1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проза, поезија – извадоци

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од MissPagane, 13 февруари 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Кога пораснав
    престанав да очекувам чуда.
    Сите мои самовили остареа
    се здебелија и се пропија.
    Дворот на дедо ми се смали
    мајка ми заборави да ги готви
    старските манџи.
    Неосетно, се оттуѓив
    од дробецот на маалската
    сентименталност.
    ...

    Писмо

    Најмил мој,

    Во Итака се живее исто
    како и пред да заминеш.
    Моќните владеат,
    бедните работат.
    Во палатите тече мед и млеко,
    по улиците крв и кал.

    Во твојот дворец
    секој ден се пие, јаде и лумпува.
    Ми велат батали го него,
    белосветски патник,
    пустиник, осаменик,
    неблагодарник.
    Со вештерка спие,
    се арџи, се пусти,
    те заборавил сосема.
    Избери друг
    да ти биде топла постелата,
    да не ти изјалови утробата.
    Ноќе од срцето си парам конци
    дење пак ги зашивам.
    Те оплакувам по старски
    од мерак боледувам

    и којзнае зошто
    очекувам од овој љубовен копнеж
    еден ден да свенам.
    А сепак
    слепиот ми отпеа
    дека еден ден
    ќе се вратиш.

    Извадок од Житие на нашата љубов од Елизабета Баковска.

    Прекрасно, најубаво, го прочитав многу одамна и сега повторно го пронајдов.
    http://www.blesok.com.mk/books/01poetry/bakovska/sodrzini.asp?lang=mac
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ме воодушевија постовите на блогот на оваа девојка, еве извадок


    Домакинка

    Јас плетев убави моменти,
    Шиев постелнини од воздишки на кои би спиеле,
    И се обидував да ги исперам флеките од вашиот живот.

    Јас готвев емоции за доручек со утринското кафе,
    Ги чистев невистините и ги поплнував празнините,
    И се обидував да ги испеглам неправдите од вашиот живот.

    А вие, сите што ме повредивте,
    Расплетовте се,
    Скинавте се,
    Извалкавте се,
    се наситивте, и заминавте,
    со празни души во светот на неправдите.

    Ах најмили мои, ма имам јас љубов за сите вас, и повеќе.
    Јас пак ке плетам, шијам и перам нечии други животи.
    по стоти пат, јас пак ке готвам, чистам и пеглам,
    и најважно од се, ке создавам,
    а вие рушете, мене тоа не ми пречи,
    ми давате само шанса да ги усовршам моите дела.

    …Нити моите сонови можете да ги срушите.
    Нити моите надежи да ги угушите,
    Нити мене можете некогаш да ме смените.
    Нити пак насмевката да ми ја замените…

    http://no1.blog.mk/2009/08/25/domakinka/
     
    На LaraSolare и i.am.me им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Дом(а)

