1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Производи за домот од кои сте задоволни или никогаш повторно не би ги купиле

Дискусија во 'Дом' започната од Petra777, 26 ноември 2017.

  1. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Драги феминки,

    Темава е отворена со цел да се споделат ефикасни производи за домот или сосема спротивното, оние кои никогаш повеќе не би ги купиле (слично како темата со козметичките производи), пишете рецензии за истиот, доколку сте во можност и цената на истиот е добредојдена.


    Еве неколку мои примери:
    Производи кои би ги купила повторно:
    [​IMG]
    Производот најлево, за пеглање.
    Бидејќи не ја користам пареата од самата пегла, одлучив да го пробам.
    Освен што помага околу пеглањето, мириса прекрасно.
    Не знам за вас, но мојот омекнувач буквално испарува за еден ден, па ова ми е двонаменско. Негативна страна можеби е распрскувачот, но не ми игра улога. Буквално цел дом ми мириса на средството.
    Цената на овој п/вод е околу 47ден.


    [​IMG]
    Добро познати. Помини-замини за прашина на мебел ми се многу практични.

    [​IMG]
    Истото важи и за овие глос марамици, за во кујна и тоалет перфектни.

    ***********************
    Производи кои никогаш не би ги купила повторно:
    [​IMG]

    Средството буквално дави!
    Има толку јак мирис, неподносливо. Цена за жал не паметам.

    Истото важи и за:
    71eaVxN02fL._SL1500_.jpg

    Колку и да отстранува бактерии, со отворен прозорец чистев, претерано тешко и лошо мириса.

    Може да споделувате секакви производи за одржување на домот, вклучувајќи и бела техника. :)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 26 ноември 2017
    На kuc, butterfly6223, Espadrila и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    @Petra777 дали марамициве за дрво мирисаат јако како политурата? Одамна се мислам дали да ги земам за бришење прашина.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Можеби потсеќаат но не толку јак мирис. И сјај даваат. Мене ми се преубави. :)
     
    На lunicka, cresa-jagoda и Kitten им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    Глос марамиците за тоалет е одлични.Веќе неколку години ги користам за "забришување" низ тоалет меѓу две чистења.
    Плус и нокширчето на детето го бришам со нив како дезинфекција.

    Јас би го препорачала:
    denkmit-sredstvo-za-ciscenje-plastike-680266

    За рамки од прозори.
    За плочки.
    За бела техника (бојлер,фрижидер,перална..клима) која пожолтела од пареа и употреба..
    Се флита и се остава 5 минути.
    99 денари е во ДМ.

    За мене ова е откритие на годината.
     
    На kuc, Acka22, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Стави сликичка од средствово :)
     
    На Dadusicka, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За чистење бигор од туш кабина ми е врв!

    [​IMG]

    И незаменливите еднократни марамчиња за чистење прашина од ДМ. Нема чување крпчиња по дома :) околу 100 денари се и топ се :)
    [​IMG]
     
    На Acka22, duffi, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    322.613
    Некој ако знае убаво средство за ламинат нека постира.
    Да не остава шарки и убаво да мириса.
     
    На cresa-jagoda и eli25 им се допаѓа ова.
  8. gingerchild94

    gingerchild94 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Слично како референтка, ама јас барам средство за паркет. Уште што не пробав, и многу мразм кога ќе ми остави трага некаде. :(
     
  9. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Screenshot_2017-11-27-08-09-11.png
    Еве го мојот спас за ламинат со оглед на тоа дека имам 1г и 6м бебе. Совршенство
    @referentka пробај
     
    На Acka22, Espadrila, Mayyya и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Но колку е економична ценава на сите овие марамчиња за пребришување, посебно кога станува збор за бришење голема површина како под, а пакувањата се еве како ова погоре по 20 марамчиња...? А цените на средствата во шише се горе-долу исти како на марамчињава.
     
    На joy1 и Dust им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.702
    Допаѓања:
    172.555
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира..
    Ако веќе бришам со марамчиња ќе напрскам средство па ќе пребришам.. 10 мин повеќе
    Скапо ми делува оваа марамче-опција:D
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    31.181
    Пол:
    Женски
    Emsal Floor polish Parquet , Marble and Laminate.jpg
    Дали го имаш пробано ова? Мене ми се допаѓа како чисти, флеки немам забележано да остава и има некој пријатен мирис.
     
