премногу мене супер ми го чисти лицето Јас го користам подолго време и сакам да го сменам и девојката во парфимеријата ми рече дека е 100 пати подобро тоа од клин ен кеар не знам размисли
го користам тоа 3 во 1 на гарниер и ми е препреубаво... исто така го користам и кремчето за комбинирана до мрсна кожа noisture match и дава неверојатна свежина... го мешам и со пудрата и така ставам и цел ден се осеќа мирисот а кожата изгледа природно сјајна, мрсните зони ги неутрализира, а лицето е бебешки меко.
Користам ББ крема на Гарниер, и млеко за тело (тоа зелено за хидратација). Од тие производи сум баш задоволна. Кремите за лице (ги имам испробано неколку) не ми одговараа баш. Многу ми се "лесни", ко да ги немам ставено, слабо ми ја хидрираа кожата.
Јас само да го пофалам путерот за тело. Многу добар производ, густ, масен многу мека ја прави кожата и зимава ме спаси од екстра сувата кожа по телото. Околу 300 денари му е цената.
А каде можам во охрид да го најдам?? го побарав во тинеџ во кам во рамстор и по некој продавничиња но го нема помош
сакам да купам за чистење на шминка и чистење на лицето од нечистотии и токсини и да ми ги суши акните е сега се мисалм што да купам дали млекото или тоникот од роза што е подобро кое сте го користеле дали сте задоболни од тоа.. и да не заборавам имам сува кожа, само на слепочниците ми е малце мрсна.
^ Нема млеко или тоник тие одат заедно. Млекото ти е за да ја отстраниш шминката со памукче, после тоа би било убаво пак со некој гел да го исчистиш лицето затоа што млеката не отстрануваат нешто многу темелно и на крај поминувш со тоник кој служи за да си ги отстраниш мртвите клетки од кожата, другите нечистотии кои останеле од миењето како и да ја подготви кожата за нанесување на крема. Значи сосема различна намена имаат. Мој совет би ти било наместо млеко да земеш подобро гел за миење лице и тоник. Гелот многу поубаво ќе ти ја исчисти кожата одколку млекото и потоа ќе си поминеш со тоник па ќе нанесеш крема.
Тие се универзални гелови за миење лице и секако ги вадат нечистотиите, дали од шминка или од нешто друго ќе извади се. Можеш од било која фирма да земеш. Јас последно земав на Зиаја со маслинки за сува до нормална кожа е и сум многу задоволна, чини само 170 денари. На Гарниер се малку поскапи околу 300 денари ама не сум ги пробала нивните.
Од производите на Гарниер користам само боја за коса,Гарниер Колор Натуралс.Долго време ја користам и задоволна сум.
^ Освен нивните производи, имаше ( сега незнам дали сеуште има одамна не сум била) производи на Карло ди Рома, има нешто накит , некои рандом парфемчиња ( мислам дека беа некои копии) .. и такви слични работи Али да, на Ziaja има најголем избор таму за разлика од другиве маркети. Се извинувам и јас за офф..