Користев еднаш сет: гел за тушиурање, шампон и дезодоранс. Плавите. Арни ми беа, шампонот посебно, ептен ми се погоди. А и мирисот ми е убав, не ми е јак.
не се лоши баш имаат мирис што трае .....но внимавајте премногу се парфимирани на интимни делови никако и акови ја суши кожата престанете .....поззз
Само мене не ми се свиѓаат јак ми е мирисот и незнам... истата крема ја имам(над 2 некој поста) и така стое.. греота ми е ке почнам да ја користам, штом на сите му се свиѓа не се секирам
Мене ми се допаѓаат гги имам користено гелот за туширање и лосионот за тело зелените и ми се баш убави кожата мие мека и мазна
Мене баш ми се убави особено купката што е како кафенасто прошарана на етикетата и пишува Dulce на неа таа ја обожавам
Ееееее, беше тоа еден убав сончев ден, пред отприлика една година. Со ниет да купам капучино и грисинки, на сталажата во маалското дуќанче видов гел за туширање, знам дека имаше и демек нешто гратис. Фелче Азура!...само да знаев шо јадови ќе ми створи, истиот момент ќе и го честитав 8-ми Март на продавачката за наредната година Кога го душнав таму, не ми делуваше лошо аромата. Кога се изтуширав, мислам дека цело купатило ми засмрде на некој чуден мирис, на закиснат веш со ефтин прашок и оставен во леген неколку дена...Бљак Го фрлив. На кого да го подариш? Ќе бара скриена метафора сигурно персоната два дена, шо сакаш да и кажеш со поклонување на толку грозен мирис шо во ноздрите ти создава заштитен слој од канализација Значи не. Многу ефтино ми делуваат, ко на времето некоја бугарска роба. Не глумам лудило, значи и јас си користам ефтини производи меѓутоа навистина квалитетни. Ко на пр. Елдена млекото за тело...ама ова брате мили нема шанса. Не сум ни се обидела во најлудите денови на ПМС да пробам некој друг производ. Фала многу, мојата кожа не е на пат најдена
Jaс не очекував дека некому толку лошо му мирисаат , мене ми се убави, посебно млекото ми враќа спомени на едно прекрасно лето пред неколку години Можеби се со посилен мирис, ама дефинитивно се посебни, а гелот за туширање Долче едно време ми беше незаменлив. А имеше еден дезодоранс, татко ми ми го донесе пред многу години од Куманово, да ме израдува тогаш и дали дека тој ми го даде, дали од нешто друго, ама преубаво ми мирисаше Сум имала и стик Долче, исто убав беше ... Е сега јас сум таква, колку и да ми е убав некој производ со тек на време ми здосадува, па одамна немам купено ништо од фелче, ама имам само убаво мислење за овие производи
порано производите на Felce Azzura многу ги употребував,ми имаат многу пријатен нежен мирис,а и квалитетот им е добар. А го имам употребувано гелот за туширање кој остава долготраен пријатен мирис еве овој исто и млекото за тело го имам користено,пудрата за тело и дезодорансот(синиот) а и зелениот е добар иако нема некој којзнае каков мирис.
Имаат преубав мирис. Мх, мх. Еднаш така си купив шампон на Фелче Азура, преубаво ми мирисаше, ама многу првут ми направи. - Овој беше шампонот. Од тогаш ништо не сум купила од оваа фирма...
Мене воопшто не ми се допаѓа мирисот на овие производи. Посебно плавите, класико, имааг грозна миризба . Единствено розевиот, елеганте, има миризба што можам да ја поднесам, останатите се
Јас користам млеко за тело и гел за туширање од Felce Azzura и многу сум задоволна. Посебно сум задоволна од гелот за туширање кој многу убаво мириса и потоа кожата ми е мека, мазна и миризлива.
Meне ми се преубави купките, многу пријатен мирис имаат. Дезодорансите имаат пријатен мирис, но сепак не се нешто којзнае што А омекнувачот за алишта е преубав и алиштата ептен убаво мирисаат Задоволна сум од овие производи
Плавиот Фелче навистина е малку специфичен, но мене лично не ми е грд. Во салаонот кај што пораноодев на депилација користеа пудра од фелче, па сега кога некаде ја видам пудрата веднаш ми текнува на депилација Спојлер Бразилска како и да е, веќе 2 години ги користам купките онаа Elegance и Dulce и јас сум многу задоволна. Многу ми се нежни, убаво мирисаат, ефтини се а и после кожата пријатно ми мириса долго време. Ме загрижи она што некојпогоре спомна дека не се препорачливи за користење, посебно за оние жени со цисти??? Инаку снаа ми го користи и омекнувачот и вели дека многу е задоволна од него.
ммммм ги обожавам сите производи на фелче имаат специфичен мирис и баш затоа ми се свиѓаат,едно време ич не можев да го поднесам нивниот мирис но мајка ми цело време ја користеше пудрата и почнав да се привикнувам на тој мирис па после почнав и јас да ја користам истата и сеа сум зависна од сите нивни производи