    На Dadusicka, friendy, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Ај бидејќи и јас многу ги користам, ќе ти одговорам :) Тие марамчиња на Глос погоре што се постирани, за санитарија и за дрвени површини имаат по 72 марамици во паковање, и траат баш долго време, а овие за под ги немам користено, гледам на паковањето пишува 20 марамици, ама изгледа се поголеми не се како овие обичните.
     
    На Espadrila, Dust и referentka им се допаѓа ова.
  14. Ctete

    Ctete Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    5.152
    Пол:
    Женски
    Za Biss I jas go delam tvoeto mislenje .Katastrofa e
    Edna's prsnv doma na zavesite Edna nedela ne se sedese vo sobata
     
    На Zumbulce9 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cupicupicake

    cupicupicake Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    И јас се приклучувам. Мислам дека ни едно средство/џогер во било која варијанта не собира толку добро како марамчињава. Инаку да скапо доаѓаат ако поделиш на парче ама па кога ќе избришеш и ќе видиш што се собрала марамицата стварно се исплати. Јас усисувам најмалку два пати неделно и кога и да поминам со марамчињава вадат некој нечистотија за која не знаев дека постои :worried:
     
    На Espadrila, eli25 и BabyStyle им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.310
    Допаѓања:
    200.548
    Пол:
    Женски
    Ако се како марамчињата од ДМ за ламинат и паркет, тогаш со две марамчиња се поминува голем простор. Се монтираат на џогер, а може и рачно да бришете, на колена. И прилично се влажни. Јас сум многу задоволна од марамчињата за ламинат и паркет, како и марамчињата за плочки од ДМ.

    [​IMG]
    Овие се за ламинат/паркет, и бришат солидно, нечистотија, флеки, што и да има се бришат веднаш, не оставаат траги и пријатно мирисаат.

    Овие се за подни и ѕидни плочки
    [​IMG]
    Моментално ги имам баш овие со мирис на грејпфрут. Освен што ги користам за плочки, ги користам и за кујната, т.е за елементите, оти ми се од рапав медијапан кој тешко се чисти, а лесно се валка (резеда боја е). Со овие марамчиња супер се чисти, се спасувам од триење. Исто ги користам и за санитарии меѓу две чистења, ама поретко, си чистам почесто во wc.


    Марамчињата на Глос за мебел, како и антибактериските исто ги користам, оти се повеќе на број, а поевтини од марамчињата од ДМ за иста намена.

    За wc школката незаменлив ми е гелот на Минел од КАМ, најубаво ми ја чисти.

    Ќе дополнам ако ми текне уште нешто.

    Освежувачи за воздух не користам. Наместо нив во керамичките садови на парното ставам етерични масла во водата. Исто ги купувам од ДМ, одлични се за мирис.
     
    На Acka22, buba4e89, Carissa и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Супер е ова, и јас го користам и препорачувам за ламинат.
     
    На Dadusicka, Zaljubena26 и referentka им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Глос за подни површини се баш големи и влажни како што кажа @Annath се поминува доста голема површина со едно марамче.
    Јас сум љубител на вакви марамчиња за една употреба бидејќи користам и фрлам. Со крпи ми е "комплицирано" - чувај, пери..

    Јас за паркет го имав ова погоре постираното средсрво на емсал за паркет, ама ми мирисаше на расипано сирење после чистење. Вака ко ќе го отвориш нема лош мирис, ама после чистење ми мирисаше лошо и отиде во канта.

    За ламинат ова ми е убаво @referentka Не сум приметила флеки, а свежо мириса :)

    [​IMG]
     
    На Bozica1980, Mishela, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  19. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.649
    Пол:
    Женски
    За судоперот во кујна,шпоретот и чешмите во тоалетот ова мие најдобро,како нови ги прави.
    20171127_160749.jpg
     
    На kuc, Acka22, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Да, но ете мене ми пречат хемикалии и практично ми е.
    За ламинат јас ова
    81CgWf1fyCL._SY679_.jpg
    @referentka пробај со ова :)
    Наменето е за плочки, ама растварам 1 капаче со 2/3л вода, пак ќе речам лесно мириса и не ми остава шаренила.
     
    Последна измена: 27 ноември 2017
    На Bozica1980, duffi, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.