@eminil Путер за тело се користи исто како лосионите за тело, земаш и мачкаш по телото. Ако мислеше на путер за тело, ако не постави слика од производот на кој мислеше.
Го препорачувам за масна кожа, моментален мат ефект дава. Се нанесува на мокро лице и се масира. Јас само за Т-зона го користам, многу сум задоволна.
Нешто повеќе за маскава ако може? дали навистина ја обновува косата, дали помага за расцветаните врвови ?
Кога сум користела слична козметика за Т зоната, обично кога нанесувам пудра, конкретно Лукс пудрата, како да ми се лупи...Прави ли и ова вака? Инаку од Планет Спа сум ги користела повеќето производи, незаменливи се. Вредат за парите дефинитивно.
@Eli23 Јас немав никаков проблем ни со лупење ни со било што, а и кому сум го препорачала сите се задоволни, никој не јавил последица негативна, се надевам нема ни тебе
Девојки, јас имам нормална до комбинирана кожа па да споделите искуство или мислење која од маските за лице повеќе би ми одговарала? Фала
Некој што има искуство со hot hair oil со медитеранско маслиново масло да ми каже искуства или како точно се користи затоа што нема никакви инструкции? Благодарам
Спрејчето од лаванда, за прскање перница. Маските за коса се добри, таа од глина и кавијар. И за коса.