    Некако најубаво ми е да сум дома кога врне, да се тегнам од сабајле во кревет и да ми направи некој кафе, баш ми е најсупер, да пијам кафе во кревет под јорган и ќебе. Сакам кога собата ми е светла и скоро секогаш ги кревам ролетните до горе, сакам светло, некако ми дава сила, се чувствувам добро, можеби зошто сум родена во лето.
    Деновиве е некако тмурно и врне, ама е сепак убаво зошто … сте пиеле ли кафе покрај прозор, баш како на филм, мене тоа многу ми се допаѓа кога пијам кафе и гледам низ прозор, кога лицето ми е многу блиску до стаклото, некогаш и кога е на него, тогаш е ладно (кога врне и во зима) и има некоја магија кога со раката поминуваш по стаклото или ја ставаш на него. Веројатно тоа посебно се чувствува кога се слуша на пример Мајлс Дејвис, кога се слушаат инструменти, ништо не звучи како звукот на инструментите заедно, кога оркестарската музика е мека, нежна, бавна… и тогаш се е можно.
    Го сакам дождот кога не е ладен, вчера знам не беше… кога прска дожд, кога на лицето чувствувам свежина, по облеката гледам некои потемни места…
    Го сакам градот, ги сакам и овие врнежливи денови во есен и тогаш секогаш ми текнува на песната: …само дома си е дома, ми шепне секој друг и каде и да одам во мисли таму сум…
    Дом. Што е дом? Таму каде што се чуствуваш свој на своето, каде што се чувствуваш убаво, топло и спокојно, каде се чувствуваш и сигурно. Каде се човек може да се чувствува како дома? Таму каде што живее, каде што го уредил по свое, каде што работи, каде што е со свои луѓе, каде што е опуштен… таму каде го осеќа просторот силно, каде знае дека му е убаво и не се прашува како ми е, таму каде што е најчесто среќен. Понекогаш и не знаеме дека нешто ни е дом, додека не го изгубиме или смениме место на живеење…тогаш и тоа не престанува да биде дом, зошто може човек да има повеќе од еден дом, се работи за чувството, а не за географијата. Има еден град кој секогаш ќе го чувствувам за свој, за мој дом, има луѓе што долго време ги чувстувам исто како што се чувстувам кога сум дома, некако како храмови на душата… некогаш и помалку, некои доаѓаат и си одат… некои луѓе се баш посебни, мене ми се посебни и иако работите се менуваат, животните ситуации се менуваат, знам дека некогаш и желбата за дружење се менува.. не е до тоа дали сме заедно, туку дали искрено покажува човек дека сака да биде пријател, да се дружи…некои луѓе и не приметуваат дека секој е центар на својот свет, за да биде дел и од твојот, некогаш и сите сме себични…
    Денес сум дома, цел ден.
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    ПЕСНА

    Кој ден сме денес
    Ние сме сите денови
    Пријателко моја
    Ние се љубиме и живееме
    Ние живееме и се љубиме
    А не знаеме што е тоа живот
    И не знаеме што е тоа ден
    И не знаеме што е тоа љубов

    _____________________________

    БУКЕТ

    Што правиш тука момиче
    Со тоа цвеќе тукушто набрано
    Што правиш тука девојко
    Со тоа цвеќе веќе не толку свежо
    Што правиш тука убава жено
    Со тоа цвеќе кое вене
    Што правиш тука старице
    Со тоа цвеќе веќе свенато одамна

    -Го чекам победникот

    _____________________________

    ЈАВНО МИСЛЕЊЕ

    -Јас сум среќен!
    -Со какво право?
    И го стрелаат со поглед
    чекајќи нешто подобро

    _____________________________

    ПАРК

    Илјадници и илјадници години
    не би биле доволни
    да се опише
    Кратката секунда на вечноста
    во која ти ме бакна
    во која јас те бакнав
    во едни зимски мугри
    во паркот Монсури
    во Париз
    на земјата
    На земјата која е ѕвезда.

    _____________________________

    ОГРОМНО И РУМЕНО

    Огромно и румено
    над Гран-Пале
    зимското се појавува сонце
    и навчас исчезнува
    Така и моево ќе исчезне срце
    и сета моја крв ќе оди
    ќе оди да те бара тебе
    љубов моја
    убавино моја
    и ќе те најде таму
    каде што ме чекаш.

    _____________________________

    УТРИНСКИ ПОЈАДОК

    Тураше кафе
    Во шолјата
    Притури млеко
    Во шолјата со кафе
    Стави шеќер
    Во кафето со млеко
    Со лажичката
    Ги измеша
    Потоа се напи
    И шолјата ја испи
    Без ниеден збор
    А потоа
    Запали цигара
    Правејќи тркалца
    Од чад
    Ја стресе пепелта
    Во пепелницата
    Без ниеден збор
    Па стана
    И не погледнувајќи ме
    Ја стави
    Капата на главата
    И го зеде мантилот за дожд
    Зашто надвор врнеше
    И тогаш исчезна
    Во дождот
    Без ниеден збор
    И не погледнувајќи ме
    Тогаш јас ја наведнав
    Главата во рацете
    И заплакав

    _____________________________

    ПАТУВАЊЕ

    И јас нели
    како и сликарите
    си имам свои модели

    Еден ден
    а тоа беше вчера
    на автобуската станица
    ги набљудував жените
    кои слегуваа на улицата Амстердам
    Одеднаш низ стаклото на бусот
    загледав една
    која не ја видов кога се качила
    Седи сама и како да ми се насмевнува
    Во истиот момент таа
    мошне ми се допадна
    но во истиот момент изненаден
    забележав дека тоа е мојата жена

    И бев задоволен.

