Драги феминки, Темава е отворена со цел да се споделат ефикасни производи за домот или сосема спротивното, оние кои никогаш повеќе не би ги купиле (слично како темата со козметичките производи), пишете рецензии за истиот, доколку сте во можност и цената на истиот е добредојдена. Еве неколку мои примери: Производи кои би ги купила повторно: Производот најлево, за пеглање. Бидејќи не ја користам пареата од самата пегла, одлучив да го пробам. Освен што помага околу пеглањето, мириса прекрасно. Не знам за вас, но мојот омекнувач буквално испарува за еден ден, па ова ми е двонаменско. Негативна страна можеби е распрскувачот, но не ми игра улога. Буквално цел дом ми мириса на средството. Цената на овој п/вод е околу 47ден. Добро познати. Помини-замини за прашина на мебел ми се многу практични. Истото важи и за овие глос марамици, за во кујна и тоалет перфектни. *********************** Производи кои никогаш не би ги купила повторно: Средството буквално дави! Има толку јак мирис, неподносливо. Цена за жал не паметам. Истото важи и за: Колку и да отстранува бактерии, со отворен прозорец чистев, претерано тешко и лошо мириса. Може да споделувате секакви производи за одржување на домот, вклучувајќи и бела техника.
@Petra777 дали марамициве за дрво мирисаат јако како политурата? Одамна се мислам дали да ги земам за бришење прашина.
Глос марамиците за тоалет е одлични.Веќе неколку години ги користам за "забришување" низ тоалет меѓу две чистења. Плус и нокширчето на детето го бришам со нив како дезинфекција. Јас би го препорачала: denkmit-sredstvo-za-ciscenje-plastike-680266 За рамки од прозори. За плочки. За бела техника (бојлер,фрижидер,перална..клима) која пожолтела од пареа и употреба.. Се флита и се остава 5 минути. 99 денари е во ДМ. За мене ова е откритие на годината.
За чистење бигор од туш кабина ми е врв! И незаменливите еднократни марамчиња за чистење прашина од ДМ. Нема чување крпчиња по дома околу 100 денари се и топ се
Слично како референтка, ама јас барам средство за паркет. Уште што не пробав, и многу мразм кога ќе ми остави трага некаде.
Но колку е економична ценава на сите овие марамчиња за пребришување, посебно кога станува збор за бришење голема површина како под, а пакувањата се еве како ова погоре по 20 марамчиња...? А цените на средствата во шише се горе-долу исти како на марамчињава.
И мене ова ме интересира.. Ако веќе бришам со марамчиња ќе напрскам средство па ќе пребришам.. 10 мин повеќе Скапо ми делува оваа марамче-опција
Дали го имаш пробано ова? Мене ми се допаѓа како чисти, флеки немам забележано да остава и има некој пријатен мирис.
Ај бидејќи и јас многу ги користам, ќе ти одговорам Тие марамчиња на Глос погоре што се постирани, за санитарија и за дрвени површини имаат по 72 марамици во паковање, и траат баш долго време, а овие за под ги немам користено, гледам на паковањето пишува 20 марамици, ама изгледа се поголеми не се како овие обичните.
Za Biss I jas go delam tvoeto mislenje .Katastrofa e Edna's prsnv doma na zavesite Edna nedela ne se sedese vo sobata
И јас се приклучувам. Мислам дека ни едно средство/џогер во било која варијанта не собира толку добро како марамчињава. Инаку да скапо доаѓаат ако поделиш на парче ама па кога ќе избришеш и ќе видиш што се собрала марамицата стварно се исплати. Јас усисувам најмалку два пати неделно и кога и да поминам со марамчињава вадат некој нечистотија за која не знаев дека постои
Ако се како марамчињата од ДМ за ламинат и паркет, тогаш со две марамчиња се поминува голем простор. Се монтираат на џогер, а може и рачно да бришете, на колена. И прилично се влажни. Јас сум многу задоволна од марамчињата за ламинат и паркет, како и марамчињата за плочки од ДМ. Овие се за ламинат/паркет, и бришат солидно, нечистотија, флеки, што и да има се бришат веднаш, не оставаат траги и пријатно мирисаат. Овие се за подни и ѕидни плочки Моментално ги имам баш овие со мирис на грејпфрут. Освен што ги користам за плочки, ги користам и за кујната, т.е за елементите, оти ми се од рапав медијапан кој тешко се чисти, а лесно се валка (резеда боја е). Со овие марамчиња супер се чисти, се спасувам од триење. Исто ги користам и за санитарии меѓу две чистења, ама поретко, си чистам почесто во wc. Марамчињата на Глос за мебел, како и антибактериските исто ги користам, оти се повеќе на број, а поевтини од марамчињата од ДМ за иста намена. За wc школката незаменлив ми е гелот на Минел од КАМ, најубаво ми ја чисти. Ќе дополнам ако ми текне уште нешто. Освежувачи за воздух не користам. Наместо нив во керамичките садови на парното ставам етерични масла во водата. Исто ги купувам од ДМ, одлични се за мирис.
Глос за подни површини се баш големи и влажни како што кажа @Annath се поминува доста голема површина со едно марамче. Јас сум љубител на вакви марамчиња за една употреба бидејќи користам и фрлам. Со крпи ми е "комплицирано" - чувај, пери.. Јас за паркет го имав ова погоре постираното средсрво на емсал за паркет, ама ми мирисаше на расипано сирење после чистење. Вака ко ќе го отвориш нема лош мирис, ама после чистење ми мирисаше лошо и отиде во канта. За ламинат ова ми е убаво @referentka Не сум приметила флеки, а свежо мириса
Да, но ете мене ми пречат хемикалии и практично ми е. За ламинат јас ова @referentka пробај со ова Наменето е за плочки, ама растварам 1 капаче со 2/3л вода, пак ќе речам лесно мириса и не ми остава шаренила.