Женски ми стаса таа зелената маска за коса,ама незнам како се користи...се мие или што и се прави?? ај ќе ве замолам која знае нека пише.
Сега сакам да ја порачам зошто пишува за прочистување пори,а баш тоа и ми треба.Помага ли за тоа или да размислам за некоја друга?
Искрено најубава е таа со саќе,во светло розе амбалажа,ја имав и таа со кал и таа солотосов цвет досега најдобро се покажа со саќето мн,ја измазнува кожата. Па исто како и сите маски за коса.Се нанесува на влажна коса ја оставаш да делува 5 минути па ја плакнеш.Нормално оваа постапка на крај,од ко ќе се измие косата со шампон.
Јас до пред некое време ја користев маската од мртвото и одлична е,додека ја користев лицето посвежо и поодморено не се сеќавам кога пред тоа ми било,имам уште ама пуста мрза да си направам некое третманче,да подсоберам пари па ќе направам една опција да ја порачам и таа од саќе пошто прочитав дека има задоволни од истата
Абе да ви кажам нешто за таа од саќе,јас што забележав кај себе барем. Целото лице ни е покриено со ситни влакненца,кои воопшто не се познаваат,а со маскава чувствувам како ги кубе...ме фати шубе да не се разбудам еден ден како маж! Кога се суши,многу се суши и се запекува за лицето,а имам една од орифлејм,со иста намена,по ист принцип се вади,како гумена останува и лесно се вади од лицето.
^ Не се секирај јас знам жени кои фрлаат пари за депилација за лице! И не се секирај не растат тие многу, т.е не се згуснуваат како тие на нозете! Јас лично ја немам користено таа маска со саќе ама затоа сите други ги имам пробано супер се! А што и е намената на таа со саќе? Таа беше розавата така???
Јас сум многу задоволна од овие производи маската од маслиново масло за коса ја користам скоро 2 години и прекрасна е, како и сите др производи еве ги моите производи што ги користам моментално
Хахаха нема шанси да се разбудиш како маж не бери гајле.Па тоа ти е маска со двојна намена Иначе сите што се депилираат на лице не се како мажи... Таа со саќето беше за измазнување на кожата,ма да мене ми ја прави и блескава со здрав изглед,едноставно ја сакам маскава
Ги користам обавезно маска за коса од маслиново масло е најубава, потоа тајлантски лотосов цвет млекото за тело и маската за коса, пилингот за тело од мртво море и од ориз и саќе третманот за лице, за пети од африкански шеа путер е закон!!! Секогаш имам на залиха од планет спа најчесто порачувам два за 550 ден.
за длабинско чистење на порите можеш да си ја земеш маската од тајландски лотосов цвет (лилјаковата) сега беа по 159 ден ама тој каталог помина,, во наредниот незнам колку се, важно е дека маската е преубава и јас ја имам истата
Ги имам кремот за нозе и маската за лице со кал од мртвото море. Кремот за нозе е ок но не одличен, а маската ништо посебно, нема ама баш никаков ефект од неа, а можеби и не ми одговара на кожата, како и да е не би ја купила пак.
Сега излегоа новите производи на Планет спа со морски алги.Мора да ги имам,треба да се добри бидејќи се со алги.
Можете ли да ми препорачате некоја маска за лице од Planet Spa што е наменете за девојчиња од 15 години...имам масна кожа и многу проблеми со црнките..исто така имам и многу мртва кожа која што често ми се лупи..страв ми е да користам маски за лице за нешто да не си направам некој проблем со лицето..ако можете да ми препорачате некоја