Мицеларната вода, био, искуства, како ви се чини, јас ја купив и ептен се разочарав, само што се поминав се вцрвив цела во лицето, такво нешто прв пат ми се прави од некој производ, кај вас како е? И за бб кремата био, ја пробав , не можев да одолеам дека био, ама не ми се допадна, катастрофа е, не можам ниту да ја нанесам по лицето, не се размачкува, пробав и со крема одоздоле ама не бива.
Најверојатно сум алергична на нешто во неа, јас зелената ја имам, ќе пробам пак ама не верувам дека беше случајност, баш штета
Јас засега ја користам розовата мицеларна вода на Garnier и сум премногу задоволна. Не знам зошто си имала таква лоша реакција но искрено не би ти препорачала повторно да ја пробуваш при таков случај...
прво ја користев таа розевата, и мене ми беше супер, ама сакав да ја пробам оваа варијанта што е био, за таа зборам, ама се зезнав..а пишува за сите типови на кожа и за осетливи. А имам забележано општо многу производи био не ми одговараат, баш чудно, по правило баш тие треба да се ок, ама ете, малер сум.
Јас исто се разочарав од Розевата на Гарниер.. Ми го затегнува лицето многу и како мозочиња ми прави да не зборам колку само ми се исуше лицето а комбинирана со мрсна кожа имам Изгледа ќе се вратам на Нивеа
Можеби зависи од тоа што си користела претходно. Обично кога преминуваш на препарати со помалку хемија во составот од тие што претходно си ги користела, може да се јават неочекувани реакции на кожата, како црвенило, лишаи, лупење, акни... најверојатно тоа е еден вид чистење на кожата од хемиите што претходно си ги користела и ќе и треба време да се исчисти и да се нормализира. Може да трае подолго време, па кожата ќе се нормализира. А ако трае подолго од два-три месеци, тогаш не ти одговара. Можеби не сум во право, можеби @Biodevojka може да каже дали има ова врска или не.
Мицеларната вода ми е супер, иако сестра ми вика дека мириса на пластелин и толку е разочарана што веќе био нема никогаш да купи. Сега навистина има разлика, ама мене не ми пречи... 100% подобро ми влијаат органските продукти. Кремата ја купи исто сестра ми и јас ја пробав, многу е воденкаста и кога збориме за мирис...е тука е прејак навистина ама не е лоша како хидратантна мислам дека си ја врши улогата. А, маслото био од лаванда. . Е, тоа ми е љубов. Колку само ми го смирува лицето и црвените делови, ми го омекнува и скрос ми е супер. Тоа околу био линијата што не знам колку месеци доцни кај нас. За миење се думам гелот или да се вратам на оливал... Па ако може некој да каже збор, два за него.
Од Гарниер ја користам мицеларната вода, некогаш розевата, некогаш зелената, но и од двете сум презадоволна! Исто така користам и Гарниер фарба за коса. Со таа почнав да се фарбам, со таа и ќе терам, супер е.
Здраво девојки, дали некоја го има користено гелот за хидратација, да ми каже искуства со него? Имам комбинирана и проблематична кожа. Благодарам.