детинството
    Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш лице во лице
    Сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат
    А сега остануваат овие три работи
    Верата, Надежта, Љубовта
    Најголема меѓу нив е Љубовта.
     
    На maravillosa, UbavkaBube, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    извадок од "Го сакам HOLLYWOOD"-Линдзи Келк
    :inlove:

    ",,,Гомнар.Си го сврте моето прашањево негова корист."Зошто те сакам?"
    "Многу е лесно да се каже "те сакам",но не е толку лесно да се сумира тоа и да се изрази во причини,"рече.
    "Како што знаеш."
    "Да,да,добро,"ги затворив повторно очите.Не беше толку проклето лесно,зар не,да беше ќе му го кажев ова уште пред неколку недели и с ега воопшто немаше да го имаме овој разговор.Зошто беше заебано?Осекогаш сум им кажувала на други луѓе зошто ги сакам.
    "Те сакам затоа што секогаш имаш маичка за мене под перницата,дури и тогаш кога не знаеш дека ќе дојдам.Те сакам затоа што знаеш дека секогаш наутро сакам шеќер во чајот,но навечер не сакам.Те сакам затоа што секогаш се преправаш во Старбакс дека си заборавил дека сакам полумасно чоколадо кога всушност знаеш дека не сакам диетално,но ми е срам да го нарачам за во случај девојката на касата да не мисли дека сум дебела."
    Алекс почна да се смее.Јас продолжив.
    "Те сакам затоа што секогаш кога излегуваш од подземната и те гледам пред кафетеријата како купуваш колачиња за мене,имам пеперутки во стомакот.Секој пат.Или кога тропам на твојата врата,токму во моментот пред да отвориш,чувствувам како ми се превратуваат во стомакот.И кога се будам,те барам покрај мене,па дури и тогаш кога не си таму.Тоа е како мојот мозок да мисли дека мора да си таму,до мене,секогаш,како тоа да е некое мое стандардно програмирање."Ја ископирав негова та поза и се навалив на лак тите.Да го ебам,песокот уште беше многу врел."Дали е тоа добро?Поминав?"
    Се навали кон мене и ме бакна........"
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Омразата, закрепнува, разбудува живот, влева одмазда, додека сожалувањето убива и уште повеќе ја слабее нашата немоќ...
    Љубовта е како ветар, не се знае од каде доаѓа...
    Има бездни преку кои не може да помине љубовта, туку мора да се закопа во нив...
    Овие се од Шагринска кожа..

    А следново е од Том Соер онака мн ми е интересно:
    Доста е само да ветиш дека не ќе правиш ништо и веднаш ќе посакаш да го направиш токму тоа што е забрането...
    Ако сакаш да натераш некого со страст да засака нешто, доволно е да го увериш дека тоа нешто многу тешко може да се достигне...
     
    На stejsi2005 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Извадок од "Засекогаш во срцето"-Весна Дедиќ Милојевиќ

    "....Сега знам,Тамара дека најнесреќни се они луѓе кои секогаш сакаат да бидат на она место каде не се и да го имаат она кое го немаат.Кога неколку години по ред јас ја препознав желбата да бидам таму каде не сум и да го имам она што го има некој друг......"
     
  8. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Никогаш човекот не смее да мисли дека е сигурен,ни дека е умрено тоа што е минато.

    Се се изменува штом ќе се стемни.За гревот не е оставена една определена доба,но неговото природно време е ноќта(сега спијат умните мали и глупавите големи деца и оние што одбегнуваат да го свршат злото во текот на денот) и секогаш кога не се гледа.

    Тоа е старо право на грев,во ѓурѓовденската ноќ.Го чуваат и покрај верата и против неа,поганиците во овие дваесет и четири часа на разблуден мирис,мирис на цвеќе што грешно мириса на женски бедра.Грев се истура во оваа китка од огромно ведро небо.Се влече старото туѓо време по нас,посилно од нас,јавувајќи се по бунтот на телото и кротко трае а се памтува по стариот дух

    Извадоци од "Дервишот и смртта"-Меша Селимовиќ
     
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    -А во што пак срамно? - рече таа. - Па вие не можете да му кажете на човекот што е рамнодушен кон вас дека го сакате?
    -Се разбира, не; јас никогаш не му реков ни еден збор, но тој знаеше. Не, не, има погледи, има држење. Ќе живеам сто години - нема да заборавам.
    -Па што е тоа? Не разбирам. Работата е во тоа дали го љубите сега или не, - рече Варењка, наречувајќи ги сите работи по име.
    -Јас го мразам него и не можам да си простам.
    -А што тоа?
    -Срамот, навредата.
    -Ах, кога сите би биле како вас чуствителни, - рече Варењка. - Нема девојка што не го доживеала тоа. И сето тоа е толку неважно.

