Мајка ми редовно ја купува купката, розевата и мирисот е ок, не сум приметила да ми ја суши кожата и најдолго мириса од сите што сум ги користела и доста долго трае шишето. На пример Дав гелот за туширање ми издржа недела ипол... Многу е убав, ама премногу е скап за да го купувам толку често. А ова трае, траеее, исто и неговиот мирис! Мене најубав ми е оригиналниот мирис и не ми е воопшто јак, баш ми е убав. Многу евтина варијанта се и не ми направиле до сега проблеми. Исто после депилација обавезно ставам од пудрата за тело, значи тоа ми е неизбежно. Кога депилирам брк, ако ставам Бекутан пудра ми се прават гнојанички, ако ставам Фелче не. За мене таа пудра е незаменлива!
Значи бекутан произодите ги ставам на прво место и пред се’ ама и шампонот на Фелче-преубав е! Косата прекрасно мириса до наредното миење! Мене лично не ми прави првут и стварно е добар за добри пари. Купката сум ја користела исто е добра, ама како што кажав Бекутан е незаменлива!
Е ова ме зачуди,моето прекрасно лето беше пред две години... Можеби сме ист знак во хороскоп А за производите немам лошо мислење,сум користела неколку купки,млекото и пудрата.Мирисот ми е баш супер,не ми е јак воопшто,а и тешко ми е да поверувам дека некој го чувствува мирисот после десетина минути,ефтина купка е мајко му стара,не е парфем оригинален... Пудрата е супер,ја ставам после депилација,понекогаш,на екстремно високи температури си ставам по цело тело и не се потам ич,а сестра ми си ставаше во патиките.
Дезодорансите ми се допаѓаат, свежи ми се, ама купката не - некако многу јако ми мириса, може ќе ја пробам розовата, по описиве ми личи на понежа варијанта од плавата, ама не да ми се.
I them! Го користам гелот за туширање класикот,иако има силен мирис,убаво е што после тоа трае на кожата И користиме и омекнувач таков.
имам користено се на Felce Azzura и според мене се добри, но мирисот им е прејак .. едноставно не е по мој вкус
Ma целата кожа ми се иритира од нив, ме чеша, небаре како шуга да имам, мислев дека само мене ми се случува тоа, ама други ми се пожалија.
Одвратно ми мирисаат сите производи, одвратно. Не ги поднесувам. На километар мирисам некој ако користи.
Во главно не ми се допаѓа како мирисаат Фелче Азура производите, но најдов еден лосион за тело кој ептен ми одговара на кожата и е со пријатен мирис.
Мхогу се добри. Го користев Dolce. Oдлични се во комбинација, лосион и гел или купка. Многу сум задоволна...
Гелот за туширање го обожавам, ама имам приметено дека после долга употреба кожата почнува да ми се суши. Инаку мирисот на оригиналното плаво Felce го обожавам
Јас го имам користено плавиот гел за туширање ама многу ми ја суши кожата, повеќе не го користам. Инаку пред еден месец купив едно парфемче, тоалетна вода 170 ден одприлика и многу ми се свиде. Розево по боја, ама многу убаво ми мириса и трајно е, сите ми го осеќаа :up:
Гелот за туширање, млекото за тело и пудрата во прав ги користам. Мене многу ми се допаѓа и како мирисаат