аааа се имам користено од гарниер, преубај ми се! посебно она 3 во 1,за лице пилингот. сеа зедов нивеа, џо да менам,ама ака, за к*р не го биват
Јас сум презадоволна од производите на Garnier. Ги користам тоникот и млекото за вадење шминка, а мајка ми ги користи шампонот и субрината со брусница и арганово масло мислам се викаше. Посебно сум задоволна од производиве затоа што се квалитетни и имаат пристапна цена.
од гарниер имав пилинг што е 3 во едно али преубав беше... па кога ми заврси немасе друго и го сменив али стварно беше преубаво..
Се сум користела од гарниер и сум презадоволна освен шампоните и маските, премногу првут ми прават. Сакав да прашам дали во Скопје ја има колекцијата лајт.. жолта колекција? Во Охрид нема.. јас еднаш месечно одам во Скопје онака на шопинг и скоро 60% од работите што ги имам од гарниер ги земам во Скопје, во Охрид многу мал избор има.. освен на шампони и маски.. Патем.. miracle skin perfector е стварно нешто нај!!!
Сега баш пребарував низ темава и ми текна. Како сум можела да го заборавам лабелото?! Ова чудово форевр! Толку ми ја прави мека и нежна устата што немам зборови. Ако ми испука на зима си ставам и за едно 15 минути веќе нема ништо. Го користам еве веќе околу две години и не би го заменила со ништо.
Јас сум многу задоволна од ролоните на Гарниер за против потење. Не ги менувам за ништо! Особено Garnier Mineral. Исто и лабелата им се одлични.
Мене лично не ми се нешто посебни од Гарниер. Шампоните многу ми ја мрсат косата, лосионите за тело не ми беа убави, а производите за лице исто. За тие пари толку музика, ама пак за тие пари се нудат други поубави и поквалитетни производи. Овој производ само ми бил убав. Ама поодамна го користев.
Имам користено повеќе производи од Garnier од кои генерално сум задоволна, но не можам да кажам дека некој посебно ми оставил впечаток бидејќи скоро сите сум ги заменила. 1. Го имам користено стиков и во главно беше ОК, но далеку од тоа дека даваше заштита 48 часа. Има пријатен мирис, не остава многу траги и на мене делуваше добро. После толку пребарувања, сега Lady Speed Stick ми е одличен и повеќе од соодветна замена за овој. 2. Лосионот за самопотемнување можам да го пофалам. Се сеќавам дека го земав како акција 2 по цена за 1 и дека се утепав од шлакање. Дава убава чоколадна боја (со флеки ако не се размачкаш убаво) ама во главно бев задоволна. Веќе не користам вакви креми и така и ова излезе од употреба, но сепак ако некој ме праша пре би да препорачам Carroten крема за самопотемнување отколку оваа. 3. Антицелулитниот лосион ветуваше многу, не оствари скоро ништо. Можеби и јас имав преголеми очекувања, но не забележав некаков видлив ефект плус немав трпение да се шлакам со него и напорно ми беше после секое масирање да го чистам ролерчето зошто остануваше на него од лосионот. Од дамна ова е во минатото, сега Сатва на Алкалоид ми врши одлична работа. 4. Еден од шампоните кои сум ги користела и можам да кажам дека бил меѓу подобрите, но нажалост мојата коса некако ко да се засити од него. Пријатен мирис, не многу нападен, дава голем волумен на косата и ја омекнува. Го имам користено и регенераторот од истата колекција, задоволна сум и од него, но не е нешто на што би ставила акцент. 5. Во моментов го користам овој шампон и до сега најзадоволна сум од неговиот мирис. Преубаво мириса и што ми се допаѓа најмногу е што со мала количина можам убаво да си ја измијам косата. Косата ми е мека дури и без маска или регенератор, лесна за расчешлување и како што забележувам мрсна веќе после вториот ден. Нареден шопинг сигурно нема да падне изборот повторно на истиот. 6. Последно што земав е дневната крема со мат ефект која многу ми ја фалеа претходно. Иако бев скептик кога ја земав, морам да кажам дека сум задоволна плус има 15ка фактор што ми се погоди за летово. Мириса ептен свежо и е многу лесна. Ми се допаѓа тоа што после миење на лицето нема потреба од дневна крема туку веднаш од оваа ставам и има ефект на крема + пудра, а изгледа многу природно и не остава никакви траги или флеки на лицето. Не е препорачлива за мрсна кожа, а јас имам комбинирана и до сега не сум приметила дека ми свети повеќе лицето отколку претходно кога сум користела креми и пудри наменети за комбинирана кожа. И она што ме изненади, кога ја тргам шминката, нема никакви кафени траги како од пудра, се е чисто.
butterfly33 јас го користам и супер е,за мојата мрсна кожа на лице е совршен,го користам секој ден и после лицето ми е помазно,ако имаш мрсна кожа на лице земи си го нема да се зажалиш,јас ги користам сите производи на garnier pure програмата за мрсна кожа и сум задоволна, да прашам дали некој го има користено овој крем и колку е задоволен..
Одлично е Мене воопшто не ми се допадна не е покривно,кога ќе го нанесеш е ок после пола саат исчезнува и комбинира за не е за комбинирано или мрсно лице можеби за ќе одговара повеќе.
Вака да кажам јас за тој BB кремот...Skin Perfection Прво многу ми е чудно што ми мириса многу слично на антицелулитниот серум на нивеа па малку ме фати страв да не имаат некои исти состојки Кога ќе го нанесеш му треба малку време да упие инаку светиш во лицето. Е после 15мин е сосема океј. Ми дава свеж и убав изглед, не е пудра па да е кој знае колку покривен ама дека немам ништо на лицето и ептен ми одговара. Посебно вака за лето време е супер, ќе си го користам летово сигурно, си има и заштитен фактор. Јас си го ја имам потемната нијанса. Ама се прилагодува на тенот
270 денари. Не сум од Скопје, ама ја има низ парфимерии и поголеми маркети. Во Јуник и Тинекс ја има гарант
Фала AlicaInWonderland дефинтивно ке си го купам бидејќи преку лето не сакам пудра да ставам многу,инаку го има и во дм,јас таму го видов..
Ах, кој ѓавол ме натера да го купам шампонов! Си го земав шампонов од ДМ оти ми се виде многу ефтин. Башка, оп се испофалиле на предна страна дека е против првут, а и за мрсна коса, мислиш за без пари аир ќе видиш. Ахаааа. :up: Све сјајно на почеток, све супер, мирише лепо, заносно си ја нишкам косата, па после 4-5 пати користење кога косава се навикна на шампонов, почна повеќе перут од вообичаеното да имам (јас вообичаено ич немав), да ме чеша кожата на главата. Дали ми се изиритира кожата, не знам. Еве веќе месец дена откако се вратив на мојата стандардна Нивеа па се опораив колку-толку. Перут скоро и ич да немам, чешање нема, дај Боже целосно да ми се искоренат симптомите на ова Гарние! Ме разочара.