Јас не сум задоволна од производите на Garnier особено од шампоните, колку првут само фаќам..... Шаумата си ја обожавам... дури и машките шампони ги употребувам!
еејј DzingrlakaDzikica не се многу 30 ден ама сепак ќе си заштедила прво секогаш провери во космо или дм мислам дека секогаш е поевтино..
Па во дм не е нешто поевтино. Мислам дека во Космо е поевтино. да не бидам оффтопик... Порано користев и крема за лице на гарниер, и лосион и шампон, дури и фарба. Не бев нешто посебно задоволна, но цената ми одговараше. После отидов во странство и пробав од тамошниот Гарниер. Врска немаше со нашево ср ње тука. И шампон прекрасен, и креми и се. Отакако се вратив не купив повеќе Гарниер. Ем кремата како да испарува, ем им ги качија цените, ем квалитет никаков. Мислам дека Балеата на дм е подобра од Гарниерот.
па добро јавна тајна е дека производите на нивеа,лореал,гарниер и сите останите марки се прават во фабрика во бугарија за балканскиот пазар,ние добиваме никаков квалитет а висока цена,кога пробав лореал шампон од италија што ми го донесоа и нивеа разликата не е голема огромна е..
Го има некој користено тоникот за чистење лице за нормална и комбинирана кожа да сподели искуство? Мислам плав дека беше.. Имам од авон сега 2 во 1 пена и тоник топ ми е ама при крај ми е па го видов овој некако ме привлече, ако е добар да го земам... И дезодорансот Гарниер минерал ако го имате користено исто да кажете мислење
Јас го имам користено. Мене ми се допадна, убаво мириса, брзо се упива, не се лепи како некои дезодоранси. Сега за заштита баш и не знам... Јас и со било каков дезодорас пак се потам така да не забележав некаква си голема разлика во тоа
Од гарниер скоро ништо ми се нема погодено! Користев еден лосион за лице и почна лицето да ми се лушти... Исто и фарбите им се за никаде, нијансите им се ептен портокалови, дури и оние сивите...
Ова Celan Skin тоников го има кај нас, така? Мислам дека го имам гледано низ дрогериите, но ме чуди малку амбалажата, мислам дека беше некако подруг и ме интересира дали некоја знае колку чини? Не можам да ставам слика, не ми ја прикажува. Станува збор за темно-зеленото пакување, Cleansing tonic against black dots.
Тој black white and colours не го имам пробано, само овој обичниов минерал. Добар е, не е лош, убаво штити. Но, сепак рексоната ми е поубава од овој.
Јас од Гарниер го користам гелот за прочистување на лицето односно на шминката и сум задоволна ете веќе две години го имам и многу убаво мириса
Порано ги користев шампоните,регенераторите,маските..но ми ја сушеа косата и престанав да ги користам.Сега ништо не користам од Garnier.