    Извадок од "Ана Каренина"
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    "Me Gusta cuando callas" de Pablo Neruda

    Сакам кога молчиш, зошто си како отсутна,
    и ме слушаш од далеку, и мојот глас не те стигнува.
    Изгледа како очите да ти летаат,
    и изгледа како да со еден бакнеж ќе ти се затвори устата.
    ****
    Оставиме да ти зборувам,едноставно со твојата тишина,
    јасно како светулка, едноставна како прстен.
    Ти си како ноќта, замолчана и вџашена.
    Твојата тишина е ѕвездена, еднакво далечна и искрена.

    Сакам кога молчиш, зошто си како отсутна.
    Далечна и жалосна, како да си умрела.
    Еден збор тогаш, една насмевка замолчуваат.
    И сум среќен, среќен од што не ќе сум искрен.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    P.F
    How I wish, how I wish you were here.
    We're just two lost souls
    Swimming in a fish bowl,
    Year after year,
    Running over the same old ground.
    What have we found?
    The same old fears.
    Wish you were here.

    ми недостасуваш...мајко моја...ми недостасуваш
     
  12. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Him and I it's different, lighter, more simple... He makes me happy. What we have is great love. It's complicated, intensed, all consuming. No matter what we do and how much we fight, it will always pull us in. What's happiness in face of all that?
     
  13. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Moи омилени...

    Цртежот
    Еднаш, одамна, го сонував Совршениот. Не знам од каде беше слетал во мојата постела, но толку беше прекрасен што утрото потоа го насликав. Не смеев да го заборавам.
    Беше најобично волшебен, со онаа посебна искра која ја кријат само брутални насмевки и зелени очи. Ги овековечив. Го заробив нивниот сјај на парче хартија. Ги претопив неговите усни во неколку потези со четка. Го скротив ветрот кој бесчувствително си играше со неговата разбушавена коса... Ах, ја насликав онаа универзална убавина која просто освојува.
    И не бев само јас освоена. На крај, цртежот заврши во рацете на мојот професор по уметност. Пак останав сама. А Совршениот, далеку од мене, во вечноста и бесконечноста на очите што никогаш нема вистински да го допрат.
    ...
    Знаеш што? Мислам дека држиш некоја негова црта.


    Читачот
    ,,Читај ми мене!,,
    ,,Читај си сама, ќе ти ја донесам книгата.,,
    ,,Но ти имаш толку убав глас, и помило ми е да те слушам тебе, одколку да читам сама.,,
    ,,Ах, незнам.,,

    Но кога дојдов следниот ден и посакав да ја бакнам, таа се тргна.
    ,,Прво мораш да ми читаш.,,

    Беше сериозна. Морав да и читам половина час од ,,Емилиа Галоти,, пред да ме земе со себе во бањата или во креветот. Така и јас почнав да му се радувам на туширањето. Желбата со која доаѓав, се губеше после читањето. Да се чита некој извадок, со тоа што различните актери во одредена мера ќе се распознаваат и ќе оживеат, изискува концентрација. Под тушот, желбата повторно растеше. И читав, се туширавме, се сакавме и потоа лежевме уште некое време еден покрај друг - таков беше ритуалот на нашите средби.


    Tанцот
    Да,ја сакам месечината,ја сакам и ноќта во која таа се обвива.Кога ноќта водилка на несоницата ќе зачука на вратата ми замирисува на пустинска роза. Тогаш танцувам. Танцувам во ноќта со сните кои ги сонувам,со желбите кои ги копнеам. Но,најдраг ми е танцот со животот,кој ме врти во негова игра на полетувања до небесна шир и спуштања до црнилото на дното. Да,таа сум,сонувачката,маштарката по сните,по желбите. Оној миг кога ќе влета во танцот чуството,чуството на недоверба,веднаш мојот танц се претвара во танц на стравот,да тоа е мојот страв,сепак...

