како си задоволна од неа, дали одговара за нормална кон сува кожа, и дали си имала проблеми со лицето од неа?
Да кажам за мене, имам чисто лице и нормална кожа, не сум имала никаков проблем со ББ кремава, дава одличен сјај на лицето, и другарките најчесто тоа ми искоментирале, свежо мириса и лесна е, не се осеќа на кожа, не би ти ја препорачала доколку сакаш покривање на неправилности на лицето, значи не покрива и не прави чуда само сјај дава и природен изглед
Прв пат ја земам, ме интересира дали сте задоволни? Имам комбинирана кожа. Другарка ми ја пофали, ама сакам да чујам повеќе мислења. Благодарам.
Спојлер Ајде да си одговорам сама. Доколку некој друг е заинтересиран. Како што кажав имам комбинирана кожа.Шминката ја вади целосно, на очи не ме пече. Наутро кога станувам лицето ми е нежно, меко. Е сега деловите од лицето кои што ми се суви, си остануваат суви. Ќе земам деновиве крема, ама тоа сега не е тема на муабет. Такада задоволна сум. Препорачувам.
Како сте задоволни од фарбите на гарниер,особено за блондиките? Јас лично имам користено само фарба од гарниер но тоа беше одамна но фарбата беше како колор шампон без амонијак бидејќи несакав да ја оштетам и преубаво ми фаќаше бидејќи и природно косата ми е плава.Тогаш имав убаво искуство со гарниер и незнам дали сеуште ги има тие фарби,но ме интересира сегашните фарби нормално со хидроген и најсветлата нијанса бидејќи сакам скроз бело да ми фати.Имате пробано? И која нијанса најубаво би фатило? А да, и дали се сеуште убави фарбите незнам тогаш ме зачуди без хидроген ми фати убаво плаво и не паѓаше бојата,тоа беше пред добри 5години, а сега незнам планирам гарниер да пробам..???
@LadyInTheDark јас повеќе од 10 години наназад користам фарба на Гарниер, и тоа фамозната 111-ка Прекрасна ми е, само со неа добивам бело/платинасто руса коса. Сум пробала се и сешто, но секогаш и се враќам, едноставно најдобра ми е. Нема жолтило воопшто, ако и природно ти е светла косата резултатот ќе биде преубав. Секогаш добивам комплименти на сметка на косата и прашања што користам Пробај, па пажи
@LadyInTheDark И јас бев презадоволна од фарбите на Гарниер кога се фарбав плава. Ги користев тие колор сензејшн и навистина не ми ја гореа косата , напротив баш мека ми ја оставаа и многу убаво фаќаше бојата. Баш и мајка ми се фарба со нив со годин. Пробај баш а и не се скапи , често во Зегин ги има на попуст за околу 150 денари , по супермаркетите се по 185 денари
1.Тоникот ми беше убав,иако го сметам за сосем непотребен производ.Вадеше нечистотија и не ми го сушеше лицето.Се на се,го препорачувам. 2.Антиперспирантите им се убави,тие во зелено и розово пакување мирисаат прекрасно. Околу 150 денари се.Дали штитат од непријатен мирис,колку им е трајноста,и не се сеќавам баш,одамна не сум ги користела.Повеќе на дав и нивеа користам,посебно на дав. 3.Лосионот од манго во зелено пакување.... 250 денари и им се стварно убав. Кожата ми е мека и мазна,има пријатен мирис (според мене),ниту лепи,се впива,ниту му се менува мирисот како кај некои лосиони.Имам користено 2 пакувања и планирам да купам пак.Веќе не пробувам други марки лосиони. Го имам пробано и од јавор,тој во црвено пакување,лосион за екстремно сува кожа,ама не ми е убав мирисот и затоа ќе си го користам само овој од манго. 4.Шампони.Го имам користено тој во зелено пакување(сликата е од нет ) и ми беше многу убав,118 денари е. 5.Многу ме разочара маслото на Гарниер за тело.330 денари мислам дека беше,200 мл.од ДМ го купив.Му се менуваше брзо мирисот кога се намачкав и многу грд мирис оставаше.За џабе парите. 6.Редактирав дека заборавив да напишам и за пилингот за лице на Гарниер.Не се сеќавам на цената,јас го купив на попуст лани од ДМ.Може да се користи и како маска.Не ми се допаѓаше дека ми го сушеше лицето и имав чувство како да ми е ,,затегната'' кожата..Можеби на друг би му одговарал. Тие работи ги имам пробано од оваа марка.Инаку знае ли некој каде го има овој универзален крем на Гарниер?Колку пари е и дали е добар?
Пред два дена се фарбав дури сега стигнав резултат да пишам. Се извинувам не замемарувајте што не ми е баш средена косата бидејќи ми е многу густа кадрава малку ја запеглав но пак не излезе баш убаво, но колку да видите Па еве слики Еве слика од коренот ми беше одрасната повеќе но пак убаво фати на бело стварно била убава фарбата. Само една имам ставено планирам уште една за рок од една недела да ставам и мислам дека поубаво и скроз ќе фати на сиво А пред тоа ми беше повеќе жолтеникава дека одрасната заборавив да сликнам.