    _____________________________

    ПАТУВАЊЕ НА МЕСЕЧИНАТА

    О! Вие одите таму
    Да
    Знаете ли каде е?
    Не но ќе се снајдам јас
    И го носите сиот овој багаж?
    Да
    Никогаш никогаш
    Ме слушате ли
    Никогаш вие не ќе стигнете баш
    Таму со овој тежок товар ваш

    _____________________________

    КАКО ДА СЕ НАПРАВИ ПОРТРЕТ НА ЕДНА ПТИЦА

    Сопрво треба да се наслика кафез
    со отворено вратиче
    потоа да се наслика
    нешто убаво
    нешто едноставно
    нешто прекрасно
    нешто корисно...
    А потоа за птицата
    да се постави платното спроти некое дрво
    во една градина
    во некоја корија
    во некоја шума
    крај некоја падина
    да се скриеме зад дрвото за миг
    без збор
    без двиг...
    Напати птицата пристига бргу
    а можат и да минат години долги
    пред таа да се реши
    Но не губете надеш
    чекајте
    ако треба и со години
    брзината или бавноста на пристигањето на птицата
    немаат никаква врска
    со успехот на сликата
    Кога птицата ќе дојде
    ако дојде
    зачувајте најдлабока тишина
    почекајте птицата скришна
    во кафезот да влезе
    а кога ќе влезе внатре
    затворете го кроце вратичето со четката
    потоа избришете ја внимателно
    решетката
    водејќи грижа да не се допре ниедно
    перо од птицата
    Потоа да се направи портрет на дрвото
    избирајќи ја најубавата од неговите гранки
    за птицата
    да се наслика исто така зелениот вршен
    свежеста на ветрот стршен
    сончевата прав
    и шумот на ливотите и на тревата
    во летната жега
    потоа почекајте птицата да се реши да пее
    Ако птицата не запее
    тоа е лош знак
    знак дека сликата е лоша
    но ако сепак
    запее тоа е добар знак
    знак дека можете да се потпишете
    Тогаш извлечете сосема полека
    едно перо од птицата
    и напишете го своето име во еден агол
    од сликата.

    _____________________________
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Кога ја љубев Дениција,
    како да калемев светлина на мракот,
    како да топев снегови фатени во движење,
    како да станував единствен сведок
    за бакнежот меѓу металот и громот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да му пронајдував брзина и на каменот,
    како да ја одделував душата од телото,
    како да го палев барутот,
    на тилот од смилот и трендафилот.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
    како да ги откривав сите рудници на злато,
    како да добивав телефонска врска со сонот
    од сите успани работници.

    Оти ја љубев Дениција,
    како што ги отворав пролетните аптеки,
    сместени во гласот од славејот,
    како што славејот ги спријателуваше
    небото и земјата,
    како што таа ми ја одземаше тежината,
    додека трчав кон неа,
    како што не можев да видам ништо освен неа,
    како што таа живееше додека јас умирав,
    како што и јас не знеав како би умрел,
    ако таа не се родеше.

    Кога ја љубев Дениција,
    како да учествував во создавањето
    на првата Македонска Држава.

    Прекрасно дело од Петре М. Андреевски
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Омилените од стихозбирката „Дениција“, ја почнав пред една недела, но поради обврските дури сега ја завршив. Прекрасна игра на зборови и чувства. :clap:
    Омилените:


    Умилкување

    Ќе ги отпретам сите горештини од мојата глава,
    ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам,
    ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња,
    и ќе те љубам и губам и во пoсти и пред гости
    само да ме сакаш.

    Ќе ги поткупам сите сетила и патила,
    сите светлосни преѓи песијазол ќе ги врзам,
    сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
    ќе ти дадам се што е солено и молено
    само да ме сакаш.

    Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокнам
    ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам,
    ќе направм да не се знае кај е лево и десно,
    ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
    само да ме сакаш.

    Ќе ги шпонирам сите крадци на твоите часови.
    ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
    и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе истрчам
    и ќе те фалам и кудам под сите небеса
    само да ме сакаш.

    Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
    на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
    не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
    со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
    само да ме сакаш.

    Ако не си ти

    Доближи се слико на светот од едниот до другиот крај
    и по бојата на твојот фустан ќе погодам
    како ќе изгледа времето.
    Инаку во чија глава би ме темнело
    и во чија соба би ме разденувало,
    ако не си ти.

    Зборот мој внесува поголем простор во помалиот
    и јас постојам само онаму кај што и ти постоиш.
    Оти никогаш досега не сум поминал
    онаму кај што ти не си била.
    Затоа не знам кого би го мразел и кого би го сакал,
    ако не си ти.

    Навечер ја вадам мојата куќа од твојата куќа
    и светлото на инсектот од незнајните гласови
    што ги `рѓосуваат машините во пчелите.
    И пак не знам каква ракија би пиел
    и кој со мојот сон би спиел,
    ако не си ти.

    Што не може да каже земјата му го порачува на растението,
    додека јас со туѓо лице те пронаоѓам,
    а со твоето те губам.
    И додека насекаде се распрашувам
    на кој крај од светот
    би се разминувале денот и ноќта,
    ако не си ти.

    Доближи се како цветот што има корен на небото
    и по бојата на твојата уста ќе погодам
    во кој овошен плод ќе заврши летото.
    Инаку кој дури зборува ќе го отвара кафезот
    за да ја пушти птицата што го збогатува воздухот,
    ако не си ти.


    Преубаво. :clap:
     
    На LaraSolare и starbucks им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    ‘Понекогаш‘, рече Мами со зарипнат глас, ‘го слушам часовникот што отчукува во ходникот.И тогаш помислувам на сите отчукувања,сите минути,сите часови и денови и недели и месеци и години што ме чекаат.И тоа без нив покрај мене.Е, тогаш неможам да дишам,како некој да ми гази по срцето, Лејла.Станувам толку слаба, што само сакам некаде да седнам.‘

    Илјада неверојатни сонца
     
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Дојде и тој ден. Минутите и се чинеа денови. Беше збунета и возбудена. Гледаше надвор. Ги затвораше очите и пак погледнуваше. Се плашеше да не сонува. Ги гризеше растреперените усни и не ни помислуваше дека скоро некој ќе ги бакнува. Уште една станица и ќе и ја отвори вратата на среќата, нив ги одбра да затропа. Го здогледа од прозорецот на бавниот автобус. Така убав, мил со неверојатна насмевка. Стоеше и ја чекаше. Слезе, чекореше но мислиш не ја допираше земјата. Очите и светеа како никогаш дотогаш. Две души си доаѓаа во пресрет. ТАА му ја подаде раката, а ТОЈ... ТОЈ и го зема срцето.
    Беше среда.......
     