    Можеби се е една приказна проткајана во бајка. Бајка од која можеби морам да се пазам,и не го заиграм тој танц.Да застанам и се скријам длабоко во себеси,ги соблечам чевлите за танцување и немо го посматрам тој танц.Танц кој можеби не е наменет за мене. Но,дали сакам да седам пострана,да во грло ми стојат недоречени зборови или сомничав поглед ми ја надјадува душата.
    Посакувам...

    Посакувам повторно да заискри оној сјај во очите,да ги искажам сите недокажани зборови длабоко скриени во мене. Затворени невини во најтемната зандана на мојата душа. Посакувам да чекорам под сонцето со трепет во срцето искажано во секој чекор проткаен со танцот на среќата. Да бидам сигурна која сум јас. Јас таа танчарката на својот живот.Не,несакам повеќе да ги образложувам моите постапки,одговарам на прашања. Посакувам од нив немо да се прочита танцот на љубовта,несебична,која може да заштити се од темнината која сака да ги обземе,проголта,преплави.

    Да медалот на изиграниот танц на љубовта биде среќата. Сјајна како златото,цврста како металот,посакувана од секого. Среќа за која вреди да се одигра најтешкиот но и најлесен танц во животот.

    Но,себе си можеме да се лажеме,можеме да си кажуваме дека тие чевли не се погодни за тој танц,но колку и да не ги сакаме тие чевли за танцот на среќата,колку и да бегаме од нив,не, неможеме да ги оставиме и заборавиме. Можеме и да бегаме од себе си,но,никој неизбегал досега,никој не се пофалил со таа успешна мисија на бегство на себе си.

    Постојат и танцувачи кои сами ја научиле играта на среќата,со тоа стекнале една предност пред другите за поблизок,побрз успех. Можеби се необични,дрски,храбри,сигурни или пак силни. Дали сум и јас една од нив?!? Или сум едната од оние кои никогаш нема да го научат тој танц на среќата. Дали јас сум таа немиот посматрач на играта на другите?!?

    Не,се надевам не сум таа...

    Или сиот тој танц на среќата е само илузија од жвотот?!?

    Или пак само еден сон...

    Обичен сон...

    Сон одсонуван од сонувачката,маштарката по сните,по желбите.


    Со исклучок на извадок од Читачот, другите две ми се најдени на блогерај мислам. :)
     
  14. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Спутник љубов
    Но за да ти истелефонирам , морав да го поминам целиот пат по црна теминца стегајќи ја в рака телефонската картичка што ја добив за свадбата на братучетка ми со слика на младенците како се држат за рака ! Сфаќаш колку е депресивно тоа ? Обув два различни чорапа ! Едниот е со Мики Маус , а другиот обичен волнен . Во мојата соба владее хаос , не се знае кое каде е . Ова што ќе ти го кажам не е за кажување , но да знаеш колку ми се бедни гаќите . Се обложувам дека и оние крадци на долна облека само ќе ги одминат. Кога ваква би ме убил некој манијак на улица , никогаш не би се смирила во гробот . Затоа не дека барам сожалување но би можел да речеш нешто попаметно , нели ? Место тие бесчуствителни извици од типот Хмм , Аха . Може и некој сврзник . Па да , на пример , но или иако
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Life ...

    As we grow up, we learn that even the one person that wasn't supposed to ever let you down probably will. You will have your heart broken probably more than once and it's harder every time. You'll break hearts too, so remember how it felt when yours was broken. You'll fight with your best friend. You'll blame a new love for things an old one did. You'll cry because time is passing too fast, and you'll eventually lose someone you love. So take too many pictures, laugh too much, and love like you've never been hurt because every sixty seconds you spend upset is a minute of happiness you'll never get back.

    Don't be afraid that your life will end,
    be afraid that it will never begin. :*
     
