Единствено нешто што можам да го препорачам од авон. Се е прекрасно! Масло да коса, маски за лице и коса, путерот, се се се, што и да земете нема да се покаете!
Најубавата маска за лице со Кал од мртво море, кожата е освежена, исчистена, значитечно ги чисти порите и нечистотиите од лицето, кожата е мека како свила.Ви ја препорачувам..
делам мислење.ја имам користено и можам да кажам дека е еден од топ5 најдобри производи на авон што ги имам користено
Путеров си го земав, па ќе видиме дали е добар. Ја користам и маската за коса на планет спа, убаво мириса косата од неа.
Имам користено само два производи. Сите колекции им мирисаат прекрасно па затоа планирам да си порачам уште нешто кога имаат попусти. Ги користев маскава за коса и маскава за лице. Посебно сум задоволна од маскава за коса која со редовна употреба ми даваше прекрасен златен сјај на косата Кај маскава за лице ми се допаѓа што е 75мл па внатре има многу за употреба, одлична е за хидратација после нејзе кожата е мека изгледа некако поздраво. Маскава за коса обично е по 300-400 денари, додека оваа за лице е околу 200 денари јас на попуст ги зедов двете за 400
Зошто ја нема маската со јапонско саќе и ориз повеќе? И има ли некоја замена за истата? пс:преубава беше!
Се изначитав коментари за маскиве за лице и коса и МОРА да си земам и јас, колку што видов утре би требало да има нов каталог од Авон па дај боже да ги има во некаква акција или попуст. Некако највеќе ме влечат овиe...
Од трите путери кој е најубав? 1. Путер со минерали од Мртвото море 2. Путер за тело со маслинка Или 3. Путер за тело со шеа Кој мириса најубаво? - Јас претпоставувам овој со шеа ама имам цела колекција на Dove со мирис на шеа и со викам за овој првиов? Кој е најубав, ваша препорака?
Мене шеата ми мириса најубаво, ама штом веќе имаш нешто со сличен мирис на овој путер, земи го оној со маслинка. Мислам дека доволно ќе биде тоа што ќе ти кажам, дека мириса на медитеран, на топло лето кај нашиот јужен сосед , на чисто и нежно. Мене целата колекција со маслинка ми е идеална, немаш поим како ја препородува кожата.
И јас би ти го препорачала тој од маслинка. Го користев минатото лето и толку убав и траен мирис има, и не претерувам, ама секој втор ме прашуваше што парфем имам. Моментално го користам тој од лаванда, и тој е преубав, посебно за сува кожа како мојата. Btw - Немам разгледано нов каталог, намалени се?
да сега во декемврискиот(02.12.-22.12.2014) ќе бидат намалени по 100 ден,па и јас сум во дилема која да ја земам