Дали некоја од вас ги користела кремите за лице од линијата Skin Active (96% Natural Origins Skin Care)? Најверојатно и не се така нови, но денес прв пат ги приметив во маркет. Сите беа по 239 денари. Имаше 3 вида: - со екстракт од роза (за сува кожа) - со екстракт од алое вера (за нормална до комбинирана кожа) - со екстракт од зелен чај (за комбинирана до масна кожа) На Интернет најдов и верзија со мед, но ја немаше. Можеби само ја немало во моментов, не сум сигурна. Составот е супер кај сите три креми, барем од тоа што успеав да го прочитам набрзина. Изгледаат вака: Не се воопшто скапи, веројатно би купила следен пат, само не знам од која верзија. Па ако некоја веќе користела, нека сподели искуство и впечатоци.
Прво ја користев таа од Алое Вера. Ама тука ја нема, искрено ептен ми одговараше на кожата. Насабајлр и навечер ја користев , лицето меко ми го правеше. Моментално ја користам таа со гроздова водa што е. За нормална до комбинирана кожа е. Искрено не можам да се пожалам, второ паковање ми е ова, баш денес купив. И навечер, и насабајле нанесувам и дури и под пудра. Потоа со камена и неколку часа не мрднува. Многу убаво ја хидрира кожата.
@IronLady, јас се мислев помеѓу алое вера и екстракт од зелен чај, ама најверојатно ќе ја пробам вторава. За лето може повеќе ќе ми одговара зашто тогаш ептен ми станува масна кожата. Ќе почекам и ќе прочитам уште некоја рецензија, па ќе видам. И онака не ми е итно. Ја потфатив таа со алое вера, ама се откажав. Да ги потрошам залихите, па ќе мислам што ќе земам следно.
Ги гледав попладнево во Веро, а ги има и во ДМ мислам. Во Веро сите креми беа по 239 денари, а во ДМ не застанав кај делот со Гарние продукти, па не видов која е разликата во цената.
Јас ги имам пробано кремите со роза и алое вера. Со роза недотрошена ја фрлив, ми сметаше миризот и ми ја мрсеше кожата. Таа со алое ја купувам 2 пати и сум презадоволна. Ми мириса на убаво и чисто, ми легнува на лице и многу често ја користам како подлога за шминка. Се впива за брзо време и текстурата и е лесна.
Јас ја купив ботаникал со зелен чај. Прво ја пробав од другарка и ми се допадна па ја купив. Многу убаво ми лежеше но од кремава ми се направија ситни гнојни бубулици кај челото и брадата. Сега ја немам користено две недели и ми се исчисти лицето. Не знам зошто, веројатно некоја од состојките не ми одговара за жал, а убаво лесно кремче е. Да не си грешка?Линијата од алое воопшто не е донесена кај нас. Ја нема ни во Дм ни во Веро.
Не знам дали сум грешка, да ти кажам ич не се позамарав да проверам или да прашам пошто ја купив таа за масна кожа. Во Веро ја видов алое кремата еднаш со сигурност и никогаш повеќе. Во ДМ ми кажаа дека не ја носат таа верзија, а на други места немам прашано воопшто и не ни планирам. Ми се презасити кожата од Гарниер, па ќе паузирам од нив некое време.
Не е се така лошо, имаат и убави производи, барем за мене..многу ги иизбегнував ради лошиот состав ама сега се подобруваат..најновата маска што им е за коса, без плакнење, ептен ми е супер, оној шампонот зелениот со 5 травки исто многу убав, имаат дури мицеларна вода био од алое ама мноогу тешко ја наоѓам овде..
јас последно што имав беше шампон од авокадо и shea butter и не можев да го измијам мн беше тежок за плакнење
За масна кожа е наменета таа со екстракт од зелен чај. Многу е убава, мене ми одговараше и потрошив цело кутивче. Купив втора ама некако не ми е тоа тоа, па ќе ја чувам за понатака. Сакам да ја пробам таа со екстракт од роза, ама ќе почекам до зима кога кожата нема да ми биде толку масна.
@vitamina еве и овие можеш да ги пробаш, многу се добри, и составот им е природен..јас го користам тој со 5те травки супер ми е
Не знам за овие може се поприродни али од производите на гарниер ми е иста приказна.. имам земано порано ги користев ама залудно..
И јас ретко користев козметика од гарниер ама во последно време се подобруваат, поготово тој што е со 5билки е скрос природен, ама па и тоа не е некоја гаранција дека секому ќе му одговара, имам и јас случаеви , обично со мицерална вода, земам био, ми ствара печење, земам од овие од гарниер подобро ја осеќам..
Јас ја земав првата. 2 недели веќе ја користам не е лоша сега за сега 4 евра на попуст редовна не знам колку и е