  16. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ташула

    Атиџе: (дотрчува) Син е господару! Син е!
    Џеладин: Демире, нека загрмат топовите тројниот грмеж нека најави син! Мој син!
    Саби: Јас ќе бидам првата наречница: Алах долг живот нека му даде и да го направи славен. Нека ја продолжи твојата лоза со мудроста и добрината на твоите предци.
    Џеладин: Благодарам анамо.
    Терзијанче: Господару нека е со среќа долг живот Алах да му даде.
    Џеладин. Син! (заплакува од радост со треперлив глас) Син, радувајтесе. Никакви даноци нема да се собираат. Син, син....
    Саби: Господару што вера ќе има тоа дете?
    Џеладин: Се разбира наша .
    Саби: Да го одделиме од Ташула поради нејзината вера. Да го земам со мене во Петрино? Ке го одгледам твојот храбар син. Со него радост ќе те краси.
    Џеладин: Што? Сакаш да го одвоиш од мене? Никако!
    (се слушаат топовски истрели)
    Атиџе: Господару доаѓа Ташула со синот (молк. Џеладин претрчува да ја пресретне Ташула)
    Џеладин: Дај ми го синот. На мојве раце да прегрнам прва рожда.
    Ташула: Твојот син е мртов. Го задавив. (молк)
    Џеладин: Што?!? Што? Го задави? Зар можеше тоа да го сториш ?!?
    Ташула: Тоа само затрепери со рачињата. Прва и последна рожбо моја.. Никогаш не ќе го чујам твојот глас. Никогаш раче не ќе ми подадеш за прегратка и не ќе ме викнеш мамо. Сиот јад го исцедив на тебе. Прерано те откинав како цвет. Сине мој малечок те уби твојата мајка. Ангелче мое мило брзо згасна твојот лик. Сине, те стегаат моиве раце раце на злосторник. Отвориги очињата и погледиме? (плаче) Јас сум Ташула. Твојата мајка. Твојот убиец. Сине изгаснаа твоите очички и мојот живот станува поцрн од ноќта. На гробот ќе ти посадам зелен бор. Славеј да ти пее за утрата, за сонцето. А јас во глувата полноќ ќе го полевам со моите врели солзи и ќе ти пеам сине, за мојот живот, за болката на една робинка. (го остава детенцето и седнува. Одеднаш станува.) Кој подава раце тамо? Ти сине? Тоа се твоите рачички? Не, не ти не си за овој свет! Ќе станеш ист како твојот татко и некоја друга како мене ќе покриваше лице со црн превез и ќе создаваше омрази и болки. Сега радувајсе радувај му се на твојот син роб. Мајко Саби, анамо простими (плаче) Те молам простими.


    Извадок од драмта „Ташула“
    од Миле Волканоски
    (втор чин)
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Изгубена љубов

    Не е важно дали
    Ова дело има посвета
    Гитара, стихови за љубов
    Длабок воздив на мојата душа
    Испишан збор во нечие срце
    Жално е кога не те разбираат
    Жално е кога човек знае
    Вистински да сака
    И секоја грешка дупло ја плаќа
    Знам како е да љубиш
    Веќе изгубена љубов

    Знам како е да љубиш
    И да бидеш заебан
    Знам како е да плачеш
    А да глумиш насмеан
    Знам што значи
    Лажна надеж
    И темни облаци
    После дождот иде сонце
    Само кај луѓе богати
    Можеби некогаш ќе сватиш
    Дека не сум таков
    Дека јас имам срце
    Колку сите заедно во паркот
    Не сум шема иако
    Некогаш се движам во неа
    Не ми смета зошто
    Секогаш сум со мојата песна
    Ти не ме сваќаш
    Ме гледаш како лажго или нарко
    Не ти е важно
    Дека знам да сакам повеќе од Платон
    Но ти не веруваш во љубов
    Стално бараш изговор
    Денес е многу тешко
    Утре пак ќе биде истото
    Мојата слика стои сама
    Нема раце да ја галат
    Затворена во една преграда
    Од оваа сказна
    Посветета нека потсеќа
    На едно време еден спомен
    Ја закопав мојата душа
    Во темниот дворец

    Тешко е да кажам
    Се будам сам од себеси
    И зградите и влезот
    Се мои тајни сведоци
    Во тажните очи
    Го гледам мојот лик
    Времето се менува
    Ме чекаш ли ти
    Ех да сум витез
    И од злото да те одбранам
    Да спиеш мирно тивко
    ноќва да ти посакам
    но јас сум човек
    што од љубов живее
    да запре време
    така се да остане

    Од влезот по скали
    И бегавме од часови
    Без никој да не дознае
    Без да се шират гласови
    Остани бар уште минута
    Не го расипувај мигот
    Остани во мојте очи
    Да го запомнам ликот
    Знаеш дека не ми е сеедно
    Дека ми е тешко
    Знаеш дека после секоја средба
    Барам место каде да се засолнам
    Каде што пак ќе бидам сам
    Макар и да заспијам
    И да исчезнам без глас
    А што сум јас
    Човек што искрено знае да љуби
    И по секој пораз
    Тагата во душата се буди
    Со стегната тупаница
    Мавам во клупата наша
    Да ја распарчам
    Да ја заборавам ноќта страшна
    Да не мислам на тие зборови
    На тие кошмари
    На сета проклета реалност
    И на сите планови
    Чад од цигари празни чаши
    И празни зборови
    Денес сме тука
    Утре е нов ден
    И нема сонови