  9. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Зофија,
    Те набљудувам како спиеш , Господе, колку си убава ! Се превртуваш во оваа последна ноќ и трепериш, те стегам кон себе, те покривам со палтото, би сакал да те заштитувам вака од секоја зима. Лицето ти е спокојно , ти го милувам образот и, за прв пат во мојот живот, истовремено сум тажен и среќен.
    Ова е крај на нашиот миг, почеток на едно сеќавање кое за мене ќе трае цела вечност. Кога се сплотивме, во секој од нас имаше толку исполенти и неисполнети нешта.
    Ќе замиам в зори , ќе се оддалечувам чекор по чекор за да уживам во тебе секоја секунда, се до последниот миг. Ќе изчезнам зад ова дрво за да се вратам и да го поднесам најлошото. Дозволуваќи им да ме уништат, ние со тоа ќе ја прогласиме победата на другата страна и тие ќе ти ги простат гревовите.Врати се љубов моја, врати се во твојот дом. Посакувам да ги допрев ѕидовите на твојот дом со мирис на сол, од твоите прозорци да ги гледав утрата што се раѓаат над за мене непознати хоризонти, но за кои знам дека се твои. Ти успеа да го направиш невозможното, измени еден дел од мене. Посакувам твоето тело да го прикрива моето и повеќе никако да не ја видам светлоста на светот поинаку отколку низ призмата на твоите очи.
    Таму каде ти не постоиш, јас повеќе не постојам. Нашите раце заедно да сочинат една со десет прсти , кога твојата рака ќе се спушти врз мене да стане моја, а кога твоите очи ќе се склопат , јас заспивам.
    Не биди тажна, никој не ќе може да ни ги украде спомените. Отсега па натаму, доволно ќе биде да ги затворам очите за да те видам , да престаам да дишам за да го почуствувам твојот мирис, да застанам спроти ветерот да го насетам твојот здив. Затоа слушни ме каде и да бидам , ќе ја препознаам твојата смеа, ќе ги видам твоите насмеани очи, ќе го чујам твојот глас.Само сознание дека постоиш некаде на оваа земја , во мојот пекол ќе биде рај,
    Ти си мојот Башер,
    Те љубам
    Лукас....
     
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да го промениш светот, тргни од себе!

    Кога бев млад и слободен, А мојата фантазија беше безгранична, Јас сонував да го изменам светот.

    Како што растев и станував поумен, Сфатив дека светот не сака да се менува. И јас решив да ги намалам своите амбиции, За да го изменам само моето општество. Но, се покажа дека и тоа е неподвижно.

    Како што влегував во повозрасните години, Со едно безнадежно чувство, Јас се фрлив да го менувам моето семејство, Она што ми е најблиско. За жал, и тие не сакаа да се сменат.

    Сега лежам на смртната постела И разбирам, можеби за прв пат, Дека ако јас се сменев прво себеси Тогаш можеби како пример Јас ќе можев да влијаам врз моето семејство, А со нивното охрабрување и поддршка Ќе можев да го подобрам моето општество.

    И кој знае, МОЖЕБИ ЌЕ МОЖЕВ ДА ГО СМЕНАМ СВЕТОТ.


    * од текстов се наежив...
     
    На LaraSolare, La.Reina.Del.Sur, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Perfection

    Skinny legs,bigger breasts
    Is all they want to see
    Tiny waists and thinner arms
    The opposite of me
    The pressure to be perfect
    Is slowly closing in
    An utter suffocation
    That doesnt seem to end
    Society is telling me
    Beautiful is thin
    And if I choose to starve myself
    Perfections what I win
    Shoving something down my throat
    Will get me what I want
    Bring me closer to that goal
    Of a body I can flaunt
    Society is telling us
    Beauty is the prize
    Measured in the size or your breasts
    In weight and clothing
    But let me tell you here and now
    No good will come from that
    It seems ok at first
    But soon becomes a trap
    A disease that clouds the mind
    And believes what is untrue
    Believes your never good enough
    No matter what you do
    There is one beauty that I know
    Its the greatest prize of all
    Its learning to accept yourself
    Imperfections, flaws, and all
    The beauty that really matters
    Lies in our heart, our soul, our core
    Because when you love whats inside
    You love whats outside even more
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Imagine there is a bank account that credits your account each morning with $86,400. It carries over no balance from day to day.
    Every evening the bank deletes whatever part of the balance you failed to use during the day. What would you do? Draw out every cent, of course?
    Each of us has such a bank. It's name is TIME.
    Every morning, it credits you with 86,400 seconds.
    Every night it writes off as lost, whatever of this you have failed to invest to a good purpose.
    It carries over no balance. It allows no over draft. Each day it opens a new account for you. Each night it burns the remains of the day.
    If you fail to use the day's deposits, the loss is yours. There is no drawing against "tomorrow."
    You must live in the present on today's deposits. Invest it so as to get from it the utmost in health, happiness and success!
    The clock is running!! Make the most of today.

    To realise the value of ONE YEAR, ask a student who failed a grade.

    To realise the value of ONE MONTH, ask a mother who has given birth to a premature baby.

    To realise the value of ONE WEEK, ask the editor of a weekly newspaper.

