Јас имам многу брашно во косата, кори.. како и да се викаат. Не дај Боже да се зачешам, цела коса ќе ми обели. Порано ги вадев со оној чешелон за вошки. После ми помогна Wash&Go, ама после некое време, бетер ми ја направи. И баш ваков имам моментално. Некогаш купувам против перут, и за полесно чешлање, некогаш против перут и против опаѓање. Зависи каков ќе начекам. Мене многу ми помогна. Сега немам ич такви. Мирисот и не е нешто посебно, ама барем ми помага. А и со Wash&Go многу ми паѓаше косата, сега ми се намали паѓањето. Што знам, јас сум презадоволна. Косата ми се мрси негде 2риот ден, ама мојата коса е најубава тогаш, затоа што таман ми е по спласната за разлика од првиот ден, кога не се скротува.
На телевизија сретнав реклама со најновиот шампон на Гарниер од повеќе билки беше...го има некој сртетнато низ маркетиве ?
Овој лосион или млекото за чистење лице да не пецка ако поминеш близу очите ( јас купив clen&clear лосион ) но многу пецка и имам чуство како да ја пресушува кожата и мора да ставам крем за лице
јас ја користам кремата за лице на гарниер, а нормална до мрсна кожа... навистина добра крема, воопшто не ми ја мрси кожата од другите производи на гарниер не сум користела сеуште, но во најскоро ќе ги купам тоникот и млекото за чистење лице
Ја купив ББ кремава од погоре уште пред 2 месеци и сеуште не сум почнала да ја користам. Многу сакав ББ крема, и кога излезе во продажба ја купив без размислување. Имам темен тен и зедов medium, ама ми беше претемна. Сега сум исончана и повеќе ми одговара, но сеуште сум скептична, премногу сјае, не знам дали ќе се навикнам да ја користам секојдневно. Наскоро одам на одмор и мислам дека почесто ќе ја користам, па ќе ви кажам дооформено мислење Друго што имам користено од Гарнир се шампоните и дезодорансите. Шампоните мирисаат убаво, но не ми одговараа баш, веќе не ги користам. Дезодорансите се супер, во топ 3 ми се
Го имам користено тој зелениот гел за миење лице и тоникот ( од нив сум задоволна), едно млеко за тело, црвено - бела амбалажа беше.И фарби за коса - ништо посебно, мислам Палете се подобри.
Не знам зошто, имам некоја одбивност кон брендов..посебно за козметката за лице тоа тонираната крема катстрофа, лампион... џабе фрлени 300 денари скоро.. оние зелените млеко и тоник исто.. 5 саати вадиш маскара, плус пецка околу очи... не ми се допаѓаат, не би купила нешто во скоро време за лице од Гарниер.. За шампоните имам ок мислење, фруктисот е ок (неколку сум пробала), имаат убав мирис и убава ја прават косата.. исто и оние поефтините од гарниер ги имам пробано и за цената се ок.. дезодоранси и млека за тела немам пробано..
Јас сум единствено задоволна од бојата за коса на Гарниер, од ништо друго. И мене исто не ми се допаѓаат зелените млеко и тоник, ниту шминка вадат, ниту ништо, џабе фрлени пари. Кремовите за лице исто така не ми се допаѓаат, не ми одговараат воопшто. А, да, и шампоните ги имам пробано, ни тие не ми одговараат. Мислам, ОК се, ама ништо посебно, има и многу подобри. Сума сумарум, брендов не ми се допаѓа воопшто. Освен фарбите, ништо друго не им чини.
Јас воопшто не сум задоволна од производите на гарниер купив еднаш една крема од нив за лице и лицето никогаш не ми било по суво!
Порано кога се фарбав секогаш купував боја од garnier, не знам зошто, не дека бев задоволна, туку од навика во маркет прво за нив се фаќав. А доста ми ја сушеа косава, посебно еден период кога ја осветлував, ко сено ми стана, така да не сум задоволна од фарбите. Ама она млекото за чистење лице, тоа од роза што е и зелениот тоник од грозје стварно ми се погодија. Првото, не ја вади шминката воопшто,тоа да, но на веќе извадена шминка, го поминувам лицето со млекото, и ги отстранува остатоците од шминка и плус ми ја прави кожава многу мека. Тоникот ми е супер исто, плус преубаво мириса. На овие производи ми текна моментално,друго ми се чини немам користено...
Овие се нови и ако не се лажам, се наменети за мрсна кожа, right? Ме интересира дали некоја веќе ги има пробано, ми треба нова колекција за лице - сè од старото ми е при крај, а највеќе ми треба тоник или гел, не велам не и за еден добар пилинг, па ако чини ич да не се мислам. И што цена се?
Не можев да издржам повеќе. Вчера излегов и го купив тоа од левата страна (со пумпицата). Наменети се за мрсна кожа, цената и на двете им е 310. И двете се гел за миење. Разликата е тоа што тоа со пумпицата е 200 мл, а ова другото е 150. Прерано е за да кажам дали чини ама мирисот му е како овошен сок. Како што бев жедна, ми идеше да си шприцнам малку и во уста.
Леле, шворц сум, а ми требаат толку многу работи. Ќе чекам додека да си присоберам некоја пара, па може и на некоја акција ќе го фатам. Како што ми тргнало во последно време со тоа акциите ни маркетите. Да знаеш дека ќе почекам некое време да ми кажеш импресии од гелов.