Моментално го користам од Гарниер 2 во 1. За нормална коса, против опаѓање и перут. Неможам сега да најдам слика.. И презадоволна сум!
Воглавно добра марка. Е сега мене не се што е од нив ми одговара. На пример шампоните Фруктис се ужас, страв и трепет за мојата сува коса. Плус ми предизвикуваат некое чудно чешање на кожата и красти - слично како Елзев шампоните Затоа шампоните Ultra doux, особено црвениот, ми беа топ. Редовно ја користам најобичната крема за лице, за сува и чуствителна кожа, и преубава ми е - а толку евтина. Го имам користено и нивното млеко и тоник за чистење лице исто така за сува и чуствителна кожа, и бев задоволна. Bodysummer, млекото за самопотемнување го користам исто така, и презадоволна сум - но и со останатите млека за тела кои ги имаат. Исто имам пофалби и за ролонот за подочници! И за крај - кремите за сончање им се преубави. Го користам во последно време уљето за сончање. Едноставно - класика. Ме потсетува на детството и на времето кога се бањавме на Треска Мајка ми во елегантен црн, едноделен танкини костим за капење и уљево во нејзината плетена ташна. А татко ми скришум ја мерка. Ама јас гледам се! Таква некоја меморија ми останала во главава Ц ц ц какви се не спомени може да ти пробуди едно обично уље за сончање. Како и да е, сума сумарум, кревам палец за производите на Гарние.
Од Гарниер ги користам шампоните за коса од авокадо и манго,сега за сега добри се, а за понатаму ќе видам,не ме чеша главата од нив,има неколку месеци откако ги користам, а и убаво мирисаат други производи немам користено од Гарниер.
Од производите на Гарниер имам користено само шампон и маска од алое вера и сум доста задоволна и од шампонот и од маската.
Денес видов во Unique, производите на Garnier за нега на лице и тело беа со промотивни цени, негде 20-30% попуст. А ролонот со масажер го купив од Тинекс за 140 денари. Одамна престанав да верувам во чудата на козметиката кога станува збор за борбата против целулитот, но барем ќе имам занимација додека гледам филм. А за резултатите по 2 недели.
Јас сум го користела ова пред неколку години и немаше никако резултат. -.- Од ова само дополно ми се вцрве лицето-.- Сега се мислам дали да си го купам ова?Знае некој која цена е и дали има резултати го чисти лицето? се појавуваат ли акни и слично?
Досега имам користено фарба (111) ,години наназад ја користам само неа ,најдобра е и не ме чеша главата од неа ,потоа тоник за лице ,маски ,шампони ,регенератори и од сите тие сум задоволна. Единствено не сум задоволна од рол он-от ,ми се лигавеа пазувите од него и заштитуваше едвај 5 часа.
Indie Girl, Exfo Brusher на Garnier е нешто феноменално. Мене ми го направи лицето порцеланско, дури и кога ќе ми излезе бубуличка за 1 ден ја суши. Ми ги избледе и флеките. Јас го зедов 310ден. Освен од тоа, задоволна сум и од млекото за тело, Intensive 7 Days, одлично ми ја хидратира и освежува кожата.
Освен плавите фарби кои воопшто не ги почитувам, Гарниер имаат предобри производи и некои од омилените продукти ми се токму од Гарниер, како следниве
од Garnier сега засега ги користам само фарбите маска за коса и антипреспирантите кој мн свежо ми мирисаат и со задоволна од овие производи
јас користев и не сум баш нај нај задоволна, за самопотемнување најдобро ти е од орифлејм. Туку сакам да прашам дали гарниер имаат нешто за виткана коса?
Од производите на Garnier сум ги користела само шампоните и не сум баш задоволна,би рекла среден квалитет ни добри ни лоши ,а маската за коса е стварно супер квалитетна и сум задоволна од неа.... Но сега би сакала да го пробам зелениот тоник за лице што е за нормална и комбинирана кожа,малку сум скептична околу квалитетот на овие производи затоа што се со прилично пониски цени,а сум читала во некои други форуми од соседството каде многу луѓе даваја позитивни критики баш за овој тоник,ако некој има искуство со тониците на Garnier посебно овој зелениот ке го замолам да сподели мислење околу него....
Од твоето искуство со овие производи дали тоникот е подобар за мрсна кожа или е добар и за нормална? и дали ја суши кожата и се чувствува затегнатост?
Овој тоник е специјално наменет за комбинирана кожа,мојата е таква...За мрсна или нормална кожа има други тоници на гарниер што се специјално наменети за таква кожа.Мене не ми ја суши кожата,напротив ми дава чувство на свежина и влажност.Затегнатост не чувствувам.
Ме интересира што пишува на него, само за комбинира кожа или за нормална и комбинирана. Баш пред некој ден бев да си го купам и не најдов ваков, па си зедов еден за нормална и за комбинирана кожа.