Мене не ми се допадна воопшто. Остава леплив филиш и мислам дека дополнително се исфрлив од него. Подобро земи го серумот на Балеа hydro.
Сте ја користеле зелената мицеларна вода( за комбинирана и осртлива кожа)? Немаше од розовата и ја зедов како замена.. Дали ја вади добро шминката како розовата? Имам мрсна кожа и склона кон акни.
Јас ја користам и мене ми е супер. Ја немам користено розевата за да ти направам споредба, ама оваа убаво ја вади шминката. Не верувам дека има некоја голема разлика меѓу нив две.
@Emotional123 @Fantasy33 фала ви на одговорите. Баш ќе видам после неколку користења дали ќе ми се појават нови акни. И мене ми изгледа ко да нема некоја си разлика.
Го има некој користено серумов? Го купив денеска од ДМ, не беше многу скап (мислам 395 ден беше) па ме интересира ефикасноста
Ова е нешто најдобро,но скапичко е. Косата е како од салон да сум излезена,толку мазна ,ни маска не треба. Нешто слично на ова да понудите
Дали ја имате користено оваа крема? И дали сте биле задоволни? Имам сува и чувствителна кожа па се двоумам дали да ја користам
Здраво, Како сте задоволни од серумот+крема со SPF25,имам во план да го земам па сакам да слушнам,како се користи и како си е воедно нели,не мора врз тоа пак крема?Ја гледав и онаа плавата ноќна крема за хидратација ем?
Некој да ја има користено па да сподели искуство? Имам сува комбинирана кожа,со малку црвенило на периоди Каква и е текстурата?Дали е добра за хидратација?
Катастрофа е, бар мене. Остава леплив слој, како да не се упива скроз. И не хидрира воопшто Имам масно, комбинирано лице
Јас ја немам оваа крема користено. Ама општото искуство со креми Гарние ми е катастрофално. Не ми се погодени за skin care. Шампоните ќе пројдат. Ама се друго не баш. Ни мицеларните не ми биле нешто wow