јас ја имам користено купката на фелче азура со розева лепенка убаво мириса,неми ја сушеше кожата долго време ја имав ми здосади мирисот после купив фа да сменам малку за таа цена се ехтра купките и долго траат
Порано ги имам користено гелот за туширање и пудрата за тело во прав... океј ми беа и за цената мислам дека се океј. Е сега мирисот им е појак и на некој му годи на некој не..
Едно време го користев млекото за тело,ама краток период.Прво не ми беше лош мирисот ама за брзо време ми стана тужен некако јак многу.Веќе не го користам,прејак мирис ми има неможам да го поднесам.
Една моја другарка имаше вакво млеко за тело, кога ставив еднаш случајно дечко ми не беше ама ИЧ воодушевен од мирисот
Порано го користев гелот за туширање, ама почна да ми ја суши кожата премногу, не е ист веќе. А иначе мириса преубаво, обожавам такви јаки мириси.
Само ова го користам и сум задоволна, планирам дезодорансот да го земам да видам каков е дали ќе ми помогне со моево потење
Јас користам крем за тело од Felce Azzura. Убаво ми мириса, ја омекнува кожата, задоволна сум. Летото го купив, арно ама неможам да најдам каде пишува рок на употреба. Може да му е поминат рокот? Ке барам сега пак
Јас ги користам геловите за туширање. Сум ги пробала сите и стално ги менувам, прекрасно ми мирисаат. Исто така го користам и дезодорансот и дефинитивно плавиот ми е најубав
Од синиот на Фелче можам да се угушам. Траен е, ама многу јак цветен ми е. Премногу. Имам пробано шампон и лосион за тело (со розевко што е) и дватта производи беа супер. Иначе за цената се супер.
мене некако баш ми се допаѓаа гелот за туширање, особено плавиот баш дека јако и подолго мириса, а инаку и пудрата ја имам користено и од неа сум задоволна
Го користам омекнувачот за алишта и купката за тело (си купувам од неа литар и немам гајле), и двете Класико! Го обожавам мирисот!
Ги имам користено плавите шампон и гел за туширање. Супер ми се, за тие пари се ептен добри. Многу ми се допаѓа мирисот, ме потсеќа на машко.. Мајка ми пред некое време имаше купено омекнувач за алишта Фелче, јас не ни знаев дека постои. Ама добар се покажа..
без део ги користам сите до една и ми се омилени амааа перфекција!! колку само прекрасно мириса Некој да не има видено по МК некаде од овие белава колекција ??
До пред некоја година постојано го користев класико за туширање, но изгледа ми се презасити кожата, па почнаа како лишаи да ми излегуваат(кога го сменив исчезнаа). Инаку многу го сакам, свежо и чисто ми мириса. Омекнувачот го користев одреден период ,но ми создава електрицитет, па морав повторно да се вратам на Семана(не дека семанае лош, но реално за парите Фелче се закон )
Од Фелче Азура имам користено речиси се’. Од сапуните, до млеката за тело па и омекнувачот за алишта. Одредени производи се ок, други не. На пример, пудрата од бор, многу јако мириса и по долга употреба, кај сестра ми се појави чешање. Мене па ми се презасити носот од тој мирис. Купките од бел крин, бадем и ванила се одлични за долго лежење во када, убав мирис, опуштаат, а не се скапи. Сапуните исто. Омекнувачот е долготраен и ефективен, оној обичниот со сино капаче.
Сега си најдов дома и дезодоранс од Фелче - класико, и многу ми убав. Исто ко да сум излегла од бањање, ко бебенце, зашто имам спомнато - го користам Фелчето за туширање, тоа од литро!
Го користам гелот за туширање , елегант, и има одличен мирис, кој прилично трае. Го земав во големата туба од 1 литар, само сега земав од оној на Афродита од кокос, и увидов дека ни пиближно не е како Фелче Азура, и дефинитивно ке се вратам пак на него чим ми заврши овој.