На Гарниер имам користено само еден производ и презадоволна сум! Користам ББ-крема, лицето го прави многу меко, нежно а воедно изгледа и многу природно. Јас го користам секојдневно.
Ја пробав еднашка фарбата, и крајно сум разочарана. Бојата наместо црна излезе нешто портокалеста после 1 недела, а косата ми беше целосно изгорена. Dislike.
Јас земав еден дезодоранс пред некој ден,и пишува 48 часовна заштита демек како антипреспирант. Е сега знам дека сигурно не трае до толку,ама ова па ич не држи. После саат време изветрува а и многу е слаб мирисот не се осеќа. Ме разочара малце,очекував многу добар да биде
Дали сте го користелњ она за лице три во едно од гарниер пилинг и др. Нз. Што е го има во зегин околу 280 ден. Е
Од она што сум користела... - Шампоните им се заникаде (косата ми се наполни со првут + ако денес ја измијам наредниот ден ми беше мрсна, а со други шампони ми издржува 2-3 дена), единствено сум задоволна од маските, конкретно од оваа... Спојлер - Oд ББ - кремата, воопшто на сум задволна, има само две нијанси едната ми е премногу светла, другата претемна, не ми се размачкува добро, поготово под очите ми се прават како линии, линии, а и за неполн месец стана чудна, кога ќе ја отворам и притиснам прво излегува како помешано со вода (ама објаснив ) - Задоволна сум од восокот ги скротува непослушните влакна, а не ја мрси косата. Спојлер - Најзадоволна сум од оваа колекција наменета за мрсна кожа склона кон акни. Што се' не сум користела во пубертет кога имав проблем со акни, Виши, Витаскин, Kлиник, ништо не помагаше. Со редовно користење на колекцијата успеав да се решам од акните, после одреден период немав ниту акна, еве до ден-денешен, дури сега имам проблем со сува кожа (па морам да користам такви производи). И брат ми после мене ја користеше и нему му помогна. Спојлер
ovoj plav http://4.bp.blogspot.com/-EAO6C8u8ZQo/U ... 177862.jpg i ovoj crven http://lghttp.5588.nexcesscdn.net/803DC ... 268600.jpg 3in 1 Koja im e razlikata?
Од гарниер имам користено шампон и балсам, татко ми ми ги донесе пред две години мислам и ептен бев задоволна, косата ми беше мека и лесна за чешлање, преубаво мирисаат и не ја мрсат косата. Кај нас не сум приметила (во мојот град) ама ако најдам обавезно ќе си купам, мислам дека овој шампон и балсам најмногу и одговараат на мојата коса.
Love-hate relationship си имаме. Ја обожавам маската за оштетена коса и лосионот за чистење на лице, доста ми помагаше кога имав мозолчиња. ББ кремата беше тотално разочарување и Pure Active 3 во 1 гел/маска за лице ми ја пресуши кожата.
Се двоумам помеѓу Miracle Skin Perfector BB Cream и Miracle Skin Perfector BB Cream Oil-Free. Има некоја од вас искуство со овие? Оваа 2ва како матирана е? Miracle Skin Perfector BB Cream Miracle Skin Perfector BB Cream Oil-Free *** Кога сме веќе кај Garnier, морам да го пофалам Damage Eraser регенераторот. Вреди за секое денарче!
Таа oil free е за комбинирана до мрсна кожа, а другата ти е за нормална до сува. Значи ќе си земеш во зависност од твојот тип на кожа.
Во Америка што и да купев од Гарниер, фантазија, шампони и регенератори какви имаат, уф... Косата ти свети, не ти се мрси одма, мириса, абе да немав ограничување на багаж мислам козметика многу повеќе ќе донесев. Овде мислам дека не е истиот случај, ги купив неколку од Ultra Doux, ама ене до пола стојат, нема кој да ги дотроши. Косата како тесто, ај од еден, ами од повеќе испробани, до нив ќе да е... ББ-кремата на почетокот ја фалев, ама разманав откако ми испаѓаа огромни, ама огромни поткожни бубуљици. Не се сеќавам кој ми спомна тука дека прочитал таков случај на интернет, дека е од тоа, па арно увидов. Никогаш немаше ни да помислам дека може од тоа да биде. Пред летово си купив и една крема за лице на Гарниер, зелено тубиче, краставица, и по две недели престанав да ја ставам, ми правеше како лишаи и топченца на лицето и таа ја разманав. А пилингот па е ептен добар, тој 3 во 1, со години го користиме по дома, очекував и другите производи за лице да се со тој квалитет, ако ништо друго барем приближно. И сега иако сум им фан, донекаде , се подразмислувам пред да купам нешто на Гарниер... Барем од кај нас, вие што сте во странство и купувате во странство, мислам дека ќе имате многу подобри резултати отколку ние тука.
Девојки не знам дали ми е за тука прашањево ама сепак ќе пишам. Си планирав да си земам се што ми е потребно за чистење на лице ама само од една линија. Многу ми ги фалеа оние на Гарниер - зелената линија - за нормална до мешана кожа. Таман ќе ми одговараат мене, затоа штоа ако земам за масна кожа ќе ми го сушат лицето. Ја имам мицеларната вода, и она двофазното за отстранување шминка од очи, денес си ги купив тоникот, млекото и кремата, ама прашањето ми е дали сте виделе некаде од оваа линија гелче за миење лице? Или пак пена, ама важно да е од оваа линија Oва сте го сретнале накде кај нас и каде?
Здраво девојки Ме интересира дали ББ кремата за мрсно лице и за нормално ја имаат истата боја/нијанса од Light и од Medium? Благодарам
Како сте задоволни од ролонот? Од секогаш го користев на Нивеа, но како повеќе да не ми функционира. Дали е до мене или тие нешто промениле во формулата, не знам. Сега сум во потрага по нов, па се мислам да го испробам на Гарниер. Значи, сакам ролон, не сакам стик или дездоранс. Искуства?