    Тешко е да кажам
    Се будам сам од себеси
    И зградите и влезот
    Се мои тајни сведоци
    Во тажните очи
    Го гледам мојот лик
    Времето се менува
    Ме чекаш ли ти
    Стоеш пред мене
    Толку тажна и те молам
    Простими ако грешев
    Господ простува
    Да бидам вечно тука
    Тое неможам
    Но песнава е ѕвезда
    Што не згаснува

    Не е целта во сексот
    И лагите за заведување
    Празен муабет крајот
    Остана без збогување
    Дали знам во што се впуштам
    А што ли добивам
    Дали лесно ми е да сум сам
    И небото што ме покрива
    Срцето не знае да одбира
    Погледот продира
    И на крајот најтешко
    Е кога крвта зоврива
    Бесот извира од гради
    И не знаеш што да правиш
    Таа во туѓа прегратка
    А ти шишето го вадиш
    Немаш сила стегаш заби
    Сега сиот свет го мразиш
    Кога на крајот остануваш сам
    На скали гледајќи слики
    Стари од лани
    Како ти спие на гради
    Како го пие кафето
    И гледа накај тебе со очи тажни
    Не барам ништо веќе
    Се ќе однесе овој ветер
    Ко дождец летен
    И ќе се сеќавам ко мало дете
    Ветувам другарство до гроб
    Но не сум пророк
    Можеби утре нема
    да се разбудам од сонот

    Тешко е да кажам
    Се будам сам од себеси
    И зградите и влезот
    Се мои тајни сведоци
    Во тажните очи
    Го гледам мојот лик
    Времето се менува
    Ме чекаш ли ти
    Во туѓа прегратка
    Е љубовта изгубена
    На старо место
    Барам начин да заборавам
    Во тажни очи
    Солзи гледам нечии
    Бараш да си ноќва
    Пак во твоите сни
     
    На chiccush02 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    прекрасно е...


    Дали се сеќаваш кога првпат се сретнавме
    Кога ти сакаше тело а јас копнеев по душа..
    Тогаш не знаев каков си, ниту кој си
    А и ти не знаеше зошто сум толку убава на сликите...
    Јас те гледав како да не те гледам
    Како мојот поглед да поминуваше низ тебе
    Празнотијата никако да сопре да тече од твоето убаво лице
    Што всушност се случуваше тогаш..
    Сакаше ли да се држиме за раце
    Затоа ли ме бакна како да бакнуваш првпат
    Ги запали сите полиња во мојот роден крај
    И сите реки ги крсти со твоето име
    Затоа ли? За едно тело што немаше правилен облик?
    За едни гради? Само за неколку минути во мене?


    Дали се сеќаваш кога се враќаше дома?
    Кога те прашав што сум ти од таа вечер?
    Не знаевме ни двајцата што сме си
    Товар или богатство
    И ме врза за себе со синџири
    Ме заведе со зборови
    Тие станаа корен на се што растеше подоцна
    А тоа подоцна стана светска експлозија.


    Дали се сеќаваш како со една рака пишував
    А со другата те галев и милував
    Кога ти реков дека прегратката и бакнежот
    Не ја кажуваат ниту половина од мојата љубов
    Кога срцата ни грмеа над градот што блудно пиштеше
    А ние врз него качени еден на друг си се дававме самите
    Ти, се предаде ли тогаш? Како да се предаваш првпат? Не знам...
    А ме сакаше ли многу? Пак не знам...
    А ќе дознаам ли некогаш? Никогаш...
    Сега срцето ми грми и го загушува светот знаеш ли..
    Јас ти кажав дека си ми единствен
    А јас тебе ти бев ли?


