Јас ги користам производите од фелче и додека не прочитав некои коментари, немав претстава дека толку мн има што не ги сакаат Купката, шампонот, пудрата и лосионот ги користам нон стоп а и гел за интимна еднаш купив и мн убав се покажа, ама сега немам видено по продавниците уште еднаш да се појави а колку беше убав....
Ги имам користено купката и млекото за тело .. Купката има јак мирис ама одпосле е убав и трае цел ден .. Млекото за тело ја прави кожата прекрасна ...
Го имам гелот за туширање од лаванда. Огромно пакување и економично. Ок е за туширање,со оглед на тоа што летово се туширам по 2 пати во денот. Не е лош ни мирисот , ама малку ме потсетува на едни врекички против молци за во плакар со мирис на лаванда.
Од Felce Azzurra имам користено само овој гел за туширање и не беше многу лош , што знам после туширање уште ти мириса кожата , за разлика на SENSES од AVON немаат долготраен мирис
јас го имам користено млекото за тело и прекрасна ја прави кожата!!! нежна а и лично мене многу убаво ми мириса!
Гледам дека повеќето се жалите од мирисот на Фелче, а мене па баш пријатно ми мириса И долготраен е мирисот на лосионите Го користам плавиот, aма при крај ми е и сакам да го сменам. Ги разгледував останатите бои во продавница и не сфатив дали има некоја разлика меѓу лосионите освен мирисот. На сите лосиони позади имаше иста етикета. Има некоја разлика според типот на кожата?
Не гледаш на етикетата таму пишува А, В5, Е изгледа тоа е нема друго што да биде, нели а и мирисот што велиш ти. Не ги знам лосиониве но вака случајно заприметив
Ги имам користено сите лосиони, и најубав ми е розевиот... зелениот го користев во летото, мириса на свежо и чисто баш како за летен период.. синиот ми е многу јак и едвај чекав да го потрошам жолтиот мириса слично како розевиот ама розевиот има баш слатка миризба и долго трае.. тој ми е омилен. И геловите ги имам користено, и се на се задоволна сум од оваа марка.
Пудрата порано многу ја сакав ама одамна не сум ја користела. Ретко некогаш зимам и гелови за туширање, а сите фелче производи ми имаат некој специфичен и препознатлив мирис. Негде низ темите видов ама не се сеќавам каде, а и не знам дали кај нас ги има овие фелчиња за во плакар?
Imam koristeno samo od gelovite za tusiranje,imaat nekoj specificen miris koj ne mi se dopaga mnogu,mnogu...
Ја имам користено пудрата и гелот за туширање (овој погоре), ама одамна. Искрено, ни сама не знам како сум можела да ги користам, зошто мирисот ми е Неподносливо ми мирисаат, загушливо, тешко. Никогаш повторно не би ги купила
ги имам користено само гелот за туширање и сум доста задоволна. убава ми ја прави кожата а богами и косата. + трае доста долго и има убав мирис, а и не е многу скап.
И јас го користам гелот за туширање преубав ми е и нема потреба после тоа да се мачкам со некое млеко за тело. Преубаво ми мириса и ми ја омекнува кожата.
Воглавно ми имаат многу јаки мириси кои не ги можам... ми ја иритираат и кожата а и сите сетила Едино ова млеко за тело ептен ми се свиѓа, хидратантно и мирисот е нежен и трае.