Презадоволна сум до гарниер, освен кремите за лице, друго се користам од гарниер. Посебно за чистење на лице што им се прозиводите .
Ќе може ли да пишеш нешто околу спрејчево за коса и зошто го немам видено до сега кај нас?! Колку е и за каква коса е?!
^Еј јас шампонот и регенераторот ги имам користено заради нив ја ставив сликата т.е. регенераторот се уште го користам, многу е добар, а спреј таков кај нас тешко да има зошто кога барав низ „зелената колекција“ спрејот го немаше, немам видено ни по супермаркетиве, гледав пред некој ден и во Јуник и немаше, а ми имаат речено да си земам спреј на Глис, биле многу добри и нешто слично би ми дошло. А види во Космо да не има обично се што нема по поголемиве маркети, а ти треба и си го видел на нет, го има во Космо или Јуник, пр. мене ми требаше шампон на Еугене Перма и само во Космо го има... Инаку за спрејовите на Глис, сигурно ги знаеш овие ми ги покажуваа Инаку на спрејот пишува Блонд кер, сите 3 се за плава коса и сигурно се прска врз плава коса како овие спрејови и спрејовите на Ревлон најнормално само што е за плава коса
последната маска е некоја друга линија на Гарниер,Ултра доукс, кај нас ја нема и не е иста со таа што ја имаме, многу е поквалитетна но и мислам малку поскапа од оваа што е кај нас.
Последен пат се фарбав со оваа и денеска ми беше негде 5-6 миење и верувале или не косата уште ми смрди на фарба онака ко да е тазе фарбана , ич не сум задоволна
Денес налетав на нов Exfo Brusher од Garnier, со изменета формула и четка. Ако го има пробано некој да каже критика? Или споредба со претходниот, оној со белата четка?
ОД гарниер имав за акни едно со пумпичка зелено , али нишо не ми помогна и се разочарав . . . И од тоаш друг производ од гарниер немам земено
До сега ја имам користено само оваа црвенава крема за раце, и тоа пред некој ден си ја земав ама презадоволна сум, има некој преубав мирис кој цел ден трае, абе ке ставам насабајле и до вечер уште илјада пати ке ги измијам рацете а мирисот се познава сеуште. Инаку да прашам некако гледам многу од блогеркиве ја користат колекцијава за нормална/комбинирана кожа, ја има некој до сега користено? Како сте задоволни?
Летово, пред да се фарбам, го користев А сега го користам овој за фарбана коса и сум презадоволна, ич не ми паѓа бојата И на крај, маскава задолжително, косата ми е ко свила!
Млеково и лосионов го користам веќе подолго време и сум задоволна, а пробав од шампоните на Гарниер, али не ми се допаѓаат косата многу наелектризирана и мека ми ја прават ....
исто и јас ги користам млекото и тоникот на гарниер за мешана кожа..и задоволна сум ги имам пробано и шампоните тој со алое вера ( убав беше) и оној од брусница за фарбана коса кој ни малце не ми се погоди и ми ја мрсеше косата иако преубаво мириса
Може да ми објасниш како ја користиш маската како ја нанесуваш на врвовите ли само ,колку време ја држиш објасни ми детално позз
Во главно задоволна сум од производите на Гарние, посебно од фруктис шампоните. Ама последно го пробав овој пилинг и некако како да ми се воспалија местата каде што имав црнки, не убаво ми делуваше на кожата Ај ако го користел некој овој пилинг кажете ми како делуваше кај вас