    Се сеќаваш ли колку ме лажеше и колку ти верував?
    Тие лаги ми беа помили од вистинта
    Зошто беа твои
    Колку други освен мене имаше кога ме гушкаше
    А мислеше дека заради љубовта сум слепа и не можам да ги видам
    Ама тие мене ме гледаа
    И знам дека знаеш дека не знам
    И знам како мислиш дека нема да се научам
    Ама не знам дали знаеш дека знам
    И дека се сеќавам на секој дел од твојот јазик
    И кога ме лажеше и кога ме галеше
    Ама јас реков ти простувам
    За Тиана, за Ана или за некоја безимена... за сите ти простувам
    Ти уште пред да признаеш!
    Јас реков засекогаш,
    Ти уште пред да ме пронајдеш!
    Јас те чекав секоја вечер,
    И секоја вечер бев сама...


    Се сеќаваш ли како се смееше на моите шеги
    И како тие не беа смешни..
    На друго се сеќаваш ли како на мене?
    Матно... презриво... речиси задимено
    Секогаш се бањав во чад од цигари
    И устата која ти ја подавав беше еден голем пепелник
    Имавме ли се заедно?
    Ми даваше ли се потребно?
    Добиваше ли се побарано?
    Толку ноќи и утра една иста молитва
    На кој и да е веќе ќе му преседне
    Ама мене да те сакам не ми преседнуваше
    Затоа и ти се чудеше повеќе одколку мојата мајка
    Како можам да те сакам без да се заситам
    Како гола стојам на студ и давам да ме маваат камшици
    Како ти тогаш не сакаше да ме заштитиш
    За и самиот да не се повредиш


    Се сеќаваш ли колку ја мразев ноќта што не разделуваше
    Кога секој по свој пат ќе си тргнеше
    И единствено што имавме беа кавгите
    И оние зборови кои беа најтешки за изговарање
    Си го имав тоа место во твојот свет и сега жал ми е
    Зошто тоа место секогаш беше последно
    Зошто немавме повеќе минути заедно
    И повеќе тајни не сакаше да откриваш а се мое знаеше
    И знаеше дека за друг не се сеќавам
    И дека друг нема да паметам
    Кога кај друг ме испраќаше знаеше дека тебе те сакам
    Кога бараше калап за мојата величина не можеше да најдеш
    Зошто бев огромна како вселената
    Како лагите што ги кажуваш
    Огромна и бескрајна како празнотијата во твоето срце
    И како сите кревети на кој некогаш си милувал други
    Јас висев во твојот свет како алишта што се сушат
    На разбеснет северен ветер
    А ти сонцето не го даваше ниту за 1000 искрени бакнежи


    Се сеќаваш ли кога ме калемеше
    Беше јули врел и непобедлив
    Таа ноќ толку чудна... исплашено мирна лежев под тебе со подадени раце
    И чекав да ме носиш таму кај што не сум била никогаш
    Да ми покажеш сосема нов свет на сакање и имање
    Па немање
    И да ми ги затвориш потоа сите тешки капии од твојот живот
    Зошто мислеше дека поради грешките
    Не сум достојна да ги пречекорам праговите
    И да те гледам кога плачеш...
    А знам дека ти е мака и дека ти е тешко,
    Некогаш и убаво ти беше, но многу ретко
    Знаеш дека солзите мои не капеа од болка туку од страв
    Зошто се плашев дека ќе нема збор
    Со кој потоа ќе ти кажам колку те сакав
    И колку ќе те сакам и откако ќе ме нема
    И откако ќе те нема...


    Се сеќаваш ли кога не заврна дожд
    И не завеа снег
    Кога лутав и скитав во глуви часови само за да те видам
    Кога не ми беше важно дали кучињата ќе ме растргнат
    И не ги чувствувам мокрите чорапи зошто ме топлеше твојата рака на вратот кога си ја заборави
    Колку повеќе те гонев-толку подалечен ми беше
    А кога те чекав сам да ми дојдеш ти не доаѓаше
    Кога доаѓаше брзо бегаше...
    А јас само сакав да спојам две течности
    Мојата и твојата!
    Две живи струи,
    Рацете и нозете!
    Да сме така скаменети додека поплава не не однесе и гром не не уништи
    Додека Бог не не проколне зошто премногу сме се сакале.
    Требаше да си ги споиме разликите,
    Да се објасниме,
    Да не се лажеме и да не се мамиме.


    Се сеќаваш ли како те молев да ми дозволиш
    Да ти ѕирнам во душата?
    Како те молев да ми дојдеш
    Да ти го преведам молчењето?
    Како ти го бакнував окцето зошто копнеев да ме гледа само мене
    За потоа да сфатам
    Дека само мене не ме гледало...
    Јас му бев лош другар и учител на срцето
    Кога тоа се вљубуваше повеќе одколку што можеше да издржи
    Тебе не те болеше мојата болка
    Кога плачев под ѕвездите
    А од очите ми капеше мастило...


