Највеќе ги сакам,и млекото за тело,и гелот за туширање,и омекнувачот абре преубави ми се Млекото за тело ми се потроши деновиве,ке треба да трчам до продавница,осеќам
порано го имавме овој големо пакување и многу беше убав ама ете од тогаш немаме купено, треба да си земам некогаш убави се
Најјаката фирма...нема нешто што не е преубаво ! Се мириса фантастично ! Абе да ти е кејф само да си седиш до шишенцето и да мирисаш...млекото за тело е фантазија !
Ето видиш сум ги фалела некоја страна претходно, а сега малку да си се пожалам. Тотална утка ми беше млекото за тело, розовото во таква голема туба со прскалка. Кога го бирав добро ми мирисаше, но леле леле после мачкањето со негоо.. Арно дома бев и можев да се искапам одново. Она не беше миризба, копање на нозе беше! Толку одвратно, мислев јас смрдам. После и мајка ми истото го забележа откако и‘ ги споредив миризбиве. Катастрофа.
Јас го користав прво шампонот, и бев доста задоволна. Убаво мириса, и плус трае. Али само мене ми се има случаено или на некој друг, да се нафрли од гелот за туширање? Летото паметам го зедов, и ептен се нафрлував па прекратив со него, и кожата ми се смири. И додуша, откогаш и ги избегнувам.
Гелот за туширање го користам и е супер Иначе, можеби се имаш нафрлано од млекото за тело ако го имаш користено? Познавам една девојка која се нафрла од млекото..
Не си единствена. Јас ги обожавам нивните производи и нивниот мирис, но после предолго користење на омекнувачот за алишта, кожата ми се презасити и ме иритираше се’ што ќе облечев. Значи не дозволував никој да ме допре, многу ме иритираше. Не знам дали беше точно од омекнувачот или гелот за туширање, зашто автоматски прекинав да ги користам во исто време. Дезодорансот сеуште го користам од време на време
За тело е. Обично за места каде највеќе ти се трие кожата, односно места каде што потиш, освен под пазувите.
Млекото за тело ми се има многу најдено, не го обожавам неговиот мирис, ама за после сончање кога ми се лупи цела кожа е супер. Имам и еден дезодоранс ама не ми е убав па го користам како освежувач во WC(најчесто после голема нужда).
Пудрата за тело на Felce Azzura е најубавиот мирис на Свет! А сега скоро видов дека имаат и омекнувач за гардероба, планирам да го купам.