    To realise the value of ONE HOUR, ask the lovers who are waiting to meet.

    To realise the value of ONE MINUTE, ask a person who just missed a train.

    To realise the value of ONE SECOND, ask someone who just avoided an accident.

    To realise the value of ONE MILLISECOND, ask the person who won a silver medal at the Olympics.

    Treasure every moment that you have! And treasure it more because you shared it with someone special, special enough to spend your time with. And remember time waits for no one.

    Yesterday is history. Tomorrow is a mystery. Today is a gift. That's why its called the present.
     
    На i.am.me му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    " ‎... И врескаш: роман, роман, роман! Ма немој! Така се пишувало роман! А кој да ти го напише?! Јас? Зошто би ти го напишал, ти разгалено суштество седнато на топло, во соба, во автобус, во трамвај, во чекална, во авион, во тивка библиотека, легнато во топол кревет, со корици во рацете; ти лакомо и незаситно суштество што сака да голта суво злато, а да не ја цени потта на златарот..."
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    11.515
    Пол:
    Женски
    Те љубам. Јас сум тоа што сум само поради тебе. Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон што сум ги имал во животот и без оглед на тоа што ќе се случи со нас во иднината, секој ден што го поминуваме задено е најголемиот ден во мојот живот. Секогаш ќе бидам твој.
    И сакана моја, ти ќе бидеш секогаш моја..

    -Н. Спаркс-
     
    На Blue-eyes-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    И јас сум дете
    Не давај ми мајко ластик,
    со штикли ластик не се играт!
    Не давај ми мајко Бекутан крема,
    со мојта пудра не е во шема!
    Не давај ми мајко лижавче,
    за него нема место до моето цигарче!
    Не давај ми мајко “Наш Свет” да читам,
    за КОСМО ќе треба по улици да питам!
    Не давај ми мајко од кајсија сок,
    кришум пијам водка ко смок!
    Нит ми дај цртан да гледам,
    јас само Фешн ТВ следам!
    Тук ми шминка мајко дај,
    ф’стан танок, деколтиран и краток,
    да фатам момак сладок
    висок до папок!
    Ние не сме моми фини,
    не сме верни
    ко Санто од Бандини!
    Па што ако школо немам,
    богат маж ќе си земам!
    ќе има и за мене… и за тебе…
    а него мајко… кој го е*е!
    шифра: Мама знае најдобро!
    :D :D :D (се извинувам ако не требаше овде ,не знаев кај да ја ставам)
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Sometimes people come into your life & you know right away that they were meant to be there, to serve some sort of purpose, teach you a lesson, or help you figure out who you are & or who you want to become You never know who these people may be (possibly your roommate, neighbor, professor, long lost friend, lover, or even a complete stranger), but when you lock eyes with them, you know at the very moment that they will affect your life in some profound way.
    and sometime things will happen to you that may seem horrible, painful, & unfair at first, but in reflection you find that without overcoming these obstacles that you would have never realized your true potential, strength, will power, or heart
    Everything happens for a reason. Nothing happens by chance or by mean of good luck. Illness, injury, love, lost moments of true greatness & sheer stupidity all occur to test the limits of your soul. Without this small test, whatever they may be, life would be like a smoothly paved, straight, flat road to nowhere. It would be safe & comfortable, but dull and utterly pointless.
    The people that you meet who affect your life, and the success and downfalls you experience, help to create who you are and who you will become Even the bad experiences are learned from. In fact, they are the most poignant ones.
    If someone hurts you, betrays you, or breaks your heart, forgive them for they have helped you learn about trust and the importance of being cautious when you open your heart. If someone loves you, love them back unconditionally, not only because they love you, but because in a way, they are teaching you to love & how to open your heart & eyes to things.
    Make everyday count. Appreciate every moment & take from those moments everything you could possibly can for you may never be able to experience it again. Talk to people that you have never talked to before & actually listen... Let yourself fall in love again, break free, and set your sights high. Hold your head up because you have every right too.
    Tell yourself that you are a great individual & believe in yourself. For if you don't believe in yourself, it will be hard for others to believe in you. You can make your life anything you wish.....Create your own life & then go out & live it with absolutely NO REGRETS. Most importantly, if you love someone tell him or her, for you NEVER know what tomorrow may have in store. And learn a lesson in life each day you live.
    Today is the tomorrow you were worried about yesterday.... Was it worth it?
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    „Човек не треба да се привикнува на ништо, Едварде. Еве, и јас повторно почнав да уживам во сонцето, во планините, па дури и во проблемите, а почнав да сфаќам дека за бесмислата на мојот живот сум виновна самата. Сакам пак да го видам љубљанскиот плоштад, да ги почувствувам омразата и љубовта, очајот и здодевноста, сите тие едноставни и во основа глупави нешта кои го сочинуваат секојдневието, но му даваат и привлечност на животот. Да можам да излезам одовде барем на еден ден, ќе си дозволам да бидам луда - зошто всушност сите се луди - а најлоши се оние кои не се свесни дека се такви, и цел живот ги исполнуваат наредбите на другите.
    Но тоа е невозможно, разбираш ли? Затоа и ти не смееш по цел ден да чекаш да се стемни и една луда жена да засвири на пијаното - затоа што тоа наскоро ќе престане. И мојот и твојот свет наближуваат до крајот“.