    Се сеќаваш ли кога ти реков дека ќе ти бидам жена?
    Дека сум планина која никогаш не пропаѓа,
    Да се потпреш на неа секогаш!
    Дека сум река која никогаш не пресушува,
    Да се напоиш од неа секогаш!
    Дека сум мајка која никогаш не застанува,
    Да се бориме за љубовта заедно!
    Дека сум облак кој никогаш не потемнува,
    Да земеш малку и од мојата светлина!
    Дека сум грешка која никогаш нема да се поправи,
    Да се учиш самиот од моите паѓања!
    Дека сум неверна и те мамам со песните,
    Да се учиш на верност од мене!
    Дека сум твоја колку што се твои и очите!!!
    Да ме чуваш како што се чуваш себеси!



    Се сеќаваш ли,
    или не се сеќаваш,
    зошто јас веќе не можам да се сетам
    што се не направив за тебе.
    И што се нема да направам,
    за да те видам среќен!
     
    На vaga95, Ketrin.Moon, LaraSolare и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    малку долго.. :)

    "Date a girl who reads. Date a girl who spends her money on books instead of clothes. She has problems with closet space because she has too many books. Date a girl who has a list of books she wants to read, who has had a library card since she was twelve.
    Find a girl who reads. You’ll know that she does because she will always have an unread book in her bag.She’s the one lovingly looking over the shelves in the bookstore, the one who quietly cries out when she finds the book she wants. You see the weird chick sniffing the pages of an old book in a second hand book shop? That’s the reader. They can never resist smelling the pages, especially when they are yellow.
    She’s the girl reading while waiting in that coffee shop down the street. If you take a peek at her mug, the non-dairy creamer is floating on top because she’s kind of engrossed already. Lost in a world of the author’s making. Sit down. She might give you a glare, as most girls who read do not like to be interrupted. Ask her if she likes the book.
    Buy her another cup of coffee.
    Let her know what you really think of Murakami. See if she got through the first chapter of Fellowship. Understand that if she says she understood James Joyce’s Ulysses she’s just saying that to sound intelligent. Ask her if she loves Alice or she would like to be Alice.
    It’s easy to date a girl who reads. Give her books for her birthday, for Christmas and for anniversaries. Give her the gift of words, in poetry, in song. Give her Neruda, Pound, Sexton, Cummings. Let her know that you understand that words are love. Understand that she knows the difference between books and reality but by god, she’s going to try to make her life a little like her favorite book. It will never be your fault if she does.
    She has to give it a shot somehow.
    Lie to her. If she understands syntax, she will understand your need to lie. Behind words are other things: motivation, value, nuance, dialogue. It will not be the end of the world.
    Fail her. Because a girl who reads knows that failure always leads up to the climax. Because girls who understand that all things will come to end. That you can always write a sequel. That you can begin again and again and still be the hero. That life is meant to have a villain or two.
    Why be frightened of everything that you are not? Girls who read understand that people, like characters, develop. Except in the Twilightseries.
    If you find a girl who reads, keep her close. When you find her up at 2 AM clutching a book to her chest and weeping, make her a cup of tea and hold her. You may lose her for a couple of hours but she will always come back to you. She’ll talk as if the characters in the book are real, because for a while, they always are.
    You will propose on a hot air balloon. Or during a rock concert. Or very casually next time she’s sick. Over Skype.
    You will smile so hard you will wonder why your heart hasn’t burst and bled out all over your chest yet. You will write the story of your lives, have kids with strange names and even stranger tastes. She will introduce your children to the Cat in the Hat and Aslan, maybe in the same day. You will walk the winters of your old age together and she will recite Keats under her breath while you shake the snow off your boots.
    Date a girl who reads because you deserve it. You deserve a girl who can give you the most colorful life imaginable. If you can only give her monotony, and stale hours and half-baked proposals, then you’re better off alone. If you want the world and the worlds beyond it, date a girl who reads.
    Or better yet, date a girl who writes."
     
    На firequeenn и Magnolija им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    "-Желбата не е она што го гледаш,туку она што го замислуваш." извадок од 11 Минути-Пауло Коелјо