Досега имам користено само од геловите за туширање, и не сум задоволна баш , не ми се допаѓа мирисот многу ми е јак ама ајде за тие пари добар е. овој го имам користено највеќе
И јас имам користено само гел за туширање, синиот многу јако мириса,ама и не е толку лошо кога ќе исчезне малку мирисот,а розовиот е убав.
И јас го имам користено истиот ,мирисот е посоодветен за мажи отколку за жени. Во шишенцето мириса убаво ,ама на тело е многу продорен.
Јас го користам зелениот лосион, затоа што сите горе доле имаат ист мирис, ама овој ми мириса најсвежо.. Не е мрсен, таман ми е. А го користев и гелот за туширање и преубав беше, обожавам свежи мириси.
Премногу ми мирисаат како нивната пудра во прав за тело, т.е. талк. Сите во себе го содржат тој продорен мирис, премногу јаки и не по мој вкус. Едната купка од Фелче Азура ми направи страшна иритација на интимниот дел и бегам од нив како ѓавол од крст. Од лосионите за тело го користев тој зелениот постиран погоре, и ми е малку чуден, лизгав, како да содржи многу масло во себе, без некој посебно убав мирис. Од мене имаат own:
Мене ми се допаѓаат производите на Фелче (барем тие што ги имам користено), а ги имам користено гелот за туширање и пудрата. За поефтина цена сепак имаш италијанска марка, па и количински ми се чини се поголеми.. Гелот за туширање ми одговара на мојот тип кожа - излегувам од капење и мазно мазноо
и јас го имам користено синиот гел за туширање и таков лосион и мене баш ми се допаѓа тоа што имаат посилен мирис. Инаку освен гел за туширање, пудра и лосион што друго има? Немам нешто друго сретнато.
Јас ги обожавам,ги користам оние плавите.Знам дек аимаат јак и карактеристичен мирис кој не го обожава секој
Јас ги имам користено Синиот Класико што е постиран погоре и овој: Задоволна сум, ми се допаѓаат многу, добри се за мојава кожа, а и имаат интересен мирис.
Не ми прават мерак нивните производи. Не го сакам мирисот премногу ми е јак некако. Имам користено од купките, на поклон имам добиено, а и пудрата за тело ја имам пробано од кај другарки. Дефинитивно не ми прават мерак ич. Сама никогаш не сум купила нивен производ. Аа да и дезодорансот исто го имам пробано, сестра ми еднаш го имаше и тој не ме бендиса. Големо НЕ за Фелче Азура, не ми се женствени ама ич
Немам користено други производи на Фелче азура, освен гелот за туширање, преубаво мириса, но ме чеша кожата од тој гелот, така да прекинав да го користам.
Многу ја коритев пудрата за тело во прав порано, не излегував од дома без неа, си ставав по 100 пати на ден. Зошто баш пудрата не би знаела да одговорам. Кога мириса на фелче, муж ми ми вика дека му мирисало на мене. Знам да го купам дезодорансот повремено. Гел за туширање земав еднаш, ама многу ми ја сушеше кожата, лишаи ми се направија, а не ми се случило претходно.
убави производи имаат,имам користено купка ,млеко /лосион што и да беше тоа х) и пудра за тело мислам дека .. уште нешто имав,не ми текнува
Ама се најдов во муабетов Користам дезодоранс, млеко за тело и омекнувач за алишта...плавиот класико. И јас мирисам на мене кога го користам, а тоа е секогаш.
Прва работа кога отидов да ги прегледам градите бидејќи имам цисти, ми забранија да користам Фелче Азура. Прави тешки иритации, и содзава цисти, така да со најдобра намера би ви препорачала да не ги користите. И се слагам со Трендафилка, мирисот е премногу јак, дури одвратен..
Гелот,синиот и мене ми направи иритација на нежните ми места,а додека зелениот,со бадем,баш ми беше пријатен за кожата.Мирисите не ми пречат,напротив.Од лосионите за тело,розевиот убаво мириса,не е толку силен. Не сум многу импресионирана се на се од козметикава,ама од омекнувачот...прекрасно ми мириса.Летно време него и зелениот дуел не ги менувам!