    - Пауло Коелјо, „Вероника реши да умре“.
     
    На katakomba24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    Да живееш… Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале..љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања..Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да
    останеш засекогаш.....
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Таква сум. Ако ме прифаќаш, земи ме.
    Не нудам нежности и лигавење, го мразам тоа.
    Не нудам вечна љубов, не верувам во тоа.
    Не нудам нешто посебно.
    Се нудам себе си, во целост, сосе мојата душа и тело...
    Нудам моменти во кои двајцата ке бидеме среќни.
    Без гаранција до кога ке трае.
    Без гаранција ако нешто се расипе.
    Не нудам совршенство.
    Нудам само една едноставна девојка.
     
    На Neytiri и Springy им се допаѓа ова.
  20. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    Мојот стих е жален, каде е вашиот плач?


    Твојот стих е жален: сосем си прав!
    Ѓаволски е жален, вистина е цела!
    Туку, зошто, пак да плачеме си велам?
    Над тебе да плачам, иако си здрав?!.

    Сепак, има некој кого што го жалам,
    над него ќе плаче сиот овој свет.
    -Кој е тој? - По Судба еден човек клет:
    оној што ја читал таа песна мала!

    Оној сонет твој без волшепства не дели,
    само еднаш може видот да го стемни.
    Не знам дали него друго зло го демне
    освен дека малку духовит е, нели?

    Ако сакаш крвта нам да ни ја пиеш
    без да пееш ти за општиот ни бол,
    сакаш ли да видиш плачеме ли ние -
    препрочитај го ти оној сонет зол!


    Не бидува двајцата, клети


    Не бидува двајцата, клети,
    да шетаме навечер сами
    па иако срцето мами
    и месецот онолку свети.

    Ножицата мечот ја јаде,
    а душата в гради ми рие;
    ќе престане срце да бие,
    ќе одморат љубов и надеж.

    За љубов сме создадени ноќе
    и доаѓа пребрзо денот...
    Не бидува со тебе,
    да талкам под месецов моќен.

    На Инец


    Не смешкај се: во гради лад
    И суровост носам јас сам.
    Не би сакал ти никој пат
    Да сетиш тага, горчлив срам.

    И се што гледам, слушам, знам-
    Се здодевност е. Барам почин.
    Не наоѓам во ништо плам:
    Ни в убост, ни во твоите очи.
    Јас живеам со таков бол
    Ко оној скитник што талкал
    И знаел за животот зол,
    Без спокојство по смртта жалка.

    Кој избегал од себе сам,
    Па макар и на крај на светот?
    Не, каде и да одам знам-
    Ме следи Демон-мисла клето...

    Ме мачи проклет спомен во мене
    Што в младост онака се влеков.
    Бар утеха да имам денес
    Што сетив најлошо на веков.
    ГОРДОН БАЈРОН :inlove: